build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тинекс маркети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 21-Mar-2010 at 18:58
i vo Prilep ima Tinex,vo starata stokovna kuka na centralniot bulevar,bez svoj parking,pravat nekoja improvizacija so opstinskiot parking na bulevarot,nad odredena suma potrosena vo marketot tie go plakaat.No mislam deka resenieto e daleku od normalno,Zamislete da turkate kolicka so proizvodi do svojata kola koja mozi da e na 50-100m po najprometniot trotoar vo Prilep.

Na istoto mesto pred toa bese Tediko,pa SP market,no spored mene poradi nemanjeto na normalen parking i dvata ne prorabotija kako sto treba
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 21-Mar-2010 at 23:03
Дали некој знае кое е работното време на супермаркетот на Првомајска? Поминав таму во 22 часот, сеуште работеше, а недела е... Можно е да работат 24 часа?
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 23-Mar-2010 at 14:27
НА ОПАСНАТА УЛИЦА ПРВОМАЈСКА
 
Новиот "Тинекс" без сообраќајна дозвола
 
"Точно е дека сè уште немам сообраќајно решение, но поднесени се сите барања и деновиве ќе треба да го добијам. Решението доцни, но ми беше најавено дека деновиве ќе ми биде одобрено", вели газдата на синџирот маркети "Тинекс" и градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ
Новиот маркет "Супер Тинекс" на улица Првомајска во Кисела Вода проработи без сообраќајна дозвола, иако без неа ниту еден објект не смее да се отвори. И без потребниот документ газдата на маркетот и градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ во саботата свечено ја отвори продавницата со мини-концерт на неколку наши пејачи и со спектакуларен огномет.
За да го отвори маркетот, "Тинекс" мора да има употребна дозвола од Општина Кисела Вода на чија територија е продавницата,која пак не може да се издаде без сообраќајно решение.Доколку почне да работи без дозвола, општината треба да го казни газдата.
Ваквото решение го регулира пристапот и паркирањето околу маркетот,како и протокот на сообраќај.Во моментов околу маркетот има само неколку квадратни метри асфалтиран паркинг, додека останатиот дел е само земја. На излез од "Тинекс" има поставено семафор кој наместо да го олесни протокот на возила создава поголем метеж.Затоа, вработени во обезбедувањето на маркетот сами ги насочуваат автомобилите накаде да се движат.
"Точно е дека сè уште немам сообраќајно решение, но поднесени се сите барања и деновиве ќе треба да го добијам. Работите излегоа вака бидејќи Општина Кисела Вода, на која уредно $ платив комуналии, требаше, според ДУП-от, да го уреди просторот. Но таа тоа не го направи, и затоа ние почнавме да ги бркаме работите за да се овозможи пристап до објектот. Затоа и сообраќајното решение доцни, но ми беше најавено дека деновиве тоа ќе ми биде одобрено", вели газдата на синџирот маркети "Тинекс" и градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ.
Од Град Скопје потврдуваат дека сè уште не е издадено сообраќајно решение за новиот маркет "Тинекс" на улицата Првомајска. Од таму објаснуваат дека проектот за уредување на просторот е одобрен од Министерството за внатрешни работи и деновиве треба да се потпише и од Градот.
"Не се крши никаков закон што маркетот почнал да работи без сообраќајно решение оти проектот е одобрен од МВР", вели Неделчо Крстевски, портпарол на Град Скопје.
Од Општина Кисела Вода не одговорија зошто нема санкции за газдата на објектот кој работи без да му дадат употребна дозвола.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Улица со најмногу сообраќајки
 
Улицата Првомајска со години наназад е најинтересна сообраќајница за трка на скопјани со мотори и со скутери. За да се спречи дивеењето на улицата и да се заштитат граѓаните во овој дел, Град Скопје и Општина Кисела Вода пред три години на улицата поставија сообраќаен знак со радар, а од пред неполна година додадоа уште едни семафори спроти маркетот "Тинекс". Но и покрај овие сообраќајни решенија, со кои требаше да се контролира брзината со која се движат возачите на улицата, на неа и натаму се вози со огромна брзина и е црна точка во Скопје според бројот на сообраќајни незгоди. (М.Ѓ.)
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 23-Mar-2010 at 14:52
Малку ми изгледа како дигање фама непотребна во весник пред се заради тоа што, Тинекс изгради десетина метри од идна, де факто колекторска улица и после тоа маркетот. Маркетот Тинекс не е бензинска пумпа, туку е сосема одвоен со пристапот од главната улицата. Значи тука покрај тоа што Тинекс има завршил работа на градските-општинските власти уште треба да е медиумски обележан зашто што не извадил сообраќајна дозвола, а всушност таа дозвола би се однесувала на приклучувањето на локалната улица кон булеварот, а не директно на маркетот кон булеварот. Еве гледам сопственикот се трудел да го подобјасни тоа во текстот, ама којзнае и дали е парафразирано или цитирано, а може би и него сам до крај не му е јасно за што доплатил да се забрзаат работите кога се работело за влезот на паркингот.
Back to Top
insomnia1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote insomnia1 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 23-Mar-2010 at 14:58
Deneska doznav deka Tineks sprema market kaj dramski teatar...toj marketot porano sto bese HERMA ( na dve nivoa ) ....i doznav deka vo Cento se sprema isto Market.
Vo kumanovo tineks ja kupil celata stokovna i ke se preseli gore na plostad do JUNI mesec.
btw..renovirano e i maloto marketce na TINEKS vo Karpos 4 ..:P deneska pominav.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 24-Mar-2010 at 15:55
ОП­ШТИ­НА КИ­СЕ­ЛА ВО­ДА МОЛ­ЧИ ЗА СУ­ПЕР­МАР­КЕ­ТОТ НА ГРА­ДО­НА­ЧАЛ­НИ­КОТ ТО­ДО­РО­ВИЌ ОТ­ВО­РЕН БЕЗ СО­ОБ­РА­ЌАЈ­НА ДОЗ­ВО­ЛА

Не­ма каз­на за Тодоровиќ оти ин­спек­то­рот е бо­лен

Од Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да ве­лат де­ка ур­ба­нис­тот во Оп­шти­на­та, кој го во­дел овој пред­мет, е на бо­ле­ду­ва­ње и не­дос­та­пен на те­ле­фон, и за­тоа не­ма­ат ни­как­ви ин­фор­ма­ции за пред­ме­тот

Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да не­ма да го сан­кци­о­ни­ра сопс­тве­ни­кот на но­ви­от "Су­пер Ти­некс" на ули­ца­та Пр­во­мај­ска, ак­ту­ел­ни­от гра­до­на­чал­ник на Цен­тар, Вла­ди­мир То­до­ро­виќ, кој ра­бо­ти без со­об­ра­ќај­но ре­ше­ние, би­деј­ќи ур­ба­нис­тот во Оп­шти­на­та, кој го во­дел овој пред­мет, е на бо­ле­ду­ва­ње.
"Вра­бо­те­ни­от во ур­ба­ни­зам, кој го во­ди овој слу­чај не е на ра­бо­та, на бо­ле­ду­ва­ње е, и два де­на е не­дос­та­пен на те­ле­фон, за­тоа не мо­жам да доз­на­ам ни­как­ви ин­фор­ма­ции во вр­ска со овој пред­мет. Ни­кој друг не мо­же да ми ка­же да­ли об­јек­тот има упот­реб­на доз­во­ла и да­ли ќе би­де сан­кци­о­ни­ран сопс­тве­ни­кот", ве­ли Мар­јан Спа­сев­ски, пор­тпа­рол во Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да.
Гра­деж­ни­от ин­спек­тор во Ки­се­ла Во­да, Рис­то Че­ле­би­ев вче­ра бе­ше не­дос­та­пен за об­јас­ну­ва­ње зош­то не­го­ви­от тим не из­ле­гу­ва на те­рен и зош­то ве­ќе пет де­на мар­ке­тот ра­бо­ти не­ле­гал­но.
Спо­ред за­кон­ска­та ре­гу­ла­ти­ва, ин­спек­то­ри­те штом ут­вр­дат неп­ра­вил­ност тре­ба вед­наш да го зат­во­рат об­јек­тот.Па­рич­ни каз­ни за сопс­тве­ни­кот, во кон­крет­ни­от слу­чај, То­до­ро­виќ на "Ти­некс" , не се пред­ви­де­ни.
Но­ви­от мар­кет "Су­пер Ти­некс" на ули­ца Пр­во­мај­ска во Ки­се­ла Во­да во са­бо­та­та про­ра­бо­ти без со­об­ра­ќај­на доз­во­ла, иа­ко без неа ни­ту еден об­јект не смее да се от­во­ри. За да го от­во­ри мар­ке­тот, "Ти­некс" мо­ра да има упот­реб­на доз­во­ла од Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да, на чи­ја те­ри­то­ри­ја е об­јек­тот, ко­ја, пак, не мо­же да се из­да­де без со­об­ра­ќај­но ре­ше­ние. Вак­во­то ре­ше­ние ги ре­гу­ли­ра прис­та­пот и пар­ки­ра­ње­то око­лу мар­ке­тот, ка­ко и про­то­кот на со­об­ра­ќај. До­кол­ку поч­не да ра­бо­ти без доз­во­ла, Оп­шти­на­та тре­ба да го каз­ни газ­да­та.

http://vest.com.mk/?ItemID=9DA823FC4B369E418AA25DFDEB8A819C
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 18-Nov-2010 at 17:21
Има нов мислам Супер Тинекс, на два ката позади Драмски.

тука -->  42° 0'10.57"N 21°24'28.56"E
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 09-Apr-2015 at 10:37
Отворен нов Супер Тинекс маркет во катната гаража на „Јужен булевар“



Компанијата „Тинекс“, го отвори 10-тиот „Супер Тинекс маркет во катната гаража на „Јужен булевар“. Објектот кој се простира на 1300 м2 и во него работат 46 лица ги соддржи сите оддели за современо пазарување, од свежо месо и риба, пиљара, пекара, деликатеси, па се до стандарните програми на артикли чиј асортиман брои повеќе од 12,000 продукти.
Станува збор за модерно изведен објект со современа и висококвалитетна опрема. Воедно, просторот на маркетот го разубавува и веселиот детски корнер, игротека наменета за најмладите посетители.
Во оваа катна гаража се отвори и првиот од ланецот објекти Tinex to go, еден нов концепт на ресторани со самопослужување, како решение за краток одмор со богата понуда на кафе, свежо цедени сокови, ладни сендвичи, салати и слатки. Во план е и отварање на вториот Tinex to go, кој се наоѓа во населбата Аеродром, односно во рамките на Супер Тинекс Кончар.

http://www.porta3.mk/otvoren-nov-super-tineks-market-vo-katnata-garazha-na-juzhen-bulevar/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 09-Apr-2015 at 17:10
Во Кичево пред неколку недели се започна со преадаптација на ресторанскиот дел на Хотел Унион за потребите на Тинекс маркет,но работата е запрена.Наводно проблеми со општинската администрација околу дозволите
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 09-Apr-2015 at 18:54
Originally posted by gjoko

Во Кичево пред неколку недели се започна со преадаптација на ресторанскиот дел на Хотел Унион за потребите на Тинекс маркет,но работата е запрена.Наводно проблеми со општинската администрација околу дозволите


Pa sigurno deka ke ima Problem so opstinata. Ne sum siguren deka ke imase Problem ako investitor bese nekoj si fljamurtari komerc od Kosovo.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 09-Apr-2015 at 19:26
Конфликтот е помеѓу газдата на Хотел Унион-Пуцко и градоначалникот Дехари кои се градоначалници од иста партија,но во последно време имаат некои недоразбирања за кои не би коментирал повеќе.Вероватно тука лежи застојот во отворањето на Тинексот.А салата за свадби е целосно разрушена и очистена внатре,и сега работата е ни горе ни долу
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 08-Sep-2015 at 19:55
„Тинекс“ со голем трговски центар во Прилеп

Денеска во центарот на Прилеп се постави камен темелникот за трговскиот центар „Сити центар“ кој е во сопственост на компанијата „Тинекс“.

На свечениот чин присуствуваа дел од тимот на компанијата „Тинекс“, Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, бизнисмени од Прилеп како и голем број на граѓани.

Предвидена е најсовремена технологија и опрема за изградбата на овој трговски центар, како и современа материјализација, користење на геотермални системи за климатизација и најсовремен систем за заштита.

- Станува збор за објект кој ќе се простира на површина од 4300м2, од кои 1400м2 е паркинг простор со 40 подземни паркинг места. Лесно пристапен, објектот ќе располага со хипер Тинекс маркет, кафетерии, ресторани, отворена летна тераса, локали и продавници на реномирани брендови и уште многу други објекти во кои граѓаните од Прилеп ќе можат да се дружат и да уживаат во овој трговски центар.- изјави Ана Марија Босиљанова од тимот на Тинекс.

Вкушната инвестиција за овој капитален проект изнесува 5 милиони евра и истиот ќе вработи околу 100 граѓани што е одлична можност за нашиот град.

Со овој проект ќе се добијат нови естетски вредности во самиот центар на градот, со што градот ќе добие објект кој со своето надворешно обликување ќе наликува на типична современа и елитна архитектура.







http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D1%81-%D1%81%D0%BE-%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82/
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 08-Sep-2015 at 20:09
Чив е Тинекс? Од Тодоровиќ или од човекот што несмее да му се спомне името(т.е.презимето)

Има разни верзии низ чаршија
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 08-Sep-2015 at 21:56
а зашо уопште за форумов и за веста за нов трговски центар е битно чив е тинекс!!!!?? аманте бе луѓе више, амаан!!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 08-Sep-2015 at 22:15
Чисто инфромативно,ништо повеќе. И во Кичево наголемо се спрема еден од овие маректи во поранешен Хотел Унион во центарот на градот. некој кажуваат ќе бил Тинекс, други од ``другиот`` Тинекс, некој Веро...
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 09-Sep-2015 at 00:41
Има ли информации на точната локација во Прилеп на овој трговски центар на тинекс?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 09-Sep-2015 at 08:47
Местото е на стариот пазар за сирење, веднаш карши главниот пазар
41°20'39.72"N
21°33'16.23"E

Инаку задоволен сум од новиов облик што е претставен, само да ве потсетам каков изглед беше претходно најавен

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 08-Oct-2015 at 11:08
Подолго време ме иритира ова и се спремам да напишам нешто.

Конкретнава фотографија се однесува на Тинекс на 3 Макдонска бригада кај Американ колеџ.

Но истото се однесува и на Тинексите на Првомајска и оној кај Бриколаж.

Сообраќајните решенија се катастрофални. Паркинзите по правило удираат директно на прометни улици и се опслужувани од незгодни семафори кои и онака опслужуваат многу коли (Бриколаж и Американ) или оној на Првомајска каде се прави хаос во комбинација со објектите Рамстор, Мега Куманово итн.

Да водиш супермаркети не значи само да направиш пространи објекти и да наредиш полици туку и озбилно да се позанимаваш со пристапите.

Во случајот на Тинекс, нема еден објект каде ова е решено како треба.

Вчера, од кога е сликава, за излез од паркинг се чекаше 20на минути.






Edited by pbanks - 08-Oct-2015 at 11:08
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 23-Mar-2017 at 12:06
Прилеп ќе добие современ трговски центар кој ќе донесе 100-тина нови вработувања







До крајот на годината Прилеп ќе добие современ трговски центар кој ќе биде изграден на местото од стариот млечен пазар. Инвеститор е компанијата „Тинекс“, а инвестицијата ќе чини 2,7 милиони евра. Деновиве интезивно се одвиваат градежните работи на оваа локација.

„Станува збор за објект со бруто површина од 4.300 м2. Има три целини, подземна гаража со паркинг простор за 60 возила, потоа прв спрат кој ќе биде наменет за „Супер Тинекс“ и кој ќе се простира на површина од 1.200 м2, а третиот спрат, кој ќе биде исто со големина од 1.200 м2, ќе биде деловен простор кој ќе се изнајмува за угостителски објекти, бутици и слично. Според динамиката на работа мислам дека до крајот на оваа година може да очекуваме трговскиот центар да биде пуштен во функција“, изјави Раде Петкоски, инжинер во Тинекс за координација на објектите во градба.

Од општина Прилеп велат дека отворањето на новиот трговски центар ќе донесе и отворање на 100-тина нови работни места.

...

Исто така е планирано и улицата која поминува позади трговскиот центар, што оди од градскиот плоштад кон музичкото училиште, во иднина да прерасне во пешачка зона поплочена со гранитни плочи.

http://setaliste.com.mk/vesti/ekomomija/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.