build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вила Аурора - Берово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 14-May-2008 at 19:20
Wow, неверојатно! На 4-тата слика изгледа дека некој престојува во куќата. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 14-May-2008 at 19:54
Леле колку споро се одвива изградбата Nuts.

Јас па мислев ги гледам истите оние слики од ССЦ од пред година и нешто.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 13-Apr-2010 at 23:36
Еве да ги видиме објектите и од поблиску.
Мада најголем дел од работата е завршен, овде времето изгледа застанало:

1


2


3


4


5


6


7

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 13-Apr-2010 at 23:54
Кловер алал да ти е за сликиве! Неколку прашања:

1. Дали зборуваше со некој вработен околу местово дали знае нешто околу застоите или пак кога се очекува вистински да се заврши, зошто неможам да разберам како толку години се влече и толку сезони се пропуштени, а толку малку фали до крај??

2.Дали столиците на 4-ка значи дека некои куќи се спремни а некои не? И каков ти е општиот впечаток за местово - има ли потенцијал одржливо да работи ( сега гледам дека по некоја случајност истово прашање сум го поставил за 4тата слика на пбанкс, сликана пред 3 години Big%20smile )

3. Колку е блиску до беровското езеро, и дали има поглед кон него?

4. Каков е пристапот до местово? Координати?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Apr-2010 at 00:18
Не знам, треба да прашам, бидејќи сликиве ми ги испратија. Единствено за столиците можам да кажам само дека и во 2008 се забележуваат столици на една тераса, па што и да е, не мора да значи дека имало било каков напредок
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1306
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Apr-2010 at 12:14
Јас La Linea можам да ти одговорам на третото прашање,вилата е веднаш над езерото и има прекрасен поглед кон него.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kapinka View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kapinka Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Apr-2010 at 21:28
Здраво дечки,
Ла Линеа, вработениот долу на браната не знаеше да ми одговори зошто изградбата се пролонгира така долго, само онака нејасно спомна дека имаат проблеми во фирмата (претпоставувам не финансиски, туку право на сопственост или партнерски).
Самиот комплекс е многу убав, ама долу покрај езерото очекував да е поживо, околку нема ливади, места за пикник, ниту пак некој ресторан или бар каде што можеш да седнеш. И единствениот ресторан што работел лани, годинава беше затворен.
Опремени куќички инаку нема.
Погледот на вилите е кон браната и езерото.




Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 21-Apr-2010 at 22:30
Здраво kapinka,

Фала на корисните слики и информации. Погледот кон браната ми е малку „неромантичен“ но верувам дека околната природа компензира за тоа. Е сега ова што го викаш за недостигот на содржини и неопременоста на куќите не е охрабрувачко и не дава надеж дека местово би било атрактивно за туристи, но со тек на време верувам дека ќе се реши и проблемот со слабата понуда за рекреација, ако внесат некакви тури со велосипеди, возења со брод или ако додадат некаков спа-центар во комплексот, во случај таков да не е изграден.


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
коцани View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Apr-2010
Location: kocani
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote коцани Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Apr-2010 at 19:02
Здраво на ците !

 Гледам Берово па и да се пофалам..летото 2009 работивме во Берово на ул.Страшо Пинџур (над плоштадот) ствавме нов водовот.. ако има некој од Берово ако има нешто слики да ми прате..
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 14-May-2010 at 20:02
Big%20smile
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-May-2010 at 22:52
Работе се нешто но полека овие слики се од 02.05.2010. Има ровокопачи, колички, мешалци......


















ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-May-2010 at 23:06
Одличен тазе апдејт Македониј Cheers



LOL за ефектот

Мислам дека прв пат гледаме каков поглед би имал комплексот на езерото. Не би сакал да мрчам, веројатно за било кој 'build'-ер од форумов поглед на брана додека е одмор е 'dream come true' LOL. Но штета што комплексот нема малку поидилична глетка.

Сепак, се изгледа одлично.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 21-Aug-2010 at 09:08
БЕРОВО - На височинка од која се протега прекрасен поглед на Беровско Езеро и на вечно зелената околина со високи шуми и пространи ливади, финализира изградбата на туристички комплекс наменет за гости со подлабоки џебови. Сопственикот на туристичката агенција „Аурора“ од Скопје, Славчо Сирачевски, по потекло од ова место, планира до крајот на годината да го пушти во функција објектот што се гради веќе шеста година. По тој миг, во Берово и Малешевијата повеќе ништо нема да биде исто. Туризмот како гранка на која овој преубав, но во исто време и неразвиен крај се' повеќе се потпира ќе добие нови фантастични димензии.

Не случајно репортажата за Берово и Малешевијата ја почнуваме со фасцинантната градба која никна на 1.150 метри надморска височина, а зафаќа површина од 3,5 хектари. Девет депанданси направени од природни материјали ја сочинуваат „Аурора ресорт енд спа“, која ќе биде новата локомотива за туризмот во Малешевскиот регион. Последниве години се прават крупни чекори во развојот на оваа гранка. И тоа со хотелскиот комплекс „Манастир“, со отворањето на старите сместувачки капацитети кај езерото, со четиристотини соби кои беровци ги ставија во туристичка понуда.

„Градиме капацитет со пет ѕвездички наменет за висок туризам. На тој начин ја надополнуваме туристичката понуда во Малешевијата и на истокот од државата, а очекуваме тоа да биде предизвик секогаш кога се говори за туризмот во Македонија. Значи, при пропагирањето на оваа стопанска гранка да не се спомнуваат само Охрид, Струга, Дојран, Маврово, Попова Шапка, туку и туристичките можности на источна Македонија во која, како што веќе пренесоа весниците, живеат најнесреќните луѓе во државава. Во туризмот сум подолго од три децении. И затоа добро знам дека Малешевијата, но и Голак, Пониква, Лесновскиот манастир и манастирот во Водоча, црквите по должина на патот за вештачкото езеро ‘Кнежево‘ се перфектна база за динамичен туристички развој. Во комплексот ќе доаѓа клиентела од странство, која се' повеќе е заинтересирана за одмор на едно место во кое ќе ги обезбеди сите потреби. На гостите ќе им понудиме многу содржини. Од базени и игралишта за тенис и голф, до прошетки со коњи низ борова и букова шума во планините. Ќе има џипови за сафари, трим-патеки, терени за пешачење“, објаснува Сирачевски.

Искусниот туристички работник укажува дека Берово и целиот крај летово имале исклучително добра посетеност. „Приватните сместувачки капацитети беа полни, хотелот ‘Манастир‘, исто така. Потребно е државата само да инвестира во изградба на патеки околу езерото. Берово ќе може да живее од туризам. Блед не е ништо поатрактивен од нашето подрачје, но таму инвестираше и државата. Фактот дека и беровци градат викендички на брегот од езерото, не за себе, туку за туристи, говори дека луѓето од овој пасивен крај насетиле во која насока ќе се движи нивната иднина и егзистенција“, додава Сирачевски.

На брегот од езерото се бараките со ресторан во кој затековме повеќе гости. Сопственоста на најстариот туристички капацитет во Берово не е расчистена, па затоа со него управуваат вработените.

„И ресторанот долго време беше затворен. Сите губевме од таа ситуација. Овде постојано имало и има гости. Се' додека не се разреши прашањето на сопственоста, невозможно е да се вложува“, изјави вработен додека во преубавиот амбиент речиси над самите езерски води го пиевме пладневното кафе.

Хотелот „Манастир“, импозантен објект што произлегува од традиционалната манастирска архитектура, се наоѓа на излезот од Берово, веднаш до патот што води кон езерото. Тој е речиси „залепен“ до манастирот „Свети Архангел Михаил“. Владо Мишовски, менаџер на хотелот, вели дека нивната основна идеја била развој на алтернативниот туризам.

„Овој вид туризам е светски тренд, а нашиот крај ги има сите предуслови за тоа. Чист воздух, изобилство од шуми, езеро, патеки за прошетки. Навечер не може да се спие без покривка. Овде е рај за луѓето кои на извесно време сакаат да ги остават проблемите дома“, нагласува Мишовски.

Хотелот има 32 соби и 71 легло, девет апартмани, ВИП супериор-соби, а ресторанот е во национален стил со, како што вели Мишовски, изворна храна од малешевското поднебје. Јадењето се готви исклучиво во стари бакарни садови, што му дава посебен вкус, а соковите се од овошките што растат во еколошки чистата средина. Секое утро, пред појадок, гостите се служат со слатко, а тоа е враќање на старата македонска традиција. Хотелот има тениско и детски игралишта, базен, џакузи и професионален кинезитерапевт. Цените се приспособени за џебот на нашите луѓе.

„Задоволни сме од посетеноста ова лето. Имавме за триесет проценти повеќе гости од лани. За нив организиравме прошетки до културно-историските знаменитости и планинарење по обележени патеки. Посебно беа атрактивни ручеците, кои по барање на групи ги правевме на бачила во планината на 1.450 метри надморска височина, а специјалитетот е јагне во фурна на дрва. Од тоа профитираат и жителите во селата во близина на македонско-бугарската граница. Овој крај ќе стане нова туристичка мека во Македонија, само му недостига вистинска пропаганда“, забележува Мишовски.

Во Берово нема туристичко биро, а посебен оддел за туризам нема ниту во општината. Мишовски вели дека таква институција мора итно да се конституира, бидејќи гости доаѓаат се' повеќе, а нема каде да добијат информации за понудата. Во Општината не можевме да се сретнеме со градоначалникот за да разговараме на ова тема поради негово отсуство. Беровци, онака од око, според раздвиженоста во градот, ја проценуваат успешноста на туристичката сезона. За место со такви божји дарови и со луѓе подготвени да инвестираат милионски суми во развојот на туризмот и во подобрување на социјалната положба на Малешевци, единствениот минус е токму тоа што не постои биро за туризам.

Сабота, 21 Август 2010 00:53 Иван Бојаџиски
http://www.malesh-net.com
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 21-Aug-2010 at 14:40
Конечно некаков абер. Македониј, секоја чест што си го ископал ова  Cheers
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-Aug-2010 at 17:19
истото го помислив и јас кога ја видов сликата, "а бранава ??? ", нејсе за туризмот во зародиш во Берово сум слушнал уште пред пар години, т.е. дека е преубав тој предел со голем потенцијал, така да баш одлично што работите сериозно се движат во права насока..
 
Куќаркиве ме потсеќаат на злокуќани, ми се свиѓаат..
 
Патем хотелот манастир се чини одличен, има екстра веб сајт, со одлично организиран ценовник и во однос на (value-то) услугите кои се нудат мислам дека цените се и тоа како примамливи.. браво Applause се на се екстра понуда..


Edited by Swimmer - 21-Aug-2010 at 17:31
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 18-Feb-2011 at 22:58
http://www.aurora.com.mk/new/files/image/Sliki%20Berovo/DSC_2635.jpg
http://www.aurora.com.mk/new/files/image/Sliki%20Berovo/DSC_2619.jpg
http://www.aurora.com.mk/new/files/image/Sliki%20Berovo/DSC_2627.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 309
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 25-Apr-2011 at 18:45
Ова требало да се отвори за Велигден, ама не стигнале и мајсоторот рече дека за 20-30 дена ќе биде отворено.Исто кажа и дека изградбата чинела околу 5 милиона евра.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Apr-2011 at 21:04
Navistina e ubavo, noooo cifrava mi e  ogromna!
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Apr-2011 at 22:52
Wow. Супер изгледа комплексов. Малку претерале со фасадниов камен ама не е лошо.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Apr-2011 at 22:59
Originally posted by lupo

Navistina e ubavo, noooo cifrava mi e  ogromna!


Комплексот има 30-тина апартмани, внатрешен и надворешен базен, сауна, турска бања, конференциска сала, ресторани, теретана, мини голф, итн., според сајтот на аурора.

Можеби 5 милиони и не е толку многу, ако се знае дека еден стан (изградба) чини по 20-30 илјади евра, односно само за апартманите би отишол 1-2 милиони, за другите пропратни објекти уште толку, а за уредување на земјиштето, откуп на местото, придружна инфраструктура... може и ќе излезат 5.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.