build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реконструкција на А1 / Е75
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на А1 / Е75

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 05-May-2012 at 11:43
Велес - Скопје преку нови мостови

За време на санацијата на мостовите ќе се работи на нивните столбови, целосната конструкција, како и на спојките на мостовите со трупот на автопатот, а ќе се менува и заштитната ограда


Основниот проект што предвидува реконструкција на 13 моста на потег од Велес кон Катланово е завршна фаза, а се работи на Градежниот факултет во Скопје. Ова е трета фаза на реконструкција на мостовите во државава финансирана од НАТО.
- Иако не беше планирана санација на овие мостови, сепак успеавме да издејствуваме од Алијансата да финансира 8,6 милиони евра за 13 моста што се на овој потег, а за кои докажавме дека им треба поправка. Планот ни е во текот на август или септември годинава да биде распишан јавен повик на кој треба да се пријават фирми што би го изведувале работите на терен, тендер што би завршил во декември, по што веднаш наредната градежна сезона, значи пролетта 2013 година, да почнеме со градежните активности - велат од Министерството за транспорт и врски.

Удвоена носивост и плус 50 години

Од Градежниот факултет во Скопје, односно од катедрата за бетонски конструкции, која го прави проектот, велат дека државава ќе има голема бенефиција од поправката на мостовите. Од една страна ќе се зголеми носивоста на мостовите, а од друга ќе се продолжи нивната трајност.
- Со поправките што ќе се направат мостовите ќе ја дуплираат својата носивост и барем за 50 години ќе се продолжи нивната трајност. Ќе се работи на нивните столбови, целосната конструкција, како и на спојките на мостовите со трупот на автопатот - ни изјави Горан Марковски, професор на Градежниот факултет во Скопје и раководител на проектот за реконструкција.
Тој вели дека ќе се менува и заштитната ограда околу мостовите, која ќе треба да биде со повисок стандард и побезбедна за возачите. Градежниот факултет ќе ја изработи целата документација, што значи дека и парите за тој дел ќе се слеат кај нас, додека изведувачот мора да биде од земја-членка на НАТО.
- Иако претходните две фази од реконструкцијата ги спроведе турска компанија, сепак голем дел од градежните активности како подизведувачи ги изведоа две македонски градежни компании. Тоа се очекува и за следнава фаза - вели професорот Марковски.

Две успешни фази

Мостовите ќе се реконструираат речиси две години и, ако сѐ оди по планот, би требало кон крајот на 2014 година да заврши целата работа. Работите ќе се извршуваат под сообраќај, што значи дека цело време автопатот и мостовите ќе бидат во функција.
Досега се спроведоа две фази, првата траеше од 2006 до 2007 година, а втората од 2007 до 2008 година. За првата фаза НАТО додели 16,7 милиони американски долари и ги опфати мостовите на делниците: Скопје - Блаце и Катланово - Велес. Втората фаза чинеше речиси 16 милиони американски долари, пари со кои се зајакнаа 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри. И во двата случаи како најповолен изведувач на работите беше турската компанија „Џесаш“.
Како подизведувачи се јавија македонските градежни фирми „Гранит“ и „Синтек“. Од Градежниот факултет велат дека НАМСА, агенцијата што ги изведува инвестициите на НАТО, е задоволна од досегашната соработка со факултетот, поради што му даде ексклузивно право на факултетот да може без тендер да ги прави проектите што се однесуваат на територијата на државава.

     
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=54122331527&id=9&prilog=0&setIzdanie=22572
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 05-May-2012 at 17:58
од кога тоа санирани мостови се нови мостови? ме сецна насловот...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 05-May-2012 at 19:41
како што можев да видам на автопатот за демир Капија,дефакто се работи за нови мостови.ако столбот на мостот бил да речиме пречник 1 метар,сега е 1.5 метри а вкупната количина на армиран бетон е повеќе од дуплирана,страниците се исто зајакнати,и од далеку изгледаат стварно како нови мостови
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 19-Jun-2012 at 23:41
Реконструкцијата на делот Катланово-Велес, според "вожњата" е поприлично фино изведена со многу помалку нерамнини чак и од обиколницата. Од друга страна прилично позитивно сум изненаден од патната сигнализација. Стварно не се разбирам во поглед на нумеризацијата на патиштата, нивните ознаки и слично, ама чисто како обичен патник или возач оние најсуштински табли се на сосема нормално растојание како би информарале навремено. Добро е што и мотелите, рестораните, бензинските имаат поставено добри табли, па и оние за туристичките локалитети се на сосема видни места поставени. Видов дека и кај патарините се променети сигнализацијата и знаците и се на далеку повисоко ниво од претходното.
Не дека е ова богзнае каков чекор, но споредено со минатата година, ова е солиден напредок. Вака да реконструираа и поставуваа знаци уште пред 5 години, патната инфраструктура ќе заличеше на нешто.
23ka.wordpress.com
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 17-Aug-2012 at 13:37
1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.

23ka.wordpress.com
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 18-Aug-2012 at 14:10


Ги задржа ли позитивните впечатоци од пред два месеци?
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 18-Aug-2012 at 14:56
Originally posted by Cloverstack



Ги задржа ли позитивните впечатоци од пред два месеци?


Па да, иако иритира начинот на кој се врши реконструкцијава, особено што има многу места каде асфалтот е целосно изгребан за одеднаш да дојде асфалтиран дел надвиснат неколку сантиметри над обичниот, како и недоволната сигнализација и премногу машинерија распослана долж целиот пат, што создава големи гужви. (претпоставувам дека можеа некако целиов зафат да го одминеше шпицот на туристичката сезона)

Сега за сега не се осеќаат нерамнините, но поради неможноста да се вози со поголема брзина.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1541
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 30-Aug-2012 at 16:45
A sto e so najkatastrofalnata delnica na E-75, Veles-Katlanovo?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 30-Aug-2012 at 19:10
Originally posted by Denko

A sto e so najkatastrofalnata delnica na E-75, Veles-Katlanovo?

Министерот Јанакиески најави дека до септември годинава ќе биде распишан јавен повик на кој треба да се пријават потенцијалните изведувачи, а компанијата што ќе ги реконструира мостовите ќе се знае во декември годинава. Според министерот, градежните активности би започнале следната пролет и би завршиле до крајот на 2014 година.

http://www.build.mk/?p=14343
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1541
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 03-Sep-2012 at 17:58
Katlanovo-Veles, delnica od 28km, investicija 7.23 milioni evra. Se prasuvam (ako e tocna sumata) zosto tolku cekaa so rekonstrukcijata a i seuste cekaat na sprotivniot pravec (Veles-Katlanovo) koga zafatot cini kolku eden od pogolemite spomenici vo centarot na Skopje???

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pod-polna-parea-se-raboti-na-delnicata-skopje-%E2%80%93-veles
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 03-Sep-2012 at 18:03
Originally posted by Denko

Katlanovo-Veles, delnica od 28km, investicija 7.23 milioni evra. Se prasuvam (ako e tocna sumata) zosto tolku cekaa so rekonstrukcijata a i seuste cekaat na sprotivniot pravec (Veles-Katlanovo) koga zafatot cini kolku eden od pogolemite spomenici vo centarot na Skopje???

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pod-polna-parea-se-raboti-na-delnicata-skopje-%E2%80%93-veles


Затоа што се нема политичка воља, особено што веќе беше споменато какви се државните приоритети кога станува збор за патиштата. Еве и да ја земеме за точна констатацијата дека регионалните и локалните патишта се поважни за граѓаните, тогаш која е алтернативата за Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Кавадарци и сите останати градови за кои делницата Велес-Скопје е речиси единствен пат по кој можат да стигнат до Скопје?
Се додека државата се занимава со селски патишта, наместо тие да се врв на приоритети за локалните самоуправи, нема да има асална автопатска инфраструктура.
23ka.wordpress.com
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 03-Sep-2012 at 18:54
Немам позитивен коментар за делницава. Јасно е дека ова треба да биде локален пат Катланово - Велес, а автопатот треба да се догради на спротивната страна во обратниот правец.

Понатака, делницава се реконструира од месец АПРИЛ а можеби и од МАРТ, а е дојден септември, значи ја реконструираа во летните месеци кога до Велес се патуваше и по 50 мин.

Немам коментар, додека се бавиме со селски патишта ништо не прајме... али и јас ништо ново не кажувам.
Back to Top
ant11 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 29-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 39
  Quote ant11 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 04-Sep-2012 at 09:17
По којзнае кој пат: ако не се прави - зошто не се прави, ако се прави - зошто не се направило порано и сл.
Борбата е на бескрајно многу фронтови - инфраструктура, администрација, регулативи, економија, политика, па ако сакате и разубавување на градовите, селата и просторот помеѓу.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1541
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 04-Sep-2012 at 12:12
Originally posted by ant11

По којзнае кој пат: ако не се прави - зошто не се прави, ако се прави - зошто не се направило порано и сл.Борбата е на бескрајно многу фронтови - инфраструктура, администрација, регулативи, економија, политика, па ако сакате и разубавување на градовите, селата и просторот помеѓу.
I sto ima sporno vo konstatacijata "ако не се прави - зошто не се прави, ако се прави - зошто не се направило порано и сл.", objasni mi te molam!?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 04-Sep-2012 at 15:00
Денко,јас лично имам слишнато неколку кичевчани што го пцујат градоначалникот кичевски(све по список) зошто се копа на една од најглавните улици во Кичево-Маршал Тито,а заборавајќи дека до пред 1 месец тука сите ги кинеа ауспусите и амортизерите од старата гранитна коцка.значи или пцујат зошто ништо не се превзема или после истите пцујат зошто е раскопано.епа да се има магично стапче па да се заврши за една секунда најдобро би било, И ТОА НА СИТЕ ЛОКАЦИИ КОЈА КАДЕ САКА.СВЕ ОДЕДНАШ
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1541
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 04-Sep-2012 at 15:49
Originally posted by gjoko

Денко,јас лично имам слишнато неколку кичевчани што го пцујат градоначалникот кичевски(све по список) зошто се копа на една од најглавните улици во Кичево-Маршал Тито,а заборавајќи дека до пред 1 месец тука сите ги кинеа ауспусите и амортизерите од старата гранитна коцка.значи или пцујат зошто ништо не се превзема или после истите пцујат зошто е раскопано.епа да се има магично стапче па да се заврши за една секунда најдобро би било, И ТОА НА СИТЕ ЛОКАЦИИ КОЈА КАДЕ САКА.СВЕ ОДЕДНАШ
Jas replicirav na slednata fraza "ако не се прави - зошто не се прави, ако се прави - зошто не се направило порано". Sosema e legitimno i opravdano prasanjeto zosto ne se pravi (koga ne se pravi) ili koga veke se pravi zosto tolku mnogu se cekalo. Od druga strana nisto ne se gradi preku nok, Imam totalno razbiranje za gradilistata, no nemam razbiranje za haosot okolu gradilistata i nebezbednosta na ucesnicite so soobrakajot poradi rekonstrukcija na nekoja ulica. Ziveam vo golem grad kade sekojdnevno se gradi po ulicite, toa e edinstven nacin da imame zdravi ulici no tuka se e uredeno i obezezelo kako treba (veruvaj deka toa ne e naucna fantastika tuku mnogu ednostavna rabota). Se znae kade treba da se dvizat avtomobilite, velosipedite i pesacite. I sto e uste povazno, delot koj e ostaven za niv e sreden i bez dupki sozdadeni od gradeznite aktivnosti (kako sto e so prvomajska).
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 04-Sep-2012 at 17:23
Добро бе која е логиката да се прави само едниот правец,а обратниот не???
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 04-Sep-2012 at 18:33
јас лично сум против да се прават двата правци истовремено.барем едната страна да има побрз проток.најдобра опција е одма после завршувањето на едниот правец да се започне со вториот правец.можеби не сум во право,но мене ми изгледа пологично ако се ставам во кожата на некој што секојдневно патува на релација Велес-Скопје
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1541
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 07-Sep-2012 at 16:09
За најважниот дел од Велес кон Скопје веќе е изработена проектна документација, неговата санација ќе чини 8 милиони евра, а пари повторно се очекуваат од ИПА фондовите. „Се надевам дека до крајот на годинава ќе добиеме потврда од Европската комисија дека проектот е одобрен за во рок од девет месеци да се изврши избор на изведувач и да се почне со градба“ истакна директорот Георгиевски. Слично на актуелната реконструкција, на автопатот во спротивен правец ќе се санира оштетениот коловоз и ќе се постави нова сигнализација. Во соработка со северноатлантската алијанса НАТО, наредната година ќе започне договорената реконструкција на 13 оштетени мостови од Коридорот 10, инвестиција вредна 8,6 милиони евра.

Za 8 milioni evra, koi vladata dosega sto pati gi potrosi na gluposti, nie si gi krsime kolite... zgora na toa i plakame patarina   
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 23-Oct-2012 at 12:12
И јас да ги споделам добрите впечатоци од досега сработеното,вчера ја поминав делницава,не се осеќаат никакви нерамнини на голем дел веќе има хоризонтална сигнализација,по моја проценка рокот ќе биди испочитуван.

Една забелешка некој и погоре спомна,немало да биди лошо да поставеле знаци за предупредување на местата каде што од изгребан се преминува на асфалтиран и обратно

Edited by ovaj_stariov - 23-Oct-2012 at 12:13
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.