build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Radisson Blu Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Radisson Blu Skopje
    Posted: 19-Sep-2007 at 02:46
Што е па сега ова ?????????
 

Ќе се зголеми ли маркичката за хотелот зад „Рамстор“?!

Надлежните негираат дека стасало такво барање до нив


Kупецот ги има уплатено средствата за отуѓување на земјиштето и треба во рок од шест месеци да поднесе барање за да добие одобрение за градење

Деновиве се' погласни се шпекулациите дека купувачот на плацот за изградба на хотелот зад „Рамстор“ неодамна побарал да му се зголеми маркичката за објектот, оти се работело за ексклузивно здание, па било оправдано тој да има и впечатлив габарит. Но, од пред десетина дена кога опозициската СДСМ го отвори случајот „хотелска ОКТА“, процедурата што требало да мине низ институционални рамки наеднаш била стопирана. Од Општина Центар негираат дека до нив било доставено вакво барање од купецот на плацот, а наедно тврдат и дека тој се' уште не ја почнал процедурата за добивање одобрение за градба. Од Министерството за транспорт и врски, пак, кое е во ситуација да лобира за такво нешто, велат дека до нив не стасало никакво барање од инвеститорот. Посочуваат дека барањата за измена и дополнување на ДУП се упатуваат до локалната самоуправа. Од МТВ тврдат дека купецот на земјиштето ги има уплатено средствата за отуѓување на земјиштето и посочуваат дека согласно критериумите во јавната објава, тој треба во рок од шест месеци да поднесе барање до Општината и да добие одобрение за градење. Оттогаш, пак, па во наредните две години тој е обврзан да го изгради објектот.

Инаку, досега еднаш е регистриран случај за наменска измена на ДУП и тоа неодамна кога токму Општина Центар ја зголеми маркичката за изградба на Стариот театар, што е дел од проектите на Владата, исто како и изградбата на ексклузивниот хотел. (Дс.Т.)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Sep-2007 at 02:55


Ако е ова вистина, тогаш дефинитивно станува збор за многу безобразна дубара. Останува да видиме. Ваљда нема баш лесно нешто вакво да помине.


Edited by pbanks - 09-Jun-2008 at 15:40
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Nov-2007 at 01:35
Ohno


Аферите го закочија стартот на изградбата на хотелот кај „Рамстор“

Двата големи владини проекта ќе доцнат минимум половина година


Според Детаљниот урбанистички план, трговскиот центар и хотелот треба да се градат непосредно кај „Рамстор“

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Почетокот на изградбата на ексклузивниот хотел и трговскиот центар зад „Рамстор“ и натаму е неизвесен. Купувачите на двете локации „Елан пропертис“, дел од англиската групација „Еквест Балкан пропертис ПЛЦ“, која треба да го гради трговскиот центар и ХЛХ МАК ЛЛП, избраниот инвеститор на хотелот, се' уште го немаат потпишано договорот за отуѓување на градежното земјиште. Од Министерството за транспорт и врски тврдат дека и двете фирми навреме ја уплатиле целата сума за земјиштето, но сепак, договорите не ги потпишале поради наводната незаконска продажба на локацијата за хотелот.

„По пласирањето на сомневањата од страна на СДСМ, Министерството ја достави целокупната документација до релевантните институции тие да дадат свое мислење за постапката. Позитивни мислења добивме од Јавното правобранителство и од Антикорупциската комисија, а се' уште го очекуваме одговорот од Јавното обвинителство. Потоа ќе пристапиме кон склучување на договорите“, велат од Министерството.

Токму непотпишаните договори се пречка купувачите на земјиштата да ја почнат постапката за добивање градежна дозвола што треба да им ја издаде Општина Центар. Од таму потврдуваат дека инвеститорите воопшто не дошле кај нив. Со оглед на ситуацијата, факт е дека конечната реализација на двата проекта ќе доцни минимум половина година. И двете компании досега требаше да ја привршуваат постапката за добивање на одобренијата за градење, согласно со објавата. Имено, по уплаќањето на парите, компаниите требаше да ги потпишат договорите за отуѓување на градежното земјиште и од тогаш, во рок од шест месеци да ја обезбедат градежната дозвола. Две години подоцна им истекува рокот за целосна изградба на планираните објекти.

И двете локации беа понудени на продажба преку лицитации што се одржаа летово. Локацијата за трговскиот центар се продаде уште по првата објава на која имаше шест заинтересирани купувачи. Победи „Елан пропертис“ дел од англиската групација „Еквест Балкан пропертис ПЛЦ“, која понуди 24.800 денари за квадрат, односно за земјиштето од 5.388 квадратни метри на државата и' плати 2,2 милиона евра. Фирмата ХЛХ МАК ЛЛП, пак, стана сопственик на земјиштето за хотелот дури по третиот јавен повик на Министерството. Земјиштето се продаде за вкупно 690.000 евра. Според ДУП, трговски центар и хотелот треба да се градат непосредно до „Рамстор“.



Извор: Утрински весник


Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 315
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-May-2008 at 02:21
Резидор хотелот ќе почне да се гради во јуни


Најдоцна во јуни ќе почне изградбата на хотелот Резидор во Скопје. На тендерот за земјиштето на кое ќе се гради хотелот, зад трговскиот центар Рамстор, победи компанијата HLH Macedonia LLP која е формирана од Heritage London & Hanover Limited во партнерство со друга британска компанија Jayroma Limited. Опозицијата обвини за корупција и дека зад купувањето на земјиштето стои македонскиот бизнисмен Орце Камчев, што беше демантирано од Владата.

Јанакиески на вчерашната конференција организирана од Државниот завод за геодетски работи, посочи дека во изминатиот период реформите во Катастарот придонеле државата да продаде поголем број на градежно неизградено земјиште. Како примери ја наведе парцелата на која беше изградена Шведската млекарница, потоа земјиштето во скопско Соње каде ќе се гради нов град, трговскиот ценар Еквист, болница Свети Лазар во Ѓорче Петров, трговски центар во Капиштец што треба да го гради компанијата Сектрон, како и индустрискиот капацитет на Фонетти во Илинден.

Честитајќи му на Државниот завод за геодетски работи (ДЗГР) за досегашниот успех во реформите на Катастарот, советникот за развој и соработка во Шведската амбасада, Даниел Асплунд, рече дека мора да се продолжи со позасилено темпо.
- Секогаш е подобро да се учи од други, отколку од сопствените грешки - потенцира Асплунд.

Директорот на Катастарот, Љупчо Георгиевски истакна дека Македонија до крајот на април годинава има воспоставено катастар на недвижности на 71,5 проценти од територијата и очекува до крајот на годинава процентот да достигне до 82.
- Вкупниот број на нерешени предмети на крајот на 2005 година изнесуваше околу 22.000. На крајот на април годинава тој број е само 8.238. Не може да дојдеме до нула нерешени предмети бидејќи од почетокот на годинава има прилив на нови 5.500 предмети - нагласи тој.

На конференцијата учествуваа и претставници од Шведската Агенција за развој - СИДА која ги поддржува реформите во Катастарот, како и од геодетските управи на Словенија, Хрватска, Црна Гора и Албанија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4B731A18143A264D92665E1614EFDAE5





Edited by blejdsk - 18-May-2008 at 02:21
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-May-2008 at 17:28


Дај боже. Ми мириса како дел од кампањата но дај боже...
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Jun-2008 at 16:21
Добра вест, Cheers


Почна изградбата на Резидор хотелот во Скопје
 
Министерството за транспорт и врски соопшти дека врз основа на добиената документација од страна на општина Центар и градот Скопје денеска на улицата „Железничка“ во центарот на Скопје се почнати активностите за изградба на луксузен хотел со пет ѕвездички од групацијата „Резидор“.
Хотелот ќе биде изграден согласно меѓународните стандарди во хотелиерството и туризмот, а согласно договорот за отуѓување на државно земјиште компанијата „ХЛХ МАЦ ЛЛП“ која беше избрана за најповолен понудувач треба да го изгради хотелот во рок од две години.
Земјиштето за изградба на хотелот беше оттуѓено по пат на јавно наддавање одржано во Министерството за транспорт и врски, на кое оваа компанија беше избрана за најповолен понудувач. За земјиштето со површина од 4.930 метри квадратни компанијата уплати 8.500 денари по метар квадратен или вкупно 41.905.000 денари.
“Со реализацијата на овој проект се овозможува влез на нова инвестиција, која директно го поттикнува економскиот раст, создава нови работни места и ја збогатува туристичката понуда во главниот град на Република Македонија”, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
(Toтал)


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Jun-2008 at 16:56


Ова е стварно одлична вест Thumbs%20Up
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Jun-2008 at 17:20
Ај нека сликне некој, па да отвориме нова нишка Big%20smile
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Jun-2008 at 13:19
Пред малку поминав позади Рамстор и веќе се поставува ограда на градилиштето и тоа баш на оној просотор од Железничка кога се врти за Јужен Б. каде што седеа оние продавачи на лубеници и зеленчук од камиони и имаше тони ѓубре. Значи маркицата почнува од ќошот со Железничка и продолжува се до рампата на паркингот позади рамстор (бар до тука некаде беа стигнати со монтирање ограда). Cheers

Мислам дека е време за нова нишка а јас ќе гледам бар со мобилен да ја сликнам локацијата дур не ја затвориле целосно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jun-2008 at 16:23


Другата граница (од страната на Музеј на Скопје) е Рамстор. Значи заградената парцела има од прилика должина колку Рамстор. Еве и фотки

1

2

3 Еве ја џунглата во внатрешноста.... За спомен

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jun-2008 at 23:16
Вечер веќе си го избраа брендот Crazy Во ниеден момент не се спомна дека хотелот ќе биде баш Радисон.

Како и да е веројатно ќе почекаме на некое помпезно удирање на камен темелник пред да видиме како ќе изгледа хотелот.

Наскоро ќе се удрат темелите на Радисон


Градежната парцела од 5000 метри квадратни на улицата Железничка, којашто до неодамна беше запоседната од диви пазарџии и од собирачи на стара хартија, е расчистена и оградена


Почнува изградбата на првиот луксузен хотел од синџирот "Резидор". Градежната парцела од 5000 метри квадратни зад Рамстор, на улицата Железничка, којашто до неодамна беше запоседната од диви пазарџии и од собирачи на стара хартија, се оградува и се подготвува за почеток на градежните работи. Теренот треба да се исчисти и да се изврши геомеханичко испитување на земјиштето, по што ќе следува ископот на темелите.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека инвеститорот ги добил сите потребни документи заедно со дозволата за градба од општина Центар и Град Скопје, но не посочуваат кога ќе почнат конкретните градежни активности бидејќи за тие термини одлучува самиот инвеститор".

Хотелот ќе го гради британската компанија "Резидор Хотел Груп", која минатата година победи на јавното наддавање за оттуѓување на државно градежно земјиште и за 41.905.000 денари стана сопственик на земјиштето. Целата инвестиција чини 45 милиони евра.

Иако официјалниот проект не е јавно презентиран, се најавува дека објектот за хотелот со пет ѕвезди од брендот Радисон ќе има интересно архитектонско решение со 130 соби, 15 претседателски апартмани, десет луксузни апартмани, конференциски и банкет сали, ресторан, бар, фитнес, спа-центар, базен ...

Компанијата "Резидор хотел груп" поседува повеќе од 300 хотели од брендовите "Радисон САС", "Парк ин", "Реген кантри" со 60 илјади оперативни соби во околу 50 држави во светот. Има над 25 илјади вработени, а во хотелите годишно престојуваат над 13 милиони гости.
Влезот на Резидор во Македонија, Владата го најавен како значајна странска инвестиција која директно ќе влијае на економскиот раст на РМ, ќе отвори нови работни места, а ќе ги зголеми и туристичките капацитети во главниот град на земјава.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D4333F0E2C1F794C928E6A69E3C334DB

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Jun-2008 at 00:46
Деспина пак нешто измешала Roll%20eyes

Изградбата на новиот хотел затвори половина од паркингот зад „Рамстор“

Инвеститорот се' уште нема градежна дозвола, оградува врз основа на дозволата за локациски услови

Деспина Трајковска

Половина од паркингот „Македонија“, зад ТЦ „Рамстор“, во наредните две години ќе биде затворен поради активностите околу изградба на ексклузивен хотел од синџирот „Резидор“. Корисниците на паркиралиштето со кое стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе имаат можност да се паркираат на стотината преостанати места. Од претпријатието велат дека прашање на ден е кога паркингот ќе биде затворен и додаваат дека за тоа веќе се информирани корисниците кои имаат месечни и годишни билети. Тие, според одговорните од „Градски паркинг“, ќе можат со истите билети да се паркираат спроти „Нова Македонија“ или, пак, на јавниот паркинг кај „Макпетрол“.

„Во случај на граѓаните да не им одговара оваа опција, парите ќе им бидат рефундирани“, вели Љупчо Јованов, директор на ЈП „Градски паркинг“, кој нема сознанија до кога паркиралиштето „Македонија“ ќе биде со преполовен капацитет. Но, со оглед на тоа дека инвеститорот има рок од две години да го изгради објектот, голема е веројатноста и паркингот да не работи подолго време.

Инаку, деновиве интензивно се оградува просторот на кој треба да се изгради ексклузивниот хотел, врз основа на добиената дозвола за локациски услови. Иако неодамна од Министерството за транспорт и врски информираа дека инвеститорот ги добил сите потребни документи за градба, вчера од Општина Центар рекоа дека е при крај постапката за издавање на градежната дозвола. Инвеститорот се' уште не ги уплатил потребните комуналии на сметка на Градот, кои според пресметките изнесуваат околу 100 милиони денари.

Сопственик на земјиштето со површина од 4.930 квадратни метри стана фирмата ХЛХ МАЦ ЛЛП, која на јавно наддавање понуди 8.500 денари за квадрат. Според најавите, хотелот ќе има пет ѕвезди, 130 соби, 15 претседателски апартмани, десет луксузни апартмани, конференциски и банкет-сали. Во ексклузивниот објект ќе има и ресторан, бар, фитнес, спа-центар и базен.


Извор: Утрински


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Aug-2008 at 04:46

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ЗАД РАМСТОР

На 26 август ќе се удрат темелите на Радисон

 
Изградбата на хотелот кој ќе го носи името на еден од брендовите "Радисон САС", "Парк ин", "Реген кантри" ќе заврши за две години



Темелите на луксузниот хотел зад Рамстор, кој ќе гради британскиот хотелски синџир "Резидор САС" ќе бидат удрени за десетина дена, поточно на 26 август, дознава Вечер од извори во Министерството за транспорт и врски. Истите извори говорат дека подготовките на теренот се при крај, направено е геомеханичкото испитување на земјиштето, а минатиот месец завршиле и сите административни процедури во Општина Центар и Град Скопје за добивањето на градежната дозвола. Тоа значи дека инвеститорот е обврзан со изградбата на објектот да заврши најдоцна за две години.
Ексклузивниот хотел со пет ѕвезди ќе го носи името на еден од брендовите Радисон САСС, Парк инн, Реген кантрии кои што ги поседува Резидор САСС, а којшто атрактивната парцела од 5000 квадрати на улицата Железничка во центарот на Скопје ја купи на јавно наддавање за цена од 8500 денари по квадрат.


- Хотелот од групацијата "Резидор", кој ќе биде изграден согласно со меѓународните стандарди во хотелиерството и туризмот, со што се овозможува влез на нова инвестиција, која директно го поттикнуваа економскиот раст, создава нови работни места и ја збогатува туристичката понуда во главниот град - информираат од Министерството за транспорт.
Иако официјалниот проект не е јавно презентиран, се најавува дека хотелот ќе има интересно архитектонско решение, ќе биде на шест ката и поткровје со 130 соби, 15 претседателски апартмани, десет луксузни апартмани, конференциски и банкет сали, ресторан, бар, фитнес, спа-центар, базен ... Целата инвестиција чини 45 милиони евра.
Компанијата Резидор хотел групп поседува повеќе од 300 хотели со 60 илјади оперативни соби во околу 50 држави во светот. Има над 25 илјади вработени, а во хотелите годишно престојуваат над 13 милиони гости.

Елизабета АРСОСКА


http://vecer.com.mk/?ItemID=D4E2C6993A312E40BE1FFA43ACA22FB1
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4605
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Aug-2008 at 13:58
lslcrew каде е зградата на првата слика?
некако ме плаши бидејќи очекувам нешто помодерно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Aug-2008 at 15:03
Zabegan знаев дека некој ќе праша ова. Таа зграда не е рендер него е некој хотел на резидор у странство, сега неможам да ти кажам пошто резидор има 500+ хотели низ свет. Инаку не гледам причина да те плаши сликата зашто и ваква зграда би му дошла добро на Скопје. Досега сеуште нема рендери излезено нити прилично у кој стил ќе биде. Еве денес, утре ќе биде камен темелник па очекуваме да истакнат и рендер.
Back to Top
Shopgirl View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Aug-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Shopgirl Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Aug-2008 at 23:13
Зoшто баш хотел на токму оваа локација?
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 151
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Aug-2008 at 23:33
Многу бараки срушија за да се изгради овој објект,мислам дека сите бараки беа диво поставени и ниту една не е обештетена.Прекрасно ќе делува хотелот Резидор на оваа локација (строг центар на градот),само уште да ја обноват и старата железничка станица и прекрасно ќе делува тој дел од градот.Thumbs%20Up
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Aug-2008 at 11:14
Originally posted by Shopgirl

Зoшто баш хотел на токму оваа локација?


Зошто што би ставила ти на таа локација? Како го гледаш тој дел од градот?

@Cibi ништо не било диво во тој дел од градот, едноставно тоа беа времени објекти од после земјотресот кои требале да се отстранат уште пред многу време. Конечно и имаме причина за тоа Cheers


Edited by pbanks - 18-Aug-2008 at 11:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Aug-2008 at 02:28

Изградбата на хотел и на трговски центар зад „Рамстор“ таинствена

Фирмите-инвеститори не соопштуваат детали за новите градби во срцето на Скопје

За 26 август е најавено поставување камен-темелник на луксузниот хотел што ќе се гради во центарот на Скопје, зад трговскиот центар „Рамстор“, иако засега никој со сигурност не може да каже како ќе изгледа објектот. Градилиштето веќе извесно време е заградено и на него се вршат подготвителните работи, но нема информативна табла со името на инвеститорот и на изведувачот, ниту пак со изгледот на објектот.

Познато е дека локацијата за хотелот на јавно наддавање организирано од Министерството за транспорт и врски ја купи фирмата ХЛХ МАЦ ЛТД која, наводно, има лиценца да гради хотели од брендовите „Радисон“, „Парк ин“ или „Реген кантри“. Засега, фирмата инвеститор нема официјално соопштено што, всушност, ќе се гради во срцето на Скопје, а во јавноста се познати малку детали дека тоа ќе биде луксузен хотел на шест ката со апартмани, конференциски и банкет-сали, спа-центар, ресторани и друго.

Веднаш до хотелот, Министерството за транспорт и врски на јавна лицитација продаде и локација на која треба да се гради трговски центар. Земјиштето го купи фирмата „Елан пропертис“, која исто така, се' уште не соопштила детали за проектот што треба да го реализира.

Изградбата на двата објекта во центарот на градот се чува во тајност и во Министерството за транспорт и во Општината Центар, од каде што соопштија само дека двете фирми добиле дозвола за градба во јуни. Интересно е тоа што, иако се работи за две различни лицитации и две посебни фирми кои треба да инвестираат во сосем различни објекти, зад „Рамстор“ има заградено само едно, големо градилиште. Причина за тоа е фактот што и двата објекта ќе ги гради фирмата „Гема инженеринг“. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BCB2BCF4E7AA3F43B925A64E859D3C2C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Aug-2008 at 19:42




Edited by lslcrew - 26-Aug-2008 at 00:07
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.