build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нереализирани проекти/концепти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нереализирани проекти/концепти
    Posted: 15-Dec-2007 at 17:04
Една мала обзервација. На страницата на Маврово имаат секција Running projects. Страницата е очигледно апдејтувана, тука се спортската сала, Џонсон контролс и уште некои други актуелни проекти. На стари проекти не налетав освен на еден.

Деловната зграда на Неоком (кај што е Космофон). Незнам колку сте запознаени со случајот но таа зграда е само половично изградена. Требаше да биде дупло поголема. Немам информации дали проектот го ревидираа да биде ваков каков што е или едонставно комплетирањето го оставија за подобри времиња. Живо ме интересира дали се работи за техничка грешка на сајтот или има надеж оваа работа да се дотурка до крај (јас одавна се имам откажано од таа опција но...).

Еве го линкот до сајтот.

http://www.mavrovo.com.mk/Running/glavna.htm

Или преку главната страна Running Projects>Building Design and Construction бидејќи вака ви се отвара само еден фрејм.

Изгледот сега



Оригиналниот план



П.С. Сега приметив дека има некои постари проекти но во делот Хидро инженеринг. Другите секции се горе доле скроз апдејтирани.


Edited by pbanks - 15-Dec-2007 at 17:05
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Dec-2007 at 17:41
Previous
 
според планот, ако се доградеше ќе беше една од поубавите деловни згради во Скопје. Штета што заради идиотски причини ја стопираа изградбата, баш пред да се изгради најубавиот елемент од зградата - покривот со стаклената кугла.Bash Искрено се надевам дека лимениот покрив е привремено решение.....Ohno


Edited by kire85 - 15-Dec-2007 at 17:43
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Dec-2007 at 17:55
Сега откако некој квази-универзитет се всели на најгорниот кат можеби има шанси да се догради!?!? 

Edited by gotsomekicks - 16-Dec-2007 at 17:56
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Dec-2007 at 14:36
Da ne otvaram nov topik poshto mozhebi nema nishto novo za ova, ama shto se sluchi so toa 'Skopje IT centre'?? Se setiv na toa tuka

Edited by pbanks - 12-Aug-2008 at 19:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Dec-2007 at 14:45
Originally posted by dejan

Da ne otvaram nov topik poshto mozhebi nema nishto novo za ova, ama shto se sluchi so toa 'Skopje IT centre'?? Se setiv na toa tuka
 
abe nisto toa e samo nekoj koncept, mislam deka ni nikogas ne bil predviden za gradba...
 
inaku prasanjeto e vo OK topic Thumbs%20Up
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Dec-2007 at 14:49
Aa ok togash...dobra idea inace, fala.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Jun-2008 at 14:02
Несудениот Радисон САС Палас Охрид. За жал Палас е сеуште запустен (мислам веќе 7 години) а се наоѓа на толку ексклузивна локација. Истовремено со овој проект пропадна и Радисон САС Скопје кој требаше да биде на плоштад Македонија (маркицата 5.2 веднаш до Магос).

Еве информација од 2004 година.

Radisson SAS Hotels & Resorts Signs Management Contract
for $30 million Radisson SAS Palace Hotel Located in
Ohrid, Macedonia, To Open in 2006

.

Brussels, June 2004…. Radisson SAS Hotels & Resorts, the first class hotel brand of Rezidor SAS Hospitality, has signed an agreement to manage its first hotel in Macedonia.  The 25 million Euro (approx. $30 million U.S.) Radisson SAS Palace Hotel will be located in the city center of Ohrid on the northeastern coast of Lake Ohrid, and is slated to open in March 2006.

The hotel is being designed by WAT&G and will offer 140 guest rooms including 12 penthouse suites with scenic views of the lake.  The hotel will offer its guests a choice of two restaurants – one featuring international cuisine and one specializing in Macedonian cuisine.  The conference center offers a business center as well as six meeting rooms.  Other facilities include an indoor pool, an outdoor pool, a health & fitness center, a spa with treatment rooms and several retail outlets.
.

.
Kurt Ritter, president & CEO of Rezidor SAS Hospitality, comments: “I am excited to add yet another country to our rapidly expanding portfolio.  Rezidor SAS acknowledges the potential of the southeastern European tourism industry and foresees continued expansion in this region.”

Rezidor SAS is the sole franchisor in Europe, the Middle East and Africa for the Carlson brands: Radisson, Park Inn, Country Inn and Regent. Rezidor SAS currently includes 220 hotels in operation and under development in 40 countries. 

Radisson SAS Hotels & Resorts, part of Rezidor SAS Hospitality, currently operates 132 hotels in 37 countries in Europe, the Middle East and Africa, with another 30 projects under development. 



http://www.hotel-online.com/News/PR2004_2nd/June04_MacedoniaRadisson.html



Edited by pbanks - 04-Nov-2008 at 12:13
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Nov-2008 at 12:45
Идејно решение на Stone Design за Плоштад Македонија. Ова е повеќе "архивски материјал" отколку било што друго. Плоштадот е таков каков што е...

1

2

3

4

5

6

7



Edited by pbanks - 08-Nov-2008 at 12:46
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Nov-2008 at 14:25
Во продолжение повторно од Stone Design, уредување на делот пред и околу Лумикс (Сквер Мајка Тереза)

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Nov-2008 at 13:55
Originally posted by pbanks


Една мала обзервација. На страницата на Маврово имаат секција Running projects. Страницата е очигледно апдејтувана, тука се спортската сала, Џонсон контролс и уште некои други актуелни проекти. На стари проекти не налетав освен на еден.Деловната зграда на Неоком (кај што е Космофон). Незнам колку сте запознаени со случајот но таа зграда е само половично изградена. Требаше да биде дупло поголема. Немам информации дали проектот го ревидираа да биде ваков каков што е или едонставно комплетирањето го оставија за подобри времиња. Живо ме интересира дали се работи за техничка грешка на сајтот или има надеж оваа работа да се дотурка до крај (јас одавна се имам откажано од таа опција но...).Еве го линкот до сајтот. http://www.mavrovo.com.mk/Running/glavna.htmИли преку главната страна Running Projects>Building Design and Construction бидејќи вака ви се отвара само еден фрејм. Изгледот сегаОригиналниот планП.С. Сега приметив дека има некои постари проекти но во делот Хидро инженеринг. Другите секции се горе доле скроз апдејтирани.


Мене и вака ми се допаѓа зградата
Со оглед на тоа што никогаш не сум ни помислил дека не е изградена до крај, ни вака не ми пречи.
Иако убаво ќе беше да имаше убави погледи кон булевар К. Ј. Питу и Железничката станица.
Се на се, ова е еден од подобрите објекти во Скопје.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Nov-2008 at 00:06
дефинитивно stone design ми се омилени, ми се допаѓа решението за плоштадчето на мајка тереза, но незнам со што друго ќе се вклопеше освен со лумикс Dunno
П.С. 1 денар хаха, не ми се допаѓа многу проектот за фонтаната, но дефинитивно интересно и креативно, ми се допаѓа како размислуваат
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Dec-2008 at 11:07
Топ идеја за просоторот околу Лумикс ако може така да се нарече. Многу ми се допаѓа. Нешто каотично личи но многу смирувачки специално со таа плоча на Мајка Тереза и тие неколку тревни делови. Супер, штета што не е реализирано.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Dec-2008 at 13:21
toa okolu lumiks e dobro zamisleno a za denarot na ploshtadot ne trebal ama ic,ne ja svakam poentata sto im bila,drugoto e intersno.
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Jan-2009 at 17:42
Originally posted by pbanks


Една мала обзервација. На страницата на Маврово имаат секција Running projects. Страницата е очигледно апдејтувана, тука се спортската сала, Џонсон контролс и уште некои други актуелни проекти. На стари проекти не налетав освен на еден.Деловната зграда на Неоком (кај што е Космофон). Незнам колку сте запознаени со случајот но таа зграда е само половично изградена. Требаше да биде дупло поголема. Немам информации дали проектот го ревидираа да биде ваков каков што е или едонставно комплетирањето го оставија за подобри времиња. Живо ме интересира дали се работи за техничка грешка на сајтот или има надеж оваа работа да се дотурка до крај (јас одавна се имам откажано од таа опција но...).Еве го линкот до сајтот. http://www.mavrovo.com.mk/Running/glavna.htmИли преку главната страна Running Projects>Building Design and Construction бидејќи вака ви се отвара само еден фрејм. Изгледот сегаОригиналниот планП.С. Сега приметив дека има некои постари проекти но во делот Хидро инженеринг. Другите секции се горе доле скроз апдејтирани.


СТАНАРИТЕ НА УЛИЦА БОЈМИЈА ПРОТИВ ДУП-ОТ "СКОПЈАНКА"
Доградбата на "Неоком" ќе ни го земе сонцето
Станарите на кулата, која се граничи со зградата на "Неоком", тврдат дека ако над "Неоком" се изградат уште 5 ката, ним ќе им се одземе светлината и ќе им се намали циркулацијата на воздух


Станарите на кулата на улица Бојмија бр.4 во Општина Аеродром бараат да се стопира донесувањето на деталниот урбанистички план "Скопјанка", урбана единица- А, согласно кој се дозволува доградба и надградба на "Неоком", со што директно ќе им се загради излезот од засолништето и ќе им се одземе светлината.
Станарите на кулата, која се граничи со зградата на "Неоком", тврдат дека ако над "Неоком" се изградат уште 5 ката, ним ќе им се одземе инсолацијата и ќе се намали циркулацијата на воздух. Тие велат дека сите згради од двете страни на булеварот Кузман Јосифовски - Питу имаат по 7 ката, па надградбата на "Неоком" ќе стрчи над сите и ќе го наруши изгледот на булеварот.
Согласно нацрт-деталниот урбанистички план, ќе се гради и подземна гаража, со што на околу 1.000 жители во сите четири кули од овој регион ќе им се уништи единственото зеленило.
"Не се согласуваме со предвиденото решение и бараме и доградбата и надградбата да се изземат од деталниот план, кој Советот ќе го гласа на следната седница, закажана за в петок. Во кулата живееме од 1981 година, а "Неоком" е тука 7 години, па мислиме дека не е во ред да му се дозволи толкаво проширување на зградата и подземни гаражи кои ќе ни го узурпираат дворот и ќе ни го одземат воздухот", загрижено велат жителите.
Сашо Петковски, претседател на Советот на Општина Аеродром вели дека ДУП-от е легален и за него дале согласност и Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.
"Ги имаме сите согласности за носење на планот и тука нема ништо сомнително. На следната седница ќе се презентираат потребните документи и ДУП-от ќе го ставиме на гласање. Дали ќе се усвои или не зависи како ќе гласа монозинството", изјави Сашо Петковски, претседателот на Советот на Аеродром.

http://vest.com.mk/default.asp?id=162427&idg=9&idb=2579&rubrika=Skopje
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Mar-2009 at 20:40
Originally posted by pbanks

од Маврово... на стари проекти не налетав освен на еден. Деловната зграда на Неоком (кај што е Космофон). Незнам колку сте запознаени со случајот но таа зграда е само половично изградена. Требаше да биде дупло поголема. Немам информации дали проектот го ревидираа да биде ваков каков што е или едонставно комплетирањето го оставија за подобри времиња. Живо ме интересира дали се работи за техничка грешка на сајтот или има надеж оваа работа да се дотурка до крај (јас одавна се имам откажано од таа опција но...)

...

зградава ја градеше маврово, но најверојатно проектот е на пелагонија, бидејќи има рендер и на сајтот на пелагонија. инаку подначув еден куп муабети зошто е запрена градбата на пола, од протести на времето во очи изградбата (комшиите во кулите) па се до лоши карактеристики на тлото, најверојатно ова второто е причината, но без официјална потврда не можам да тврдам дека и навистина е тоа е така. инаку од неодамна има иницијатива за враќање на старите позиции, но исто неофицијално најверојатно ќе се оди само три спрата нагоре, наместо целосно да се затвори проектот!? инаку дупот скопјанка падна па и ова со трите спрата најверојатно ќе биде и компромисот околу неоком.

ДУП-от Скопјанка не пројде
Деталниот урбанистички план за Скопјанка актуелен изминативе денови околу неговата контроверзност според жителите на аеродром кај Неоком, вчера не ја доби советничката поддршка. Причината за ваквата одлука, според советниците се многубројните приговори на граѓаните од тој реон во врска со трговскиот центар и катната гаража која треба таму да се гради. Тие тврдат со оваа одлука не наштетиле на граѓаните на Аеродром, напротв со ова оставиле повеќе време да се разгледаат забелешките на граѓаните.
Вечер - Дејан Србиновски - 03.02.2009

еве го и рендерот од пелагонија

 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Mar-2009 at 21:32
КОГА НЕ Не БИВА ЗА ИНВЕСТИЦИИ
Странците сакаат голф и рагби, ама ние ги дрибламе -  29.11.2003

Австралиско-македонска фирма сака да гради терени за голф, американската амбасада сака игралиште за рагби, а Фудбалскиот сојуз на Македонија е заинтересиран да гради стадион на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот од новата железничка станица до населбата Ново Лисиче.

Мешовитата фирма ЗАП и американската амбасада уште пред една година побарале да им се одобри локација за инвестициите. За изградба на терените за голф би се вложиле милион долари и би се вработиле дваесетина луѓе. Градоначалникот на општината Кисела Вода, Љупчо Димов, вели дека се заинтересирани повеќе фирми што би граделе разни спортски објекти.

- Сепак, потенцијалните странски и домашни инвеститори не можат да почнат да градат, зашто деталниот урбанистички план за тој простор веќе една година е заглавен во Министерството за транспорт и врски - вели Димов.

Според Генералниот урбанистички план за Скопје, тој потег во должина од 6,5 километри е предвиден за спортско-рекреативна зона.

Градоначалникот Димов и пратеникот од СДСМ, Есад Рахиќ, инсистираат надлежното министерство што поскоро да се изјасни за урбанистичкиот план за да може за него да се распише јавна анкета, па да се усвои во Советот на општината.

Мешовитата фирма ЗАП лани побарала од надлежното министерство 30-годишен закуп на локацијата Стара депонија во населбата Ново Лисиче, за да изгради спортски терени за голф. Терените за голф би се простирале од насипот на Вардар до селото Лисиче и од трафостаницата на ЕСМ на булеварот Србија до булеварот АСНОМ.

Подрачната единица на Министерството за транспорт и врски во Кисела Вода во април годинава го одбила барањето на ЗАП со образложение дека се уште не е донесен деталниот план за тој дел од градот.

- Не треба да чекаме прво да се подобри безбедносната состојба во земјава, па потоа да се инвестира. Веднаш треба да се обезбеди влегување на странски капитал во земјава, зашто само така ќе се отворат нови работни места - вели Рахиќ.

Дневник - Мариела Трајковска - 29.11.2003

дупот го бидна но дали сеуште ќе постои заинтересираност за странски инвестиции, ова тогаш реално и ќе им беше од корист безбедносно на америте заради нато чекпоинтот во газела и управната зграда на жтп, од каде се вршеше претовар на војска и опрема од косово за солун и обратно. значи овие терени ги барале  на безбедно место, а кои ќе им бидат од полза на викендашите од трупите на косово како и оние кои беа стационирани во МКД.

истото се случуваше и со најавите за голф терени во петровец кои требаше да им бидат од полза меѓудругото и на оние стационирани во нато базата на аеродром. 

но можеби и навистина мотивот им бил инвестирање во рекративно туристички проекти кои ќе им бидат од полза пред се на скопјани а сетне на сите останати Stern%20Smile

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Mar-2009 at 20:30
ИНВЕСТИЦИЈА ОД 60 МИЛИОНИ ЕВРА ЧЕКА ДОЗВОЛА

Англиски принцови ќе играат голф во Петровец - 05.12.2006

Проектот на британската компанија „Екоспортс интернешнел“ е доведен во прашање поради ставот на Министерството за транспорт и врски дека земјиштето во Петровец ќе се продава на конкурс, а не со непосредна спогодба

Елитни голф-терени и ексклузивен хотелски комплекс за европскиот џет-сет ќе се гради во месноста Чојлија во близина на аеродромот Петровец, ако Министерството за транспорт и врски реши да им го продаде државното земјиште на потенцијалните англиски инвеститори. Фирмата „Екоспортс интернешнел“ веќе осум месеци се обидува да се договори со македонските власти за пикираната локација на територијата на Општина Петровец, на која се подготвени да инвестираат 60 милиони евра. Локалните власти велат дека работата тапка во место бидејќи министерот Миле Јанакиески не сака да го продаде земјиштето со непосредна спогодба и подготвува јавен конкурс за заинтересираните купувачи.

- Министерството за транспорт и врски ги поттикнува странските инвеститори да вложуваат во Македонија и во таа насока веќе ја подготвуваме документацијата за продажба на државното земјиште во Петровец. Ќе распишеме јавен конкурс и ќе ги повикаме сите што се заинтересирани за купување на таа локација. Тогаш и англиската компанија ќе може да лицитира. Но, целата постапка мора да се одвива јавно и во согласност со законите, бидејќи трајна определба на оваа влада е дека нема да има продажба на земјиште со непосредни спогодби - велат од Министерството за транспорт и врски.

„Екоспортс интернешнел“, во соработка со Општина Петровец, изработи нацрт-план за мултифункционалната зона во Чојлија. Според планот, на вкупна површина од 250 хектари, покрај голф-терени, ќе се градат и тениски игралишта, базени, четири вештачки езера, терен за јавање коњи и објекти од комерцијално-угостителски карактер. Од Петровец велат дека за потребите на видните гости, инвеститорот има намера да изгради и четири хотели од највисока класа - два од синџирот „Хилтон“ и два од „Шератон“.

Експерти за голф-терени веќе биле во Чојлија и испитувале примероци од почвата. Неофицијално, тие се презадоволни од квалитетот на земјата и сакаат што поскоро да ја засадат тревата. Според најавите, комплексот ќе има богата клиентела од европските земји, како и дипломати и парајлии од Македонија. Градоначалникот на Петровец, Ѕвонко Цветковски, има сознанија дека, кога ќе биде готов, на првиот македонски голф-терен ќе доаѓаат и членови на англиското кралско семејство.

- При контактите со „Екоспортс“ ни беше речено дека на отворањето ќе дојдат пет члена на кралското семејство од Англија. Тоа најдобро зборува колку се заинтересирани да вложат во Петровец. Разгледувале локации во Визбегово и во Бардовци, но беа импресионирани кога видоа какви можности нуди Чојлија. Ако земјиштето беше на Општината, луѓето досега ќе ја насадеа тревата и ќе почнеа да го градат комплексот. Но, Министерството за транспорт и врски ја забави работата и сака да отвори јавен конкурс, а тоа е процедура што трае многу долго. Се плашиме дека ќе го загубиме инвеститорот поради административните сопки, а со тоа и огромните пари што би ни ги донеле - вели Цветковски.

Општина Петровец очекува економски бум од спортско-хотелскиот комплекс. Соочени со безработицата и отсуството на поголеми стопански субјекти во Скопско Поле, општинарите сметаат дека инвестицијата од 60 милиони евра ќе го заживее целиот регион. Според проекциите на „Екоспортс“, за три години би се вработиле 750 лица од месното население, кои ќе се ангажираат преку отворање регионален регрутен центар за невработени.

Кај Чојлија ќе никне филмски град

Во мултифункционалната зона, освен спорт, туризам и рекреација, урбанистичкиот план предвидува и две парцели за изградба на филмски град. Според градоначалникот на Општина Петровец, веќе има и заинтересиран инвеститор.

- Продукцијата „К-15“ и уште неколку нивни партнери сериозно се „запалени“ да градат филмски град. Но, и за нив важи истото како и за „Екоспортс“. Ќе мора да чекаат Министерството да реши што ќе прави со земјиштето, а со губењето време се губат и пари - вели Цветковски.

Дневник - Петар Чулев - 05.12.2006

УРБАНИЗИРАН ПРОСТОРОТ ОКОЛУ АЕРОДРОМОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ
Голф терени, хотели и филмски град кај Ќојлија - 26.03.2007

Британската фирма "Еко спорт" е заинтересирана за изградба на голф терени вредни 16 милиони евра, а имало заинтересирани и за изградба на хотели од брендовите Хилтон и Шератон

Голф терени, луксузни хотели, филмски град ќе се градат близу Ќојлија, во Петровец. Советот на Општина Петровец, во петокот вечерта, донесе урбанистички план со кој ќе се дозволи урбанизација на слободното земјиште кај Скопскиот аеродром. На седницата присуствуваа заинтересираните странски инвеститори од британската фирма "Еко спорт" кои сакаат да ги градат голф терените, присуствуваа и хумористите од продукција К-15, кои во Ќојлија планираат да прават филмски град.
"Конечно, по голем број превирања, успеавме да го донесеме генералниот урбанистички план за ненаселеното место Ќојлија. Освен интересот за изградба на голф терени, во близина на аеродромот Александар Велики, според планот, се предвидени и 4 луксузни хотели, по два од светски познатите брендови Шератон и Хилтон", изјави Sвонко Цветковски, градоначалник на Општина Петровец.
Според Цветковски, само Британците од "Еко спорт", во изградбата на голф терените планираат да инвестираат околу 16 милиони евра. Големи инвестиции се очекуваат и во хотелите и во филмскиот град. Според градоначалникот на Петровец, иако има заинтересирани инвеститори за изградба на голф терени и хотели, сепак, после 10 април Министерството за транспорт и врски ќе распише меѓународен тендер на кој ќе се одбира најповолна понуда. Луксузниот спортско-угостителски комплекс ќе се гради во Ќојлија, поради близината на скопскиот аеродром Александар Велики. Гостите коишто ќе пристигнуваат во Македонија ќе може да преноќат во хотелите коишто ќе бидат од висока категорија, а и да се рекреираат на спортските терени.

Вест - 26.03.2007

ВО ПЕТРОВЕЦ ЌЕ СЕ ГРАДИ ПРВАТА МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА ЗОНА ЌОЈЛИЈА - 30.03.2007
Сместено на атрактивна локација во близина на аеродромот и на главниот град, тоа веќе станува мета на интерес на неколку потенцијални инвеститори. Во средината на април се очекува да биде распишан меѓународен тендер за содржините што ќе бидат дел од мултифункционалната зона, а целата инвестиција е вредна над 50 милиони евра
Голф терен од светски калибар, хотели од типот "Шератон" и "Хилтон" и филмски град ќе бидат содржините што ќе го разубават местото Ќојлија во општината Петровец. Сместено на атрактивна локација во близина на аеродромот и на главниот град, тоа веќе станува мета на интерес на неколку потенцијални инвеститори. Во средината на април се очекува да биде распишан меѓународен тендер за содржините што ќе бидат дел од мултифункционалната зона Ќојлија, а целата инвестиција е вредна над 50 милиони евра. Просторот од 203 хектари ќе биде оттуѓен на подолготраен закуп, дури и на 99 години.
Земјоделското земјиште, каде сега има приватни имоти со усвојувањето на Деталниот урбанистички план од страна на општинските советници, стана градежно.
- Мултифункционална зона се формира првпат во земјата и е од интерес не само за Република Македонија, туку и пошироко. Имаме голем број потенцијални инвеститори од светот. Целта е да им се понуди на граѓаните шареноликост на содржини во просторот. Голф терените ќе бидат со 19 дупки што претставува максимумот што се однесува на ваквите терени. Тоа ќе биде терен од светски ранг, што ќе чини 16 милиони евра, вели Панче Ковачев, раководител на секторот за урбанизам во Општина Петровец.
За изградба на четирите хотели по два во ланецот на "Хилтон" и "Шератон" се планирани 15 хектари. Хотелите ќе имаат банкет сали, сали за состаноци, сауни и сето она што го нема во другите хотели во Македонија, а ќе отворат можност за 600 вработувања. Ќе има и индустриски дел со капацитети од лесната индустрија, односно блок за производство дистрибуција и сервиси.
На два блока ќе биде изграден филмски град сличен како оној во Чешка, за што биле заинтересирани 17 продукциски куќи во земјава здружени во "Колаборатив груп", во кои е и К-15 продукцијата. Во филмскиот град се очекува да се отвори можност за вработување на стотина лица, а во зависност од проектите и повеќе.
Приватните сопственици за отстапување на својот имот ќе добијат обесштетување од инвеститорите.
Вечер - Милена Георгиевска - 30.03.2007

10 голф терени ќе гради Британската бизнис група (BBG) во Македонија - 26.08.2007 

Британската бизнис група (BBG) планира да изгради 10 голф игралишта во Македонија, за што ќе инвестира 350 милиони евра. Ова за бугарскиот портал SeeNews го изјавил Реј Пауер, директор на Британската бизнис група.

“Нашата идеја е да изградиме синџир од 10 голф игралишта низ целата земја. Најверојатно проектот ќе го почнеме со изградба на првото изгралиште во близина на скопскиот аеродром“, изјави Пауер за SeeNews.

Инвестицијата, според бугарскиот портал е проценета на 35 милиони евра.


-Пауер во изјавата за SeeNews вели дека се надева дека Владата ќе распише меѓународен тендер до крајот од јули, на кој очекуваат да купат државно земјиште.

Директорот на Британската бизнис група Реј Пауер за бугасркиот медиум изјавил дека со нивната инвестиција ќе ја претворат Македонија во една од најпосакуваните голф дестинации.

Тотал - бр.401 - 28.06.2007

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Mar-2009 at 20:33


Драго ми е што ја архивираше легендарната вест за изградба на ни помалку ни повеќе 2 хотела Хилтон и 2 Шератон во Петровец LOL
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Mar-2009 at 20:52

чекај не завршила приказната сеуште

http://opstina-petrovec.gov.mk/opstinapetrovec/images/stories/videos/Golf teren.wmv

Алфа - Британците заинтересирани за инвестиции во Македонија - 29.09.2008

Голф туризмот не е пропаднат проект, тврди претседателот на Британската бизнис групација, Реј Пауер - 25.02.2009

Голф туризмот не е пропаднат проект, тврди креаторот на оваа идеја во земјава, претседателот на Британската бизнис групација, Реј Пауер. Иако речиси две години проектот е заглавена во лавиринтите на нерешените имотно правни односи, тој е оптимист дека до година ова време ќе има можност да игра голф.

„Генерално мислам дека годинава ќе има резултати и ако имаме среќа ќе играме голф наредната пролет. Изминатите години беше комплицирано со проблемите што ги имавме со сопственоста на земјиштето, движејќи се од катастар до централен регистар, мислам дека тоа сега е завршено и може да продолжиме“, вели Реј Пауер од ББГ.

Сепак, надежите на британскиот бизнисмен се косат со најновите анализи за индексот на заштита на правата на сопственоста на земјава за 2009-тата. Македонија ниту годинава не покажала напредок во заштита на сопственост. Од 115 држави на листата, нашата земја е рангирана на ниската 97 позиција, што е исто како и лани. Анализата убедливо покажува дека сопственичките права во Македонија најмногу ги засегнува судската независност и тешкиот пристап до кредити.

Во однос на регионот Македонија е пред Србија(100) и Албанија(104), Босна и Херцеговина (108). Пред нас е Хрватска која се наоѓа на високото 60 место и Бугарија на 59-тото. Најголеми сопственички права трета години по ред уживаат граѓаните на скандинавските земји, Финска, Данска и Холандија.

Канал5 - Сања Костадиновска - 25.02.2009



Edited by beTon - 22-Mar-2009 at 20:53
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-May-2009 at 12:05
ova mislam deka ne e realizirano
od webstranicata.:
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.