build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Oct-2008 at 02:42
Е во ова решение те поддржувам потполно! Супер предлог! Ќе добиеме модерен пазар, а ќе добиеме и нова амбуланта!!!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Oct-2008 at 02:50

Originally posted by lslcrew

Е во ова решение те поддржувам потполно! Супер предлог! Ќе добиеме модерен пазар, а ќе добиеме и нова амбуланта!!!

лсл не брзај да видиме што мислат другите LOL абе треба некое време додека човек да го најде правиот речник и толковник во фиока(поготово кога импровизира), затоа е и форумов па преку аути и адути да се дојде до решение но без разгледување и на најневозможните комбинации неможе да се наметне интензитет и провокација за идеално решение!   

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11969
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Oct-2008 at 04:13
лсл не брзај да видиме што мислат другите


Ете јас мислам дека ептен забегавте Big%20smile

На толку натрупани ургентни проблеми, ова што го зборите е научна фантастика. Има време да размислуваме и на ваква тема... Негде после 2023-та  Wink
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 28-Oct-2008 at 01:35
 

заштита на културното наследство

Ќе се враќа автентичноста на Чаршијата

Ќе се сочува пешачкиот карактер на оваа знаменитост, новите објекти треба да се во ист стил, а без дозвола од Националниот совет не смее да се копа, да се градат споменици и индустриски објекти


Ќе се усогласуваат висината, изгледот, бојата и другите параметри на новоизградените објекти со постојните

Старата скопска чаршија отсега ќе се чува и штити поорганизирано. Со неодамнешното усвојување на Законот за прогласувањето на Чаршијата за културно наследство, овозможена е и правна рамка за дејствување. Тенденцијата е да се сочува пешачкиот карактер на Чаршијата, да се задржи постојната висина на објектите, а на покривите на новоградбите задолжителни да бидат ќерамидите. Треба да се усогласуваат висината на објектите, изгледот, бојата и другите параметри за новоизградените објекти со постојните.

Така ќе се овозможи трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции.

- Преку утврдениот режим на заштита се врши спречување на дејствија со кои може да настане оштетување на споменичката целина, потенцира Анита Јованоска, портпарол во Министерството за култура.Според Законот, во Чаршијата не смее да се менува постојната урбана структура, односно уличната мрежа. Заштитена е и големината на блоковите и парцелите и отворените простори. Индустриските и слични капацитети што загадуваат и' се туѓи на оваа знаменитост, а забранета е и изградба на меморијални споменици и обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата скопска чаршија. Не смее да се врши ископ на темели или подруми, ниту да се изведува кој било друг вид земјени или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања.

- Старата скопска чаршија ја ставаме во цивилизирана рамка, која подразбира поголема законска организираност. На тој начин многу попрецизно ќе може да се штити и зачува нејзината амбиентална средина, дециден е Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. - Реконструкцијата на постојните објекти во Чаршијата ќе биде според строго определени проекти што ќе минат низ сите филтри. Ќе може да се гради малку повеќе во контактните зони. Законот предвидува три контактни зони за Старата чаршија: кај трговскиот центар „Мавровка“, кај стоковната куќа „Мост“ и месноста Дуќанџик. Во „епицентарот“ на Чаршијата се забранети повеќе активности.

Заради координирано реализирање на заеднички иницијативи или проекти за заштита, уредување, користење и ревитализација на Старата чаршија, Владата до средината на ноември треба да основа национален совет за ревитализација, како и координативно и советодавно тело на Владата. Националниот совет ќе биде составен од претставници на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор како стопанисувач со овој државен имот, од Здружението на занаетчиите - Чаир, од претставници на приватните сопственици, на општините Чаир и Центар, како и на Националниот конзерваторски центар и на Управата за заштита на културното наследство како надлежни установи за културното наследство.

Владата, на предлог на националниот совет треба да донесе петгодишна програма за ревитализација на Старата чаршија во рок од шест месеци од стапување во сила на овој закон. Надзор над спроведување на овој закон врши Министерството за култура.

До 1935 година била Капали чаршија

До 1934 година двата дела на Чаршијата биле покриени според османлиски трговски терк. Сите калдрмени улички низ Чаршијата биле покриени со ламарина. Поради тоа старите скопјани Чаршијата ја нарекувале Капали чаршија, односно покриена. Во 1935, тогашниот градоначалник на Скопје Јосиф Михаиловиќ решил да се отстранат сите ламарини и ја прекрстил од Турска во Стара скопска чаршија. Се влегувало од три влеза“ кај Даут-пашиниот амам, кај поранешното кино „Напредок“ и кај стоковната куќа „Илинден“.

ИНФо-Создавана пет века

Вкупната површина на Чаршијата е 11 хектари, 58 ари и 14,71 квадратни метри. Настанала во периодот од 15 до 20 век, врз делови на постара урбана структура. Типолошки спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер, со голем број профани и сакрални монументални објекти, како Безистенот, анови, џамии, сараи, амами.

СТАВ
Спомените од калдрмата

Старата скопска чаршија првпат е прогласена за културно богатство од прв наследен ред и се става под заштита на државата, а не на општините, како што беше досега. Со доследно спроведување на новата регулатива, може да се спречи понатамошното деградирање на оваа импозантна споменична целина, која прва го привлекува вниманието на странскиот посетител, а изгледа неугледно.Но, новиот закон е само првиот чекор. Вака каква што е, не гледаме зошто би поминале туристите по нејзините калдрми. Треба да се осмислат и содржини со кои таа би заживеала и би се презентирале старите занаети. За жал, сега во Чаршијата нема каде да се преспие, иако некогашните анови може да се приспособат и да станат атрактивно преноќиште. Нема ниту ресторан со традиционална храна. Тешко ќе најдете место каде што може да се купат сувенири, ниту пак има организирани туристички посети на занаетчиите, кои ги има се' помалку. Останаа само златарите, изработувачите на чанти и по некој чевлар. Чаршијата треба да си го врати стариот изглед, изгледот од нашите спомени.

Анела Петрова
Фото Маја Златевска

 
 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 28-Nov-2008 at 03:40
незнам зошто ваков ќелепурлук?!
чаршијата е заштитена со закон, а  оние што ја заштитиле немаат претстава од кога постои овој комплекс! да е уште потрагично од неа сакаат да направат посебна целина,  чаршијата мора да се гледа како дел од Калето, како дел од стариот град, како дел кој припаѓа на простор кој е населен уште во времето на неолитот.
Старата скопска чаршија настанала во периодот од 15 до 20 век врз делови на постара урбана структура.
www.kultura.gov.mk...
Споменичката целина “Стара скопска чаршија” настаната во периодот од XV до XX век врз урбана структура што потекнува од XI век
www.sobranie.mk...[1]
Историските податоци покажуваат дека Скопската Чаршија настанала во 11 и 12 век, кога и настануваат првите простории за сместување на стоката, со воведувањето такси за користење на градското земјиште и со започнувањето на продажбата на стоката за време на пазарниот ден (вторник и петок и денеска се сметаат како пазарни денови)
www.oldskopje.net
не е возможно да се носи закон а да се испуштаат или несмасно толкуваат вакви репрезантативни и едукативни историско-хронолошки податоци кои се вметнати и во самиот закон за скопската чаршија.
сакаат да продадат приказна на некој турист па и на себе, а продажбата ја прават како пореметен сон, во кој само тие си знаат и ќе знаат како да се движат, не се ни трудат нешто да сменат! освен  грешната интерпретација на хронологијата, пример никаде не се истакнува дека средновековната историја на стариот град (калето и чаршијата) бележи само во XIII век, (според досега откриените грамоти(хрисовули)) постоење 11 Цркви и 1 Манастир (источно од стариот град(денешна султан муратова Џамија))! ова не само што не се истакнува никаде туку нема ни обид тие сознанија некако виртуелно да се позиционираат на некоја мапа или е-карта за СК низ вековите...
што е до правните механизми во законот за прогласување на скопската чаршија за  заштитено културно наследство од особено значење, мислам дека посмешно регулирање за спроведување на законот не можело да им падне на памет во министерството за култура:  одговорни за спроведување на членовите 7 и 8 од законот за СК чаршија се општините чаир и центар (член 9),  а инспекциски надзор над нив ќе вршело министерството (член  12).
ова на сите ни е јасно дека не само што нема да функционира туку единствено може само да направи препреки за нормално функционирање на законот, секоја општина ќе си донесе своја регулатива како треба да се пристапува и постапува по членовите 7 и 8 од законов и освен лакрдија и калабалак од чаршијата нема ништо повеќе да добиеме. иако и така може да функционира, сепак доколку се ставеше спроведувањето на законот целосно под капа на државата за многу брзо време ќе видевме и ред и иднина за овој споменик на културата, вака само се потенцира дека чаршијата е заштитена со закон, а во реалност работите нема да се мрднат од мртва точка и се ќе си тече по старо, па и бетер!
друга работа што ме зачуди и збуни е спомнувањето на Здружението на Занаетчии Чаир (член 10)  во координативното тело  - “Национален совет за ревитализација на Старата скопска чаршија“ каде е наведено истото како член на советот?! смешно, но тие што го составувале законот не се ни обиделе да проверат дали вакво здружение воопшто и постои! ова здружение е сега претопено во “Занаетчиска Комора на Скопје“, но истата и не се спомнува во законот, а и ги тангира сите занаетчии во скопскиот регион, единствено што имаат со чаршијата е нивната местоположба во истата во Дом на Занаетчии, една бела зграда спроти Чифте Амам и Мурат Пашината Џамија која како прво здружение на занаетчии а сега комора им го отстапи државата.
Но оние кои треба да се дел од овој совет и оние кои треба да се консултираат се самите занаетчии од чаршијата - еснафот на скопската чаршија, кои пак од секогаш биле организирани како “Здружение на Граѓани Еснаф“ (Здружение на Еснафи на Старата Скопска Чаршија) кои се со седиште во Капан Ан. иако ова здружение има соработка со занаетчиската комора на скопје т.е. ја имаат на располагање конференциската сала на комората сепак тие се сосем друга приказна од комората, тие се самите занаетчии  застапени во скопската чаршија.   
     
значи нив никој не ги есапи, ниту пак ги консултира околу законот, дали тие имаат некаков предлог како директно засегнати - инволвирани во самото функционирање на чаршијата.
исто законот ваков како што е освен што го регулира естеско историскиот(музејски) момент, воопшто не обрнува внимание на заживувањето и ревитализирањето на занаетите посебно на овој потег на СК, преку бенифиции во оданочувањето (персонален данок, пензиско и здравствено осигурување), бенифиции во царината за набавка на материјали,  комунални бенифиции, како  и безкаматни кредити и неповратна помош за специфични занаети кои се изумрени или се пред изумирање. значи во законот морало да се предвиди на кој начин ќе се стимулираат занаетите  - животот  и смислата на чаршијата, само со ваков пристап е возможно чаршијата да добие вистинско светло и атмосфера, а само со регулативи кои ги апсолвираат архитектурата и техничките функционалности нема воопшто да се добие жив споменик на културата (што реално е возможно) туку попрво нем сведок од сокаци полни златари и кебапчилници што е во ред но не во волкава мера и волку еднолично. можеби советот што треба да би координативно тело ќе наметне некаква иницијатива за подзаконски акти и регулативи, како пример секој златар обавезно една третина од излозите и витрините да му е исполнета со филигран и седеф, но дека ќе заживеаат некои изумрени занаети тоа не ми се верува...  
еве нешто празни муабети...:
 
незнам што ќе биде во пракса но мене уште во теоријата ми изгледа муабетов во најмала рака недоквакан,  реално законов е потребен и ќе даде некоја насока, но нема да од чаршијата да направи препород туку само стариот запек само со законска рамка накитен!


Edited by beTon - 28-Nov-2008 at 04:30
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 01-Dec-2008 at 19:02
И покрај портата, низ чаршијата врват возила



Скопје
„Мерцедеси“, „БМВ“, нови „голфови“, џипови и други скапи и луксузни возила секоја вечер во доцните часови крстосуваат низ Старата скопска чаршија и покрај тоа што општината Чаир изгради порта и на неа постави рампа за да го спречи влегувањето на автомобилите бидејќи тие ја оштетуваат калдрмата. О