build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблем со запрежни коли
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со запрежни коли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 01-Apr-2012 at 17:55
Slabi ste vie vo Belgrad treba da se modernizirate malce kako Skopje!
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 01-Apr-2012 at 17:55
on.net.mk/makedonshtina/vistina-za-skopskata-shminka
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 01-Apr-2012 at 18:43

Originally posted by LAV

Slabi ste vie vo Belgrad treba da se modernizirate malce kako Skopje!

Ако се однесува за мене, ја од Скопје сум, само сликата е позајмена од Београд.

23ka.wordpress.com
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 01-Apr-2012 at 19:39
da ama zapreznata kola od Skopje
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 07-Apr-2012 at 01:22
Ова ги преоѓа сите граница. У 2 и 10 така лагано пред зграда ми проаѓа запрежна кола. Оф и после туризам ќе сме правеле. Што убаво сеа поред некоја дискотека да помине...
23ka.wordpress.com
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 23-Apr-2012 at 17:56
Директно од пред зградата каде е сместена мисијата на ЕУ

23ka.wordpress.com
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 17-Mar-2013 at 17:26


КРИВИЧЕН ЗАКОНИК

Мачење животни

Член 233

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 17-Mar-2013 at 17:51
Ние во Кичево немаме проблем со запрежните коли,толку ги има што сме навикнати на нив
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 18-Mar-2013 at 01:40
При ваква ситуација најтрагични се здруженијата за божемна заштита на животни, кои едино се интересираат ако некое куче е убиено, кое пак претходно напаѓало луѓе на улици. Сега гледам истите тие ставаат налепници на рекламните паноа на буарскиот циркус кој е тренутно у Скопје, као демек стоп за изживување врз животните, а од друга страна нема буква се кога станува збор за овој вид на превоз, веројатно затоа што во нивната матрица стои дека запрежна кола е нормална ствар, ко што рече Ѓоко, а не дека исто така станува збор за малтретирање на животно, кое у поразвиен свет е веќе изумрено. Но цивилизацискиот развој кој стагнира во одредени општествени заедници кај нас, веројатно е погоден за манипулација врз истите, а многу побитно е да се изнајдат пари за кичерозна ограда, а не за отстранување на овие животни од градските и приградските улици.
23ka.wordpress.com
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 05-Apr-2013 at 14:00
Дел од "урбанизацијата" во Аеродром


23ka.wordpress.com
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 24-Jul-2014 at 10:41
Петиција за забрана на влечен сообраќај во урбано Скопје

Здрав коњ во кој удри возило минатата недела во центарот на градот и кој угина на самото место, како и други немили случки во Скопје, каде што овие животни паѓаат од умор на скопскиот асфалт додека влечат тешки товари, беа поттик за здруженијата за заштита на животните да поднесат иницијатива за целосна забрана на влечен сообраќај во метрополата, пишува Дневник.
Под мотото „Спас за коњите во Скопје и Македонија“ веќе се собираат потписи и за еден ден се потпишале 571 лице. Петицијата се наоѓа на страницата на „Анима мунди“ и ќе трае една недела. Потоа иницијаторот официјално ќе испрати барање за забрана и одземање на коњите до Градот Скопје и до Агенцијата за храна и ветеринарство. Пред да им бидат одземени, сопствениците треба да бидат соодветно обесштетени.

Во фокусот на активистите е овој предлог да се најде на седница на Советот на Скопје. Нивната намера е градските советници и градоначалникот Kоце Трајановски да најдат решенија за овој неколкудецениски проблем со кој сопствениците на запреги често кршат неколку закони: за јавна чистота, за благосостојба на животните, како и оној за безбедност во патниот сообраќај, кој налага дека запрежните коли мора да се осветлени навечер со една или две светилки, задолжително да имаат исправна задна кочница и да бидат регистрирани. Велат, време е Советот на Скопје да реши спас за коњите или ќе ја гледаме нивната смрт на улиците.
- Свесни сме дека коњите најчесто ги користат сиромашните слоеви на населението, оние на кои судбината и општеството не им дала поинакви опции, оние што немаат услови за поинаку. Со нив сочувствуваме и не осудуваме никого, но сметаме дека никој нема право да живее врз маките на недолжните животни. Бараме Скопје да биде препознаено по хуманоста, а не преку измачувањето на животните по улиците, кое е трауматична слика за секој жител, но и за многуте странски посетители што н` контактираат и кои се шокирани од она што го гледаат - велат во „Анима мунди“.

Активистите посочија дека концептот ќе го разработат детаљно со цел никој да не претрпи штета. Активностите би се одвивале во фази, а приоритет да биде одземање на оние коњи што се најболни и истоштени.

http://skopjeinfo.mk/gradot/484034825/peticija-za-zabrana-na-vlecen-soobrakaj-vo-urbano-skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 24-Jul-2014 at 16:45
Previous
прв пат некаква организација за заштита на животни всушност да биде корисна Roll%20eyesApplause
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 24-Jul-2014 at 19:00
Колку што не можам да го поднесам системот за перење мозок на рајата, исто толку овие Анима Мунди не можам да ги поднесам. Требаше да угинат неколку коњи, за на нив да им текне нешто да преземат. И што е потрагично, пак не преземаат ништо, туку прават онлајн петиција. Немам ништо против мачињата и кучињата, али мислам дека претерано грижа водат за нив, а ова со запрежниве коли колку што е проблем за животните, толку е и за целиот град. Да не заборавиме дека коњ угина и во Куманово, а претходно и на филм на Столе Попов. Премногу инертни и незаинтересирани се Анима Мунди, така да според мене ова им е закаснет обид. Али пошто сме научени кај нас гласот на обичниот човек да не се слуша, а организациите што имаат влијание да ќутат, сепак ова е голем чекор напред.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 25-Jul-2014 at 03:01
а петицијата каде може да се потпише ?
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 25-Jul-2014 at 17:05
Еве линк од петицијата :

http://www.peticije24.com/92842

Браво за Анима Мунди
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6803
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 17-Oct-2020 at 14:40
Коњи ги запоседнуваат јавните површини



Метрополата личи на времето кога крупен добиток беше вообичаена глетка во центарот на градот
Запрежните коли сѐ почесто ги има низ градските улици, но и низ парковите и поголемите зелени површини низ градот. Граѓаните често дојавуваат дека се сведоци на вакви глетки, но уште повеќе се вџашуваат од снеможени или пцовисани коњи паднати среде улици, или пак од постапките на нивните „газди“, кои немилосрдно удираат со камшик по нивните слаби и снеможени тела. Трауми не доживуваат само возрасните туку и децата, кои воопшто не можат да сфатат зошто „чичкото го удира коњот по грбот“.
И тоа не е единствениот проблем. Сопствениците на запрежните коли ги исцрпуваат животните, малтретирајќи ги да го влечат возилото по високи или ниски температури, по дождови и лизгави улици, по угорници и удолници, па во обид да ги одморат од напорната работа, застануваат и се паркираат во зеленилата или парковите во Скопје, каде што го одврзуваат животното и го пуштаат неконтролирано да се движи низ тревата, паркот или детските игралишта. И да, сите би се согласиле дека коњот заслужува да биде ослободен и слободно да трча и да пасе трева, но, сепак, тоа не треба да биде во населени места каде што трчаат и играат деца и каде што е голема фреквенцијата на луѓе.
– Летово имавме навистина многу непријатна глетка предизвикана од сопственик на запрежна кола. Коњот беше слободно пуштен буквално кај нас пред врата, бидејќи имаме огромно зеленило пред куќата. Моите деца играа со топка со другарчињата и ненадејно топката случајно им избега кон коњот. Животното, што е и нормално, се исплаши, па за да се одбрани се затрча кон децата.

Сите се исплашивме, почнавме да трчаме, да ги земаме децата, кое во раце, кое за рака, за да избегаме и да влеземе во дворовите, за коњот да не ги повреди. Сопственикот на коњот никаде го немаше. Дојде дури по половина час. За среќа, коњот си се врати повторно на пасењето трева, но ние и нашите деца останавме затворени, затоа што ни беше страв да не ни се пушти коњот повторно – вели Филип Здравковски, жител на Бутел.

И ова не е единствен таков инцидент. И возачите велат дека коњите знаат да предизвикаат хаос во сообраќајот, особено доколку некој е доволно трауматизиран од сопствениците, па доживее некаков страв додека се движи по улицата.
– Верувајте ми, кога ќе видам запрежна кола на улица, јас бегам, затоа што коњ ми скокна со двете предни нозе на автомобилот и ми го искрши ветробранското стакло. Неговите копита беа во скутот на жена ми. Оттогаш ги избегнувам таквите возила, затоа што не сакам повторно да доживеам таква траума – вели Благоја Трајковски.
За граѓаните, сепак, најжално е што коњите се измачуваат и што се малтретирани од страна на нивните сопственици.
– Гревота е да се гледаат коњите снеможени, со видлива неухранетост и со рани по телото од ќотекот што секојдневно го добиваат. Затоа и толку често низ улиците се соочуваме со паднати и колабирани коњи, кои биле доволно несреќни да добијат бездушни сопственици – вели Тања Вељанова.
Градските власти велат дека во овие случаи интервенираат на база на неколку основи.
– Во случаите со коњи, ние како институција интервенираме на неколку основи за овие прашања. Ако животно (во случајов коњ) почине на јавна содржина, екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ја подигнуваат мршата – информираат оттаму.

Од градот додаваат дека во случаите кога коњи шетаат слободно низ јавни површини и паркови, ги заловуваат и транспортираат.
– За случаи со коњи што слободно шетаат по паркови и јавни површини, ЈП „Комунална хигиена“ набави приколката за превоз на крупен добиток (сега предадена на ЈП „Лајка“). Оваа приколка се набави по иницијатива на месните заедници и на граѓаните, бидејќи имаше многу случаи кога коњи шетаа по јавните зелени површини и по жардиниери низ градот, а имавме проблем како да ги пренесеме од местото на заловување до местото одредено за престој – велат оттаму.
Градските власти велат дека за изминативе години неколкупати е интервенирано за вакви ситуации, но никој не се појавил да ги подигне животните.
– Во голем број случаи никој не дојде да ги подигне животните, по што тие беа однесени во резерватот во националниот парк Јасен – информираат надлежните.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/коњи-ги-запоседнуваат-јавните-површи/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.102 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.