build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 10-Sep-2009 at 20:35
nema seuste nekoja promena si stoese taka..
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 13-Sep-2009 at 15:34
НИКОМУ НЕ МУ ПРЕЧИ ЗАБОРАВЕНИОТ ОБЈЕКТ НА ВЛЕЗОТ ВО ЧАРШИЈАТА
Смрдлива зона,наместо интернет-зона

Реа од урина и смрдеа од ѓубре секојдневно се шири од напуштената куќа, една од многуте низ градов, која се наоѓа веднаш до поранешната стоковна куќа „Мост“. Објектот, кој со едниот дел е свртен кон Старата чаршија, а со другиот е затскриен зад стоковната куќа, иако веројатно има сопственик, со години стои недовршен. Околу куќата е никнато зеленило, во кое несовесни граѓани вршат нужда, а при секој поголем дожд се прават вирови и станува невозможно да се користи преминот од чаршијата кон мостот „Гоце Делчев“. Целото подрачје зад стоковната куќа, заедно со скалите кои од надвозникот водат кон улицата Самоилова и кон тврдината Кале, со години функционираат како тајно-јавно веце, пред очите на градските и општинските власти и при постоење на Закон за јавна чистота, со кој е предвидено да се казнуваат сите што уринираат на јавни површини. Местото никој не го чисти, освен дождот. Глетката е грда и срамна и за туристите кои дошле на прошетка во старото јадро на градот и за граѓаните кои го користат преминот од чаршијата кон мостот „Гоце Делчев“. Вообичаено во ваквите случаи, општинските власти си молчат, а сопственикот кој ја оставил куќата без прозорци и врати и натаму останува неказнет. Во Општина Чаир, кои во моментот заедно со Град Скопје го реновираат платото пред стоковната куќа „Мост“, а претходно поставија нови канделабри и инвестираа во интернетска мрежа за реонот, не се заинтересирани да ја средат околината која инаку ја промовираат за бесплатна интернет-зона. - Ние немаме издадено дозвола за изградба на објектот, тој е на подрачјето на општина Центар, прашајте таму. Но во секој случај ако е приватна сопственост, не можеме да преземеме нешто и“вели Авни Калаба од Општина Чаир. Надлежните во Општина Центар велат дека со општинскиот инспектор ќе проверат дали куќата е на нивно подрачје. - Веднаш ги пративме инспекторите и тие ќе утврдат дали локацијата е во нашата општина или во Чаир и“вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар, и додава дека во сличен случај Општината заработила казна затоа што исчистила приватно земјиште на кое требало да се гради. Речиси идентичен одговор добивме и во јавните претпријатија одговорни за одржување на хигиената и на зеленилото во градот. - Градот досега не ни наложил да ја исчистиме таа локација, на која диво се фрла ѓубре. Затоа што се работи за куќа, не смееме да влеземе внатре и“вели Катерина Лаова, портпаролка на „Комунална хигиена“. И од „Паркови и зеленило“ велат дека кога се работи за неуреден простор, работат по налог на Градот или кога се спроведуваат акции за чистење.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1811&ArticleID=121606
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 28-Oct-2009 at 15:14
Овде се е по старо, овој пат изостана само најава дека работите само што не почнале

LOL

Седум месеци се поплочува платото пред стоковна „Мост“

Од Чаир велат дека работите не се застанати поради
пари, туку се чека материјалот

Платото пред стоковната куќа „Мост“ со месеци остана раскопана грдосија на влезот во Старата скопска чаршија. Купиштата од искршени плочки и друг шут стојат неподигнати, а од вработените на фирмата „Беком“, која ги изведуваше градежните работи, нема ниту трага. Официјалниот старт на работите во почетокот на март годинава во снежни услови го најавија поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Инвестицијата за проектот изнесуваше 7 милиони денари. Општината имаше обврска целосно да го реализира проектот, а Градот остана само кофинансиер.

Но, по се', се чини, овој проект Општина Чаир го реализира мошне несериозно, иако станува збор за простор кој е дел од културното јадро на градот. Бавно и со паузи во градежните активности го водеше и при довршувањето на платото на автобуската постојка пред ТЦ „Мавровка“, како и асфалтирањето на улиците во Топанско Поле.

Од стартот на работите на платото пред Стоковната куќа „Мост“ поминаа седум месеци и ќе заврши и оваа градежна сезона, а работите повторно ќе бидат стопирани. Зар ќе треба да помине повеќе од една година за да се поплачат околу 1.800 квадрати површина.

Од Одделението за комунални работи во Чаир велат дека работите не се застанати поради пари, туку се чекал материјалот. Половината од травертинските плочки допрва треба да ги испорача „Силекс“ од Кратово. Образложението зошто материјалот не бил целосно испорачан е дека немало соодветно место каде да се чува.

„Пред два дена се сретнав со претставници на изведувачот и тие ме информираа дека половината од плочките треба да стигнат. Денеска повторно ќе се сретнам со нив и навистина во моментов не знам до каде се работите“, ни рече вчера Џингис Хани, раководител на Одделението за урбанизам во Чаир. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2C4CA57A3B921940B420378E71F753D7


Edited by Cloverstack - 28-Oct-2009 at 15:15
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 28-Oct-2009 at 18:07

28 октомври 1965 година 

Старата чаршија и потребата од нејзиното уредување

%20На зачувувањето и уредувањето на старите урбанистички јатки во последниве години се обрнува се поголемо внимание. За илустрација ќе ги наведеме само најмаркантните примери: стариот дел на Љубљана, стариот Сплит во рамките на Диоклецијановата палата, чаршиите во Мостар и Сараево и др.

Кај нас во Македонија, за жал, сé уште не сме пристапиле кон едно системно приоѓање на овој мошне деликатен проблем. Често сме дознавале од весниците за неодговорни уривања на одделни стари дуќани во чаршиите на Охрид, Битола, Кратово, Крушево и други кои требало да се заштитат, конзервираат и презентираат.

Во последно време мошне актуелен е проблемот на скопската стара чаршија. Ова уште повеќе дојде до израз во фазата на изготвувањето на новиот урбанистички план на градот.

Идејата од потребата за зачувување на овој историски комплекс и неговото адекватно вклучување во современиот живот на градот, задржувајќи ги, притоа, во целина историскиот, стопанскиот и архитектонско -обликованиот карактер, е потврда и во осумте проекти на меѓународниот конкурс за уредување на центарот на Скопје.

Урбанистичката агломерација на старата чаршија со многубројните дуќани во кои се уште се вршат разни стари занаети, како и присутноста на поголем број монументални историски објекти, во нејното јадро и во непосредната околина, го прават овој - стопански и туристички центар не само во Републиката, туку и во југословенски размери.

Вклучувањето на овој комплекс во современиот живот на градот, меѓутоа, бара крупни и одговорни подхвати: урбанистички, архитектонски, конзерваторско-реставраторски, комунални, економски и други.

Nova Makedonija


Во случај да го утнавте датумот, ова е напишано пред 44 години

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 28-Oct-2009 at 23:56
Stern%20Smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 05-Nov-2009 at 06:43
ПОРАКА ОД ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ДО ГРАДСКИТЕ
Што почнал Чаир, Градот да заврши

Град Скопје треба да го доврши поплочувањето на влезот во Старата чаршија затоа што според територијалната поделба тој дел не е во нашите граници. Вака надлежните од Општина Чаир се правдаат за проектот за обнова на платото пред поранешната стоковна куќа „Мост“, кој е завршен само половина. Градежните работи на овој простор, со големина од 1.700 квадратни метри, траат неверојатни девет месеци, иако за истото време се асфалтираа улици во должина од стотици метри повеќе и се поплочија исто толку тротоари низ градов. Според општинските власти, прво проблемот беше неповолното време, потоа не можеше да се тестира издржливоста на материјалот, па на крај се кажуваше дека фирмата-изведувач има проблеми со набавката на мермер. Сега возила непречено ги кршат новите плочки кога поминуваат по нив, за што сведочат трагите од нивните гуми и пукнатините во тазе поставениот травертин. За ова општинарите велат дека не им било грижа затоа што на крајот ќе побарале од фирмата-изведувач да ги санира штетите. - Денеска разговаравме на оваа тема и заклучивме дека од наша страна сме ја завршиле работата. Остатокот, односно делот што и припаѓа на Општина Центар, треба да го поплочи Град Скопје затоа што така е договорено - вели Омер Фејзибиљали, раководител на Секторот за урбанизам во Чаир. Според него, Општината не е одговорна за оштетениот материјал, туку фирмата избрана на тендер треба да го огради просторот и да внимава да не се искршат плочите. - Не ме интересира што местото не е обезбедено. Тоа треба да го загради фирмата. Ако треба десетпати ќе ги вратам кога ќе дојде време за технички прием, се додека плочникот не се направи како што треба - вели Фејзибиљали. Градските власти не ги коментираат тврдењата од Чаир дека не си ја завршиле работата. Само велат дека, според договорот, Град Скопје е кофинансиер, додека изведбата во целост е обврска на Општина Чаир. Градежните работи на овој потег почнаа пред изборите кога тогашниот градоначалник Трифун Костовски и актуелниот на Чаир, Изет Меџити, свечено пресекоа лента, а истиот ден, неколку часа подоцна, ги снема заедно со сите машини и работници. Една недела потоа работите полека почнаа, но со темпо тргни-застани. Рокот од 60 дена за завршување, повеќе пати се проби. За сето време граѓаните прескокнуваа калливи езерца за да влезат во чаршијата. Фирма-изведувач е „Беком“, а проектот, кој Општината и Градот го финансираат по половина, чини осум милиони денари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1858&ArticleID=125807
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 05-Nov-2009 at 06:46
Уште ли со епскиот плочник.

Како мислам овие од општина Чаир да прават технички прием на територија на општина Центар. Понекогаш стварно знаат да бидат смешни кога се работи за границите на општината, небаре сме у среден век па освојуваме територии или па играме некоја компјутерска игра стратегија. Кога треба да се заврши работа ништо не е под нивна капа, ама затоа кога ќе дојде време за технички прием и да се собере кајмакот тогаш пак иста приказна.

Аман веќе напрајте го, еден плочник е!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 24-Nov-2009 at 21:17
На некој перверзен начин, ова веќе станува забавно  Laugh

НОВО ВЕТУВАЊЕ ОД ЧАИР
Влезот во чаршија ќе се поплочи?

Набавката на каменот со кој треба да се поплочи влезот во Старата чаршија е причина за застој на градежните работи. Вака надлежните од Општина Чаир се правдаат за одложувањето на обновата на плочникот, која ја почнаа во почетокот на годинава. Според Џенгис Хани, кој врши надзор на работите, каменот треба да пристигне идната недела и да продолжи поплочувањето. - Во фирмата-изведувач имале проблем со набавката на каменот, кој го земаат од „Силекс“, па се чека следната недела да пристигне материјалот и да почнат работите. Би требало се да се заврши за 15 дена - вели Хани.

Р.П.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1874&ArticleID=127308
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 27-Nov-2009 at 21:02
Doh

И новите плочки пред стоковната куќа „Мост“ се уништуваат





 

Платото пред стоковната куќа „Мост“, на главниот влез во Старата скопска чаршија, е само делумно поплочено, а веќе се појавија оштетувања и на новите плочки

 
 
%20  
На теренот состојбата е очајна, дел од просторот е поплочен, местото е заградено со мрежа, која на некои делови е искината и се влече по земјата. Новите плочки се напукнати, а меѓу некои има и оставено премногу простор, како воопшто да не се внимавало како се поставуваат. Насекаде има расфрлано градежен материјал од извадените плочки и од срушените странични делови, извадени се и канделабрите, а од местото се гледаат само голи жици. Таму веќе повеќе од еден месец не стапнале работници, ниту машинерија.

Од општината Чаир одолговлекувањето на реконструкција на платото го правдаат со испораката на мермер, која веќе вторпат доцни.

- Мермерот требаше да стигне уште пред три недели. Од фирмата „Беком“, која ги извршува градежните работи, чекаат да се испорачаат плочките од фабриката „Силекс“ за да продолжат со работа. Сé што ќе биде уништено во меѓувреме, изведувачот ќе си го поправи. Тоа е негова одговорност, а општината за тоа нема да му плати бидејќи ако се поплочеше на време, ова немаше да се случи - објасни Џингис Хани, од одделението за комунални работи во општината Чаир.

Тој додаде дека не знае зошто доцни мермерот, но очекува дека за една недела ќе тргне работата.

Според надлежните од градот, за реконструкцијата на платото е задолжена општината Чаир, а тие се само кофинансиер во овој проект и учествуваат со половина од потребните пари.

Граѓаните велат дека тоа што се случува на влезот во чаршијата е голем пропуст за надлежните бидејќи долго време не може да поплочат толку мала површина. Тие додаваат дека додека се поплочи остатокот од платото, ќе се украдат плочките што веќе се поставени.

Роковите за реконструкција на плочникот беа неколкупати продолжувани со различни објаснувања. Прво, активностите се одложија поради претседателските и локалните избори, потоа не се бетонираше поради лошите временски услови, за на крајот да дојдат летните одмори и платото да се претвори во руина.

Плочникот зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, за неговата обнова се издвоени осум милиони денари, а покрај новите плочки, ќе се постават и ново осветлување и клупи.
 
   
Автор: Р.З.   Фотографија: Маја Јаневска Илиева
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112791042576&id=14&prilog=0&setIzdanie=21848
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Dec-2009 at 15:39

Осум рампи за заштитена чаршија





 

Општината Чаир најавува дека ќе постави електронски уреди на најпрометните влезови во старото градско јадро, со кои ќе се контролира влегувањето на автомобилите, чие неконтролирано движење сега ја уништува калдрмата

 
 
%20  
Електронски рампи ќе ја штитат Старата чаршија од автомобилите што неконтролирано влегуваат во неа и ја оштетуваат калдрмата, соопштуваат од општината Чаир. Ќе се постават вкупно осум вакви уреди, на најпрометните влезови во старото градско јадро. Освен што ќе се обнови рампата на неодамна изградената порта, нови ќе се наместат и кај стоковната куќа „Мост“, кај споменикот на Скендер-бег, до Домот на занаетчиите, кај хотелот „Арка“, на влезот во близината на Куршумли-ан, до Мустафапашината џамија и кај црквата „Свети Спас“.

- На овој начин ќе го спречиме протокот на возила низ чаршијата, со што таа ќе стане само пешачка зона. Со тоа граѓаните и туристите ќе можат слободно да поминуваат низ чаршиските сокаци. Ќе има посебен термин за потребите на дуќанџиите, кога рампите ќе бидат отворени. Клучеви ќе имаме ние, како и екипите на полицијата, брзата помош и противпожарната бригада. Најверојатно тие ќе бидат отворени навечер, кога на бурекчилниците и на ќебапчилниците треба да им се доставува свежо месо. Се надеваме дека до крајот на годината ќе го реализираме овој проект - објаснува Авни Калаба, портпаролот на општината Чаир.

Тој додава дека повторно функционира обезбедувањето во чаршијата, но дека не знае кога службите на полицијата ќе постават позорникари.

Општинарите ја пуштија во употреба портата кај Бит-пазар пред околу една година, но нејзината рампа беше во функција едвај еден месец, бидејќи се расипал механизмот. Тогаш беше најавено дека наскоро ќе се постави нова рампа, како и дека ќе се ставаат хидраулични столпчиња, но тоа досега не се случи. Портата остана да стои како украс, не извршувајќи ја главната причина поради која беше поставена, а тоа да се спречат возилата да влегуваат во чаршијата.

Дуќанџиите повеќе од една година се жалат дека во вечерните часови има голема фреквенција на луксузни автомобили, кои застануваат до блиските кафулиња или кај хотелите.

- За полесно да се движат низ уличките во чаршијата, дури се тргнати и клупите што беа поставени на средина на сокаците. Нема никаков ред, па почнаа да влегуваат и поголеми товарни возила. Ако сакаме чаршијата да ја развиваме како туристичко место, треба да ги тргнеме автомобилите од нејзините улички. Туристите ќе застанат да се сликаат пред некој локал или занаетчиски дуќан, а во заднина ќе се гледаат паркирани возила - истакна Сеат Рамадани, сопственик на дуќан во Старата чаршија.

За реконструкција на чаршиската калдрма пред две-три години беа потрошени околу 130 илјади евра, од кои дел беа донација на УСАИД.
 
   
Автор: Р.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491033461&id=14&prilog=0&setIzdanie=21854
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 04-Jan-2010 at 19:26


Еве како тој сообраќајно дивјаштво изгледа сега (сликите се стари од прилика колку и претходната објава)

1

2

3

4

5

6

7

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-Jan-2010 at 05:39

Девет рампи ќе ја бранат чаршијата од автомобили

Пропадната е калдрмата на улиците „Битпазарска“ и „Белградска“, кои беа изградени во 2005 година

Снежана Калабакова


Општина Чаир со девет електронски рампи ќе ја штити Старата чаршија од натрапниците што влегуваат со автомобили. До крајот на првата половина од годинава освен влезот кај стоковната куќа „Мост“ и кај Чаршиската порта од страната на Бит-пазар, со рампи ќе бидат затворени уште седум улички преку кои влегуваат автомобилите во стариот дел на градот.

Бетонски столпчиња не можат да го решат проблемот, бидејќи сигурно ќе бидат искршени, сметаат занаетчиите. Надлежните тврдат дека ова е единствениот начин да се спречи хаосот од возила кои преку цел ден сообраќаат по чаршиските сокаци како по градски сообраќајници. Токму затоа голем дел од калдрмата е пропадната и уништена, а оштетени се и улиците „Битпазарска“ и „Белградска“. Тие беа изградени во 2005 година, откако старата калдрма беше заменета со нова. Вкупната вредност на нивната реконструкција изнесуваше повеќе од 11 милиони денари. Нешто повеќе од 6 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општина Чаир, а останатите беа донација од УСАИД.

Но, занаетчиите велат дека освен калдрмата, искршени се и многу канделабри и со тоа е уништено и дел од осветлението. Дуќанџиите се жалат и особено им пречи што несовесните возачи им се паркираат пред дуќаните, па им ги затвораат вратите на муштериите, кои и онака ги имаат се' помалку. Занаетчиите се согласуваат возилата да влегуваат два пати во денот и во одредени термини само за дотур на стока, како што тоа се правело и порано. Велат дека во минатите времиња немало рампи, но имало ред.

„Ќе ги затвориме сите правци од кои влегуваат автомобили и ќе мора да поставиме електронски рампи. Само така ќе им овозможиме на граѓаните безбедно да шетаат низ чаршијата. За проблемот со автомобилите веќе разговаравме и со чаршискиот еснаф и тие се согласуваат со идејата“, вели Авни Калаба, одговорен за информирање во Општина Чаир.

Никола Петров, претседател на Занаетчиската комора на Скопје, смета дека сега со автомобилите во чаршијата владее неред. Некогаш немало рампи, но имало полицајци-позорникари кои шетаа и казнуваа. Во ниту една друга чаршија во Македонија нема ваков пример, бидејќи, како што вели, чаршиите се место за еснафите, занаетчиите, граѓаните и туристите кои ги сакаат старите делови од градовите и занаетчиските производи.

„Ако се постават рампи со клуч, како што слушам, тогаш ќе треба да се знае кој ќе ги има клучевите, но не би требало да се злоупотребуваат. Ако тие бидат депонирани во Општина Чаир, или не се знае кај кого се, се прашувам како и од каде ќе влезат противпожарните возила и возилата за итна медицинска помош“, коментира Петров.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=67690A7BE2393745B146579DA98337AA
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 18-Feb-2010 at 01:56

ПРОМОВИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СКОПСКОТО ЈАДРО


Ќе и се враќа сјајот на Старата чаршија


Зачувувањето на традиционалните занаети, формирање туристички информативен центар, отворање мали ресторани со традиционална храна, министудентски резиденси, апартман-ателјеа за уметници и нови културни манифестации, се само дел од петгодишната програма


На Старата скопска чаршија конечно ќе и се врати сјајот. Со реализацијата на петгодишната Програма за нејзина ревитализација, што беше официјално промовирана вчера од страна на Националниот совет формиран од Владата, ќе бидат преземени низа активности за нејзина заштита, афирмација и понатамошен развој во рамките на урбанистичките планови. Зачувувањето на традиционалните занаети, формирање туристички информативен центар, отворање мали ресторани со традиционална храна, пансиони, министудентски резиденси, апартман-ателјеа за уметници и нови културни манифестации се само дел од тие активности.
- Старата чаршија е прекрасен музеј на отворено, место каде што живата архитектоника на традицијата раскажува за соживотот, мешањето на културите и обичаите. Програма за нејзино заживување доаѓа само една година по донесувањето на Законот за прогласување на чаршијата за културно наследство. Со Законот е извршена и идентификација на добрата, во поглед на нивниот назив, категорија, граници и контактни зони, како и соодветниот режим на заштита и управување, потенцираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Според Јасмина Хаџиева-Алексиевска, претседател на Националниот комитет за ревитализација на Чаршијата, со реализација на програмата ќе се спречат и какви и да било деструкции во рамките на Чаршијата.
- Врз основа на програмата ќе се изработуваат акциони планови кои ќе овозможат трајно зачувување на историските, архитектонските, урбанистичките, етнолошките, социолошките и другите вредности на чаршијата, смета Хаџиева-Алексиевска.

Дел од програмата е и воспоставување на меѓународна културна соработка со градовите кои во минатато имале трговски и друг вид врски со Скопје, општ развој на заедницата во Чаршијата, но и на сите кои тука ќе доаѓаат да работат, да учат или да го поминат слободното време. Активности ќе се преземат и во однос на културна ревитализација на Скопската чаршија, преку воспоставување на Денот на чаршијата и посебна програма за културни настани. Во однос на финансирањето, пак, се предвидува и формирање на посебен Фонд за ревитализација на Старата скопска чаршија. Министерството за култура, Градот Скопје и општините Центар и Чаир ќе треба да предвидат посебни финансиски програми за поддршка на активностите кои ќе се случуваат во Чаршијата, како и погодности за користење на просторот... По промоцијата премиерот Никола Груевски и присутните направија обиколка на објектите и занаетчиите во Старата скопска чаршија.

(Д.Т.)
Фото:Н. Батев


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=157950649D77E74CB11AD4519510F2CF



Старата скопска чаршија со програма за ревитализација

Програмата ќе се спроведува пет години, а чаршијата
доби и веб-страница

Катерина Богоева


Во Чифте амамот вчера, претседателката на Националниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија, Јасминка Хаџиева Алексиевска ја претстави изготвената Програма за ревитализација на Чаршијата, а во промоцијата на овој значаен документ за заштита на старото градско јадро учествуваа градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и Министерската за култура Елизабета Канческа Милевска. Беше промовирана и веб - страница за Чаршијата изготвена од страна на Министерството за култура (www. skopskacarsija.gov.mk) каде граѓаните можат да се информираат за националната програма, за културно -историските споменици во вредното градско јадро, a беше прикажан и краток видео спот изготвен во соработка со Сојузот на стопански комоти и Кинотека на Македонија.

Посакувајќи им добредојде „од најубавиот дел на Скопје“ на преставниците на државните и општинските власти, на дел од верските и културни институции градоначалникот Меџити потенцираше дека Програмата во чија изработка партиципирала и општината Чаир, ја смета за доказ за сериозниот пристап во решавањето на посакуваното оживување на Чаршијата. „Се надевам дека со нашите досегашни активности колку - толку ги инициравме институциите на централната власт, да почне посериозно да размислува за враќање на сјајот и на богатството на Чаршијата“ - рече тој.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска потсети дека 13, од бројните профани и сакрални објекти во централното јадро на Чаршијата се веќе реставрирани, и дека во 2008 година, за неа е донесен Закон со кој се уредуваат клучните прашања во поглед на практичните аспекти на заштитата на оваа споменичната целина. „Програмата за ревитализација како стратешки документ ќе овозможи преземање на долгорочни мерки за ревитализација, одржлив развој, стопанско и културно реактивирање на оваа целина. Во него се опфатени сите аспекти неопходни за зачувување на нејзиниот идентитет, но и за нејзината афирмација и понатамошен развој во рамките на урбанистичките планови. Програмата ќе се спроведува во период од 5 години, а врз нејзината основа веќе се изработуваат и акциони планови кои ќе овозможат трајно зачувување на нејзините вредности“ - рече меѓу другото Министерката за култура истакнувајќи дека со помош на партнери од Франција се работи на проект за инвентаризација, со која досега се опфатени 300, од постојните 650 поединечни објекти во вредното градско јадро.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=67EEA967D7FF62459B0881CEBCEAEE7D

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 22-Feb-2010 at 04:51

Почнува ревитализацијата на скопската чаршија

Со реализацијата на програмата треба да се врати сјајот на скопскиот ориент

Обновување фасади на старите куќи, поддршка на занаетите, економски развој, туристички тури, организација на концерти, изложби, промоции, законски одредби за заштита на градбите и за задржување на автентичноста треба да добие Старата скопска чаршија. Ревитализацијата е предвидена да се реализира во следните пет години од страна на Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје, општините Центар и Чаир, организацијата на занаетчиите, невладини организации, здруженија, граѓани, уметници, архитекти.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со програмата ќе се овозможи тој простор да се развие стопански, културно, урбано и притоа да го задржи својот идентитет како место во кое се мешаат традицијата, културата, обичаите.

- Со ревитализацијата ќе се овозможи општ развој на заедницата во чаршијата, но и на сите оние што тука ќе доаѓаат да работат, учат или да го поминат слободното време. Старата скопска чаршија е наше заедничко богатство и затоа е заедничка одговорноста да се грижиме за неа и да ја зачуваме. Со програмата ќе му го вратиме сјајот на скопскиот ориент - рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека е во тек и процесот на инвертаризација на Чаршијата при што до сега биле опфатени 300 објекти.

Градоначалникот на Општината Чаир, Изет Меџити, смета дека со програмата чаршијата ќе се развива културно и стопански.

- Старата скопска чаршија ни е оставена како наследство, но и како обврска да ја зачуваме и развиваме. Таа е доказ за различните историски периоди и за вековниот соживот на овие простори. Битно да ја заживееме и ревитализираме и да го покажеме нејзиното историско, културно, но и политичко значење во нашиот главен град - рече Меџити.

Плановите за заживување и издигнување на овој културен и историски простор од главниот град ги води Националниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија на чие чело е Јасмина Хаџиева-Алексиева.

Таа на промоцијата презентира поголем дел од програмата, која треба да заврши до 2015 година. Како што истакна, ревитализацијата ќе биде поделена во пет области и тоа, занаети, туризам, култура, угостителство и услужни дејности. Во делот со културата се предвидува да се организираат изложби, театарски претстави, концерти, ликовни ателјеа на отворено, филмски проекции. Ќе бидат поттикнати занаети што се значајни за идентитетот, но и за стопанскиот развој на чаршијата. Се планираат изработки на туристички мапи, ангажирање туристички водичи, отворање туристички сервис.

Како што истакна Хаџиева-Алексиева, ќе бидат подготвени и нови правилници со кои строго ќе се контролира урбанистичкото планирање и реновирањето на приватните објекти. Плановите за ревитализацијата се достапни на интернет-страницата www.skopskacarsija.gov.mk

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=3A09BA95C0B1804BA63742A4B9927F98&arc=1

ви велев оти е правилно стара скопска чаршија, вие не, оној малку појќе што престојувал во неа ќе знае дека сите ја викаат како чаршија...

Груевски: И Чаршијата е дел од „Скопје 2014“
Ревитализација на Старата чаршија, според премиерот Никола Груевски, на некој начин е продолжение, односно друг дел од проектот „Скопје 2014“.

- Може да се каже дека на некој начин тоа е еден друг дел од проектот „Скопје 2014“, односно продолжение. Има два различни аспекта, еден на плоштадот, а другиот е Старата чаршија, каде што ќе се задржи амбиенталноста, традицијата и ќе се инвестира во реанимирање и ревитализација. Тоа е еден исклучително значаен дел за Скопје и за Македонија. Дел кој е поврзан со нашата историја, традиција, мултиетничко и мултиконфесионално живеење и дел кој е најинтересен за посета од странските туристи. Во наредните пет години чекор по чекор ќе се реализираат активности и јас се надевам дека некаде во 2014 или во 2015 година ќе имаме целосно ревитализирана скопска Стара чаршија - изјави вчера Груевски.

Тој истакна дека Владата пред неколку месеци донела одлука да се вклучи во проектот за ревитализација на Чаршијата, бидејќи претходно неколку градоначалници се обидувале да направат нешто, но не успеале.

- Ќе се обидеме да ја заштитиме Чаршијата и да и' го вратиме претходниот изглед. Сакаме таму да ги вратиме граѓаните - рече премиерот Груевски.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=7CCFE31E46628644885AE95F71F831E2&arc=1

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 22-Feb-2010 at 16:10
Една луда но гарантирано успешна идеја да се заживее чаршијата е таму да се дозволи пушењето, како зачувување на амбиеталноста. Со гаранција ќе се наполни со кафичи и луѓе за кратко време.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 22-Feb-2010 at 17:22
Преку кал во Чаршија

Половина од платото на влезот на Чаршијата, кај некогашната стоковна куќа "Мост", е уредено со камени плочки, а половина е во кал, со расфрлено ѓубре на си­те страни. Туристите во Чаршијата влегуваат по кал и купишта ѓубре

Ту­рис­ти­те и граѓаните во Старата скопска чаршија влегуваат по кал и купишта ѓуб­ре. Половина од платото на влезот на Чаршијата, кај некогашната стоковна куќа "Мост", е уредено со камени плочки, а половина е во кал, со расфрлено ѓубре на си­те страни. Градежните работи за уредување на овој дел од Чаршијата почнаа уште во март минатата година, кога беше најавено дека за два - три месеци старата и ис­кр­ше­на калдрма ќе биде заменета со нови камени плочки. Но во овој предвиден рок само половина од платото беше уредено. Кога престанаа градежните работи, од Општина Чаир се правдаа дека чекаат да стигне нова тура травертински плоч­ки од фабриката "Силекс" од Кратово. Но оттогаш помина речиси половина го­ди­на, а плочките уште никаде ги нема.
Се­га од Општината се правдаат дека работите се стопирани поради проблеми со под­зем­на­та инсталација на овој дел од платото.
"Де­но­ви­ве разговаравме со претставници од Министерството за култура, и до­го­во­рив­ме заеднички да го довршиме овој проект, а, истовремено, целиот простор ќе би­де осветлен и уреден со урбана опрема", велат од Општина Чаир.

http://vest.com.mk/?ItemID=DD18B3C7AC7CFE44BF3AC36DDA1E490D
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 28-Feb-2010 at 12:59
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 28-Feb-2010 at 13:02
Ovde nesto se rabotese. losa kamera ali moze kolku tolku da se vidi. Vnatre imese lugje a prozorite i vratite site bea smeneti. A imase i edna prostorija nameneta za izlozba na sliki.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 28-Feb-2010 at 18:01
Куршумли Ан?
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 28-Feb-2010 at 18:10
Da Yes
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.