build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кино „Манаки“ - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 07-Mar-2017 at 23:52
Задниот дел на киното - едно не ми е јасно, зошто не го изградија да личи да зграда, со правоаголен облик. Некако, не ми се чини дека оригиналот изгледал токму вака, а - од друга страна - испаѓа дека се водело сметка само предниот дел од зградата/фасадата да му биде верен на оригиналот, а другото ми личи на импровизација.







http://slobodna.mk/2017/03/07/manaki/
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 10-Mar-2017 at 15:06
Погрдо нешто не сум видел.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Mar-2017 at 15:22
Ova od reciklirani konteineri e napraveno? 
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 10-Mar-2017 at 19:43
Повеќе личи на циркуз него ли на кино, па уште и кино „Манаки“... Бруки.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-Mar-2017 at 16:30
Една зграда не се направи како што треба, толку ли не знаеме или се работи за нешто друго?



фото: Александар Ковачевски
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2012735722311550&set=a.1385176735067455.1073741828.100007254252493&type=3&theater
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2001
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-Mar-2017 at 17:20
Од напред ептен личи на копија, не ми е во склад со старите згради од околината. Задниот дел не го коментирам.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 16-Mar-2017 at 15:18
СЕ ИЗРОНИ СТИРОПОРОТ ОД НОВОИЗГРАДЕНОТО КИНО „МАНАКИ“ ВО БИТОЛА



Oрнаментите од стиропор се прикачени на цврстата градба и со нив требаше киното да го добие автентичниот лик како стариот објект. (Фото: СДК.МК)

Новоизграденото кино „Манаки“ во Битола сè уште не е ни опремено, а веќе се изрони стиропорот од украсните орнаменти поставени на градбата. Белите делови од градбата кои наликуваа како да се од цврст градежен материјал, направени се од стиропор и дел од нив под дејство на атмосферските влијанија се изронија. Овие орнаменти се прикачени на цврстата градба и со нив требаше киното да го добие автентичниот лик како стариот објект каде во 1923 година браќата Манаки прикажувале филмови.

Покрај стиропорот напред, од задната страна за градба на киното, во делот каде треба да биде салата за проекции, искористен е градежен материјал кој наликува на лим. Комплетниот лик на киното се покажа деновиве откако работниците ги тргнаа тарабите од пред објектот.

Се обидовме да влеземе и внатре во објектот, но извесна жена која не знаеме дали е чувар на објектот, ни рече дека нема областување внатре да пушта новинари.

Ваквиот лик на киното „Манаки“ предизвика реакции кај дел од битолчаните.
„Киното изгледа како да почнува да се руши. Погледнете ги аглите, градени се со материјал, кој не одговара на ваква градба. Тоа е стриропор“, рече еден повозрасен битолчанец.



За градбата на киното „Манаки“ со прес реагираше и локалната опозиција.
„Изградбата на објектот со големина од 400 метри квадратни опфати два мандати на градоначалникот Владимир Талески и за истиот, според информации од општината, се потрошени 900.000 евра. Наместо материјали кои ќе отсликуваат едно време искористени се стиропор и пластифициран лим. Од тука, денес битолчани го нарекуваат киното, гулабарникот на Широк Сокак“, рече Благојче Котевски, советник од СДСМ.

Изградбата на киното започна во 2013 година и се градеше според зачувани фотогрфии на киното „Балкан“ на браќата Манаки кое работело во 1923 до 1939 година на Широк Сокак.

http://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-izroni-stiroporot-od-novoizgradenoto-kino-manaki-vo-bitola/
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Mar-2017 at 17:21
Не фотографии, туку детални архитектонски планови се сочувани од градбата, па не мора ни во архив да се оди за да се најдат, издадени се во една тенка монографија за Киното Манаки пред 10-тина години. Ама кој да побара, кој да прочита.

А гледам опозицијава многу ја заболе за состојбата на зградите по Широк Сокак, оштетениот стиропол што се гледа на сликите е во ваква состојба над година дена, ништо ново не се деси. Башка, какви црни атмосферски влијанија, од небо се гледа дека е механичко (со нога) оштетувањето.
Избори, и се е можно...

Edited by hcitrS - 16-Mar-2017 at 17:22
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 733
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 12-Jul-2017 at 16:40
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 29-Jun-2018 at 10:58
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-May-2020 at 16:11




За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 18-May-2020 at 13:56
НОВА ОПШТИНСКА УСТАНОВА ЗА КУЛТУРА ЌЕ УПРАВУВА СО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ И КИНОТО „МАНАКИ“ ВО БИТОЛА



Општина Битола ќе основа јавна општинска установа за култура која во иднина ќе управува со Офицерскиот дом и Киното „Манаки“. За одлуката, советниците ќе гласаат в четврток на седница на Советот.

„Со новата јавна установа за култура ќе отвориме простор за менаџирање на објектите кои ќе бидат ставени во функција, Киното ‘Манаки’ со опремата и сите зафати од над 200.000 евра што ги вложи оваа локална самоуправа и Офицерскиот дом кој се реставрира. Решивме дека најдобро ќе биде со поставување на менаџмент кој целосно ќе се грижи за објектите, заштитата, нивната самоодржливост, успешно функционирање, како и за нивниот придонес кон туризмот во Битола, бидејќи имаме голем потензијал, а за жал, со години тој не бил искористен“, изјави градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Реставрацијата на Офицерскиот дом е во тек и треба да се спроведе годинава, ако сè оди според планот. За реставрација и адаптација на Офицерскиот дом обезбедени се над милион евра од ИПА 2 програмата на ЕУ. Општината направи анализи, онлајн анкетни прашалници, средби со стопанственици и невладини организации за да го сондира мислењето на граѓаните за идната намена на Офицерскиот дом.

„Дефинитивно ќе биде центар за култура, место каде ќе има простор граѓаните да ги следат културните настани и вредности на градот, простор каде ќе може сето она што било оставено под завесата на времето низ годините да биде отворено со функционални поставки, тоа ќе биде еден мултифункционален културен комплекс“, рече Петровска.

Општината од Министерството за култура обезбеди 8,6 милиони денари (околу 140.000 евра) за ентериерно уредување на Киното „Манаки“ на Широк Сокак, кое четири години го градеше претходната локална власт, но го остави комплетно неопремено. Дел од опремата ќе се обезбеди и преку проектот „Кино култура“ кој го доби Општината во прекуграничната соработка со Грција

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nova-opshtinska-ustanova-za-kultura-ke-upravuva-so-ofitserskiot-dom-i-kinoto-manaki-vo-bitola/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 18-May-2020 at 14:39
За да може уште еден директор да се постави и екипа на полтрони околу него што ќе се менува после секои избори. Не е доволно да има сектор во локалната самоуправа туку цела установа е потребна. Истото го прават на државно ниво каде агенциите не се доволни, па потребни се министерства, така што ни ова не е за чудење.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 18-May-2020 at 21:19
Општина Битола што во своето тригодишна власт на новата градоначалничка (во која имав далеку повеќе очекувања од Шилегов) има остварено дури една реконструкција на улица, која траеше околу 2 години и имаше неколку феноменални отворања на сали (со стоење на глава), помошно црево, лежечки полицаец, шахти и слично револуционерни инфраструктурни објекти.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2001
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 18-May-2020 at 22:25
Градоначалниците од внатрешноста не се покажаа баш најдобро. Добро, тука треба да се земат предвид и бројот на проекти кои навистина можат да се направат во помаливе градови, нивниот ограничен буџет и централизацијата, ама сепак некои се подобри од другите.

Може и ни треба тема за оценување на локалните власти; но, имајќи предвид дека имаме мал број членови од секој град (кои се добро запознаети со состојбата кај нив), од некои воопшто и нема, а градоначалникот на Зрновци или Кривогаштани баш и нема за што да се оценува, не знам колку би била функционална. За угушувањето од пристрасна политика да не зборам.

Edited by Staro Skopje - 18-May-2020 at 22:26
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 25-May-2020 at 01:15
Па да, највероватно главниот поттик за основање на ново јавно претпријатие е за партиски награди. Ама пак, во градот нова културна институција не се има појавено 50 години. Освен Музејот, Театарот и Центарот за култура
нема друго ништо. Па би го зел скопско МКЦ за пример. Според мене несомнено најдобрата културна институција во државата со години наназад. Е сега, да не беше самостојна институција, и програмта и работата на МКЦ да беа координирана од некоја канцеларија во бараките на Град Скопје - се сомневам дека ќе имавме толку квалитетна понуда. Па во таа насока, не сум толку негативно настроен кон идејава за посебен менаџмент на Киното Манаки и Офицерски.

А Наташа и екипата се толку за греота што ми е дури и жал да ги критикувам. Добар пример за отсутвото на капацитет и креативност кај градските власти е новото претпријатие за управување на паркинг просоор (кое патем го основаја за да се стави паркингот под градска капа, а не како досега под контрола на локален шериф) го нарекоја ни повеќе ни помалку: „Јавното претријатие за изградба и одржување на јавен превоз и паркирање и уредување на јавен превоз во Општина Битола“, од што се изведува една многу едноставна и милозвучна кратенка „ЈППЈЛП – Битола“. А ако сакаш да им пишиш емаил, можеш да се послужиш со најинтуитивниата е-маил адреса за паркинг во Битола (Ве оставам да истражите; хинт: не е parking@bitola.gov.mk).

Ама, како за промена, не делувват на страсни лопови. Некои неопипливи потези кои ги прават можеби имаат поголемо влијание од тоа што може да се види. На пример на старт доста се фокусираа на раздолжување на училиштата - борчеле 4,3 милиони евра, ако се за верување. Колку беше аџеле тоа раздолжување - не можам да кажам, ама судејќи според сиромаштијата на општината звучат како многу да биле. Исто така, се реновираа санитарни јазли во 3-4 училишта, што е за поздрав. А од инфраструктурни проекти ја изградија скоро цела инфраструктура во касарната, нешто што беше ветено дека ќе биде веќе завршено пред неколку години. Бааги асфалт таму се тури, само пробелмот е што малку објекти и сообраќај има во тој реон па не дојде до израз “делото“. Исто, многу битна работа за Битолчани - конечно добивме полигон за полагање возачки испит, оти од веќе заборавени причини го немавме едно 5-6 години (тоа дека го поставија на сред нива во Пелагонија е друга приказна, можеби погоре споменатото именување на јавни претпријатија може делумно да ја објасни ваквата одлука).
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 26-May-2020 at 16:13

Најпрвин, морам да признаам, малку си се смеев како го читав твојов текст. Исто така, Битола е градот кој најмногу си го сакам од цела Македонија

Поради сето ова ја истражив за мејлот и кои махери, па дури и не е на официјален домен на општината, туку на gmail.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.