build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 07-May-2008 at 11:01
Па добро... очекував полошо... но... не и ја сфаќам функцијата? Како ќе ги спречи колите да влегуваат? Ќе има рампа некоја? За тоа не требаше порта цела јас мислев дека прават перманентна препрека. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 19-May-2008 at 00:02

Мирисот на ориентот во Скопје мами само странци

Старата скопска чаршија, некогаш егзотичен дел на главниот град, сега заспива во 17 часот

Катерина Богоева
Сања Наумовска


Повеќе од една деценија и Македонците и странските туристи се се' помалобројни гости во Старата скопска чаршија. Малкуте посетители, најчесто во деновите на викенд, доаѓаат да побараат некоја занаетчиска услуга или да купат нешто. Освен неколку поатрактивни локации, како што се златарската улица, Куршумли-ан, Чифте-амам и мирисот на ориентот, некогашниот центар на животот во Скопје сега е своевидно депо на продавници за чевли и чанти и на кинеска стока.

Занаетчиите од Старата скопска чаршија им се лути на Владата, на Градот Скопје и на туристичките водичи. Велат дека со години ништо не преземаат да го добие чаршијата заслуженото место на македонската туристичка карта.

„Место што нема ноќен живот, не може да опстои ниту да привлече млади луѓе, а чаршијата заспива веќе по 17 часот. Слабо осветлена и необезбедена со години, со многу малку локали што работат навечер, целосно е неатрактивна“, се жалат угостителите.

Златарот Расим Алајдин е еден од многубројните сопственици на дуќани во Старата скопска чаршија. И тој вели дека времињата се променија. „Додека некогаш луѓето што одеа во чаршија наминуваа на Бит-пазар да купат нешто, сега е обратно, по пазарењето можеби ќе прошетаат и низ чаршија“, вели Расим Алајдин.

На влезот на Бит-пазар и крај споменикот на Скендер-бег, Општина Чаир неодамна постави туристички мапи на чаршијата. Големите тријазични паноа на албански, англиски и на македонски јазик на кои се испишани сите улици и пристапите до најважните културно-историски знаменитости, на сите посетители треба да им го олеснат движењето по старото градско јадро. Целта, велат во Општината, е привлекување повеќе туристи и, конечно, спасување на чаршијата од децениската агонија на пропаѓање. Но, ни тоа не помогна.



Единствено туристите како се' уште да не се откажуваат од магијата што ја нудат старите сокаци и дуќани, од вревата што се слуша со минување по калдрмата. Според нив, Старата чаршија во Скопје е егзотика што вреди да се види и да се почувствува. Магија која ја нема во урбаните делови на Скопје, а ретко и во други градови. Речиси нема ден да не се слушне англиски јазик низ тесните сокаци.

Меѓутоа, тоа не е доволно за да се врати сјајот на скопскиот ориент. Ќе мора да се вмеша и државата ако сака повторно да заживее овој дел од градот. Министерството за култура во 2004 година почна таква акција. Се формираше Координативен одбор за ревитализација на Старата скопска чаршија. Одборот изготви Програма за обновување со план да се одвива до 2009 година. Но, речиси ништо не излезе како што беше планирано. Сите се оглушија на аргументите дека чаршијата не е само културно богатство на Македонија, туку и поширока вредност што може да се искористи за заживување на културата, стопанството и на социјалниот живот во Скопје. Така, се' остана во фиока во вид на предлог-закон за заштита на Старата скопска чаршија, чија цел беше да добие статус на споменик од посебно значење.

Конфликтот во 2001 година како да подигна нов ѕид меѓу Старата скопска чаршија и скопјаните од спротивната страна на Вардар. Недовербата се' уште е присутна, но газдите од „другата страна“ се пофлексибилни во лоцирањето на причините за замрената комуникација. Златарот Алајдин вели дека ако се забрзаше реконструкцијата на Камен мост, фреквенцијата меѓу левата и десната страна на Вардар немаше да замре.

„Станува збор за смислена и свесно пролонгирана долгогодишна реконструкција на Камен мост. Во текот на овој период, мостот, кој е единствена пешачка врска на двата дела на Скопје, во центарот беше затворен, што се одрази врз доаѓањето во чаршијата“, вели златарот Ајдини.



И скопјани се согласуваат дека се' поретко наминуваат во чаршија. Најчесто купуваат злато или им треба некоја услуга, а многу ретко шетаат меѓу многубројните културни и историски знаменитости лоцирани во Старата скопска чаршија. „Решението за повторно заживување на овој дел од градот, дефинитивно, е во заедничка акција на занаетчиите и локалната и централната власт“, вели скопјанката Оља Димовска, која ја сретнавме во прошетка низ Старата скопска чаршија.

Програмскиот директор на Музејот на Македонија Перо Јосифовски минатото лето во „Утрински весник“ ја обелодени идејата за преселба на Музејот. Денес, се' уште во одбрана на оваа идеја, вели дека Музејот има проблеми поради нефункционирањето на местото каде што е лоциран.

„Ако постои губитник од нефункционирањето на чаршијата во последните 15 години, тоа е Музејот на Македонија. Од безбедносни причини, не функционира ноќе, а тоа се рефлектира на намалениот број посетители кои доаѓаат на вечерните настани со автомобили. Целиот прв кат на Музејот е ограден со решетки“, вели Јосифовски.

Јосифовски смета оти е време да се приспособат плановите на реалноста. „Ќе има позитивни промени доколку проектите се во согласност со новата реалност во однос на територијалната големина на чаршијата, бидејќи чаршијата не е она што била некогаш. Намалена е, и урбанистички осакатена. Поради оневозможениот визуелен и физички пристап, таа се уништува сама“, вели Јосифовски.

Пристапните патишта се проблем и за Детскиот театарски центар, но проблемите на чаршијата техничкиот директор Крсте Џидров ги лоцира и во несоодветната грижа на надлежните. „Градскиот конзерваторски центар не е многу принципиелен во заштитата, која е селективна. Чаршијата се користи само во предизборни цели, никој не се занимава со нејзината содржина.

Двата објекта на Националната галерија, Даут-пашин амам и Чифте-амам, според директорката Маја Крстевска имаат задоволителна посета, која би можела и да се зголеми со поагресивна кампања. „Годинава предвидуваме пред Чифте-амамот да одржуваме дел од галериските содржини, концерти, разни други манифестации“, вели таа.

Прашавме во Министерството за внатрешни работи дали Старата скопска чаршија се смета за небезбедно место за движење, па затоа скопјани ја избегнуваат. Портпаролот Иво Котевски вели дека тешко може да се извлече таков заклучок, бидејќи во последните три години инцидентите што биле пријавувани во полициската станица Бит-пазар биле претежно од имотен карактер, како што се кражби и други видови напад врз имот. „Иако има зголемување на бројот на криминалните дела, нивната природа не е по ништо различна од случаите во другите делови на Скопје, ниту, пак, статистички се во поголем број“, вели Котевски.

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски смета дека заживувањето на Старата скопска чаршија е акција која треба заеднички да ја организираат повеќе државни и локални институции. Градската власт веќе започна неколку манифестации врзани за чаршијата и нејзината историја, како што се „Звуците на чаршијата“, Меѓународната ликовна колонија „Скопје“, како и манифестациите „Баскерфест“, „Скопско лето“ и „Бела ноќ“. Но, дали тоа ќе ги надвладее присутните стереотипи дека Старата скопска чаршија е место што треба да се одбегнува, останува да се види.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=93068BBE98D0854DA63FAFA5F0604DE8
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Aug-2008 at 21:26
Дали делува оваа градба за зачувување на духот и аутентичност на старата чаршија ?


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Aug-2008 at 13:40
Прилично лошо направено... 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Aug-2008 at 13:46
Повеќе пати сум кажал, еве сега пак. Турска чаршија треба да учива посебен ентитет во рамките на градот. Треба да има свој совет кој ќе се бира незавсно од политиката (е сега ова малце тешко кај нас) и ќе одлучува за турската чаршија. За нејзе треба посебен закон кој ќе ја уредува. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 12-Sep-2008 at 12:11

Проект за заживување на чаршијата

Културни настани за заживување на старата Скопска Чаршија и подигнување на еколошката свест се двата фестивала кои деновиве ќе ги анимираат скопјани.

За прв пат на Камениот мост и кејот околу Камениот мост ќе се одржи речниот фестивал „Денови на Вардар“. Со анимирање на двата брега на реката, особено Кејот, целта е да се покаже дека овој дел не треба да биде само омилена дестинација за кафе пиење, туку и место за мултиетнички, мултирелигиски и мултикултурен соживот.

„Наша главна цел, и во тоа успеавме, е да создадеме една манифестација којашто ќе биде градска, којашто ќе потекнува од градот Скопје. Ќе имаме и неколку симболички перформанси коишто ќе ја јакнат и ќе имаат критички однос кон водата, кон реката“, изјави Роберт Алаѓозовски, независен менаџер во културата.

Трето издание, пак, на манифестацијата „Звуците на Чаршијата“ повторно ќе се обиде да го врати сјајот на старата Скопска Чаршија.

Начинот да се вратат младите во некогашниот крвоток на градот и презентација и афирмација на старите занаети, организаторите, го гледаат преку културни настани, иако свесни дека тоа не може да се случи преку ноќ.

„Нашата интенција е дефинитивно да прераснеме, со самата организација и со значење на оваа манифестација, во еден фестивал којшто нема да биде два дена, ќе биде повеќе и меѓу другото, ние нема да успееме да ја заживееме Чаршијата со краткорочни фестивали, туку е потребна поголема организација“, рече Борис Момировски, директор на МКЦ.

Фестивалите „Звуците на Чаршијата“ и речниот фестивал „Денови на Вардар“, а се дел од манифестацијата „Септемвриска културна обнова“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97479
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-Sep-2008 at 11:10
Новата скопска чаршија



Автор:  Радмила Заревска

Улички тесни и испреплетени како лавиринти. Стотици продавачи и илјадници купувачи. Пазарења и ценкања. Викотници на сите страни и повици до муштериите да влезат во некој дуќан. Сè се рекламира најсилно што може. Тоа е чаршискиот живот.

За жал, тој сè помалку се одвива во вистинската, Старата скопска чаршија, која е една од најголемите на Балканот и е меѓу најзначајните културни споменици во земјава. Скопје во изминативе неколку години доби нова чаршија во ориентална смисла, во местото наречено Дуќанџик, ограничено со Старата чаршија, тврдината Кале, пластичарската улица и полициската станица „Бит-пазар“. Ова место е преполно со десетици минитрговски центри и нови големи продавници, а се градат барем уште толку. Се нудат најразлични производи, а некои дуќани се специјализирани само за одредени стоки, како играчки, текстил, техника и слично. Се продава на големо и на мало, во зависност од желбите и потребите на купувачите.

ДНЕВЕН ПРОМЕТ ЗА ЕДНИ, МЕСЕЧЕН ЗА ДРУГИ

Големите и модерни продавници и стоковни куќи во Дуќанџик привлекуваат многу повеќе посетители од дуќаните во Старата чаршија, каде што задоволителна посетеност имаат речиси само златарниците и ќебапчилниците. Сето тоа не помина без реакции од тезгеџиите од Бит-пазар и дуќанџиите во Чаршијата на кои им се намалува прометот, како и од жителите на населбата, кои главно се жалат на бучавата, метежот од автомобили и комби-возила за дотур, од нехигиената што се создава поради огромната фреквенција од луѓе и слично. Конкуренцијата, изборот на стоки и продажбата на големо се главните причини поради кои новата сè повеќе ја испразнува Старата чаршија.

- Јас сум еден од постарите дуќанџии во Чаршијата. Изработувам и продавам ташни, имам постојани купувачи кои што се задоволни од моите производи. И заработувачката не е лоша, но кога почнаа да се појавуваат сите тие приватни стоковни куќи околу полициската станица, се намали прометот во целата чаршија. Никој од нас не може ниту од далеку да се спореди со нив. Тие за еден ден прават промет колку ние за цел месец, а се наоѓаат на само десетици метри од нас. Тие на големо купуваат стоки од Грција и од Турција и им ги препродаваат на дуќанџии од други градови, а ние самите произведуваме - вели чичко Фарук Ибраим, сопственик на дуќан во Старата чаршија.

Тие што работат во новите продавници, пак, велат дека сакаат да ги следат современите текови во трговијата, па затоа ги уредуваат своите простори за да отстапуваат од дуќаните во Чаршијата или од тезгите на пазарот.

- Објектите се прават за да личат на мали трговски центри, па луѓето можат да дојдат на едно место и да купат многу производи. Се продава и на големо и на мало, а нормално е што имаме поголем промет од пазарите или од старите дуќани, затоа што кај нив има застарени и неуредени производи. Досега сме презадоволни од работата - истакнува еден сопственик на дуќан во тој дел.

ОБЈЕКТИТЕ ЧЕКААТ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Од општината Чаир објаснуваат дека сите објекти што се изградени како стоковни куќи или како минитрговски центри во Дуќанџик, особено околу пазарот и полициската станица, се направени бесправно во последниве неколку години. Според општинарите, причината за тоа била што местото не било урбанизирано навреме, а градбите сега ќе чекаат легализација.

- Околу пазарот и Чаршијата има пред сè нелегални градби. Но, изработуваме детален урбанистички план, кој ќе го опфати и просторот околу Дуќанџик. Неговата изработка трае две години бидејќи имавме дополнителни барања за конзерваторските основи од Дирекцијата за заштита на културното наследство. Причината за тоа беше што некои објекти се наоѓаат на самата граница на Чаршијата. Очекуваме наскоро советот на општината да го усвои овој план и потоа да почне неговата примена, со што ќе се овозможи легализација на објектите во населбата - вели Омерфејзи Биљали, раководител на општинскиот сектор за урбанизам.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=193&ArticleID=7949

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Sep-2008 at 15:14
Околу пазарот и Чаршијата има пред сè нелегални градби. Но, изработуваме детален урбанистички план, кој ќе го опфати и просторот околу Дуќанџик. Неговата изработка трае две години бидејќи имавме дополнителни барања за конзерваторските основи од Дирекцијата за заштита на културното наследство. Причината за тоа беше што некои објекти се наоѓаат на самата граница на Чаршијата. Очекуваме наскоро советот на општината да го усвои овој план и потоа да почне неговата примена, со што ќе се овозможи легализација на објектите во населбата - вели Омерфејзи Биљали, раководител на општинскиот сектор за урбанизам.


Ако и објектот кој го дискутиравме во врска со клучката Бит-Пазар не е легален, дефинитивно треба да се сруши, наместо да се легализира и да остане чир засекогаш  Roll%20eyes

Edited by Cloverstack - 26-Sep-2008 at 15:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Sep-2008 at 15:24
Мислам дека ние дикутиравме за објект карши полициската станица, тамо кај пластичарска улица, тоа е доста далеку од турска чаршија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-Sep-2008 at 15:41
Ама е „околу пазарот“
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-Sep-2008 at 22:23
Скопската чаршија конечно ќе се заштити со закон


Старата скопска чаршија конечно ќе биде заштитена со Закон како културно наследство од особено значење. Собраниската комисија за култура деновиве го поддржа предлогот за донесување на акт со кој оваа најголема чаршија во Македонија, која потекнува од 15 век, ќе биде соодветно третирана, а ќе се преземат и сите чекори за нејзино заживување.

Основната причина за донесување на ваков закон е потребата да се надмине сегашниот статус на Старата скопска чаршија како привремено заштитено добро. Со законот ќе се изврши идентификација на доброто во поглед на границите, називот и категоријата на добрата, а ќе се утврди и начинот на заштитата и управувањето, велат во Министерството за култура.
Оттаму додаваат дека на овој начин ќе се спречат сите дејства кои можат да доведат до оштетувања или деградирање на објектите кои се категоризирани како културно наследство, а ќе се овозможи и трајна заштита на нивната автентичност и историската вредност.

Законот предвидува основање на Национален совет за ревитализација на Чаршијата кој ќе ги координира проектите за нејзино заживување и ќе донесе Програма за ревитализација на Чаршијата за период од пет години. Притоа надзорот ќе го врши Министерството за култура.
Со законот, се остава простор стручните служби на Управата заедно со координативното тело да одлучуваат дали нешто може да се гради во Чаршијата и со кои димензии.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D56679E4CBD47B488997786BDB0D5841

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-Oct-2008 at 00:17
Ќе се уредува влезот во Скопската чаршија


Градот и Општина Чаир заедно ќе го уредуваат влезот во Старата скопска чаршија, од страната на Даут пашин амам. Со проектот е предвидено да се реконструира платото и да се постават нови травертински плочки. За заштита на плочникот од несовесните возачи кои влегуваат со автомобили во Старата скопска чаршија, пак, ќе бидат поставени хидраулични столпчиња.

На заедничката средба на Градот и општинските власти на Чаир, која се одржа деновиве, предвидено е и продолжување на проектот за партерно уредување на тротоарите на Пластичарската улица и тоа на потегот до крстосницата кај касарната Илинден. Истовремено договорена е и реконструкција на тротоарите на булеварот Втора Македонско-Косовска Бригада, каде Градот целосно ќе го реконструира уличното осветлување. Општина Чаир, пак, согласно проектите на Градот за пешачки натпатници, деновиве ќе побара времено сообраќајно решение за започнување на изградба на ваков натпатник на Бит-пазар, со што ќе се реши проблемот со големиот број пешаци кои минуваат преку булеварот Крсте Мисирков кон пазарот. Градот во овој проект, покрај идејното решение, ќе се вклучи и со изградба на бетонски жардиниери и нивно хортикултурно уредување.

http://vecer.com.mk/?ItemID=48681EB5DD2AAC4086E374B405394CE3


СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ГРАДОТ И ОПШТИНА ЧАИР

Старата чаршија ќе се оградува

Договорено е поставување на ново осветление, нов пешачки натпатник кај Бит-пазар и донација на Чаир за Зоолошката градина


Возилата ќе мораат рикверц од чаршијата

Градските власти се договориле со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, да почнат да го уредуваат партерниот влез во Старата скопска чаршија од страната на Даут-пашиниот амам. Плочникот, велат градските власти, од оваа страна, со години е искршен и уништен од несовесни возачи. Тие, овој влез го користеа за да ги паркираат возилата внатре во чаршијата.

- Со проектот треба да се реконструира платото и да се постават нови травертински плочки. За заштита на реконструираниот плочник од несовесните возачи, кои влегуваат со автомобили во Старата скопска чаршија, ќе бидат поставени хидраулични столпчиња - објаснуваат од Градот.На средбата на градските власти со претставници од Чаир исто така било договорено да се постави ново осветление и да се реконструираат тротоарите на булеварот Втора македонско-косовска бригада, односно улицата што поминува покрај Топаана, а продолжува кон Шуто Оризари.

- Градот целосно ќе го реконструира уличното осветление поставувајќи нови штедливи светилки на „Македонско-косовска бригада“. Ново осветление ќе биде поставено и на сите други градски улици на подрачјето на општина Чаир - соопштуваат градските власти. Активностите треба да се спроведат во наредните шест месеци.

Градот и општината, исто така, договорија да продолжи проектот за партерно уредување на тротоарите на т.н. пластичарска улица. Со проектот од 2006 година заеднички беа уредени тротоарите до првата раскрсница, а со овој проект треба да се уредат до раскрсницата кај касарната „Илинден“. По завршувањето на реконструктивните активности, Општина Чаир ќе преземе мерки проектно да го регулира паркирањето за оваа фреквентна сообраќајница.

Општина Чаир, според проектите што ги подготви Градот за пешачки натпатници, деновиве ќе побара еден ваков да се изгради и на Бит-пазар. Сметаат дека со него би се решил проблемот со големиот број пешаци кои минуваат преку булеварот „Крсте Мисирков“ кон пазарот. Градот во овој проект, велат оттаму, покрај идејното решение, ќе се вклучи и со изградба на бетонски жардиниери и нивно хортикултурно уредување.

- Пешачкиот натпатник и клучката „детелинка’ се проекти што ќе придонесат за зголемување на безбедноста, но и за подобрувањето на протокот во сообраќајот - изјавија градските власти.

Градоначалникот Меџити изразил подготвеност Општина Чаир да се вклучи во проектот за реконструкција на скопската Зоолошка градина. Тие деновиве ќе донесат одлука кое живеалиште ќе претставува донација од граѓаните на Општина Чаир.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9368D8E7102AE44E8035172814A40DC7
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 07-Oct-2008 at 00:32
ЌЕ СЕ НОСИ ЗАКОН ЗА СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ
Скопската чаршија не смее да го промени ликот

Старата скопска чаршија, со прецизно определени граници, е сместена во категоријата на културни наследства од особено значење, во новиот предлог-закон на Владата, кој е на дневен ред на денешната собраниска седница. Со оглед на тоа што материјата не е сложена и обемна за разгледување, овој закон ќе се носи по скратена постапка, се вели во владиното образложение. Новина во овој предлог-закон е што, покрај јадрото на чаршијата, ќе бидат заштитени и трите зони што се во контакт со неа, зоната околу деловниот центар „Мавровка“, кај старата стоковна куќа „Мост“ и месноста Дуќанџик. Границите на чаршијата, заедно со контактните зони, ќе бидат нанесени на геодетска подлога од Агенцијата за катастар на недвижности, така што за секоја парцела што се наоѓа во заштитеното подрачје ќе стои дека е составен дел на Старата скопска чаршија, а секое заштитено добро во тоа подрачје ќе има статус на културно наследство. На тој начин границите на чаршијата и на трите зони не ќе може да се менуваат со ниеден просторен или урбанистички план. Двете општини, Чаир и Центар, во чии рамки се наоѓа споменичката целина, со законот ќе бидат задолжени да донесат детални урбанистички планови за подрачјата во нивна надлежност, кои ќе бидат изработени врз заштитно-конзерваторски основи од градскиот Конзерваторски центар. Со законот ќе биде забрането да се менува уличната мрежа, големината на блоковите и на парцелите и на отворените простори во Скопската чаршија, да се градат индустриски капацитети кои ќе ја загадуваат, да се подигаат споменици што не се поврзани со нејзиното настанување, но и да се ископуваат темели или подруми и да се изведуваат други градежни работи, без претходно да се спроведат археолошки истражувања. Во заштитата спаѓаат зачувувањето на пешачкиот карактер на Старата чаршија, со исклучок на возилата за снабдување и оние со специјална намена, а ќе мора да се задржи постојната висина на објектите, формата на покривите и оригиналните материјали од кои се изведени градбите. Така, новоградбите задолжително ќе мора да имаат ќерамидни покриви и според висината, изгледот и бојата, да бидат усогласени со постојните соседни објекти. Водовите од инфраструктурата и инсталациите не ќе смеат да бидат видливи во просторот на чаршијата, столаријата ќе треба да биде изработена од квалитетно дрво, наместо од метал или од пластифициран лим. Повеќе нема да биде дозволено да се поставуваат потпирачи, телевизиски антени, репетитори, големи рекламни паноа, а постојните ќе се отстранат. Истовремено, во заштитеното подрачје ќе биде дозволено да се вклопат натписи на фирми, билборди, неонски реклами и сообраќајни знаци.

Заштитен споменик на културата

Старата скопска чаршија, каква што ја познаваме денес, настанувала во периодот од 15 век до 20 век, врз делови на постара структура, што потекнува уште од 11 век. Се протегала на оската што ги поврзува Камениот мост и манастирот „Свети Георги – Горгос“, што се наоѓал на местото на денешната Султан-Муратова џамија.
Чаршијата, според нејзините карактеристики, спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер, со една до две главни улици, на кои се надоврзуваат многу помали специјализирани трговско-занаетчиски улички. Покрај дуќаните, во нејзиниот состав се наоѓаат голем број профани и сакрални објекти, многу анови, амами, џамии, црква и безистен. Под заштита, како споменици на културата во неа, се ставени 17 посебни добра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1518&ArticleID=99808


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Oct-2008 at 22:23
Одлична вест Thumbs%20Up


Скопската чаршија доби заслужена заштита


Старата скопска чаршија деновиве и со закон е прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата. Според Министерот за култура Елизабета Канчевска-Милевска, основната причина за донесување на овој закон, на кој се чекаше со години, е надминување на привремниот статус на чаршијата.
- Со Законот се спречуваат активностите во чаршијата кои може да доведат до оштетување, уништување или деградирање на спомениците и истовремено се овозможува трајно зачувување на историските, архитектонските, етнолошките и сите други вредности на чаршијата, како и нејзината историја и автентичност, вели Канческа - Милевска.

Со Законот ќе се редефинирааат и границите на Чаршијата, при што ќе се определат контактните зони што сега не постојат, ќе се обезбеди и повисок степен на индивидуализација на спомениците.
Членовите на Собранието, пак, посочија дека ова е прв закон што третира цело градско јадро кое е симболика на еден град. Од друга страна се решаваат и лошите митови за Чаршијата како локација од која се плашат граѓаните, а која вушност мозаик на култури, занаети и традиции. Инаку, Старата скопска чаршија настанала од 15 до 20 век и спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=388D27026ECEC542ACA031FED5567095
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Oct-2008 at 00:43
Во контекст на веста, баш прееска на несоодветно место приложив една идеја за која мислев дека нема соодветна нишка, ама еве сега со доза на каење поради тоа што користев офтопик, еве тука ќе ја образложам пак идејата. Значи вака, бит-пазарот да се дислоцира*, а на постојното место да се изгради плоштад (што веќе еднаш оддамна беше предложено), а на тој плоштад директно би излегувале алаџа џамија и театарот на народностите. Овие два објекта до некаде се во контекст со традицијата на чаршијата, џамијата да го симболизира турското време, а театарот на народностите да ја симболизира мешавината од култури во чаршијата. Овој предлог има и една друга димензија, а тоа е да се разбие оној прљав простор што го сочинуваат самиот пазар и све околу пазарот што се дешава почнувајќи од "цигари цигари петарди" до оние сите возила и приколки испаркирани кои што го кочат сообраќајаот на булеварот. Инаку на овој плоштад немам ништо против доколку се премести Скендербег од сегашната несоодветна локација помеѓу паркинг и ќебапчилница.

*Евентуална локација погодна за пазар во близина е празниот простор позади сегашната амбуланта бит-пазар, позади факултетот, онаа локација, сега незнам тамо и некои стари бараки. Одма северно до Иса-бег џамијата.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Oct-2008 at 01:12

Originally posted by lslcrew

*Евентуална локација погодна за пазар во близина е празниот простор позади сегашната амбуланта бит-пазар, позади факултетот, онаа локација, сега незнам тамо и некои стари бараки. Одма северно до Иса-бег џамијата.

пазарот колку што ми е познато од секогаш бил под кале, а доколку некаде би се преместил тоа би било природно пак тука некаде одоколу да биде, но и твоето држи вода но би требало да се земат во предвид повеќе фактори! волјата на општинарите, волјата на пазарџиите, чистиот простор пр. на кој предлагаш да се дислоцира пазарот - приватно земјиште, дуп итн. она што мене ми изгледа како можно погодно решение за дислокација е или потегот после телевизија се до мостот или позади кај полигонот зад кале после лизгалиште иако овој е одсечен од булевар или општо од прометна улица. но овие предлози се прилично ризични како појава на таков простор, заради можната негативна еколошка последица по вардар... 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Oct-2008 at 01:18
Па за калето некако ми изгледа недостапно од сите страни, за таму не би лецитирал, а башка ќе треба и американците да ѓи прашаме! А за кај МТВ како што прочитавме пред некој ден се донесе ДУП, па со оглед на тоа што ќе се урбанизира тој дел исто така не би лецитирал, а башка токму тука треба да проаѓа Крушевска република, така да и ова не би било некое долгорочно решение. Сепка тешко е да се најде локација у близина за ваков пазар, а како опција евентуално може да се стави во игра и дисперзирање на неколку помали пазари во околните населби, што не е лоша идеја.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Oct-2008 at 01:29

 да крушевска, но дали тоа е во дупот или ако е дали истата и ќе ја направат?! а што е до америте тоа си стои нема бегање Ohno најверојатно ќе им пречи преголемото раздвижување на зеленчук и овошје предпорти. можеби мало денивелирање на пазарот би било решение а врз него да се направи платформа за плоштад Question така сигурно ќе се удри и на некое археолошко наоѓалиште па ете ти пак проблем макар бил тој и привремен LOL а може да се проба и со бенифицирање на тезгаџиите на новата локација како не би кренале бунт а и се со песна да се тера.   



Edited by beTon - 15-Oct-2008 at 02:04
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Oct-2008 at 01:52
Неможе бе нивелација, што збориш?! Инаку за археологија има доста да, сигурно би имало и тука нешто. Инаку криминалната димензија може да се дисперзира и ослабе доколку и самиот пазар се дисперзира, но таа димензија да ја оставиме на страна и да ја гледаме само урбанистичката.


Edited by lslcrew - 15-Oct-2008 at 02:25
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Oct-2008 at 02:28

Originally posted by lslcrew

Неможе бе нивелација, што збориш?! Инаку за археологија има доста да, сигурно би имало и тука нешто. Инаку криминалната димензија може да се дисперзира и ослабе доколку и самиот пазар се дисперзира, но таа димензија да ја оставиме на страна и да ја гледаме само урбанистичката.

нема криминал никаде доколку некој си ги брани правата тоа би било само граѓанска непослушност во форма на блокади и протести... а за вкопување на пазарот сакам да потенцирам дека нема логични решенија , освен футуристички пристап на проблемот негледам никакво друго решение Confused

има можеби и порадикално решение а тоа би било амбулантата да се пресели некаде на ново место а тој постојниот објект со цела околина да се  пренамени во пазар со безистен или стоковна слична на објектот стоковна за железарија што е  зад бит пазар а тука би влегле и женскиот пазар(за текстил) и оној техничкиот дел дребулии, кондури,  телефони и нормално и таа железаријата. а најбезболно можеби би било тоа да се направи потпомогнато од државата обезбедувајќи нова зграда за амбуланта на битпазар некаде кај полициската и новите трговски и деловни центри што се во тој дел... незнам што има предвидено во новиот дуп на местото на амбулантата но освен футуризмот како решение можеби уште ова останува!



Edited by beTon - 15-Oct-2008 at 02:43
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.