build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реконструкција на А1 / Е75
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на А1 / Е75

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2164
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 28-Jun-2022 at 14:54
Originally posted by Vasilij

Мала исправка и надополнување:
стариот (магистралниот) Крупиште - Кочани е во прилично лоша состојба.
Од подобрите делници тука се и:
Велес - Кадрифаково
Табановце - Куманово
Куманово - Окта мислам дека во двата правци е реконструиран асфалтот
Скопје - Тетово во двата правци (надпросечно ако се земат во предвид останатите делници)
Обиколница Скопје (исто надпросечно).
Иначе имаме малку интересна ситуација - од Штип на кај и да тргнеш патиштата се во одлична состојба:
- за Скопје автопатот
- за Велес (Велес - Кадрифаково експресниот)
- за Кочани експресниот
- за Пробиштип (реконструиран регионалниот целосно)
- за Радовиш (најдобриот експресен пат моментално)
Delnicata kon Kumanovo po rekonstrukcijata e katastrofalna i opasna. Asfaltot e nov i dobar no podlogata e neramna i opasna za vozenje!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14251
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 28-Jun-2022 at 17:57


Миладиновци-Куманово е катастрофа, преполна е со нерамнини.

Скопје-Миладиновци не треба ни да се коментира, ужасна е.
За сè има вторпат
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 112
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 28-Jun-2022 at 18:23
Originally posted by Vasilij

Мала исправка и надополнување:
стариот (магистралниот) Крупиште - Кочани е во прилично лоша состојба.
Од подобрите делници тука се и:
Велес - Кадрифаково
Табановце - Куманово
Куманово - Окта мислам дека во двата правци е реконструиран асфалтот
Скопје - Тетово во двата правци (надпросечно ако се земат во предвид останатите делници)
Обиколница Скопје (исто надпросечно).
Иначе имаме малку интересна ситуација - од Штип на кај и да тргнеш патиштата се во одлична состојба:
- за Скопје автопатот
- за Велес (Велес - Кадрифаково експресниот)
- за Кочани експресниот
- за Пробиштип (реконструиран регионалниот целосно)
- за Радовиш (најдобриот експресен пат моментално)


Накај Кочани и Виница изминатиот месец имам отидено 3 пати, така да знам што зборувам. Не е одличен, ама не е лош. Само е тесен. Ама има добри прегледни правци ако треба да престигнеш.

Го заборавив Велес-Кадрифаково, ама проблемот е што има доста клучки и знаци 50 км/ч.
Добро е што досега не сум сретнал радари да има баш на тие места, иначе глупо е да возиш 100, па намали барем на 60, па пак на 100.

Edited by FiLo - 28-Jun-2022 at 18:23
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 28-Jun-2022 at 19:48
Миладиновци - Куманово (до Клучката која што води према Крива Паланка) треба да стане целосен автопат.

Кога Миладиновци - Куманово се градел во 70-те години се има отидено со поевтина варијатна, а тоа гледаме сега како е направено. Десниот коловоз е само претворен во едносмерен, претходно тој бил дел од магистралата Братство и Единство (пат со 2 ленти).

Исти случај имаме и на многу други делници, имено:
Катланово - Петровец
Катланово -  Велес
И можеби "автопатот" преку Аеродромот, кој што е во форма на 4 ленти (со доволна ширина 3,5м??), ама без ленти за застанување.

Незнам делот од Петровец до Клучка Хиподром дали бил изграден и пуштен во упореба во 1979, или пак подоцна во 90-те, ама знам дека во 90-те после распаднот на Југославија, сите надоградби на магистралните патишта во авто - патишта (земете го делот од клучка Хиподром до клучка Миладиновци) се имаат извршено во целосен автопатски профил. Така е и за Скопје - Тетово, претходно (се гледа од видеата за време на Југославија кои што беа поставени овде) дека тој пат бил само една обична магистрала, која што во 90-те се има претворено во целосен автопат со полн профил.

Секако овде ги исклучувам мостовите, виадуктите каде што се има отидено со поевтина варијанта без лента за застанување.

За жал од тоа "заштедување на пари и ресурси" кое што се случувало во Југославија, до ден денес се мачиме да си ја воздигнеме главната автопатска делница во целосен профил.

Овде треба:

"Автопатот" од клучка Петровец до Клучка Миладиновци да се прошири во целосен профил, со лента за застанување, сосема нова подлога и нов асфалт. Тоа е планирано во плановите на министерството за транспорт и врски од планот објавен тука на форумот пред неколку години.

Автопатот од клучка Миладиновци до кај Куманово, треба сосема целосно да се реконструира. Едниот коловоз е издигнат од Миладинови према Куманово, тој е тој коловоз каде што старата магистрала била претворена од двосмерна во едносмерна кога се градел автопатот во 70-те. Треба тој коловоз да се спушти подолу (на исто ниво со другиот коловоз, или пак обратно да се направи), и десниот коловоз  да се прошири целосно со лента за застанување и темелна реконструкција.

Со ова, единствено ќе остане само делот од Катланово до Петровец. Жално е што никој до сега се нема нафатено, нити помислено да го догради тој автопат... а реално тој патен працец треба многу, особено ако во иднина се оформи автопатска врска Скопје - Прилеп - Битола преку Бабуна...  се надевам некој ќе се сети дека треба да се доврши овој автопат, бидејки Катланово - Велес не само што е двосмерна магистрала претворена во еден правец, не само што е пат со 50 - 60 км/ч брзина, туку нај - опасно на оваа делница се одроните, за кое што џабе каква заштита и да ставиш кога ако фати некој обемен порој или земјотрес, шансите пак да паднат карпи не се мали... едноставно треба да се избегне таа делница со довршување на автопатот од Катланово до Велес, како што некогаш било замислено но не се извршило заради заштеда на пари и средства...

Освен тоа други делници кои што се 4 ленти, немаат лента за застанување има само Тетово - Гостивар, но за тоа знаеме дека оваа година треба да отпочне реконструкција на патниот правец таму, и да се изгради нова делница, со што таа делница ќе се претвори конечно после многу време во целосна автопатска делница.

И освен тоа, други автопатски делници кои што не се во целосен профил нема. Има неколку мостови / виадукти на А1 кои што се 4 ленти, без лента за застанување, но освен тоа друго си е во целосен профил. Само тие делници што ги наведов погоре треба да се средат за да се доведе главниот автопат во државата во целосен автопатски профил.

Е сега други делници планирани за реконструкција се:

Петровец - Хиподром
Петровец - Миладиновци
Хиподром - Миладиновци
Неготино - ТЕЦ Неготино

Треба целосно од:

Градско до ТЕЦ Неготино да се реконструираат двата коловози, бидејки се во лоша состојба и се полни со дупки. За овој дел нема никакви планови за реконструкција за жал.

И освен тоа на A1 не гледам други делници кои што треба да се средат, другото е горе - доле во ОК состојба.

Еве подолу имам направено мапи, која што претходно ја имав објавено на skyscrapercity форумот:
https://www.skyscrapercity.com/cdn-cgi/image/format=auto,onerror=redirect,width=1920,height=1920,fit=scale-down/https://www.skyscrapercity.com/attachments/1619434688578-png.1414646/

https://www.skyscrapercity.com/cdn-cgi/image/format=auto,onerror=redirect,width=1920,height=1920,fit=scale-down/https://www.skyscrapercity.com/attachments/1619435536723-png.1414691/


Edited by The Wild Boy - 28-Jun-2022 at 19:49
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 315
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 10-Jul-2022 at 00:35
Originally posted by Denko

Delnicata kon Kumanovo po rekonstrukcijata e katastrofalna i opasna. Asfaltot e nov i dobar no podlogata e neramna i opasna za vozenje!

Не треси глупости!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2164
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 10-Jul-2022 at 07:18
Originally posted by Marxentric

Originally posted by Denko

Delnicata kon Kumanovo po rekonstrukcijata e katastrofalna i opasna. Asfaltot e nov i dobar no podlogata e neramna i opasna za vozenje!

Не треси глупости!
Tebe ocigledno ti fali kurs za "Osnovna komunikacija so lugeto".
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 10-Jul-2022 at 14:38
Вистина е тоа дека Миладиновци - Куманово има делови каде што асфалтот е нерамен. Џабе ќе го негираме тоа, кога е вистина. Доста пати го имам возено тој дел, особено према Србија па можам да го потврдам тоа. Мене највеќе на таа делница не ми се допаѓа што кога ја реновираа не додадоа лента за застанување како што прават сега (ќе, во блиска иднина...).

За тоа колку квалитетно се реновираат патиштата овде, сами можеме да видиме со доста од делниците на автопатот А1. Но сепак како што напоменав погоре (ако некој во опште прочита) има доста полоши делници кои што треба ургентно да се средат, делници со огромни "кратери" на патиштата. Па видовте и од видеото на SAT патрола каде што патуваа према Грција...

Ги гледав и тие видеа што беа поставени за патиштата од 80-те. Па и тогаш имало доста проблеми, не се обрнувало внимание, немало голема ажурност на институциите. Еден од виадуктите на А1 од Велес према Каланово тогаш пропаднал повеќе од 20cm па морале да го поправаат и зајакнуваат. Не било ни тогаш нешто најдобро, можеби за некои тие времиња биле подобри (и тоа јас не го спорам), но еве сега 21 век, развиена технологија, нови материјали, и што ли не. Баш сега треба да има по - ефикасна работа на институциите, претпријатијата, да се одржуваат патиштата почесто, побрзо и со подобар квалитет, ама и тоа го нема во оваа држава.

Дали вие мислите дека нашиве политичари би земале нешто квалитетно, би направиле нешто добро како што треба, се супер?, би средиле еден пат како што треба? Па кој го направил тоа последните 30 години? Никој. Сите нови градби, реконструкции си се користат за политички цели, ПР кампањи, ветувања за на избори за да се добие на повеќе гласачи.

Кога ќе видите дека споредбено со сите други држави во Балканот, ние имаме најскапа патарина, ќе се запрашате и каде одат тие пари. Со тие пари што се добиваат од патарините не да треба патиштата да имаат најдобар асфалт, туку треба да сјаат. Ама сите знаеме зошто тоа не е така, и знаеме кое е решението. А тоа е народот да се освести и да стави крај на сето ова. Можат да дојдат подобри времиња, само дали сакаме ние? А до тогаш, ќе не вртат со истите лаги и глупости како и секогаш.

Ако уште се мачиме само една кратка делница од Катланово до Петровец да се прошири и реновира, тогаш каде ни е крајот со другите делници кои што се во далеку полоша ситуација... Ќе си се изначекаме уште многу години додека голем дел од автопатската делница ќе биде средена како што треба. За жал додека еден дел се реновира, друг дел пропаѓа. Додека тој друг дел се реновира, па друг дел ќе почне да пропаѓа.

Само една Србија да видите, држава која што беше под огромни санкции, држава бомбардирана, држава која што во 70-те и 80-те изгради далеку далеку повеќе патишта и авто - патишта од нас, далеку подобра во одржување и реновирање на авто - патиштата. Поголемиот дел од автопатот од Ниш до Београд е во релативно добра состојба, далеку поквалитетен асфалт, и најважно на се е дека нема огромни "кратери". Еве ги сега реновираат околу 4-5 делници на А1. А ние каде сме... една Србија која што еден период беше подолу од нас, да биде подобра во менаџирање на патиштата... А ние? Бруки...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15654
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 06-Aug-2022 at 13:48
Зошто автопатот Катланово-Скопје се гради со години?!



https://kanal5.com.mk/zoshto-avtopatot-katlanovo-skopje-se-gradi-so-godini/a541251
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.