build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопска чаршија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5098
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 13-Jun-2020 at 10:37
Молк од Управата за заштита на културното наследство

Еден од поголемите проблеми во однос на заштитата на Чаршијата е што надлежностите се поделени меѓу повеќе институции. Затоа, освен од општините, одговори за оваа проблематика побаравме и од Националната установа Конзерваторски центар, Управата за заштита на културното наследство, Владата, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за економија, но и од фирми кои учествуваат во обновата на Чаршијата.

Од дел од одговорите, впечатокот е дека постои галиматијас во однос на одговорноста за состојбите во Чаршијата, дека таа лесно се префрла од една на друга институција, но и дека постои општа неволност да се тргнат административните бариери за да се најде соодветно решение за ефикасна заштита на културното наследство.

Според законот, урбанистичките планови за чаршијата се изработуваат врз заштитно-конзерваторски основи кои се вградуваат во плановите.

Во НУ Конзерваторски центар, на прашањето колку конзерваторски одобренија се издадени за периодот 2008 – 2020 година за објекти во Старата скопска чаршија, ни посочија да се обратиме до Управата за заштита на културното наследство(УЗКН).

„Постои разлика помеѓу побарани и одобрени, не навлегувајќи дали истите ќе коренспондираат. Конзерваторски одобренија издава УЗКН“, велат од Центарот.

Прашавме и дали во овој период од дванаесет години има урнати дивоизградени објекти поради укажувањата на Националниот конзерваторски центар. Оттаму велат дека тие само доставуваат извештај за понатамошни постапки.

„НУ Конзерваторски центар - Скопје доставува извештај со фотодокументација од направен увид на преземање на градежни и останати изведбени активности на дуќани со улица, број и катастарска парцела кои ја немаат спроведена законската постапка и истиот го доставуваме до Управата за заштита на културното наследство - инспекциски служби. Понатамошната постапка ја спроведуваат останатите институции т.е. УЗКН, во согласност со надлежностите, постапката за рушење – уривање ја проследува до следната инстанца, а тоа е Државниот градежен инспекторат. Колку има урнато нелегални градби за периодот 2008 – 2020, обратете се до УЗКН како подносител на барањата и до Државниот градежен инспекторат како извршител за целисходен одговор“, велат од Конзерваторскиот центар.

Во однос на бројот на извршени археолошки истражувања на места предвидено за градба/реконструкција од 2008 година досега и во однос на тоа што е констатирано, оттаму велат дека по основа на поднесено барање во периодот од 2008 – 2020 година се извршени само пет заштитно конзерваторско-археолошки истражувања.

„Во зависност од локацијата пронајдени се на две локации гробни места, едно од отоманскиот период и едно од христијанскиот период, додека на останатите се пронајдени подни темели“, велат од Центарот.

Прашања поставивме и до Управата за заштита на културното наследство, која е една од најодговорните институции кога е во прашање заштитата на Старата скопска чаршија.

Меѓу другото, прашавме колку дозволи за градба се побарани и дадени за Чаршијата од 2008 година наваму, колку нелегални градби се констатирани на терен и кој ги прави, колку од нив се стопирани или урнати, какви објекти може да се градат во контактните зони. До објавување на истражувањето , оттаму не одговорија на ниту едно прашање.

Меѓунаслов: Ако нема забелешка од Катастарот, нема заштита

По многубројните реакции во јавноста за негативните глетки во Чаршијата, Владата побараа од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши контрола на дивоизградените објекти во Старата скопска чаршија.

На седмата редовна седница во февруари Владата не го прифати приложениот извештај на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и го задолжи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти во јадрото на Старата скопска чаршија. На нашето прашање со какво образложение е вратен извештајот не добивме конретен одговор.

„Владата го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши нов увид на бесправно доградените објекти во јадрото на Старата скопска чаршија. Во врска со оваа точка, Владата ја задолжи Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени“, соопштија од Владата.

Од Инспекторатот го добивме извештајот од новиот увид во бесправно изградените објекти. Меѓу другото, оттаму, за две градби на кои се работи, констатирале дека се лоцирани во границите на заштитеното подрачје, но дека Агенцијата за катастар на недвижности во евиденцијата не ставила забелешка дека се составен дел на Старата скопска чаршија како културно наследство од особено значење и дека имаат статус на културно наследство од соодветна категорија, што според Инспекторатот е спротивно на членот 5 од Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење.

Една од овие градби е на катастарската парцела 9438, што според географскиот информациски систем е објектот на поранешна „Менада“.

„За објектот лоциран на КП 9438 КО Центар 1, утврдено е дека се врши надградба на постоен објект, за конкретното поведена е управна постапка и донесено е решение за отстранување“, пишува во извештајот на Инспекторатот од 4 мај.

„Само прашај“ од Инспекторатот побара и конкретен одговор зошто сè уште нема активности за уривање на објектот кај „Менада“, но оттаму ни рекоа дека изготвувањето на управниот акт е во постапка.

„Информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината“, велат од Државниот инспекторат, од каде што информираа дека управни постапки се поведени и за други објекти, како, на пример, за парцели каде што како иматели се јавуваат „Буши фашион“ ДОО Скопје, извесен Бранко Сотировски и државата.

Од Инспекторатот во извештајот напоменуваат дека за секоја градба која се наоѓа во опфатот на споменичката целина Стара скопска чаршија, потребно е да се изврши катастарска евиденција со забелешка дека градбата претставува културно наследство од особено значење и дека има статус на културно наследство од соодветна категорија.

Нашиот тим побара одговори на прашања од јавен интерес и од Катастарот, за тоа до каде е реализацијата на визуелниот приказ на заштитеното јадро, за колку објекти постои сомневање дека се дивоградби, дали е вршена пренамена во однос на габаритот на објектите. Оттаму побараа целата постапка да се одвива преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, и иако го сторивме тоа, досега до нашата редакција не се испратени одговори.

https://www.samoprasaj.mk/molk-od-upravata-za-zastita-na-kulturnoto-nasledstvo
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12906
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 15-Jun-2020 at 17:58
Новиот назив на поранешна „Менада“.

https://www.facebook.com/photo?fbid=3344861355558158&set=a.392406200803703
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5098
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 16-Jun-2020 at 15:12
Кога не може да се среди цела Чаршија, барем да се „дотераат“ излозите

Во стручната јавност неколкупати досега се дебатираше околу менувањето на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија и, воопшто, околу проектите за „реновирање“ на нејзиното централно јадро. Нашето истражување покажа дека за три години се склучени договори по три тендери за вакви проекти од различни институции.

Така, Министерството за економија на 29.11.2017 склучува договор со друштво за проектирање,производство,трговија,туризам и услуги „ЈОРД ДООЕЛ“ експорт-импорт Скопје за изготвување на проектно решение за Старата скопска чаршија, Охридската чаршија, Битолската чаршија и Струшката чаршија.

Општина Чаир, со поддршка на Министерство за економија, на 02.10.2019 склучи договор со „Конструктор“ ДОО за обнова на излози на 97 дуќани во Старата скопска чаршија.

Општина Центар, пак, на 3 јуни годинава склучи договор за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2020 година со друштво за производство трговија и услуги „МИ КОМЕРЦ 2000“ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.

https://www.samoprasaj.mk/koga-ne-moze-da-se-sredi-cela-carsija-barem-da-se-doteraat-izlozite
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 16-Jun-2020 at 18:36
додека масивни доградби и нови објекти ја надвиснуваат чаршијата, после три мандати на градоначалници, ние слушаме сеуште за уредување на излозите на дуќаните
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5098
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 24-Jun-2020 at 15:11

https://marh.mk/fotogalerija_dron_mihajlov_1/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5098
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 08-Jul-2020 at 08:10
Бивша Менада...(од фб)

Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 221
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 08-Jul-2020 at 08:28
Барем името да го зачуваа а не со вакви клише-автоматски генерирани имиња....
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 08-Jul-2020 at 10:44
Во сите балкански држави кои се формираа многу време пред Македонија, постари држави значи оние од крајот на 19ти век, како Србија, Грција, Бугарија се случуваше еден тотално глуп процес што и денес го има некаде по свет, а тоа е процес на пурификација, прочитување на нацијата од османските белези. Во Грција дури забегуваа со официјален народен кувар прочистен од турски зачини, со официјални државни верзии на гркча баклава, грчка сарма итн. Во Бугарија никагаш не воведоа буква Џ зашто сите зборови со Џ биле или турско влијание или романско влијание и теоријата беше дека сите такви зборови со текн на време ќе се исчезнат и ќе се заменат со сопствени нови зборови. Наместо тоа нагло влезе англискиот интернационлизам и донесе нови такви зборови. За Србија да не даваме многу примери, има многу.

Зошто го кажувам ова?! Сите нации едно време едвај чекаа да се оттарасат од ориенталните турски белези во општеството и дури намерно насилно расчистуваа со таквото минато без оглед на тоа колку културна вредност носи. Свесно ја плаќаат цената ама да немаат такви османски "прљафштини", иако имаа останати реслови на малцинства и делови од народи кои етнички се поврзани со Турција или па религиски се припадници на исламот и некако се сметаат за наследници.

Е во Македонија се случуваат феномени, тука државата го реконструира и зачувува османското и исламското културно наследство, ама оние кои се културолошки поврзани со тоа наследнство, оние кои жива фамилијарна генеза имаат со тоа населдство, е баш тие го уништуваат до безсвест. За да се промовира турска кујна и да се продава Кебаб-Донер што го има на 100 места по Скопје, се уништува архитектура која управо дава некој таков оринетален шмек на цела околина. Тоа само покажува колку чаршијата тотално изгубила вредност дури и за оние од кои природно се очекува највеќе да ја ценат, и колку сите проекти, грантови, фондови, планови за заштита немаат врска. Чаршијата е само уште едно маџар-маало селско ругло во центар на Град.

Треба саглам план за цел опфат меѓу Пластичарска и Мавровка/Кале. Адиминистративнод а биде дел од општина центар, урбанизација по нормален терк. И зачувување она што едвај може да се зачува, без голем напор. Другото може модернизам само урбанистички да се уклапа по пропорции и висина во чаршиската структура, доволно е!

Edited by user8642 - 08-Jul-2020 at 10:48
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 421
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 08-Jul-2020 at 12:23
Originally posted by user8642

Во сите балкански држави кои се формираа многу време пред Македонија, постари држави значи оние од крајот на 19ти век, како Србија, Грција, Бугарија се случуваше еден тотално глуп процес што и денес го има некаде по свет, а тоа е процес на пурификација, прочитување на нацијата од османските белези. Во Грција дури забегуваа со официјален народен кувар прочистен од турски зачини, со официјални државни верзии на гркча баклава, грчка сарма итн. Во Бугарија никагаш не воведоа буква Џ зашто сите зборови со Џ биле или турско влијание или романско влијание и теоријата беше дека сите такви зборови со текн на време ќе се исчезнат и ќе се заменат со сопствени нови зборови. Наместо тоа нагло влезе англискиот интернационлизам и донесе нови такви зборови. За Србија да не даваме многу примери, има многу.

Зошто го кажувам ова?! Сите нации едно време едвај чекаа да се оттарасат од ориенталните турски белези во општеството и дури намерно насилно расчистуваа со таквото минато без оглед на тоа колку културна вредност носи. Свесно ја плаќаат цената ама да немаат такви османски "прљафштини", иако имаа останати реслови на малцинства и делови од народи кои етнички се поврзани со Турција или па религиски се припадници на исламот и некако се сметаат за наследници.

Е во Македонија се случуваат феномени, тука државата го реконструира и зачувува османското и исламското културно наследство, ама оние кои се културолошки поврзани со тоа наследнство, оние кои жива фамилијарна генеза имаат со тоа населдство, е баш тие го уништуваат до безсвест. За да се промовира турска кујна и да се продава Кебаб-Донер што го има на 100 места по Скопје, се уништува архитектура која управо дава некој таков оринетален шмек на цела околина. Тоа само покажува колку чаршијата тотално изгубила вредност дури и за оние од кои природно се очекува највеќе да ја ценат, и колку сите проекти, грантови, фондови, планови за заштита немаат врска. Чаршијата е само уште едно маџар-маало селско ругло во центар на Град.

Треба саглам план за цел опфат меѓу Пластичарска и Мавровка/Кале. Адиминистративнод а биде дел од општина центар, урбанизација по нормален терк. И зачувување она што едвај може да се зачува, без голем напор. Другото може модернизам само урбанистички да се уклапа по пропорции и висина во чаршиската структура, доволно е!

Тој феномен кај нас се случува затоа што во позадина, очигледно, некој си сака да има влијание, друг сака да го искористи тоа влијаните, а трет дозволува.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.