build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 13-Apr-2020 at 21:44
знае некој зашто го раскопуваат плочникот во чаршија?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 13-Apr-2020 at 22:11
Веројатно за да стават поубави и помодерни.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 13-Apr-2020 at 22:22
Originally posted by <Fresno>

Веројатно за да стават поубави и помодерни.
што точно значи поубави и помодерни?
ако стават некоја рандом сива плочка или не дај боже бекатон, ќе ги мавам со остатоци од плочникот жими све
само во Скопје се преуредуваат веќе уредени површини додека неуредените скапуваат, ете со тоа може да се пофалиме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 14-Apr-2020 at 05:35



да не прередуваат за кабли за тоа новиот емо-фејсшепн муабет, но што и да чинат тоа мора и градот да го одобри ми се чини или ова општината си прередуе калдрмата!?

а дали може Плочки или мора Камен, хм, колку што знам сега имаме и Закон За Чаршијата [1][1][1] каде ова е потенцирано дека автентичноста мора да е запазена, но дефакто се испостави дека тоа ни од блиску не е случај со некои објекти [2] него знае ли некој колку камен е потрошено досега в Скопска Чаршија низ годињето независнот, на форумов има само штуро инфо за времето на Пенов [3] патем во архивата на Град Скопје возможно ли е да се добијат сите проекти кои ја засегале чаршијата!?
Кој и зошто копа по Скопската чаршија?


Старата Скопска чаршија е трговски и културно-историски дел и една од најголемите знаменитости на Скопје. Чаршијата е со закон прогласена за културно наследство од особено значење и оттогаш е под трајна заштита на државата. На прашањето што значат градежните активности што деновиве се одвиваат низ Чаршијата немаме одговор од општините Чаир и Центар и од градот Скопје. Ни се повторуваат ли „генијалните“ проекти на градоначалниците што ги тргнаа калдрмата од скопскиот плоштад и каменот од главната охридска улица и им залепија плочки?

13.04.2020 - Фото: Роберт Атанасовски

https://www.mkd.mk/galerii/koj-i-zoshto-kopa-po-skopskata-charshija#7







Edited by Zelenikovo - 14-Apr-2020 at 05:55
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 144
  Quote David Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 14-Apr-2020 at 08:05
За вакво сквернавење треба да оди апсаана тој што го дозволил ова,итоа сега во вакво време,подло и ќутејќи.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 14-Apr-2020 at 08:55
@Zabegan шала беше, веројатно се работи за антикризен стимул на фирми блиски до ДУИ. Еве на следниов линк се гледа модерниот изглед: Ако.мк
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 14-Apr-2020 at 11:58
Често поминувам низ скопската чаршија и, верувајте ми, менувањето плочи е најмалиот проблем таму. Моментално се во градба или се завршени меѓу 5 и 10 дивоградби што сериозно ги надминуваат висината и габаритот на околните објекти. И ова не е од вчера, туку веќе некое време се премолчува.
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 14-Apr-2020 at 12:36
а што велиш Џоле зградите отстрана, хм таму се што е во редот со Стоковна Илинден дозволија да брка висина колку зградите одзади, но кој воопшто го дозволи хотелот Арка впрочем тоа е упадот кој отвори врата за денешните импровизации, о да речее тоа може да се покрие со големи масивни банери на кои ќе тераат сетне 24/7 видеобимови со прикладни староградски содржини итн.
мене ме чуди друго друго, зошто кога веќе ја раскопаа калдрматане одеа со археолошки истражувања удоле, доволно и со по некоја Сонда тук таму па сетне застакли ги евентуални архео-наоди, но ова може да се стори и ретроактивно доколку се одважи градот да тужи и наново севади паверов, или гранитни коцки се, што и да е!
туку, без запирки постон горе ко во еден здив да сум го пишал, и точно не сум изреволтиран туку сум уплашен што ќе биде поголем галиматијас, фејсепшнот или паверот, и двете посекако! незнам дали и кога е менувана последен пат калдрмата, но откако знам за себе таа истата беше од секогаш! бар да ги сочувале и педантно извадиле Камените Плочи бидејќи восебе носат Историја, та кога можеше старата Камена Коцка од Плоштад да ја извадат педантно и складираат во депо на Градот треба и ова, но ко што гледам Скип таму па малку ова ми е сомнително,но Слава Богу имаме Камен на претек од Македонски Каменоломи кој може повторно да се зашмиргла па малку од малку да го добие стариот лик доколку нели некој земе да притужува во УНЕСКО та чим можеа преку нив односно од нивни спунт преку ЕУ да воведат онаков ROCK-менаџмент, та може некој и да понесе одговорност и тоа онака Јавно и Гласно да се растрчуваат Граѓански Здруженија по цел Свет каква касапа некој дозволил, капак ко што велите подмолно за време корона-карантинот! а доколку добие ова судска-разрешница натака, ќе биде фора за уши да се фатат одговорните и да ги тераат утре да прередуваат и самите каменот кој се дрзнале да го извадат!

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 14-Apr-2020 at 15:04
УШТЕ ЛАНИ КАЖАВМЕ ДЕКА ЌЕ ГИ МЕНУВАМЕ ПЛОЧКИТЕ ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ГАНИУ




Реконструкцијата на Старата скопска чаршија ја најавивме уште лани во декември, ништо не се прави преку ноќ, рече градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Откако синоќа на социјалните мрежи излегоа фотографии кои беа преземени од дел од порталите, дека за време на пандемијата на коронавирусот без најава се вади каменот од улиците во Чаршијата, градоначалникот Ганиу на прес-конференција објасни дека проект бил најавен, а на 6 април кога почнаа градежните работи информација и фотографии беа објавени и на фејсбук страната на Општина Чаир.

„Ништо не криеме и целта не е да се наруши автентичноста на Чаршијата. Ги имаме сите потребни дозволи од Управата за заштита на културното наследство. За овој проект имаме добиено грант од Светска банка, со чиј надзор се врши реконструкцијата“, рече Ганиу.

Со проектот за реконструкција се предвидува поставување на нов травертин со површина од 1.860 метри квадратни, реставрација на 75 дуќани, поставување унифицирани тенди и натписи.

„Сите камења кои сега ги вадиме се складираат во магацин, не се продаваат. Во наредниот период, каменот кој не е оштетен ќе го искористиме за реновирање на улицата Самарџиска, за што имаме изработен проект, само ја чекаме конзерваторската дозвола за да почнеме со работа“, додаде Ганиу.

На 2 октомври 2019, градоначалникот Ганиу и министерот за економија Крешник Бектеши најавија дека со над 1 милион евра ќе се враќа автентичниот изглед на Старата скопска чаршија. Со пари од Министерството за економија од 2015 во три фази се конзервираат, санираат и унифицираат излозите на дуќаните, а Ганиу и Бектеши лани најавија дека со парите од Светска банка ќе се менува и калдрмата. Тогаш кажаа и дека од постоечките 115 локали во чаршијата, стариот изглед ќе се врати кај 97 коишто се под надлежност на Општина Чаир. Останатите 18 дуќани се под надлежност на Општина Центар, од каде тогаш изјавија дека за нивна реконструкција Општината добила 1.800.000 денари, односно по 100.000 денари од дуќан, што не било доволно и затоа ја стопирале постапката на неопределено време.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ushte-lani-kazhavme-deka-ke-gi-menuvame-plochkite-vo-skopskata-charshija-kazha-gradonachalnikot-ganiu/

Edited by stef4o - 14-Apr-2020 at 15:04
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 14-Apr-2020 at 15:14
Ганиу: Калдрмата во скопската чаршија се санира со дозвола од сите надлежни институции (галерија)

Бурни реакции на јавноста откако на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии со градежни активности во Старата скопска чаршија. Граѓаните револтирани и загрижени упатија прашања до надлежните зошто е раскопана чаршијата во време на полициски час.

– По не знам кој пат објаснувам дека станува збор за работа во рамки на проектот „Промоција на туризмот во Стара Скопска чаршија“ кој меѓу другото, опфаќа санирање на оштетениот камен. Нормално дека имаме добиено дозвола од сите надлежни институции, меѓу кои и од Управата за заштита на културно наследство, која исто така со нејзините работници врши надзор на целиот овој работен процес“ – изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Тој појасни дека потребата од имплементација на овој проект произлегува од оштетувањето на улиците во чаршијата од неколку фактори меѓу кои, атмосферските влијанија, движења на возила за пренесување на роба, неадекватни интервенции при работни процеси за враќање во поранешната состојба кои се вршеле со бетон и други материјали.

– Целта не е промена на автентичноста на инфраструктурата на чаршијaта, како што се стреми да се претстави во некои портали кои тенденциозно објавија информации, без да ја набљудуваат содржината на овој проект – изјави Ганиу.

Овој проект на санација и зачувување на автентичниот изглед на Старата чаршија, предвидува и поставување на камен со ист материјал со површина од 1800 метри квадратни, дозволен според извештајот на Лабораториската анализа за исполнување на условите. Меѓу другото, овој проект опфаќа и реставрација на 75 дуќани во чаршија.

Градоначалникот појасни дека каменот што се вади, ќе биде складиран во магацин, а нема да се продава ниту е продаден, како што се пишува во некои медиуми.

– Проектот е финансиран од страна на Светската банка со грант од околу 600 илјади евра. Истиот е започнат до 2019 година и во континуитет ја известувавме јавноста – додаде Ганиу.

За проектот информираше и министерот за економија Крешник Бектеши, уште во октомври минатата година.

– Проектот значи уредување и разубавување на скопската Чаршија која е еден од најзначајните историски споменици во Скопје, но и во државата, 9,7 милиони денари одвои Министерство за економија, додека пак Општина Чаир обезбеди уште 2 милиона денари – изјави тогаш министерот Бектеши.







https://meta.mk/ganiu-kaldrmata-vo-skopskata-charshiјa-se-sanira-so-dozvola-od-site-nadlezhni-instituczii/?fbclid=IwAR05drE6voH8vQKrTNlPZh1f79xRhYGcZ4WyY1_hGAz8L-3SfIOzR2BQnfg
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 14-Apr-2020 at 21:25
класично скопско дежаву, на еден куп проблеми со кои се соочуваме секој ден, главниот фокус на градските власти останува видоизменувањето и "уредувањето" на веќе уредени урбани површини
ај на здравје, па за едно 5-10 ќе ни кажат дека пак работат на ревитализација на чаршијата со ставање на нов плочник
претпоставувам вака најлесно се перат пари и се активираат фирми што ти се лично блиски
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 16-Apr-2020 at 15:17
Уште една новост од скопската чаршија – последниве месец-два се работи на, како што разбрав, хотел што ќе биде сместен во една зградичка што долго време беше напуштена. Е сега, „хотелот“ добива надградба, т.е. уште еден кат или поткровје. Инаку, зградава е веднаш до поранешна стоковна куќа Мост, сега Универзитет на ЈИЕ (Југоисточна Европа). Видов и дека малку го средиле околниот простор, поплочен е, зашто порано беше земја, кал и дупки.



Лево „хотелскиот дел“, десно старата зградичка:



Edited by Џоле - 16-Apr-2020 at 15:18
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 20-Apr-2020 at 03:50

ако некогаш минеш низ Чаршија, сети се на Калдрмата да те видам, е работава, бидејќи и Дуќаните одамна веќе не се тоа што беа, а дури ни Ановите имаат штимунг ко пред децении кога беа заборавено празни или пак подзапуштено несредени, на сите нив потешко да се присетиш какви биле, но ако си се ујдисал некогаш со чаршијата посекако ќе се сетиш на калдрмата, единствено останува неодговорено прашањето колку истата била стара, кога последен пат е менувана од корен, кој се’ одел понеа, можеби и Светители, сигурно и султани, посекако многу Скопјани ... но ајт, врвел кој врвел, утре ќе врват кои ќе врват, ама она со скенирање емоции сред врвулица, бреј хаксли да не остаил мемоари во Безистен, којзнае може и апои на потресени врвачи ќе им пуштаат може во лимонадата може активирајќи солуција по чешмичките за тој некој кога би се освежил попатно да му се ресетира инстант дадена склет-биометрија, Проштевајте за е-алузијава, се трудам само да бидам предострожен, знаете порано средината на 90-ти имаше гласини во Скопје дека во пијачките им ставале нешто на оние кои се чаршсуваат таму навечер!   

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/влада-во-реставрацијата-на-автентичн/]


во основа излозите и мансардите можат пејсажно да се маскираат за да се потенцира што е новокомпонирано а што изворно, но во однос калдрмата добро би било оние улички каде има Стара Калдрма тоа да се предбележи па тоа да е некаква компензација, а секогаш може врз оваа новата на главната улица да се пуштат странично појаси калдрма, или еден в среде како арпаџик проред на угоре-удоле правци, кому како му чини ... исто може со неа на/околу Кале да се поплочат некои патчина, дефинитивно она скалите кои водат кон МСУ ... во принцип и ова го протнаа на мала врата ко многу што друго, но Слава Богу веќе Народ е свикнат на секакви импровизации па ко да е веќе и’ отрпнат, оптимистички пак што е идеална прилика за онаков Адио Памет Поздрав за лесно раскинување со Скопје т.е. идеално легнуе при Ојдов Одовде Одлуки, само што за инстант-ООО недостасува и пак на Кале да отворат Ресторан каде ќе оди пак Народ на Свадбени или Погребни Ручеци!

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/јадро-за-секој-зафат-во-старата-чаршиј/


сепак Убо е што некого ова и тангира та Здружено и Јавно Изреагирал, само што недостасува и Поука дека ќе покренат Правна Разрешница а таквата Упорност токму Сите да ја подржат Правно на начин да се отпочнат дебати на Правен и Архитектонски Факултет каде би се барало и нова категоризација но и нова пенологија во однос уништување на Споменици на Културата не само од Поединци туку и од Правни Лица, на таков начин не само парично да одговараат туку да мора и инситу да обновува или реставрира својот башибозук, во случајов оној кој Издал дозвола по хиерархија Заводот или кој и да е надлежен кој всушност и го главниот научен збор во однос некоја реставрација или реконструкција, бидејќи ако и ова помине вообичаено, имајте во предвид утре некој и Кале или Аквадуктот ќе си го есапи како му мило или поефтино поедноставно побизнисменски ...     
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 23-Apr-2020 at 16:27
Уште една реновирана зградичка (најлево):









За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 03-May-2020 at 13:48
Видео од обраќањето на градоначалникот на Чаир во врска со реконструкцијата...

https://www.facebook.com/komunacair/videos/710738826363015/?__tn__=%2Cd%2CP-R&eid=ARCobItW6P3VZ9vcgCYBhsYaLh69dYAswBd-E5v1BaAuhIL75j2IY7YUWtxb7SGs9ZHTE_Xqwi0r3Grx


неколку извадоци од видеото





https://www.facebook.com/komunacair
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 03-May-2020 at 22:00
Во контекст на тоа што го збори џоле погоре, се менува објектот на менада со доградба и промена на фасада, во некоја генеричка коцка
Со оглед на тоа дека е полупокриена од бетонскиот чир пред нејзе, не е веќе толку страшно бидејќи штетата е направена претходно, ама стварно е безобразно тоа што и се прави на чаршијата во целост

ЛИНК

ЛИНК

Edited by zabegan - 03-May-2020 at 22:00
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 18-May-2020 at 09:22
Се заменуваат излозите на продавниците во Старата скопска чаршија






39 дуќани ќе добијат унифициран изглед на своите излози.
Ова е новиот изглед на излозите во Старата скопска чаршија.

Како што може да се види од следната форографија, лево и десно од новата рамка, тие досега беа шаренолики, со различна боја, материјал и изглед.
Во рамките на проектот насочен кон промоција на туризмот во Старата скопска чаршија, покрај другите активности како што се: санација на калдрма, реставрација на продавници, како и дигитална промоција на културното наследство на чаршијата, како важна активност е замената на 39 излози во продавниците во чаршијата.

,,Сите овие активности успешно се спроведуваат паралелно и според проектниот план.
Вреди да се напомене дека проектот е финансиран од ЕУ, управуван од Светска банка, Општина Чаир и Секретаријат за европски прашања во Владата на Република Северна Македонија, а го спроведува Општина Чаир“-се вели во известувањето од општината

https://ako.mk/се-заменуваат-излозите-на-продавници/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 18-May-2020 at 15:55


Овој проект се спроведува веќе долго време, една од ретките добри работи, мислам дека е од времето на претходната градска владејачка гарнитура.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 19-May-2020 at 11:57
СКОПСКАТА ЧАРШИЈА ОДАМНА ГО НЕМА ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕД 500 ГОДИНИ, ТРАВЕРТИН СЕ ВАДИ, ТРАВЕРТИН СЕ СТАВА, ВЕЛАТ КОНЗЕРВАТОРИТЕ







Во средината на 19. век, српскиот политичар и историчар Стојан Новаковиќ ја опишал скопска Стара чаршија како „склоп тесни и криви улички со многу трговско-занаетчиски продавници и дуќани. Улиците биле покриени со штици, а дуќаните со ќепенци. Чаршијата е долга и има повеќе напречни улици, исто така покриени“. Подоцна улиците во Чаршијата се обложени со неправилни некршени камења или калдрма и формирани тротоари пред дуќаните.

Оваа слика или калдрмата од турско време одамна ја нема во скопската Стара чаршија. Од Националната устанва Конзерваторски центар – Скопје велат дека реакциите во јавноста дека се менува автентичноста на старото градско јадро откако минатиот месец почнаа градежни работи на улицата Битпазарска, се сосема неосновани и неиздржани.

Не станува збор за поплочена улица од турскиот период стара 500 години. Колективната меморија на корисниците на Чаршијата ја препознава истата како Чаршија покриена со травертински плочи. Травертин се вади, травертин се поставува. Во минатото, во неколку наврати се вршеле градежни работи за менување на плочникот поради оштетување, но и поставување на комунална инфраструктура“, вели Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар – Скопје.

Според податоците на Конзерваторскиот центар – Скопје, ликот на Чаршијата се менува во текот на 1970-тите и 1980-тите години, кога постепено и континуирано се вршела делумна ревитализација. Притоа, извршена е промена на постојната калдрма со травертински плочи, кои во зависност од периодот на поставување на некои улици биле со неправилни, а на некои со правилни форми. Притоа, природниот пад на улиците е заменет со нивелирање на одните површини и појава на скали на одредени места во Чаршијата.

„Со текот на времето, а за потребите на корисниците на Чаршијата извршено е поставување на целосна инфраструктура, водовод, канализација, електрична мрежа и телефонија, при што комплетно е деградирана подната подлога. Дополнителна деградација настанува секојдневно со одржувањето на наведената инфраструктура и отстранувањето на дефекти на истата. Друг сериозен проблем е моторниот сообраќај во скопската Стара чаршија, кој иако е со режим, сепак предизвикува оштетувања на одната површина во форма на напукнување, дробење и изместување на травертинските плочи“, објаснува Чапкановски.

Од Конзерваторскиот центар велат дека проектот, чија реализација е во тек, е регулиран по сите законски позитивни прописи. Издадено е одобрение од Управата за заштита на културното наследство, Општина Чаир до Конзерваторскиот центар доставила проект запазувајки ги сите регулативи и направена е стручна контрола на проектот од стручен тим на Конзерваторски центар – Скопје и извештајот е доставен со Управата.

„Видов многу текстови по однос на оваа тема. Заради низа инфраструктурни зафати, поставениот травертин беше во очајна состојба и се однесува на улица Битпазарска како главен транзитен коридор во скопската Стара чаршија. Второ, невозможно е да се постави истиот од причина што истиот е ваден со помош на механизација. Се работи за подна подлога т. е. улица која од архитектонска смисла е менлива категорија. Калдрмата е реконструирана во текот на 1980-тите години после земјотресот и тогаш е опфатена целата Скопска чаршија. Голем дел од уличките беа поплочени со коцка, а дел на земјена подлога со штици и даски. Битпазарска во добар дел беше несоодветно поплочена, а за тоа најдобар показател се извадениот речен камен со кој набрзина беше поплочена улицата како и несоодветна подлога заради посетата на Јосип Броз Тито на Скопје и Старата чаршија.“, вели Чапкановски.

Дуќанџиите на улицата Битпазарска велат дека уште одамна било потребно да се реконструира оваа улица, а тоа им било најавено дури и од минатиот градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити.

„Камењата беа целосно уништени, дупки имаше на секој чекор. При најмал дожд се создаваа вирови. Овој дел од Чаршијата беше целосно уништен, другите улици беа реновирани, но оваа остана. Уште лани ние дуканџиите имавме состанок со градоначалникот Висар Ганиу, на кој ни најави дека ќе се одвиваат градежни работи“, ни рекоа дел од дуќанџиите во Чаршијата.

Проектот за реконструкција на улицата Битпазарска е финансиран од Светска банка, со грант од 600.000 евра.

„Градежните активности во скопската Стара чаршија не се во насока да се измени автентичноста на Чаршијата, туку да се замени оштетениот камен травертин со ист таков камен, да се задржи автентичноста и да се создадат подобри услови и за занаетчиите и за туристите, вели градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/skopskata-charshija-odamna-go-nema-izgledot-kako-pred-500-godini-travertin-se-vadi-travertin-se-stava-velat-konzervatorite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 13-Jun-2020 at 10:35
Окупацијата на Старата скопска чаршија се мери во хектари

Доаѓаат времиња кога освен на странските туристи, и на граѓаните на Скопје ќе им треба мапа за да ја најдат Старата скопска чаршија. Главна причина за тоа е што постојано се менува ликот на некогашното јадро на Скопје, се нагризуваат границите и се напаѓа околината со висококатни објекти, како некој буквално да сака да ја скрие убавината на Чаршијата. На хартија, законот предвидува дека не смее да се смени ниту ќерамида од покривите, ниту, пак, во непосредна близина на Чаршијата да се градат објекти чијшто габарит ќе ја нагрдува нејзината автентичност. На терен, има случаи каде што со институционално аминување се реализираат гломазни проекти кај што не им е местото, како и поединечни случаи каде што прво се гради, а потоа се бара дозвола. Најсвеж пример за тоа и последен трн во окото на граѓаните е несоодветната надградба на објектот „Менада“. Ако такво нешто може да се случи на самиот влез на Чаршијата, тогаш кој знае што може да има во внатрешноста и нејзината околина. Затоа, истражувавме каква е состојбата, а наодите се алармантни.

Контактните зони како пластелин

Во Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, донесен од Собранието во октомври 2008 година се определени границите на споменичката целина и таканаречените контактни зони на Чаршијата.
Споредбата на податоците од старите топографски карти, од сателитски снимки и други алатки покажа дека вкупните површини под објекти во Чаршијата и контактните зони пораснале од 11,77 хектари во 70-тите години на 14,81 хектари во 2002 година, односно има пораст од 25,81 отсто на површината под објекти.

Анализата покажа дека во овој тридецениски период, во Старата скопска чаршија и во секоја од контактните зони има тренд на уривање на дел од помалите стари градби за сметка на поголеми градби. Севкупниот број на градби не е значително променет, но средната површина на градбите е драстично зголемена, а со тоа и севкупната површина под објекти во целото подрачје е поголема.

Токму за да се спречи ваквата „градежна инвазија“, пред 12 години беше донесен законот со којшто Старата скопска чаршија е прогласена за културно наследство и со којшто на сила стапуваат строги правила за заштита на споменичката целина и на контактните зони на Чаршијата.

Сепак, нашето истражување покажа дека и по донесувањето на оваа регулатива односно во периодот 2007 - 2020 година има забележителни и несоодветни промени на терен.
Во Старата скопска чаршија од 2007 година наваму е изграден плоштадот „Скендербег“, којшто опфаќа голем дел над објектите кај реонот на „Менада“. Дел од споменикот на културата „Ан Хотел Шар“ има изгубено во површина. Изградена е „Пивница“ со проширување на плоштадот „Св. Спас“. Кај хотел „Буши“ еден објект е претворен во паркинг, а два се урнати. Изграден е нов објект кај Капан ан.

повеќе на
https://www.samoprasaj.mk/naacik/1636-2020-06-12-11-01-10

неколку мапи,табели и видеа




На мапата се прикажани објекти кои се во можна колизија со член 7 од Законот, во кој меѓудругото се предвидува задржување на постојната висина на објектите, формата на покривите и оригиналните покривни материјали, со задолжителна употреба на ќерамиди како покривен материјал кај новоградбите, и се забранува менување на парцелите и урбаната структура, како и да се подигаат меморијални споменици и спомен-обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата скопска чаршија

Табела 1: Површина на објекти во 1970 и 2002 во Старата скопска чаршија и трите контактни зони



Табела 2: Преглед на типовите покровност на земјиштето во 2007 и 2020 и сумирана вкупна промена на површините во Старата скопска чаршија и контактните зони



....



...



https://www.facebook.com/samoprasaj/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.