build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТЦ Зебра

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
1 [2.63%]
1 [2.63%]
0 [0.00%]
6 [15.79%]
1 [2.63%]
3 [7.89%]
2 [5.26%]
12 [31.58%]
9 [23.68%]
3 [7.89%]
You can not vote in this poll
Total votes: 38   Average: 3.87

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТЦ Зебра
    Posted: 18-Sep-2007 at 19:17
Angry
 
Жители од населбата Капиштец утрово со возила ја блокираа улицата Васил Ѓоргов
Жителите од населбата Капиштец утрово повеќе од два часа ја блокираа улицата Васил Ѓоргов незадоволни од одлуката на општина Центар на местото на зелената површина со детски игралишта и паркинг простор да гради катна гаража. Велат дека изградбата на гаражата еколошки ќе ја загрози и вака загадената населба, а преку 300 станови во наредните три години додека се гради гаражата ќе останат без паркинг простор.
 
Тие обвинуваат дека плацот од 7.000 метри квадратни во 2003-тата година му бил продаден на сопственикот на Тинекс маркети Владимир Тодоровиќ преку сомнителна спогодба по ниска цена. Од општина Центар денеска тврдат дека плацот е даден на тендер а објектот предвиден во деталниот урбанистички план. Ќе биде помал од сега заградениот простор со што ќе остане дел за детско игралиште и зелена површина – велат од општината. Граѓаните пак остануваат на своето барање и велат дека ќе протестираат се додека општината не ја смени одлуката.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Sep-2007 at 00:21
Еве уште мудрости од пред некој ден кога настана целава работа.



http://dnevnik.com.mk/?itemID=8FFB2928F14D974580F6753589E996BA&arc=1

ВО КАПИШТЕЦ СЕ ГРАДИ НА СЕКОЈ СЛОБОДЕН ПРОСТОР

„Тинекс“ гради катна гаража, соседите протестираат

Инвеститорот има градежна дозвола за деловен објект, а жителите на Капиштец бараат да се промени урбанистичкиот план и на тоа место да се гради училиште

Фирмата „Тинекс“ деновиве почна да гради деловен објект со катна гаража спроти управната зграда на „Жито лукс“ во населбата Капиштец, а жителите од околните згради викендов протестираа против изградбата, со образложение дека на тој простор им било ветено училиште или градинка. Од Општина Центар велат дека според детаљниот урбанистички план за Капиштец на локацијата е предвиден деловен објект. Според надлежните, инвеститорот има градежна дозвола и ги уплатил парите за комуналии, со што може непречено да гради.

Сопственикот на маркетите „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, вели дека на просторот ќе гради комплекс од деловни простории, маркет и катна гаража со 500 места.

- За намената на деловните простории дополнително ќе размислуваме. Локацијата ја купив на лицитација пред три години. Целиот проект е во согласност со детаљниот план, се' е како што налагаат законите - вели Тодоровиќ.

Авторот на проектот, архитектот Драги Зафиров, објаснува дека катната гаража ќе биде скриена во објектот и нема да се гледа однадвор.

- Ќе се гради на површина од 18 илјади квадратни метри, а објектот ќе биде висок 13,5 метри. Катната гаража ќе има еден кат под земја и два над и ќе биде поделена на неколку полунивоа. Објектот ќе биде готов за една година - вели Зафиров.

Инвестицијата ќе чини околу 12 милиони евра. Тодоровиќ вели дека предност за користење на гаражата ќе имаат вработените во објектот, посетителите и жителите од соседните згради, кои ќе имаат можност и да ги откупуваат местата за паркирање за подолг период. Тој додаде дека паркингот нема да биде бесплатен, но ќе може да го користат сите граѓани.

Жителите се против изградбата на објектот, бидејќи како што велат, тој ќе им го одземе слободниот простор пред зградите и децата ќе нема каде да играат.

- И лани сакаа да градат на оваа локација, но ние собравме 500 потписи и ја спречивме градбата. Кога ги купувавме становите пред две децении ни кажаа дека на тоа место ќе се гради училиште или градинка. Градоначалничката на Центар, Виолета Аларова се однесува како Капиштец да е нејзин двор. Ние не сме против инвеститорот, туку сме против Општина Центар, која носи несоодветни урбанистички решенија, кои се спротивни на Генералниот урбанистички план - вели Илија Димитриев од Капиштец.

Жителите ќе испратат писма до сите надлежни институции со барање да се промени урбанистичкиот план, а со допис ќе се јават и до Антикорупциската комисија. Тие повторно ќе собираат потписи во надеж дека тоа ќе има ефект кај надлежните.

- Ќе се задушиме овде. Имаме маркети колку сакаме, не ни треба уште еден. За да биде функционална катната гаража, треба да има приод од најмалку две главни улици. Оваа се гради на споредни улички и ќе предизвика метеж. Градоначалничката Аларова со месеци не сака да не' прими и да го чуе нашето мислење. Таа како воопшто да не е со своите сограѓани - се жалат жителите на Капиштец.

Марија Тасев



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=140429&idg=7&idb=2163&rubrika=Skopje

ЖИТЕЛИТЕ НА КАПИШТЕЦ ИСПЛАШЕНИ ДЕКА И КАЈ НИВ ЌЕ НИКНЕ КИНЕСКИ SИД
Катната гаража ќе не задуши
Жителите бараат да се намали катноста на гаражата и нејзиниот влез место на Народен фронт да биде на Васил Ѓоргов

Жителите од Капиштец не сакаат во нивната населба да се гради катна гаража, која ќе се гради спроти дирекцијата на "Жито лукс" на аголот меѓу улиците Народен фронт и Васил Ѓорѓов. Тие вчера се собраа во Општина Центар со барање Општината или да го смени Деталниот урбанистички план Капиштец, каде уште во 2001 година било предвидено да се гради катна гаража, или пак инвеститорот да ја намали катноста на објектот, кој ќе биде висок 17 метри.
"Ќе немаме зеленило. Меѓу зградите ќе ни изградат уште еден кинески sид. Од една страна се душиме со бензинската кај Автомото сојузот, а од другата страна сега и со катната гаража. Знаеме дека инвеститорот е чист и дека ги има сите потребни документи за градба, но ако може да ја намали висината на објектот, бидејќи ќе го задуши целиот простор", велат жителите од Капиштец.
Тие побараа инвеститорот Владимир Тодоровиќ, сопственик на синџирот маркети "Тинекс" и на фирмата "Антера", која во 2003 година го купила земјиштето на јавно наддавање, во проектот за изградба на гаражата да го смени влезот во неа.
"Ако може влезот да биде на улицата Васил Ѓорѓов, а не тој да е од страната на зградите, бидејќи нема да можеме да дишеме ниту пак дете да пуштиме надвор", велат жителите на Капиштец.
Земјиштето кое газдата на "Тинекс" го купил за да гради катна гаража зафаќа површина од 7.200 квадратни метри, а гаражата ќе се гради на површина од 3.200 квадратни метри. Таа ќе има приземје и три ката, и треба да има околу 500 паркинг места. На приземниот дел ќе има дуќани, додека во подрумскиот дел, јадрото на објектот и на катовите места за паркирање. Тодоровиќ објасни дека детското игралиште што сега се наоѓа на неговата парцела нема да го урива, бидејќи и по ДУП таму е предвидено игралиште и дека околниот простор ќе го уреди со зеленило.
"Мене не ми пречи да го сменам влезот во објектот, но според правилата влез во катна гаража од главна улица не е дозволен", рече Тодоровиќ.
Тој објасни дека во тек се подготовките за отпочнување на градежните активности и дека за една година треба да ја изградат катната гаража.
Револтираните жители и сопственикот на земјиштето ги прими градоначалничката на Општина Центар Виолета Аларова. Таа им објасни дека катната гаража со висина од 17 метри е предвидена во планот од 2001 година и дека сега е доцна за какви било интервенции.
(Е.А.)




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Sep-2007 at 00:22
Еве го целиот реон. Спорната локација е одбележана со жолта точка затоа што не сакам да навлегувам во претпоставки за проекцијата на објектот.





Еве ја спорната локација зголемена:




Ужасно се нервирам од вакви теми, ама сепак сакам малце подетално да се осврнам на некои работи.

Одма да кажам дека не го бранам проектот (затоа што не знам скоро ништо за него), ама дека сум апсолутно против мотивите и методите на „загрижените граѓани“. Исто така да кажам дека имам силни про-еколошки гледишта, дека сакам зеленило и „хуман“ град, ама дека ставовите на оваа група граѓани воопшто не оди во прилог на гореспоменатите вредности - токму напротив.


За почеток да ја анализираме ситуацијата:

1. Веќе од сателитската снимка секој нормален може да увиди дека на таа локација е најрационално нешто да се изгради, а дека е сосема нелогично да се остави така.
2. Со ДУП-от ништо не е спорно.
3. Инвеститорот ги има сите потребни дозволи.



Ајде сега малце да ги анализираме „аргументите“ на групата „загрижени граѓани“

1. Загрижени се за „зеленилото“

- За какво ли зеленило зборуваат? Па и од сателитската снимка се гледа дека тоа е запуштена пољана со уништена трева и само едно дрво. Тамошните жители не само што ја газеле тревата правејќи пешачки патеки, туку создале и неколку правливи „сообраќајници“ низ спорната локација, безобзирно поминувајќи со своите моторни возила. Тоа што го направиле нека им служи на чест. Ама нека не се обидуваат сега да се прикажат како заштитници на зеленилото. Нека не се обидуваат да ја претстават запустената пољана како некое невидено богатство. Конечно, нека престанат да глумат дека имаат некаква граѓанска свест.

Нејсе... Квалитетно зеленило во градот може да добиеме само со добро планирање и грижа за истото. Вакво „зеленило“ што сега као го бранат, подобро да има што помалку. Сакам да имаме многу зелени површини низ градот, ама нивната локација, улога, карактеристики и сл. мораат да бидат добро осмислени. Ако се оди само на квантитет од наводно зеленило - се оди кон рурализација на градот.

Остатокот од локацијата веројатно опфаќа и дел од паркингот. Да се изгради катна гаража на место на површински паркинг е секако многу поефикасно и поеколошки. Особено на место каде што паркингот е хроничен проблем. Се надевам дека многу повеќе подземни и катни гаражи ќе никнат низ градов - со тоа не само што би се решавал проблемот со паркирањето, туку би се ослободиле и големи површини кои толку неефикасно и нееколошки се користат за површински паркинзи. Недозволеното паркирање да не го ни споменувам.

2. Загрижени се дека ќе се „задушеле“ - демек страшна работа ги снашла: од една страна катна гаража (иако се работи за низок деловен објект кој што само вклучува катна гаража), а од друга страна бензинска пумпа.

- Прво бензинската е прилично далеку, а за катните гаражи веќе образложував. Второ, бензинската сигурно била таму долго време пред да се вселат „бунтовнициве“, така да ако не им одговарало не морало баш тука да купат станови. Трето, за тоа што се гушат нека не бараат ирационални  објаснувања - причините нека ги бараат во крнтиите од автобуси на пример. Или во закрчениот сообраќај за кој во голема мерка се одговорни токму слични вакви ставови кои го саботираат ефикасното решавање на сообраќајните проблеми. Или уште поинтересен пример во кој што најверојатно учество земале и некои од нашиве бунтовници - правење ајвар позади зграда. Деновиве баш е во мода... Тоа нели ги гуши? (и нив и тие што мора да трпат такви будалаштини во најурбаните делови од Скопје)

Не можам да сватам дали овие луѓе се свесни дека живеат во град. Ако до толку не можат да се прилагодат, нека се преселат во село, затоа што според нивниве гледишта веројатно само на село би им било се ОК.  Ама уште повеќе збунува фактот што овие луѓе свесно купиле станови во 20-катници. Да не спомнувам дека се практично во центар. Кого се обидуваат да го фарбаат сега? Не беа свесни за недостатоците на таков живот? А од друга страна имаат многу поволности. Ама они изгледа би сакале само поволности да имаат, а негативни страни да нема. Епа такво нешто не постои... Сами си го направиле изборот и нека се соочат со тоа - па макар и да е лош како што тврдат.

3. Загрижени се дека децата ќе немало каде да играат.

- Ја имам многу пати со свои очи видено спорната локација и не сум ја запамтил баш како место каде што си играат деца. Јас лично не би пуштил дете да игра на таа запуштена и исушена пољана. Безобразното каубојско минување со возила по таа површина доволно зборува за тоа дека не само што не се работи за детско игралиште, туку е и одличен индикатор за искреноста на мотивите на тамошните жители. Оние правливи улички низ „зеленилото“ не се направиле самите. Нормално - тоа што е правливо кога е суво, станува калливо кога е влажно... И како капак на се, од време на време по некоја ќеса ѓубре ќе слета, фрлена од 15-ти спрат на пример... Идеално место за детска игра нели...

4. Загрижени се дека е спорна денационализацијата и плус тендерот.

- Навистина не знам дали се спорни или не. Ама дегутантно ми е нивното душегрижништво околу овие прашања. Еве ако се покаже дека се во право за ова и целата процедура да се преиспита и повтори... Демек нема да се бунат кога друг инвеститор ќе гради сличен објект?

5. Бараат на местото да се изгради училиште.

- А зарем училиште нема да им го зафати наводно „единствениот слободен простор“ како што го опишуваат?  Ова е само доказ колку се контрадикторни и бесмислени нивните аргументи...

Дали има воопшто потреба да се гради училиште во тој реон? Ако има потреба, дали евентуално тоа не е планирано на некоја поприкладна локација во близината? Дали „бунтовниците“ се засегнати од вакви „ситници“, или единствено им е важно да ги протуркааат своите ирационални барања, без разлика на се?

6. Загрижени се за функционалноста на катната гаража... Аргументот им е: „За да биде функционална катната гаража, треба да има приод од најмалку две главни улици“

- Кога ќе обелоденат од кај го ископаа ова правило, тогаш ќе коментирам... Нормално, би било корисно и да дефинираат што подразбираат под терминот главна улица.

Исто така интересно би било да се знае дали се запознаени со тоа како е планиран Јужен Булевар со своите колекторски/дистрибуторски улици (така е планиран уште многу пред тие да се вселат). Кога еден убав ден ќе дојде време за негова градба, какво ли востание ќе дигнат против овој за градот апсолутно неопходен проект.



Тешко нас со вакви ставови Angry


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2007 at 23:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Oct-2007 at 16:57
povtorno stravoten render od ova malku sto se gleda od slikava. Da se nadevame deka povtorno problemot e vo renderot kako vo nekoi drugi slucai, oti bojava na stakla ne vetuva mnogu.
 
Ako nekoj pomine tamu denovive neka slikne, imaat postaveno tabla
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Oct-2007 at 22:21
eve go celiot objekt... ova ko da e istata firma sto go ima praveno noviot strumicki pazar. neznam sto da kazam vaka na renderov ne mi se svigja. I podkrovja na delovni objekti pocnaa strasno da me nerviraat.
 


Edited by pbanks - 07-Oct-2007 at 22:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Oct-2007 at 22:34
Ни мене не ми се свиѓа.

Не е многу лош, веројатно просечен за нашава средина... Ама токму тоа е проблемот - просекот ни е многу низок. Ретко се разбива клишето на "cheap" дизајни. Кога викам "cheap" нормално не ми е зборот за цената на проектот... По нашки најверојатно најдобро би се опишало како „малограѓанска архитектура“

Ако ништо друго научивме како се вика проектов.


Edited by Cloverstack - 07-Oct-2007 at 22:36
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Oct-2007 at 09:41
Interesno izgleda. Ama mozhea uste poveke da napravat za izgledot.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Oct-2007 at 15:52
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1222&ArticleID=78656


СПРОТИ ДИРЕКЦИЈАТА НА „ЖИТО ЛУКС“ ВО КАПИШТЕЦ
Поставен камен-темелникот на катната гаража

Премиерот Никола Груевски и Владимир Тодоровиќ, сопственикот на маркетите „Тинекс“, вчера го поставија камен-темелникот на новата катна гаража, која ќе се гради спроти дирекцијата на „Жито лукс“ во населбата Капиштец. Темелите ги освети г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква, а на свеченото почнување на изградбата присуствуваа и Михајло Маневски и Миле Јанакиевски, министрите за правда и транспорт и врски. - Катната гаража сама по себе претставува груба градба. Затоа, во проектот е предвиден деловно-комерцијален објект. Гаражата ќе биде сместена во средишниот дел и ќе собира 500 возила, ќе има супермаркет и дваесет деловни локации, кои се надевам дека ќе ги задоволат потребите на граѓаните. Објектот ќе се гради на површина од 3.500 квадратни метри - рече инвеститорот Тодоровиќ. Тој нагласи дека земјиштето е купено на јавно наддавање и дека е предвидено со Деталниот урбанистички план на општината Центар. Тодоровиќ вети дека градбата според димензиите и намената нема да отстапи од предвиденото. Според најавите, дел деловни канцеларии може да се пренаменат во хотел. - Тоа е опција што е оставена како варијанта доколку не се најде закупувач за локациите што ќе се понудат. Во секој случај се работи за мал дел од вкупната квадратура - дополни Тодоровиќ. Фирма-изведувач е „Гранит“, а проектант „Ма дизајн“. Пред околу две недели жителите со возила ја блокираа улицата Васил Ѓоргов, зашто беа против изградбата на таков објект пред нивните згради. Тие тврдеа дека општинарите и другите надлежни институции не смееле да одобрат изградба на каков било објект, без претходно да ги информираат нив. Жителите се против изградбата зашто, според нив, оваа населба била двојно погусто населена од другите населби. Тие се жалат дека градителите им го одземаат единствениот празен простор и паркинг во овој дел и стравуваат дека на тоа место ќе никне објект со поголем габарит од предвиденото. Откако просторот се огради и се претвори во градилиште, сообраќајниот метеж во оваа населба се зголеми зашто станарите се принудени да ги паркираат своите возила каде што ќе стигнат. Инвеститорот Тодоровиќ е сопственик на парцелата веќе три години, а земјиштето го добил на јавно наддавање. Тој пред извесно време рече дека тој бил единствениот инвеститор што се сретнал со жителите и им ја приложил целата документација потребна за градба. Општинарите во Центар пред околу еден месец им објаснија на жителите дека ваков деловно-комерцијален објект е предвиден во Деталниот урбанистички план за овој дел.

Р. П.





Edited by Cloverstack - 08-Oct-2007 at 15:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Nov-2007 at 16:30
Еве две тазе слики. Ова дефинитивно напредува брзо  Cheers






Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Nov-2007 at 20:19
super fotki . mozda mozes ovie da gi okacis i na SSC
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Nov-2007 at 20:36
pa mislev bolje da se prisobere pogolema kolekcija pa da stavam...

ali ako sakas slobodno stavi gi, znaes deka ne sum ja kopirajt tip LOL
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Jan-2008 at 19:52
1 Изгледа ова е изгледот што ќе гледа кон Васил Ѓоргов (долгнавестиот дел на рендерот), претходниот рендер кој го имаме погоре е страничниот дел кој гледа кон првата црвена кула. Не дека е добро но е подобро

2 Почнува да штрчи

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Jan-2008 at 19:54
еве и една вест за проектов, блокаториве не се откажуваат Ohno

Жители од Капиштец бараат да се запре изградбата на катната гаража

За случајот веќе е поведена судска постапка

Жителите на Капиштец, во чија близина на улицата „Васил Ѓорѓов“ се гради катна гаража со деловен објект, чиј инвеститор е АНТЕРА-ДООЕЛ, фирма - ќерка на „Тинекс“, бараат надлежните да му ја одземат парцелата на инвеститорот и да ги стопираат градежните активности на објектот. Како основа на барањето тие го наведуваат купопродажниот договор за земјиштето, кој според нив не е испочитуван од страна на инвеститорот. Имено, АНТЕРА одамна ги пробила роковите наведени во договорот, една година од денот на неговото потпишување да се обезбеди дозволата за градба, а шест месеци потоа да почнат активностите на терен. Како потврда за нивните наводи, жителите го приложуваат договорот кој е потпишан на 28 јануари 2004 година. Надлежните вчера не беа достапни за коментар, а одговор не добивме ниту од „Тинекс“, бидејќи правната застапничка беше службено отсутна.

Граѓаните имаат поведено судска постапка. Својот револт жителите го искажаа пред почетокот на изградбата, кога ја блокираа улицата „Васил Ѓоргов“ во близина на дирекцијата на „Жито лукс“. Но, општинарите од Центар тогаш одржаа средба со жителите и со газдата на „Тинекс“ Владимир Тодоровиќ, приложувајќи притоа документи со кои тврдеа дека изградбата е легална. (Дс.Т.)



Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Jan-2008 at 04:03
@ pbanks

Да, подобро изгледа од кај Васил Ѓоргов... Ако одбиеме од лепота ради рендерот, може и стварно добро да испадне од таа страна LOL

Ама онаа пократката страна е дефинитивно катастрофа... Кога поминав таму пред некој ден на рендерот забележав и некои округли прозорци што никако не ми се уклапаа

Suicide


А не дека сум правник, ама на „блокаториве“ очигледно им е малце касно сега за тоа да се бунат Eviltounge


Edited by Cloverstack - 20-Jan-2008 at 04:05
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Mar-2008 at 22:21
Сликава е од прилика 3 недели стара веројатно и овој објект е некаде при крај со одење во висина до сега. 


Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Mar-2008 at 23:06
Си ми го сликал Јарисот LOL
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Mar-2008 at 16:33
Еве тазе од денеска. Има тука уште едно ниво и подкровје за растење Yes

1

2

3

4

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Mar-2008 at 16:36
opasni lopovi ,KATNA GARAZA u naslov, a u pogled deloven objekt ,i taka i taka site delovni objekti bi trebalo da imaat svoj parking, taka da ete se vklopija 2 nesta sto bi trebalo da bidat 1,no , a sepak se 2 ))

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Mar-2008 at 16:44


До сега единствена вистинска катна гаража е онаа во Струмица во Глобал. Еве и оваа кај НЛБ ќе искочи изгледа пред се деловен објект.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Mar-2008 at 02:57
Originally posted by UrbanFreak

Си ми го сликал Јарисот LOL
 
Па таму ли се паркира  Poke, треба јарисот на урбанфреак да го ставиме во нишката урбано дивјаштво  Big%20smile (шала) 
Него ова со паркингот мислам лошо ќе заврши, како што изгледа уште сега нема место за паркирање а не па кога ќе се отвори објектот и еден куп други коли. Пишува 500 паркинг места, да видиме колку ќе излезат на крај.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.