build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопска чаршија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Oct-2008 at 02:42
Е во ова решение те поддржувам потполно! Супер предлог! Ќе добиеме модерен пазар, а ќе добиеме и нова амбуланта!!!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Oct-2008 at 02:50

Originally posted by lslcrew

Е во ова решение те поддржувам потполно! Супер предлог! Ќе добиеме модерен пазар, а ќе добиеме и нова амбуланта!!!

лсл не брзај да видиме што мислат другите LOL абе треба некое време додека човек да го најде правиот речник и толковник во фиока(поготово кога импровизира), затоа е и форумов па преку аути и адути да се дојде до решение но без разгледување и на најневозможните комбинации неможе да се наметне интензитет и провокација за идеално решение!   

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Oct-2008 at 04:13
лсл не брзај да видиме што мислат другите


Ете јас мислам дека ептен забегавте Big%20smile

На толку натрупани ургентни проблеми, ова што го зборите е научна фантастика. Има време да размислуваме и на ваква тема... Негде после 2023-та  Wink
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 28-Oct-2008 at 01:35
 

заштита на културното наследство

Ќе се враќа автентичноста на Чаршијата

Ќе се сочува пешачкиот карактер на оваа знаменитост, новите објекти треба да се во ист стил, а без дозвола од Националниот совет не смее да се копа, да се градат споменици и индустриски објекти


Ќе се усогласуваат висината, изгледот, бојата и другите параметри на новоизградените објекти со постојните

Старата скопска чаршија отсега ќе се чува и штити поорганизирано. Со неодамнешното усвојување на Законот за прогласувањето на Чаршијата за културно наследство, овозможена е и правна рамка за дејствување. Тенденцијата е да се сочува пешачкиот карактер на Чаршијата, да се задржи постојната висина на објектите, а на покривите на новоградбите задолжителни да бидат ќерамидите. Треба да се усогласуваат висината на објектите, изгледот, бојата и другите параметри за новоизградените објекти со постојните.

Така ќе се овозможи трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции.

- Преку утврдениот режим на заштита се врши спречување на дејствија со кои може да настане оштетување на споменичката целина, потенцира Анита Јованоска, портпарол во Министерството за култура.Според Законот, во Чаршијата не смее да се менува постојната урбана структура, односно уличната мрежа. Заштитена е и големината на блоковите и парцелите и отворените простори. Индустриските и слични капацитети што загадуваат и' се туѓи на оваа знаменитост, а забранета е и изградба на меморијални споменици и обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата скопска чаршија. Не смее да се врши ископ на темели или подруми, ниту да се изведува кој било друг вид земјени или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања.

- Старата скопска чаршија ја ставаме во цивилизирана рамка, која подразбира поголема законска организираност. На тој начин многу попрецизно ќе може да се штити и зачува нејзината амбиентална средина, дециден е Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. - Реконструкцијата на постојните објекти во Чаршијата ќе биде според строго определени проекти што ќе минат низ сите филтри. Ќе може да се гради малку повеќе во контактните зони. Законот предвидува три контактни зони за Старата чаршија: кај трговскиот центар „Мавровка“, кај стоковната куќа „Мост“ и месноста Дуќанџик. Во „епицентарот“ на Чаршијата се забранети повеќе активности.

Заради координирано реализирање на заеднички иницијативи или проекти за заштита, уредување, користење и ревитализација на Старата чаршија, Владата до средината на ноември треба да основа национален совет за ревитализација, како и координативно и советодавно тело на Владата. Националниот совет ќе биде составен од претставници на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор како стопанисувач со овој државен имот, од Здружението на занаетчиите - Чаир, од претставници на приватните сопственици, на општините Чаир и Центар, како и на Националниот конзерваторски центар и на Управата за заштита на културното наследство како надлежни установи за културното наследство.

Владата, на предлог на националниот совет треба да донесе петгодишна програма за ревитализација на Старата чаршија во рок од шест месеци од стапување во сила на овој закон. Надзор над спроведување на овој закон врши Министерството за култура.

До 1935 година била Капали чаршија

До 1934 година двата дела на Чаршијата биле покриени според османлиски трговски терк. Сите калдрмени улички низ Чаршијата биле покриени со ламарина. Поради тоа старите скопјани Чаршијата ја нарекувале Капали чаршија, односно покриена. Во 1935, тогашниот градоначалник на Скопје Јосиф Михаиловиќ решил да се отстранат сите ламарини и ја прекрстил од Турска во Стара скопска чаршија. Се влегувало од три влеза“ кај Даут-пашиниот амам, кај поранешното кино „Напредок“ и кај стоковната куќа „Илинден“.

ИНФо-Создавана пет века

Вкупната површина на Чаршијата е 11 хектари, 58 ари и 14,71 квадратни метри. Настанала во периодот од 15 до 20 век, врз делови на постара урбана структура. Типолошки спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер, со голем број профани и сакрални монументални објекти, како Безистенот, анови, џамии, сараи, амами.

СТАВ
Спомените од калдрмата

Старата скопска чаршија првпат е прогласена за културно богатство од прв наследен ред и се става под заштита на државата, а не на општините, како што беше досега. Со доследно спроведување на новата регулатива, може да се спречи понатамошното деградирање на оваа импозантна споменична целина, која прва го привлекува вниманието на странскиот посетител, а изгледа неугледно.Но, новиот закон е само првиот чекор. Вака каква што е, не гледаме зошто би поминале туристите по нејзините калдрми. Треба да се осмислат и содржини со кои таа би заживеала и би се презентирале старите занаети. За жал, сега во Чаршијата нема каде да се преспие, иако некогашните анови може да се приспособат и да станат атрактивно преноќиште. Нема ниту ресторан со традиционална храна. Тешко ќе најдете место каде што може да се купат сувенири, ниту пак има организирани туристички посети на занаетчиите, кои ги има се' помалку. Останаа само златарите, изработувачите на чанти и по некој чевлар. Чаршијата треба да си го врати стариот изглед, изгледот од нашите спомени.

Анела Петрова
Фото Маја Златевска

 
 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 28-Nov-2008 at 03:40
незнам зошто ваков ќелепурлук?!
чаршијата е заштитена со закон, а  оние што ја заштитиле немаат претстава од кога постои овој комплекс! да е уште потрагично од неа сакаат да направат посебна целина,  чаршијата мора да се гледа како дел од Калето, како дел од стариот град, како дел кој припаѓа на простор кој е населен уште во времето на неолитот.
Старата скопска чаршија настанала во периодот од 15 до 20 век врз делови на постара урбана структура.
www.kultura.gov.mk...
Споменичката целина “Стара скопска чаршија” настаната во периодот од XV до XX век врз урбана структура што потекнува од XI век
www.sobranie.mk...[1]
Историските податоци покажуваат дека Скопската Чаршија настанала во 11 и 12 век, кога и настануваат првите простории за сместување на стоката, со воведувањето такси за користење на градското земјиште и со започнувањето на продажбата на стоката за време на пазарниот ден (вторник и петок и денеска се сметаат како пазарни денови)
www.oldskopje.net
не е возможно да се носи закон а да се испуштаат или несмасно толкуваат вакви репрезантативни и едукативни историско-хронолошки податоци кои се вметнати и во самиот закон за скопската чаршија.
сакаат да продадат приказна на некој турист па и на себе, а продажбата ја прават како пореметен сон, во кој само тие си знаат и ќе знаат како да се движат, не се ни трудат нешто да сменат! освен  грешната интерпретација на хронологијата, пример никаде не се истакнува дека средновековната историја на стариот град (калето и чаршијата) бележи само во XIII век, (според досега откриените грамоти(хрисовули)) постоење 11 Цркви и 1 Манастир (источно од стариот град(денешна султан муратова Џамија))! ова не само што не се истакнува никаде туку нема ни обид тие сознанија некако виртуелно да се позиционираат на некоја мапа или е-карта за СК низ вековите...
што е до правните механизми во законот за прогласување на скопската чаршија за  заштитено културно наследство од особено значење, мислам дека посмешно регулирање за спроведување на законот не можело да им падне на памет во министерството за култура:  одговорни за спроведување на членовите 7 и 8 од законот за СК чаршија се општините чаир и центар (член 9),  а инспекциски надзор над нив ќе вршело министерството (член  12).
ова на сите ни е јасно дека не само што нема да функционира туку единствено може само да направи препреки за нормално функционирање на законот, секоја општина ќе си донесе своја регулатива како треба да се пристапува и постапува по членовите 7 и 8 од законов и освен лакрдија и калабалак од чаршијата нема ништо повеќе да добиеме. иако и така може да функционира, сепак доколку се ставеше спроведувањето на законот целосно под капа на државата за многу брзо време ќе видевме и ред и иднина за овој споменик на културата, вака само се потенцира дека чаршијата е заштитена со закон, а во реалност работите нема да се мрднат од мртва точка и се ќе си тече по старо, па и бетер!
друга работа што ме зачуди и збуни е спомнувањето на Здружението на Занаетчии Чаир (член 10)  во координативното тело  - “Национален совет за ревитализација на Старата скопска чаршија“ каде е наведено истото како член на советот?! смешно, но тие што го составувале законот не се ни обиделе да проверат дали вакво здружение воопшто и постои! ова здружение е сега претопено во “Занаетчиска Комора на Скопје“, но истата и не се спомнува во законот, а и ги тангира сите занаетчии во скопскиот регион, единствено што имаат со чаршијата е нивната местоположба во истата во Дом на Занаетчии, една бела зграда спроти Чифте Амам и Мурат Пашината Џамија која како прво здружение на занаетчии а сега комора им го отстапи државата.
Но оние кои треба да се дел од овој совет и оние кои треба да се консултираат се самите занаетчии од чаршијата - еснафот на скопската чаршија, кои пак од секогаш биле организирани како “Здружение на Граѓани Еснаф“ (Здружение на Еснафи на Старата Скопска Чаршија) кои се со седиште во Капан Ан. иако ова здружение има соработка со занаетчиската комора на скопје т.е. ја имаат на располагање конференциската сала на комората сепак тие се сосем друга приказна од комората, тие се самите занаетчии  застапени во скопската чаршија.   
     
значи нив никој не ги есапи, ниту пак ги консултира околу законот, дали тие имаат некаков предлог како директно засегнати - инволвирани во самото функционирање на чаршијата.
исто законот ваков како што е освен што го регулира естеско историскиот(музејски) момент, воопшто не обрнува внимание на заживувањето и ревитализирањето на занаетите посебно на овој потег на СК, преку бенифиции во оданочувањето (персонален данок, пензиско и здравствено осигурување), бенифиции во царината за набавка на материјали,  комунални бенифиции, како  и безкаматни кредити и неповратна помош за специфични занаети кои се изумрени или се пред изумирање. значи во законот морало да се предвиди на кој начин ќе се стимулираат занаетите  - животот  и смислата на чаршијата, само со ваков пристап е возможно чаршијата да добие вистинско светло и атмосфера, а само со регулативи кои ги апсолвираат архитектурата и техничките функционалности нема воопшто да се добие жив споменик на културата (што реално е возможно) туку попрво нем сведок од сокаци полни златари и кебапчилници што е во ред но не во волкава мера и волку еднолично. можеби советот што треба да би координативно тело ќе наметне некаква иницијатива за подзаконски акти и регулативи, како пример секој златар обавезно една третина од излозите и витрините да му е исполнета со филигран и седеф, но дека ќе заживеаат некои изумрени занаети тоа не ми се верува...  
еве нешто празни муабети...:
 
незнам што ќе биде во пракса но мене уште во теоријата ми изгледа муабетов во најмала рака недоквакан,  реално законов е потребен и ќе даде некоја насока, но нема да од чаршијата да направи препород туку само стариот запек само со законска рамка накитен!


Edited by beTon - 28-Nov-2008 at 04:30
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 01-Dec-2008 at 19:02
И покрај портата, низ чаршијата врват возила



Скопје
„Мерцедеси“, „БМВ“, нови „голфови“, џипови и други скапи и луксузни возила секоја вечер во доцните часови крстосуваат низ Старата скопска чаршија и покрај тоа што општината Чаир изгради порта и на неа постави рампа за да го спречи влегувањето на автомобилите бидејќи тие ја оштетуваат калдрмата. Општинарите велат дека Здружението на еснафите е задолжено да управува со рампата, а оттаму објаснуваат дека механизмот бил во дефект и бил однесен на поправка.

Дуќанџиите раскажуваат дека веќе неколку недели секоја вечер возилата влегуваат во чаршијата и застануваат кај блиските хотели или до кафулињата. Тие истакнуваат дека биле поместени дури и клупите поставени на средината од сокаците, за автомобилите да можат слободно да поминуваат.

- Чаршијата мора да биде пешачка зона, а не низ неа да се возат автомобили, кои не само што ги оштетуваат калдрмата и клупите, туку ги загрозуваат и пешаците - истакнуваат тие.

Општинарите од Чаир ја пуштија портата во употреба пред неколку месеци, а велат дека клучот му го предале на Здружението на еснафите, кое требало да ги преземе сите потребни мерки за правилното користење на рампата. Според нив, треба да влегуваат само возилата што вршат дотур на стока.

- Целта беше да се заштити калдрмата, што е во корист на сите, пред с? на еснафите. Затоа нив ги задолживме да управуваат со системот и да бидат одговорни за сите евентуални дефекти. Но тоа не е единствениот влез во чаршијата. Се надеваме дека ќе го решиме проблемот со возилата откако ќе се постават хидраулични столпчиња кај стоковната куќа „Мост“, а треба и да назначиме чувар, кој ќе стои до портата и ќе го контролира влегувањето на автомобилите - вели Авни Калаба, портпаролот на општината.
Еснафите, пак, објаснуваат дека неколку дена механизмот за спуштање и за подигнување на рампата бил расипан и однесен на поправка, па затоа таа постојано била подигната.

- Дефектот настана при интервенција за гасење пожар во еден занаетчиски дуќан. Кога ќе се направи, рампата ќе биде заклучена од 10 до 19 часот секој ден. Клучеви имаме ние, како и екипите на полицијата, брзата помош и противпожарната бригада. Навечер таа сепак мора да биде отворена, затоа што бурекчилниците и ќебапчилниците тогаш имаат потреба да им се доставува свежо месо - вели Мухедин Брава, претседателот на ова здружение.

Тој додава дека фирмата за обезбедување на чаршијата веќе не постоела и се надева дека до крајот на годината од службите на полицијата ќе се постават позорникари.

За реконструкцијата на чаршиската калдрма беа потрошени околу 130 илјади евра, од кои дел беа донација од УСАИД.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12469

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 16-Feb-2009 at 08:29
Сообраќаен хаос од автомобили и скутери во Старата чаршија

Возилата ја уништија калдрмата и ја загрозуваат безбедноста на минувачите

Во Старата скопска чаршија е вистински сообраќаен хаос од автомобили, па и тешки товарни возила. Занаетчиите тврдат дека напролет и налето се возат и скутери. Се влегува од сите можни влезови на чаршијата, а Сообраќајната полиција не презема ништо. Уништена е калдрмата на сите улички, како и на улиците „Битпазарска“ и „Белградска“. Овие две улици беа комплетно реконструирани пред неколку години, а беа потрошени 250 илјади евра и тоа 150 илјади инвестираше Општина Чаир, а преостанатите беа донација на УНДП.

Влегувањето со возила, кои најчесто поминуваат и со голема брзина, ја загрозува безбедноста на нашите муштерии особено на децата, се жалат дуќанџиите. Возат и по 100 километри на час. Не ретко, велат тие, кога е дождливо, муштериите се облеани и извалкани со кал од вировите вода. Големите брзини на автомобилите особено се опасни за минувачите во вечерните часови затоа што уличното осветление не функционира. И не само возила, додава друг занаетчија, туку може да се видат и коњи како шетаат по чаршиските сокаци како во старите времиња кога ги немаше автомобилите.

„Чаршијата е небезбедна само поради сообраќајниот хаос, кој царува десетина години и никако да се среди“, објаснува занаетчија кој трисет години работи во чаршијата. Тој додава дека прв обид да се реши проблемот направила Општина Центар, кога постави рампа со цел да го оневозможи влегувањето со автомобили. Но, сите синџири и рампи не го спречија влегувањето со возила, како што тоа не го постигна ниту Општина Чаир со изградбата на чаршиската порта, се жалат дуќанџии. Во решавањето на хаосот не помогнале ниту апелите на еснафот, ниту пак неколкуте писма на Здружението на занаетчии до Сообраќајната полиција. „Во Чаршијата со возило влегува кој ќе стигне, а полицијата гледа и не реагира. Влегуваат и полициски џипови, а полесните автомобили со кои влегуваат „алфите“ ги возат со голема брзина. Десетина и повеќе години трае ова и никој ништо не презема. Порано се знаеше редот, а го спроведуваа и полицајците-позорникари. На двата влеза од чаршијата имаше табли на кои пишуваше дека од 6 до 8 часот може да се врши дотур на стока и по 20 часот летно време. Сега ги нема ниту таблите, ниту почитувачите на редот“, се жали занаетчијата Зејнула Асани.

Од МВР тврдат дека на тој дел од градот од почетоков на годинава до сега за управување на моторно возило и паркирање на недозволено место биле санкционирани 40 лица, а казната за овој вид прекршок изнесува 45 евра. Наедно дека во Чаршијата не е дозволено паркирање биле предупредени 20 лица. ОД МВР додаваат дека и во иднина ќе продолжат да казнуваат, но велат пожелно е најнапред занаетчиите да ги почитуваат прописите и да не влегуваат и да паркираат возила во чаршијата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3FAD3543F1732F41A86F22382D98D6DF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 19-Feb-2009 at 00:41

Чаршијата отсечена со кршот кај „Мост“

Влезот во Старата чаршија го „красат“ искршени мермерни плочи и дупки на платото пред Стоковната куќа „Мост“.Дупките-некои од нив се грубо пополнети со парчиња од искршениот мермер - се речиси непремостлива пречка за тие што решиле да ја посетат Чаршијата, главната знаменитост и туристичка атракција на метрополата.

- Плочникот е оштетен одамна, но сега е во катастрофална состојба. Велиме дека Скопје е метропола, а во самиот центар има ваква грда слика. Замислете како ова им изгледа на странците кои доаѓаат во Старата чаршија - ни вели еден минувач.

Тој се чуди како е можно никој, со години, да не се заинтересира за поправка на овој дел. Не верува дека сега може да се санираат само уништените места, зашто ги има премногу или треба да се смени целиот плочник. Освен надлежните, граѓаните сметаат дека заслужни за вандализмот се и несовесните минувачи, а има и такви кои успеваат тука да ги паркираат и своите возила.

Ситуацијата е најлоша во дождливите денови кога дупките се преплавени со вода и кал. Се надеваат дека наскоро ќе почне реконструкцијата за конечно влезот во Чаршијата да добие изглед каков што заслужува.Од Градот велат дека се' е подготвено за долгоочекуваната реконструкција и дека таа најверојатно ќе почне уште денеска.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1E7599577F1691479D62ED97E7ECCDF6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 19-Feb-2009 at 18:26


Just in:

СЕ РЕКОНСТРУИРА ВЛЕЗНИОТ ПАРТЕР ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Денеска започна целосната реконструкција на влезниот партер во Старата скопска чаршија, од страната на Камени мост. Со реконструкцијата се опфатени скалилата, партерот и самиот влез во Чаршијата. Реализацијата на проектот ќе се одвива фазно, со цел да не се попречува движењето и безбедноста на многубројните минувачи.

На започнувањето на работите присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски и градоначалникот на Општината Чаир, Изет Меџити.

- Ова е уште еден придонес на Градот Скопје за ревитализација и враќање на убавината и атрактивноста на Чаршијата, но и на граѓаните, еснафот и странските туристи во просторот кој е еден од најзначајните културни обележја на главниот град на Република Македонија - истакна Костовски, во оваа пригода.

Во првата фаза од реализацијата на проектот за реконструкција ќе бидат извадени сите плочи од партерот, а потоа ќе се израмни просторот и ќе бидат поставени нови плочки. Работите треба да завршат за 45 работни дена, а ќе ги реализира општината Чаир. Градот Скопје обезбедува половина од вкупните средства потребни за реализација на проектот.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 8 милиони денари.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2391&mid=24&tabId=1&tabindex=0

LOL
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 19-Feb-2009 at 19:18
ajde bre predizborna kampanja sega blalla ke go gradat me nerviraat vaka celi 4 godini nisto ne pravat, i ops pred izbori ke naletat na 100 proekti i na kraj koga ke izgubat ke recat ejjj imavme 100 proekti ali vie ne ne izbravte pa ne mozevme da gi realizirame heehe
no sepak ubavo e toa sto se pravi vo toj del od carsijata.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 20-Feb-2009 at 18:53
super barem malku  da izgleda dobro........
 
Старата чаршија ќе блесне со нов влез
Скопје
Градските власти и општинарите од Чаир почнаа да го реализираат долгонајавуваниот проект за реконструкција на влезниот партер во Старата скопска чаршија, пред стоковната куќа „Мост“. На стартот на градежните работи на главниот влез во чаршијата од страната на Камени мост, присуствуваа градоначалникот Трифун Костовски и Изет Меџити, градоначалникот на општината Чаир. Тие додадоа дека овој проект е инициран од добрата соработка меѓу градот и општината Чаир.

Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, истакна дека уредувањето на еден од главните влезови во чаршијата ќе придонесе за посета на поголем број граѓани и туристи.

- На овој дел ќе се извадат старите и уништени плочки, ќе се направи партерното уредување, а ќе се постави и ново осветлување. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а за проектот се издвоени осум милиони денари. За да се спречи влегувањето на автомобилите во чаршијата ќе се постават хидраулични столбови, а повторно ќе се постави и рампата на Портата на другиот влез - објасни Изет Меџити, градоначалникот на општината Чаир.

Тој додаде дека за ревитализација на Старата чаршија и за враќање на нејзиниот стар сјај ќе се направи целосно осветлување на главните улици, а ќе се обезбеди и слободна интернет-зона.
Градоначалникот Трифун Костовски истакна дека овој проект е најавен одамна, а треба да се сфати како нормална активност на локалната самоуправа, не во функција на изборите, бидејќи од 2005 година постојано се распишувале избори.

- Со реконструкцијата на влезот во чаршијата кај стоковната куќа „Мост“ се отвора и прашањето за плоштадот „Карпошово востание“ кај црквата „Свети Спас“, кој е опфатен во деталниот урбанистички план за Малиот ринг. Тој е на подрачјето на општината Центар, но во основа е надлежност на градот. Тука станува збор за узурпација, а со моето заминување од функцијата градоначалник на многу луѓе ќе им се отворат можностите да прават што сакаат. И советот на градот е потиснат од политичките превирања - рече Костовски.
Тој ипрепорача на антикорупциската комисија да го преиспита отворањето на спортските сали во градот и во државата, кои ги реализира Владата, за да се утврди дали тие се во функција на локалните и претседателските избори, а истакна и тоа дека на Мирјана Димовска, претседателката на антикорупциската комисија, и е завршен мандатот.

Проектот за реконструкција на влезниот партер во чаршијата кај стоковната куќа „Мост“ ќе се одвива фазно, за да не се наруши движењето и безбедноста на минувачите на ова фреквентно место. Во првата фаза ќе се извадат сите плочки од подлогата, а потоа ќе се израмни просторот и ќе бидат поставени нови мермерни плочки. Градот обезбедил половина од парите што се предвидени за реализација на проектот.
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 18-May-2009 at 20:53

Прав на плочникот од ветувања пред Чаршијата

Предизборните багери оставија пустош зад себе пред влезот во Старата скопска чаршија, зашто ги раскопаа старите, а нема ниту плочка од новите, иако градоначалниците ветуваа дека платото ќе биде готово до април


Влегувањето со возила во чаршијата треба да се спречи со поставување хидраулични столпчиња или рампи

Багерите и машините што протатнеа во чаирското предизборие само оставија пустош на плочникот пред поранешната стоковна куќа „Мост“. Локалните избори завршија, градоначалникот Изет Меџити освои уште еден мандат, а од поправката нема ниту плочка. Старите плочки се извадени, а овој простор, кој е влез во најатрактивниот дел од градот за странските туристи, Скопската стара чаршија, остана раскопан и правлив.Плочникот, според најавите, требаше да биде обновен до април. Меџити, со тогашниот градски татко Трифун Костовски, како заеднички учесници во проектот најавија дека работите ќе траат 45 дена од денот на почнувањето, на 19 февруари годинава. Сепак, наместо по нов плочник, скопјани сега газат во прав на самиот влез во културно-историски споменик заштитен со закон. Освен поплочување, проектот предвидуваше и поставување изолација и ново осветление. Од Општината Чаир велат дека работите се одолжиле поради врнежливото време и ветуваат дека ќе почнат со работа наредниве денови.

- Бидејќи времето беше врнежливо, не можевме да ја ставиме бетонската подлога неопходна за поставување на изолацијата и на потребната инсталација. Врз т.н. кошулица потоа ќе се редат плочките. Се надевам дека наредниве денови времето ќе биде добро и работите ќе може да продолжат - истакна Џенгис Хани, раководител на Одделението за комунални работи во Општина Чаир.Тој објасни дека прво ќе се направи едната половина од плочникот за да може пешаците непречено да се движат. На местото на старите плочки ќе се постават нови подебели, а работите, според Хани, би траеле 20 дена.Општинарите размислуваат и за заштита на Чаршијата од влегување возила поставувајќи хидраулични столпчиња или рампи на влезовите. Во почетокот, градоначалникот Меџити најави дури и дека ќе бидат поставени камери на сите влезови во Чаршијата, но засега од тоа нема ништо.

- Планираме да поставиме столпчиња или рампи за да се спречи влегувањето на автомобили, кои ја оштетуваат калдрмата во Чаршијата. Столпчињата би биле хидраулични, а тие што ќе треба да минуваат, како возилата за итна помош, за противпожарна заштита и за дотур на стока би имале клуч или картички за отворање на евентуалните рампи - вели Хани.Од Градот посочуваат дека скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, во својата програма предвидел проекти со кои ќе се ревитализира и популаризира Старата скопска чаршија како туристичка атракција.

- Градоначалникот Трајановски прави анализа на финансиската состојба на Градот Скопје и на сите проекти што се предвидени со програмите, по што ќе се реализираат сите проекти од витален интерес за граѓаните и за градот Скопје, соопштија од Одделението за односи со јавноста во Градот.Проектот за реконструкција на плочникот, со површина од 1.700 квадратни метри, чини 8 милиони денари, а работите ги изведув фирмата „Беком“ од Скопје.

Анела Петрова
Фото Слободан Ѓуриќ



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B3BAED3128565448BC877BFA45AFBA3B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 26-Jun-2009 at 23:49

Платото пред стоковната куќа „Мост“ остана раскопано

Општина Чаир уверува дека уредувањето на просторот ќе започне од среда

Снежана Калабакова

Платото пред стоковната куќа „Мост“ во Старата скопска чаршија е преполно со искршени и на места откорнати гранитни плочи и големи дупки. Запуштен и неугледен е токму влезот кон стариот дел од градот, каде што најчесто се упатуваат сите туристи и добронамерници, кои сакаат да го видат ова наше културно наследство. Сите поминуваат низ овој неуреден простор, сосема различен од оној преку Камениот мост.

Овде-онде само по некоја плоча е останата на скалите пред стоковната куќа и на излезот во насока на црквата „Свети Димитрија“. Несредена е и улицата пред овој христијански храм, како и целиот потег до Камениот мост. Минувачите газат по раскопан асфалт, околина без тревници, корпи за отпадоци или клупи. Кога од плоштадот преку Камениот мост ќе се помине на левата страна на Вардар, се добива впечаток дека се влегува во неурбанизиран дел од градот, запуштен со години.

Реконструкција на платото пред стоковната куќа „Мост“ пред четири месеци ветија Градот и Општина Чаир, а до денеска од сето тоа нема ништо. Тогашниот градоначалник Трифун Костовски и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, најавија дека реконструктивните зафати ќе ги реализираат заеднички, со подеднаков финансиски влог. Сега од Чаир уверуваат дека градежните зафати ќе почнат од среда, кога ќе се подобрат и временските услови. Реализацијата на проектот ќе чини околу девет милиони денари.

„Просторот меѓу Камениот мост и влезот во Старата чаршија ќе се уреди откако ќе бидат завршени градежните работи на сите објекти кои моментно се градат на овој потег. Работите околу реконструкцијата на партерот кај стоковната куќа ги реализира Општина Чаир, а Град Скопје учествува со половина од средствата потребни за реализација на овој проект“, објаснуваат од Градската канцеларија за информирање.

Од Општина Чаир признаваат дека реконструкцијата на платото се оддолжила, но потенцираат, главно, поради локалните избори и лошите временски услови. Сега велат дека нема никакви пречки од среда да почне замената на старите плочи со нови, кои биле веќе набавени од Мермерниот комбинат од Прилеп. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Беком“ од Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C272646F9FF0404F8B5D0A639BA7E125
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 03-Jul-2009 at 15:15
ОПШТИНА ЧАИР
Подлога на влезот во чаршијата

Општина Чаир по четири месеци почна да поставува подлога на влезот од Старата чаршија, пред поранешната стоковна куќа „Мост“, врз која потоа ќе се редат нови плочки. Општинарите велат дека деновиве ја местат изолацијата која ќе се обложи со бетонска навлака. - Прво поставивме електрична инсталација за новите канделабри за чаршијата. Сега правиме подготвителни работи, ја поставуваме изолацијата, а потоа ќе ја ставиме бетонската навлака. Но времето мора да е суво затоа што лошо ќе биде за бетонот, па затоа ќе почекаме “ вели Џенгис Хани од општина Чаир и додава дека се уште има време за да почне поплочувањето. Тој објасни дека кога ќе се заврши делот пред стоковната куќа, во план е да се извадат и другите стари плочки кои водат кон скалите. Поправки нема да се прават на скалите што водат кон чаршијата затоа што тие имале сочувани камени блокови. Општинарите најавуваат дека градежните работи ќе ги завршат најдоцна за еден месец.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1747&ArticleID=117011
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 06-Jul-2009 at 16:44

Општина Чаир реконструира и платото пред Стоковната Куќа “Мост“
Општина Чаир во соработка со градот Скопје изврши реконструкцијата на платото пред Стоковната куќа “Мост“. Старите плочки се заменуваат со нови, а работите ги изведува “БЕКОМ“ Вредноста на овој проект кој е во тек со реализација изнесува 7 милиони ден. Освен поставување на новите плочки, Општина Чаир ќе постави и клупи и осветлувањето на просторот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 06-Jul-2009 at 17:01
aj ako moze  nekoj da slika barem edna slika
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-Jul-2009 at 04:32

Се реконструира плочникот пред Чаршијата

Пет месеци откако поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, и неговиот колега од Чаир, Изет Меџити, официјално ја почнаа реконструкцијата на плочникот пред Чаршијата, деновиве работите конечно продолжија. За тоа време скопјани газеа во прав и во кал, а просторот пред стоковната куќа „Мост“ го нагрдуваше влезот во Старата чаршија.

Проектот за обнова на платото пред Чаршијата го спроведуваат заедно Градот Скопје и Општина Чаир. Општинските власти велат дека сега се вршат подготвителните работи за поставување на плочките, односно се поставува кошулицата.

- Досега се местеше изолацијата, како и инсталацијата за осветлението. Ќе бидат поставени осум нови канделабри. Откако работниците ќе ја постават кошулицата, платото ќе биде поплочено - вели Џенгис Хани, раководител на одделението за комунални работи во Општина Чаир.

Тој објасни дека прво ќе се направи половина од плочникот за да можат пешаците непречено да се движат. На местото на старите мермерни плочки ќе се постават нови подебели плочки, производството на „Силекс“. Работите ги изведува фирмата „Беком“ од Скопје.

Според Хани, реконструкцијата на плочникот ќе трае еден месец.

- Проектот за реконструкција на плочникот, кој зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, чини осум милиони денари. Од нив, четири милиони плаќа Градот, а останатите четири Општината Чаир - вели Хани.

Градоначалникот Меџити и ексградоначлникот Костовски проектот го почнаа на 19 февруари, пред почетокот на предизборната кампања, кога ветија дека активностите ќе завршат за 45 дена. Но, градежните работи престанаа практично веднаш штом почнаа. Општината Чаир за петмесечниот застој се правда со неповолните временски услови.

- Бидејќи времето постојано беше врнежливо, не можевме да ја ставиме бетонската кошулица, под која ја поставивме изолацијата и инсталацијата. Се надевам дека наредниве денови времето ќе биде добро и работите ќе можат да продолжат - вели Хани.

Тој додава дека во Општината размислуваат влезовите на Чаршијата да ги заштитат со хидраулични столпчиња или со рампи.

- Планираме да поставиме столпчиња или рампи со картички за да може да се спречи возењето на автомобилите по калдрмите. Столпчињата би биле хидраулични, а тие што ќе треба да минуваат, како возилата на итна медицинска помош, на Бригадата за противпожарна заштита и оние за дотур на стока, би имале клуч. Ако поставиме рампи, возачите на овие возила ќе имаат картички за нивното активирање - вели Хани.

Градоначалникот Меџити најави дека ќе постави и камери на сите влезови од Чаршијата, но засега од тоа нема ништо.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B794D51D111ACB47892FF32B2E9B1830
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 10-Aug-2009 at 03:01
 

Ни работници ни плочки на платото пред Чаршија

Плочникот пред поранешната стоковна куќа „Мост“, на влезот во Старата чаршија, се' уште стои непоплочен, иако во јули од Општина Чаир најавија дека работите што стоеја пет месеци ќе продолжат. Засега е направена само кошулката и изолацијата и поставена е инсталацијата за новото осветление.

Нови плочки се наредени само во еден агол и работата е оставена. Нема ниту работници, ниту машини. Во меѓувреме, нежната бетонска кошулка е оставена на метеоролошки влијанија, а по неа слободно се движат пешаци, велосипеди и мотори. Поради тоа таа е распукана на некои места и ќе треба да се поправа. На скалите до плочникот е оставен неподигнат градежен шут од извадените плочки, што само ја надополнува грдата слика на влезот во Чаршијата.

На веб-страницата на Општина Чаир се' уште стои информацијата од јули дека повторно е започната реконструкцијата на платото, која со месеци беше во застој поради врнежливото време и непогодните временски услови. Новиот обид за поплочување требаше да заврши за еден месец, но работите повторно стојат во место.

Никој од општинските власти вчера не можеше да објасни зошто сега повторно е одложено поплочувањето. Раководителот на Одделението за комунални работи, Џенгис Хани, е на годишен одмор, а останатите вработени не знаеја во што е проблемот и не' упатија одговор да побараме од Градот Скопје.Во Градот, пак, се оградија од проблемот и одговорија дека за сите работи е надлежна Општина Чаир.

- За динамиката и изведбата на реконструкцијата на платото на влезот во Старата скопска чаршија е задолжена Општина Чаир. Сите релевантни податоци за градежните работи, материјалите и за изгледот треба да ги добиете од нивниот надлежен сектор. Градот Скопје е само кофинансиер во овој проект, учествува со половина од потребните пари и има увид во тековните трошоци - велат во Одделението за односи со јавноста во Градот.

Оттаму очекуваат реконструкцијата на плочникот да продолжи со предвидената динамика, за што поскоро и овој дел од Чаршијата да добие нов лик.Последните информации од Општина Чаир, откако во јули повторно започна реконструкцијата на плочникот, беа дека прво ќе се поплочи половина од плочникот за да може пешаците непречено да се движат. На местото на старите мермерни треба да се постават нови, подебели плочки, производство на „Силекс“. Работите ги изведува фирмата „Беком“ од Скопје.

Проектот за реконструкција на плочникот, кој зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, чини осум милиони денари. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски проектот го почнаа на 19 февруари, пред почетокот на изборната кампања, кога ветија дека активностите ќе завршат за 45 дена.

Анела Петрова

 
Dnevnik
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 05-Sep-2009 at 20:26
Да регистрираме уште една најава дека ќе се заврши овој „грандиозен“ проект - поплочување на влезот во чаршијата. Проектот почна во февруари!
Погоре ја имаме регистрирано и првата вест. Ајде што за поставување на плочки мораше да се кочоперат двајца градоначалници, ама барем навистина да се завршеше работата. Неверојатно... од февруари...

Ќе се реди на плочникот пред влезот на Чаршијата

Викендов, според најавите од Општина Чаир, конечно треба да почне поплочувањето на платото пред влезот во Старата чаршија, кај некогашната стоковна куќа „Мост“. Џингис Хани, раководител на Одделението за комунални работи во Чаир, вчера соопшти дека во секој момент треба да пристигне каменот од „Силекс“ кој ќе се употребува при поплочувањето.

- Штом ќе дојде мермерот, веднаш ќе почнеме со работа. Очекуваме дека за еден еден и пол месец работите ќе се завршат - тврди Хани.

Тоа што работите се развлекоа шест месеци, од Општина Чаир најпрвин го правдаа со неповолните временски услови, снеговите и честите врнежи од дожд, а за последново одолжување велат дека имале проблеми со подготовката на плочките.

- Последниов пат работите се одложија бидејќи беше потребна подготовка на каменот, кој требаше да се исече според одредени димензии. Тоа е веќе средено и понатаму нема да има пречки - вели Хани.

Досега просторот е подготвен со бетонска кошулка, која со тек на време се оштети на некои места, поради долготрајната изложеност на надворешни услови.

За изведба на работите е ангажирана фирмата „Беком“. Проектот за реконструкција на плочникот, кој зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, чини осум милиони денари. Од нив, четири милиони плаќа Градот, а останатите четири Општина Чаир. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски заедничкиот проект го почнаа на 19 февруари, пред почетокот на изборната кампања, кога ветија дека активностите ќе завршат за 45 дена.

(А.П.)



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4B2183F96FADA848A1588F547DCDECFD
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 05-Sep-2009 at 23:43
Сега што дојдов од таму ,плочките почнале да се редат меѓутоа се од ист квалитет, ама не видов некоја голема активност, само малку наредени плочки видов.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.