build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реконструкција на А1 / Е75
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на А1 / Е75

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 11-Jan-2016 at 19:44
Originally posted by Џоле

Делницата Велес-Катланово е целосно реконструирана. Баш вчера ја возев, враќајќи се од Берово, но беше ноќ и не можев да направам фотографии.


Џоле знаеш што ќе те прашам нели
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 11-Jan-2016 at 20:58
Хоризонталната сигнализација беше во ред, за вертикалната не можам да кажам зашто бев сосредоточен на возењето и не гледав многу по страна Битно, јас си возев околу 100-110 км/ч, а ме претекнуваа коли со по 140-150 км/ч, па со оглед на тоа дека немаше ниедна сообраќајна несреќа до Скопје, веројатно асфалтот е добар и рамен. Возејќи, не почувствував нерамнини и слично, а и сите мостови беа асфалтирани и обележани со хоризонтална сигнализација. Во секој случај, делницата сега е поубава и подобра, а верувам и побезбедна за возење.

Edited by Џоле - 11-Jan-2016 at 21:01
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 05-Feb-2016 at 09:37
Ќе се реконструира автопатот Неготино – Демир Капија

По само една деценија од изградбата на автопатската делница Неготино – Демир Капија, истата ќе биде подложена на реконструктивен зафат. Јавното претпријатие за државни патишта распиша тендер за изведувач што ќе ја врши рехабилитацијата на овој сегмент од патниот Коридор 10, во должина од 15,4 километри. Според податоците од Бирото за јавни набавки, градежните работи треба да се одвиваат во период од три и пол години и проценките се дека би го чинеле државниот буџет околу 8,5 милиони евра.

Санациониот зафат ќе се реализира врз основа на изработената проектна документација од страна на фирмата „Геинг КуК Интернешнл“. Изготвувањето на проект за рехабилитација на автопатската делница чинеше околу 17,4 милиони денари. Трасата од Неготино до Демир Капија се градеше во периодот од 2003 до 2005 година, при што за нејзината изведба беа користени средства од Фаре програмата и од Кардс програмата на Европската комисија. Во однос на постојниот тендер, заинтересираните градежни компании имаат рок за да ги достават понудите за санација на автопатот најдоцна до 23 март.

http://www.build.mk/?p=48405
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 05-Feb-2016 at 12:04
Кога сме кај квалитетот на изведба. Автопатот е граден пред десетина години. ДАЛИ некој се возел по оваа делница? БРАНОВИ како на брод да се возиш, асфалтот СТОПЕН како од чоколадо да е. Не дека денес е подобро но муабетот е дека проблемот со квалитет не е денес измислен. Се додека не се постават дополнителни услови за квалитет не е реално да очекуваме квалитетни изведби.
Back to Top
goranmitev View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote goranmitev Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 05-Feb-2016 at 13:53
Од сите патишта што сум ги возел во Македонија, имам чувство дека сите се брановидни, нема ниеден така мазен да речеш. Единствена делница што е добра во моментов е реконструираната Велес-Катланово.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 05-Feb-2016 at 15:19
Леле, одлично. Оваа делница од автопатот е толку лоша, што неготинчани намерно возат по регионалниот пат за да стигнат до Демир Капија. Инаку, за квалитетот на изведба, ќе ти објаснат самите мештани, кога баш и ќе ти кажат до каде градел Гранит, а до каде Пелагонија и во делот на Пелагонија се сите овие бранови, кои се и исклучително опасни, бидејќи не ги гледаш баш.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 05-Feb-2016 at 22:11
Originally posted by goranmitev

Од сите патишта што сум ги возел во Македонија, имам чувство дека сите се брановидни, нема ниеден така мазен да речеш. Единствена делница што е добра во моментов е реконструираната Велес-Катланово.

Vakvi se poradi nekvalitetna podloga. Inaku ovaa delnica e gradena pre 15-16 godini...
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 05-Feb-2016 at 23:30
Овој дел од коридор 10 првично беше планиран да се реконструира во 2017 година , но ете по се изгледа ќе почне и порано што е добра информација ,сите знаеме колку е оштетен и веќе редно време е да се поправи.Исто така и Миладиновци-куманово ќе се реконструира годинава, а веќе почнат е и смоквица - гевгелија и сега овој демир капија-неготино да се поправи е од тогаш дури ќе може да се пофалиме дека ќе имаме вистински коридор 10 во правата смисла на значење , и тоа што владата го вети во својата програма полека но сигурно почнува да се исполнува, мада ова требаше и неколку години порано да се средеше но сепак добро е и вака што конечно ќе има реконструкција на еден од најважните патни правци во нашата држава , сите знаеме колку посебно преку летниот период од странските туристи што транзитираат преку овој дел финансиски средства се слеваат во буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта , така да ова е една убава вест и се надевам дека што побрзо ќе биде готов.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 06-Feb-2016 at 03:59
Се ова е убаво што ќе се реконструира, ама рокот од три и пол години мислам дека е грешка во статијата, па не е можно за две години да била изградена делницата а да е потребно повеќе време за санација

Edited by mr bombastic - 06-Feb-2016 at 03:59
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 06-Feb-2016 at 13:06
I meine toa mi padna vo oci. 3 i pol godini e mnogu. Inaku ovoj del e mnogu opasen zatoa sto patot ne izgleda tolku los i tie neramninite (branovite) se pojavuvaat naednas i se opasni ako ne se drzi cvrsto volanot.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 06-Feb-2016 at 21:34
Letoska dvapati ja vozev ovaa delnica... mnogu vozaci vozea po lentata za zastanuvanje.
Back to Top
bitola16 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bitola16 Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 06-Feb-2016 at 21:59
баш на таа делница Демир Капија - Неготино пред недела дена го запустив аусплухот, асвалтот навидум изгледа добро ама всушносте катастрофа....
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 07-Feb-2016 at 19:05
Времето за санација е 12 месеци.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 07-Feb-2016 at 20:24
Видете, официјалните податоци од склучениот договор се објавуваат на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Меѓу податоците стои и времетраењето на еден договор. Во тие рамки, изведувачот и инвеститорот може да се договорат и на пократок рок на изведба на работите, но она што е објавено во договорот е официјален податок.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 09-Feb-2016 at 21:33
Znae li nekoj do koga treba da zavrsi rekonstrukcijata na delnicata Skopje-Kumanovo i dali kje bide sprovedena vo dvata pravci?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 10-Feb-2016 at 17:07
Originally posted by Bakica

Znae li nekoj do koga treba da zavrsi rekonstrukcijata na delnicata Skopje-Kumanovo i dali kje bide sprovedena vo dvata pravci?


За 12 месеци сметано од денот на почнување на реконструкцијата , лева и десна коловозна линија во двата правци.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 10-Feb-2016 at 23:02
Originally posted by WolfLeader

Originally posted by Bakica

Znae li nekoj do koga treba da zavrsi rekonstrukcijata na delnicata Skopje-Kumanovo i dali kje bide sprovedena vo dvata pravci?


За 12 месеци сметано од денот на почнување на реконструкцијата , лева и десна коловозна линија во двата правци.
A koga ke bide toj den?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 11-Feb-2016 at 16:39
Originally posted by Denko

Originally posted by WolfLeader

Originally posted by Bakica

Znae li nekoj do koga treba da zavrsi rekonstrukcijata na delnicata Skopje-Kumanovo i dali kje bide sprovedena vo dvata pravci?


За 12 месеци сметано од денот на почнување на реконструкцијата , лева и десна коловозна линија во двата правци.
A koga ke bide toj den?


Незнам тоа точно кога ќе биде , но во нај скоро време ќе започне со работа без гајле
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 01-Apr-2016 at 07:09
Во април ќе започне санацијата на автопатот Куманово-Скопје

Од наредниот месец ќе започне санацијата на автопатската делница што ги поврзува Скопје и Куманово. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски најави дека најпрво ќе се рехабилитира трасата во правец од Куманово кон Скопје. „Се работи за голема инвестиција во соработка со ИПА – фондовите. Целиот проект чини над 10 милиони евра. Првата фаза почнува во април, а следната за неколку месеци, што значи дека за околу 12 до 15 месеци ќе имаме нов автопат Скопје – Куманово“, посочи министерот Мисајловски. Санацијата на коловозот ќе се одвива на потегот од Куманово до селото Миладиновци и ќе опфати вкупна должина од 23 километри.

Повеќе на: http://www.build.mk/?p=49543
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 01-Apr-2016 at 11:30
Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот ке се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Џоле бидејќи има ваква времена измена , јас како што знам реконструкцијата на овој дел од коридорот ќе почне некаде од кај исклучување за крива паланка од страна на табановце па се некаде после аеродромот ? првата фаза би била така , а после втора фаза би почнувала од некаде пред аеродромот каде што ќе заврши прва фаза, па се до приклучување за крива паланка од страна на куманово каде што и почна прва фаза ? мислам дека така би требало да течи реконструкцијата ..

Edited by WolfLeader - 01-Apr-2016 at 11:39
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.