build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реконструкција на А1 / Е75
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на А1 / Е75

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 02-Apr-2013 at 00:28


Koga?

Ako ne pobrzat so rekonstrukcijata na Veles-Katlanovo, patot ke se raspadne!?

http://www.youtube.com/watch?v=BIwCGfXoGfk
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 06-Nov-2013 at 17:36
Среда, 06 Ноември 2013 15:17

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го означи стартот на третата фаза од проектот „Санација и зајакнување на мостови на Коридор 10“.

mostovi-500

Министерот истакна дека имплементацијата на проектот за зајакнување и санација на мостовите претставува завршница на овој исклучително успешен проект во кој во изминатите две фази беа реконструирани 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри и со инвестиција од 22,5 милиони евра.

- Во следниот период ќе бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес – Катланово од Коридорот 10 во вредност од околу 8,6 милиони евра. Активностите од оваа фаза ќе завршат најдоцна до септември 2015 година, рече Јанакиески.

Според него, овој проект е посебно значен ако се има предвид фактот дека мостовите градени по старите стандарди во шеесетите години од минатиот век по санацијата ќе бидат гарант за безбедноста на македонските патници и превозници.

Тој им се заблагодари на службите на НАТО за одвоените средства за реализација на овој значаен проект и за нивната поддршка на Македонија да ги оствари своите стратешки цели и приоритети.

Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 10-Jan-2014 at 04:22
Како да се подзаборави малку ситуацијата овде, што се случи со тендерот за Велес-Катланово?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 24-Jul-2014 at 18:09
Деновиве започнува реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје.


Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 25-Jul-2014 at 12:19
Za 6 milioni evra nie so godini si gi krsime kolite, a zgora na toa i patarina plakame!
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 25-Jul-2014 at 14:30
Pak ke prasham, a vlez i izlez za Veleshko ezero ke se pravi?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 25-Jul-2014 at 15:09
Originally posted by koska

Pak ke prasham, a vlez i izlez za Veleshko ezero ke se pravi?




ЌЕ се прави. Таму некаде до 2100-та ќе биде. Зарем не гледаш кои се приоритетите на нашиве власти?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 25-Jul-2014 at 16:01
Stolbovite od neizgradeniot nadvoznik i den denes se gledaat od mostot pred patarinata. Zosto ovie stolbovi so godini stojat vaka samo bog znae!
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 28-Jul-2014 at 14:23
http://www.press24.mk/foto-pogolema-bezbednost-vo-soobrakjajot-startuvashe-rekonstrukcijata-na-delnicata-veles-katlanovo
Што друго да се каже овен дека беше крајно време да се направи ова.Со години ова беше една од најлошите автопатски делници во цела европа...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 28-Jul-2014 at 15:15
ФОТО: Се реконструира делницата Велес-Катланово, инвестиција вредна 5,7 милиони евра
Понеделник, 28 Јули 2014 14:59

Почна реконструкцијата и рехабилитацијата на делницата Велес-Катланово од автопатот „Александар Македонски“ во должина од 23,5 километри, инвестиција вредна 5,7 милиони евра. На отпочнувањето на работите на делницата се обрати премиерот Никола Груевски, кој истакна дека оваа делница е една од најупотребуваните и најфреквентните во земјата и претставува исполнување на ветувањата дадени на изборите.


- Долгогодишното користење и големиот број поправки во минатото имаат оставено бројни лузни на патот и севкупно лоша слика за земјата. Реконструкцијата на овој патен правец беше повеќгодишно барање на нашите граѓани. Ние ветивме дека ќе го направивме патот и си останавме доследни на ветувањето, рече премиерот Груевски.



Активностите, додаде, треба да завршат за една година, а самиот зафат ќе овозможи зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на оштетувањата на возилата, намалување на времето на патување, а тоа ќе престставува и плус за Коридорот 10 кој поминува низ нашата земја.

Тој потсети дека на Коридорот 10 во изминативе години во рамки на владините проекти изградени се делницата Табановце-Куманово, целосно е реконструирана делницата Катланово-Велес. Во моментов се гради автопатот Демир Капија-Смоквица, а за една годна се планира и реконструкција на делницата Смоквица-Гевгелија.

- Сето ова јасно говори за нашите намери и стратегија да создадеме една нова слика за коридорите кои поминуваат низ нашата земја и севкупна нова слика за македонските патишта. Таквата стратегија активно ја релизиравме во изминатиот период, а оваа година започнавме со изградба на двата нови автопата Скопје-Штип и Кичево-Охрид, како и со повеќе други проекти кои паралелно се работат. Со тоа реализацијата на нашите намери само добива на поголема динамика, рече премиерот Груевски.



Пред присутните се обрати и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој подвлече дека вложувањата во инфраструктурата се дел од здравите економски политики, а почетокот на работите на оваа делница, која, како што рече, е крвотокот на македонската економија, е дел од еден поголем инвестициски зафат.

500staaaaa

- Изминатите години главните вложувања на Владата во патната инфраструктура беа во изградба на нови регионални и локални патишта. Во овој мандат фокусот е ставен на изградбата на автопатите за коишто во изминатиот период се подготвуваше документатацијата за да се почне со нивна изградба. Се наоѓаме во екот на еден инвестициски циклус којшто надминува една милијарда евра од кои 790 милиони евра се за завршување на трите автопати Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Останатиот дел се регионални и локални патишта кои ќе бидат поддржани со средства од Светската банка и ЕБРД, рече Ставрески.


Тој потенцира дека со завршувањето на градежните активности кои се во тек на делниците Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, Македонија ќе добие 123 километри нова, модерна и безбедна автопатска мрежа која ќе придонесе за македонската економија и за перспективите на земјата.


Осумдесет и пет отсто од средствата за реконструкција на делницата Велес-Катланово во должина од 23,5 километри и вредност од близу 5,7 милиони евра се обезбедени преку грант од ИПА компонентата за регионален развој, а 15 проценти се одвоени од Буџетот на државата. Предвидениот рок, согласно договорот за изведување на градежните работи со фирмата „Трабак“, изнесува 365 дена.

Претходно во 2012 година заврши целосната реконструкција на патниот правец од Катланово кон Велес.

МИА(Via Kurir)
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 28-Jul-2014 at 15:18
Јас само не можам да сфатам какво е тоа планирање, реконструкцијата да биде во летната сезона, кога илјадници туристи поминуваат низ Македонија. Па само денеска имаше страшна сообраќајка, со ова се добива уште една точка за можни сообраќајки.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 28-Jul-2014 at 15:23
Originally posted by ehrlich

Јас само не можам да сфатам какво е тоа планирање, реконструкцијата да биде во летната сезона, кога илјадници туристи поминуваат низ Македонија. Па само денеска имаше страшна сообраќајка, со ова се добива уште една точка за можни сообраќајки.


Па ако трае година дена секако ја фаќа туристичката сезона.Прашање е дали имало можности да се почне покасно во септември на пример и да се приврши до крајот на Јуни или почетокот на Јули.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 28-Jul-2014 at 16:24




Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 112
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 28-Jul-2014 at 16:40
Очигледна е намерата да се почне сега. Така ќе видат сите оние што се враќаат од Грција (а ги има доста) дека се гради, додека уште ги држи позитивното расположение од одморот за да се нервираат за тоа.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 29-Jul-2014 at 13:01
Originally posted by kultuzin

Originally posted by ehrlich

Јас само не можам да сфатам какво е тоа планирање, реконструкцијата да биде во летната сезона, кога илјадници туристи поминуваат низ Македонија. Па само денеска имаше страшна сообраќајка, со ова се добива уште една точка за можни сообраќајки.


Па ако трае година дена секако ја фаќа туристичката сезона.Прашање е дали имало можности да се почне покасно во септември на пример и да се приврши до крајот на Јуни или почетокот на Јули.


Како и секогаш, Култузин има "најбоље" обајснување за секој владин проект. Како прво, кој рекол дека треба да трае година дена? Зошто не почнат паралелно со градежни активности во делот кај Велес и Катланово? Зошто мора вака шематски да се работи? Вака се работи, како што пиша и некој друг, да гледаат луѓето дека се гради, иако за запуштеноста на овој автопат некој одамна требаше да сноси одговорнот. Потегот е за поздравување, но не и за сликање пред медиуми. Паметниот човек брзо сфаќа зошто е тоа така и зошто се почнува у јули. Вака сеа ќе ги фати зима, ќе најдат оправдување дека сезоната за асфалтирање заврши, па така и следната туристичка сезона ќе се вози по една лента. Веќе видено.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 29-Jul-2014 at 19:20
N23 во голем дел се согласувам со тебе, освен ако не ги е срам година и кусур да наплаќаат патарина ( сега и поскапа, а особено за странците) за возење по една лента и 50км/ч.Доколку се следи примерот за реконструкцијата на обратниот правец, катланово-велес тогаш оваа реконструкција би требало да заврши во август догодина(со некои се 25-30 дена задоцнување)
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 30-Jul-2014 at 10:59
Originally posted by N23


Originally posted by kultuzin



Па ако трае година дена секако ја фаќа туристичката сезона.Прашање е дали имало можности да се почне покасно во септември на пример и да се приврши до крајот на Јуни или почетокот на Јули.
Како и секогаш, Култузин има "најбоље" обајснување за секој владин проект. Како прво, кој рекол дека треба да трае година дена?


Ај прочитај уште еднаш што напишав, ако неможеш да разбереш што значи „ако трае„ и „Прашање е дали имало можности да се почне покасно во септември на пример и да се приврши до крајот на Јуни или почетокот на Јули„ тогаш консултирај се со пријатели, фамилија, родинини мислам дека има некој кој може да ти објасни дека во она што е кажано погоре нема никаква консатација или оправдување. Не сум стручњак затоа констатирав дека најдобро е да се гради од септемри до јули но се прашав дали имало можност за ваков подфат. Никаде и никого не бранев , но ниту пак сум човек што може паушално да напаѓа без притоа да се разбира во материјата.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 30-Jul-2014 at 17:58
Originally posted by kultuzin

Originally posted by N23


Originally posted by kultuzin



Па ако трае година дена секако ја фаќа туристичката сезона.Прашање е дали имало можности да се почне покасно во септември на пример и да се приврши до крајот на Јуни или почетокот на Јули.
Како и секогаш, Култузин има "најбоље" обајснување за секој владин проект. Како прво, кој рекол дека треба да трае година дена?


Ај прочитај уште еднаш што напишав, ако неможеш да разбереш што значи „ако трае„ и „Прашање е дали имало можности да се почне покасно во септември на пример и да се приврши до крајот на Јуни или почетокот на Јули„ тогаш консултирај се со пријатели, фамилија, родинини мислам дека има некој кој може да ти објасни дека во она што е кажано погоре нема никаква консатација или оправдување. Не сум стручњак затоа констатирав дека најдобро е да се гради од септемри до јули но се прашав дали имало можност за ваков подфат. Никаде и никого не бранев , но ниту пак сум човек што може паушално да напаѓа без притоа да се разбира во материјата.


Со самото тоа што се повикуваш на нечија изјава дека реновирањето ќе трае година дена, апсолутно за прифатливо го земаш истото. Јас не зборам за фактот дека ќе се гради од јули до јули, туку јас како совесен граѓанин на оваа земја на кој преку глава му е од минорни проекти да траат по година дена, затоа реплицирав на твојот, за мене, чуден пост, зашто ти пренесуваш туѓа изјава во вид на прифатлива реалност и поставуваш хипотетичко прашање кое е уствари исто со времетраењето кое го навеле соодвеетвни државни функционери. Овде треба да се запрашаме зошто се реновира шематски, зошто не се почне од двата краја на автопатот и зошто не се инвестираат дополнителни пари за истиот да се заврши побрзо.


23ka.wordpress.com
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 30-Jul-2014 at 18:05
so ogled na toa sto sve se slucuvase i se slucuva vo drzavata'mislam deka vo ovoj proekt ne treba da mu se baraat vlakna vo jajce
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 07-Aug-2014 at 23:35




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.