build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реконструкција на А1 / Е75
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на А1 / Е75

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 27-Oct-2016 at 12:16
Ви благодарам за одговорите. Значи доаѓаме повторно до мојот заклучок дека не е возможно единствен критериум на тендерите да биде најевтина цена на чинење. Тој закон кој е донесен за да биде некаква заштита од корупција е жива глупост. Фирмите електронски поддаваат за да ги фатат тендерите и на крај се доаѓа до некоја нереално ниска цена која е остварлива само со вградување на неквалитетни материјали и неквалитетна изведба. Згора на тоа не гледам дека има некаков систем на гаранција за квалитет изградено т.е. нема никаква гаранција. Затоа и добиваме вакви изведби. Уште не изградени, доградени а веќе се распаѓаат. И тоа важи од автопати па се до тротоари. Тука мора некој да седне и да се запраша како да се реши овој проблем.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10957
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 27-Oct-2016 at 12:52


Веројатно тоа е работа на законодавците, оние господини господини што ги гласаат законите и кои постојано ги прозиваме за одговорност за истите.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 27-Oct-2016 at 12:58
Originally posted by Џоле



Веројатно тоа е работа на законодавците, оние господини господини што ги гласаат законите и кои постојано ги прозиваме за одговорност за истите.


Проблемот е што тој закон се направи за да биде некоја заштита од корупција. Но од почеток мене ми беше јасно дека не може да функционираат така тендерите едноставно ЕДИНСТВЕН услов да биде цената на чинење. Мора да има некој други барања, квалитет, гаранција и слично. Вака дојдовме во ситуација да се гради под цена и под секој замислив квалитет. Патем треба да се каже дека вака криминално се градеше и во друго време кога немаше ни закони ни тендери но ако веќе сакаме да одиме напред мора тој дел од законот да се дорегулира и мора да има одговорност на изведувачот и гаранција за квалитетот на изведбата. Едноставно недозволиво е ниту една делница да не е изградена како што треба.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 27-Oct-2016 at 13:32
Баш тоа и ми беше зборот , кај нас се што се прави пракса е повторно да биде реновирано а тоа е узалуд трошење пари , тоа треба да заврши , јас не верувам дека во други држави се случува ова , да стварно кога се гради секогаш има некој пропуст или нешто неочекувано ке се појави , но тоа се сигурно проблеми во мали размери , ама ова кај нас автопатска делница од околу 25 километри да покаже такви оштетувања за само неколку месеци не е ништо случајно и нешто што треба да се прегледа преку прсти ,и не само за овој проект тука се и многу други да не навлегуваме сега во тоа , Неготино-демир капија , скопска обиколница и т.н ..сведоци сме сите за тоа дека нема ништо квалитетно изградено бар до сега кај нас зборувам за веќе постоечките , а за овие новите ќе видиме во иднина како ќе се покажат да не зборуваме однапред.Ниеден пат до сега кај нас не добил гаранција за неговиот квалитет а тоа во иднина мора да се практикува ако сакаме да имаме нешто убаво , земете чист пример Хрватска , автопатишта веќе по 8-9 години од нивно градење не попуштија никаде и се без ниедна замерка .. Кај нас сеа секоја фирма се пријавува на тендер и која ќе ја понуди најниската цена таа го добива , без претходно да се разгледа квалитетот и гаранција што ја нуди таа фирма како изведувач и дали уопште нуди гаранција , а јасно ни е дека со најниска цела следи неквалитетна изведба и материјали како што кажа kultuzin ..
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 27-Oct-2016 at 17:26
Секој тендер има услови, кои мора да се почитуваат. Така една државна институција во еден тендер може да ги пише сите материјали, квалитет, гаранцијата и сето тоа што е потребно за да биде тендерот квалитетно изработен. Не е проблем изборот според цената на чинење, туку оној што го прави тендерот. Сум гледал други бранши каде тендерите опишуваат што точно сакаат да се добие како финален производ. Доколку учесниците на тендерот не ги почитуваат тие услови, тие се дисквалификуваат. Целта е да се постигнат условите од тендерот со најниска можна цена, без тоа да значи намален квалитет. Значи тоа што добиваме неквалитетен автопат во случајов, не мора да значи дека е криминал во прашање или дека ниската цена е виновник, туку неспособноста на луѓето што го имаат пропишано тендерот.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 28-Oct-2016 at 10:16
Originally posted by Staki

Секој тендер има услови, кои мора да се почитуваат. Така една државна институција во еден тендер може да ги пише сите материјали, квалитет, гаранцијата и сето тоа што е потребно за да биде тендерот квалитетно изработен. Не е проблем изборот според цената на чинење, туку оној што го прави тендерот. Сум гледал други бранши каде тендерите опишуваат што точно сакаат да се добие како финален производ. Доколку учесниците на тендерот не ги почитуваат тие услови, тие се дисквалификуваат. Целта е да се постигнат условите од тендерот со најниска можна цена, без тоа да значи намален квалитет. Значи тоа што добиваме неквалитетен автопат во случајов, не мора да значи дека е криминал во прашање или дека ниската цена е виновник, туку неспособноста на луѓето што го имаат пропишано тендерот.


Точно е дека секој тендер има услови кој што треба да се испочитуваат но колку од нив се испочитувани е тука е лошото ...Јас знам дека државна институција распишува тендер во овој слулај тоа е Агенција за државни патишта и дека они бараат услови како квалитет , гаранција и тие работи и што сакаат да добијат како финален производ ама што навистина добиваат , дали си се запрашал ? ама колку од тоа што они го бараат е испочитувано , тука се поставува вистинското прашања ,можеби во многу ретки случаи да има некој мал дел испочитувано ама во целост нема ништо а посебно не е испочитуван делот за КВАЛИТЕТ, тоа неможе никој да ме убеди ,А кај нас знаеш кој се дискфалификува од тендерот ? Тој што ќе понуди највисока цена што нормално тој е и нај квалитетен и тој заслужува да ја добие таа работа , но за жал тој ќе отпадне бидејќи некој не по квалитетен конкурент од него понудил по малце финансии и тој ќе го добие тендерот , верувај ми тоа е болната вистина , ајде кажи ми еден автопат кај нас на веќе постоечките кај што се испочитувани основните правила а тоа е гаранција на квалитетот и материјалите за изведба , ? Кажи ми еден автопат , делница или било што која што е здрава , не оштетена и повеќе години не покажала никаква слабост наброј ми барем неколку такви , јас мислам дека моментално кај нас не постои такво нешто ,или и да има се бројат на прсти , сепак ако сум грешка слободно исправи ме и дај ми одговор.Јас не реков никаде дека за добивање на не квалитетен автопат причината е криминал не ни навлегувам во тој дел , баш како што кажа и самиот , виновник е неспособноста на тој што го издава тендерот и тој што на крај го одбира , нема што повеќе да се коментира.Не сакам да испаднам дека критикувам некого моментална власт или кој гради или дека политички толкувам некои факти , не напротив не ме интересира тоа , него само сакам да ја согледаме вистината и да појасниме ,ако некој изгради нешто убаво и квалитетно без разлика од која власт е јас радо би го пофалил , и се надевам дека моменталната власт сега се што гради го прави со квалитет и гаранција,зборувам за патиштата што се градат сега , но коа нешто не е во ред неможе да се каже дека е убаво а уствари не е.Секој си има право на размислување и може слободно да се изрази нели
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 28-Oct-2016 at 16:06
тој закон е препишан од ЕУ, дури еу ни наложила законот да биде донесен во истиот формат како што е во еу, за жал. Уште ли сакате да влезет во ЕУ
Back to Top
FlytheSky View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote FlytheSky Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 28-Oct-2016 at 17:35
Originally posted by elnino

тој закон е препишан од ЕУ, дури еу ни наложила законот да биде донесен во истиот формат како што е во еу, за жал. Уште ли сакате да влезет во ЕУ



Сакаме да, да паднат границите и царините пошто ние сме во Европа не сме во Африка.
Критичар за критика
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 28-Oct-2016 at 17:49
Нека паднат границите и ќе бидеме појаки од мигрантиве од Сирија , тогаш земјите до Германија од нас ке креваат заштитни огради да не задржат
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 28-Oct-2016 at 17:57
Originally posted by FlytheSky

Originally posted by elnino

тој закон е препишан од ЕУ, дури еу ни наложила законот да биде донесен во истиот формат како што е во еу, за жал. Уште ли сакате да влезет во ЕУ



Сакаме да, да паднат границите и царините пошто ние сме во Европа не сме во Африка.


Хехее....а кој рекол дека секоја европска земја МОРА по секоја цена да биде дел од ЕУ???
Поготово земји како Македонија и Турција, кои експилицитно ги условуваат, малтретираат и рекетираат иако, ние на пример, имаме повеќе услови исполнето од некои нови нејзини членки (Бугарија, Ромунија...) и некои стари членки (Грција...) Drool

Швајцарија, Норвешка, Исланд, Англија да не се во Африка!?!?!? Bash Big%20smile


Edited by Robbi-MKD - 28-Oct-2016 at 17:59
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 28-Oct-2016 at 18:16
А таман си помислив дека конечно успеавме да сврземе една добра дискусија...Патем благодарам на сите кои се потрудија да одговорат на мое прашање и се потрудија да се разјаснат некој работи во врска со квалитетот на изведба на патиштата.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 28-Oct-2016 at 18:40
На линкот има многу фотографии кој сака да види како напредуваат работите. Туку кога почнаа кога завршија 80%. Секоја чест навистина. Уште и квалитетот да биде како што треба и топ ќе биде. Од друга страна пак за оној делот меѓу Неготино и Демир Капија предвидени се три години а исто се работи за реставрација. Никако не ми иде во глава зошто е потребно толку време за таа реставрација.

Завршени 80 проценти од работите за обнова на автопатот Смоквица - Гевгелија

http://mtc.gov.mk/zavrsheni-80-procenti-od-rabotite-za-obnova-na-avtopatot-smokvica---gevgelija
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 29-Oct-2016 at 00:22
во една прилика го прашав градоначалникот во нашиот град, зошто изведбата на улиците е толку лоша, нема ли надзор и такви работи, вика законот е лош, тенедерот вика дека цената учествува со 90 бода минимум од бодувањето, а квалитетот на изведбата или материјалите што се користат не се никаде ставени
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10957
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 29-Oct-2016 at 08:47


Закони се менуваат и по итна постапка, ако се има политичка волја (впрочем, се уверивме во тоа досега веќе неколку пати). Очигледно нешто друго е во прашање.
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 29-Oct-2016 at 13:52
Originally posted by kultuzin

На линкот има многу фотографии кој сака да види како напредуваат работите. Туку кога почнаа кога завршија 80%. Секоја чест навистина. Уште и квалитетот да биде како што треба и топ ќе биде. Од друга страна пак за оној делот меѓу Неготино и Демир Капија предвидени се три години а исто се работи за реставрација. Никако не ми иде во глава зошто е потребно толку време за таа реставрација.

Завршени 80 проценти од работите за обнова на автопатот Смоквица - Гевгелија

http://mtc.gov.mk/zavrsheni-80-procenti-od-rabotite-za-obnova-na-avtopatot-smokvica---gevgelija


Скоро ја минав оваа делница , трите мостови кој што се веќе готови ми изгледат на прво око дека се во добра состојба и се надевам дека ќе бидат со одличен квалитет , исто така на делот каде што се проширува со 3 ленти се копа мошне длабоко и после тоа се става арматура е сега каков материјал и какве изведба се користи и колку ќе биде од тоа квалитетно направено останува да видиме ..А на некој делови само се менува асвалтот и како што можев да видам се става мошне дебел слој , да не речам исто така беше и со делницата Велес-катланово и очекував дека ке биде нешто предобро а уствари крајот го покажа сосем спротивното , само што таа делница ја правеше Страбаг а оваа ја прават Гранит ,и се надевам дека изведбата нивна ќе биде подобра ..Само ме чуди една работа , овие Страбаг се фирма со седишта во Аустриа , а на нивните коли кој што ги користат се со српски таблици , е сега работниците се македонски а надзорот ваљда беше српски а фирмата аустриска , не ми се јасни некој работи , и зошто една таква да не речам Европска фирма толку не квалитетно си ја заврши работата , дали е проблемот во лошата изведба или во користењето не квалитетен материјал тоа незнам.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 01-Nov-2016 at 01:01
Zdravo,

Da prasam samo dali znaete bidejkji podolgo vreme ne sum pominal natamu Smokvica-Gevgelija sraboteni se 80% na delot od Smokvica do Gevgelija, a obratniot pravec kje pocne da se rekonstruira otkako prviot del kje bide celosno zavrsen ili zavrseni se 80% od rabotite na dvata pravci?
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 01-Nov-2016 at 10:46
На двата правци.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 01-Nov-2016 at 15:24
Originally posted by Bakica

Zdravo,

Da prasam samo dali znaete bidejkji podolgo vreme ne sum pominal natamu Smokvica-Gevgelija sraboteni se 80% na delot od Smokvica do Gevgelija, a obratniot pravec kje pocne da se rekonstruira otkako prviot del kje bide celosno zavrsen ili zavrseni se 80% od rabotite na dvata pravci?


Двата правци се работат во исто време , се вкупно работите се завршени 80 %
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 14-Dec-2016 at 18:18
Велес-Скопје

Генерално добра реконструкција после неколку возења, освен неколкуте дупки за кои можда веќе тука и сте збореле.






Edited by N23 - 14-Dec-2016 at 18:19
23ka.wordpress.com
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 13-Jul-2017 at 22:44

Автопат  Велес -> Скопје       Wallbash

Реконструкцијата на оваа делница заврши лани, а овие фотки денеска се вртат по социјалните медиуми. Немам веќе зборови за овие многу повеќе криминални отколку инфраструктурни зафати, но доколку некој сега скоро патувал од Велес кон Скопје, нека сподели проценка за обемот на проблемите. Да не треба за година-две да правиме нова реконструкција?

1


2


3

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.