build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проширувања на балкони

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Stefan Buzar View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefan Buzar Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Проширувања на балкони
    Posted: 14-Jun-2008 at 20:28
Поздрав до сите членови на форумов (кој е одличен, и одамна го следам)

Имам неколку прашања до сите вас -

Моментално работам на истражување на тема "Влијание на надворешните проширувања на станбените згради врз урбаниот простор во земјите во транзиција". Резултатите на истражувањето ќе бидат издадени во форма на научна статија која ќе биде предложена за публикација во стручното списание "Urban Studies"

Проширувањето на балкони е многу честа, би рекол доминатна појава во делови на Скопје и други градови низ Македонија. Честопати под ова "доградување" балкони се подразбира целосно проширување на зградата со додавање и на нови целосно преградени простории.

Се што знам досега е дека порано оваа постапка била регулирана преку подрачните единици на Министерството за транспорт и врски. Потребна била согласност од сите станари во еден влез, при што се поднесувала молба до Министерството за "реконструкција на фасадите" на зградите, која подразбирала и проширување на балконите. Ваквите зафати можеле да бидат одобрени само под услов да не го "нарушуваат архитектонскиот и естетскиот концепт на објектите".

Меѓутоа, сега правната процедура веројатно е променета поради децентрализацијата. Исто така, не ми е јасно како може да биле одобрени некои од постојните проширувања (посебно на пр. во Карпош 4) - буквално на некои згради се додава уште цела една цела зграда до неа. Не само што е нарушен естетскиот изглед туку (веројатно) и статиката на објектот.

Затоа, во потрага сум по одговори на следните прашања:

- Дали некој од вас е запознаен со правната регулатива во овој домен (посебно имајќи го во предвид пренесувањето на надлежностите кон општините) - дали адекватно е предвидена плановите и законите? Имам впечаток дека се користи некаква правна дупка за да бидат изградени.

- Дали имате некои информации или мислења за односот на надлежните власти кон оваа појава? Имам впечаток дека се толерира се, без некое посебно размислување за долгорочните последици - по сеизмиката на објектите, но и по можноста за нивна замена со нови (на многу од "руските" панел-згради во Скопје полека им минува рокот на траење!)

Буквално сум на почеток на истражувањево така што секакво мислење или информација се добредојдени. Но истовремено е и интересна тема за дискусија – посебно затоа што има големи влијанија врз употребата и изгледот на урбаниот простор.

Поздрав,
Стефан Бужаровски – Бужар (Универзитет во Бирмингем)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Jun-2008 at 23:33
имаме веќе ваква тема. побарај урбано дивјаштво.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Jun-2008 at 23:35
Здраво Стефан Cheers

За првото прашање кое го поставуваш немам одговор но претпостаувавам дека си во право кога велиш дека процедурата сега се тера преку локалната самоуправа (логично со оглед на тоа дека сите градежни дозволи идат на тој начин). Може да се потрудиме и да најдеме одговор на ова.
Искрено не верувам дека се користи некоја правна дупка. Можеш ли да образложиш зошто го имаш тој впечаток? Веројатно постои некоја регулатива под кои услови и на кој начин може да се прават овие екстензии и реновирања но не верувам дека таа се зема премногу во предвид. Незнам дали постои дискусија за ова прашање на академско ниво но во пошироки рамки во јавноста, во медиумите ова (за жал) и воопшто не се третира како отворено прашање иако како што и самиот велиш последиците од ова се далекусежни и тоа од повеќе аспекти од естески до сигурносен. Значи со ова на некој начин давам одговор (т.е.) мислење околку твоето второ прашање а тоа е дека надлежните воопшто не се заинтересирани околу овој проблем и не сум сигурен дека воопшто го перципираат како проблем.

Мое мислење е дека вакви проширувања воопшто не треба да се дозволуваат под никакви услови. Во поразвиени општества поставување на клима уреди  е строго регулирано т.е. забрането а каму ли вакви суштински интервенции. Искрено незнам како би се спровело тоа кога сигурно повеќе од пола балкони во градов се во најмала рака затворени со алуминиумски прозорци. Се работи за феномен на ниво на епидемија и што е најстрашно не се случува само на старите дотраени згради туку често гледам нови објекти кои само месец дена по пуштањето во употреба имаат разни израстоци или модификации.

Инаку одлична тема за дискусија Cheers. Истотака тема каде што има доста за документирање. Неколку примери веќе имаме документирано во нишката Урбано дивјаштво.


Edited by pbanks - 14-Jun-2008 at 23:36
Back to Top
Stefan Buzar View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefan Buzar Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Jun-2008 at 15:02
Здраво

Фала эа брэиот одговор - јас сум веќе во потрага по регулативата но ако некој има соэнанија би го поканил да ги сподели (во секој случај се што ќе доэнаам ќе постирам на форумов ако има дискусија)

Колку што энам эа прашањево не постои дискусија скоро никаде, барем нема ништо објавено. А сметам дека е правна дупка эатоа што эаконот веројатно не предвидел дека луѓево ќе доградуваат цели эгради паралелно на старите (а сепак се користат постоечките одредби). Инаку би била потребна промена на урбанистичките планови.

Интересно е прашањето колку е ова негативна појава. Дефинитивно иэгледа многу грдо, се нарушува естетиката на објектите. Што е многу пострашно, најверојатно се прави на сметка на функционалноста на јавниот простор, и асеиэмичноста на эградите. Од друга страна, на многу луѓе им го подобрува стандардот на живеење бидејќи се эголемува станбениот простор.

С.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Jun-2008 at 15:14
Стефан, добредојде и од мене Cheers


Феноменов за кој што зборуваш за жал е само еден од широкиот спектар на урбано дивјаштво кај нас.


Искрено немам никаков одговор на твоето прво прашање (иако и мене ме интересирала таа тема), но во хаосот што владее кај нас, добри корисни одговори за такви теми е речиси невозможно да се добијат. А тие што ги поседуваат одговорите веројатно се водат од некои сосема различни мотиви и интереси него што е јавниот интерес.



Дали имате некои информации или мислења за односот на надлежните власти кон оваа појава? Имам впечаток дека се толерира се, без некое посебно размислување за долгорочните последици

Односот се гледа на терен... Каква и да е регулативата, на крај се сведува на твојот заклучок дека се толерира практично се... Тука мислам дека е и суштината - проблемот е во нашиот менталитет. Според мене уште самата желба за таква драстична импровизаторска интервенција врз колективен станбен објект е значаен индикатор за општеството, а камо ли неговата реализација. Се плашам дека во вакво општество каде преовладува ваков менталитет, дури и со постоење на добра регулатива, ситуацијата немаше да биде многу поразлична. Ваквите општества наоѓаат начини да се изиграат самите себеси и во ваквите општества регулативата често служи само за украс.

Конкретно за негативните последици, долгорочно сигурно дека ќе бидат големи... Единствено за естетиката, во одредени случаи, вакви комплетни доградби имаат извесно позитивно влијание. На пример во Мичурин, стриот изглед беше ужасен, а сега е подобро. Не велам дека се некои убавици (иако сум чул и такви мислења Crazy), едноставно не се толку лоши како порано.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jun-2008 at 08:55
Originally posted by Stefan Buzar


Интересно е прашањето колку е ова негативна појава. Дефинитивно иэгледа многу грдо, се нарушува естетиката на објектите. Што е многу пострашно, најверојатно се прави на сметка на функционалноста на јавниот простор, и асеиэмичноста на эградите. Од друга страна, на многу луѓе им го подобрува стандардот на живеење бидејќи се эголемува станбениот простор.

С.


Мислам дека квалитетот на животот не им се зголемува значителни со тие неколку плус квадрати кои ќе ги добијат додека севкупните негативни последици се огромни (во комбинација со класичната урбана мафија).

Школски пример ни се Атина и Солун, градови каде што луѓето со слични мотиви ги унаказиле тие градови во 60-70 па и 80 години со нивните Polikatikies и денеска кога се побогата земја трошат огромни пари за да ги исправат грешките од минатото што во пракса се покажува како многу тешко.

Најстрашното според мене е што Скопје ја имаше шансата да почне од 0 и ја имаше поставено рамката за тоа но во континуитет урбаниот простор се деградите и тоа и од граѓаните и од надлежните (последните сообраќајни "решенија" за Скопје наведуваат во тој правец).

Малку забегав од темата но поентата ми беше дека доградбите не смеат да се случуваат и дека нивниот евентуален позитивен ефект е незначителен спрема негативниот.

Cheers
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Dec-2008 at 18:12
ЗГРАДИТЕ СЕ ПРОШИРУВААТ СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА
Маскенбал од балкони низ Скопје

Роза Петкова

Застаклени балкони, а во становите до нив карабини од недовршените тераси додека соседот од приземје во тревникот си направил влез со скали до својот стан е шареноликиот изгледа на зградите во градов. Иако изградени пред многу години, а поради актуелната локација близу центарот на Скопје, балкони се прошируваат и надоградуваат секојдневно. Често никнуваат и цели катови со целосно нова конструкција. Кај тие згради најчесто не е ставена ниту фасада, па покрај видливите дупки кои зјаат онаму каде што не се доправени балконите, тоа е дополнителна причина за грдиот изглед. Најчесто интензивно се доградува во населбите Карпош 1, 2 и 3, каде што речиси секоја зграда е проширена со надоградби. Иако реконструкциите се почнати пред неколку години, поголем дел од нив се уште не е завршен. Од Општината Карпош објаснуваат дека процедурата за да се доградуваат постојни објекти бара тоа да биде дозволено со детален урбанистички план и фирмата-инвеститор да добие согласност од 51 процент од станарите. - Можноста за проширување се дозволува со ДУП за да се подобри стандардот на живеење на граѓаните и да им се овозможи поголем простор бидејќи се работи за станови од 50 квадратни метри. Таму каде што постојат услови се дозволува проширување на балконите. Жителите што немаат пари во моментот ќе ги доградат кога ќе имаат - велат од Општината. За направени интервенции на еднаш веќе проектирани и изградени објекти се поставува прашањето за нивната издржливост особено во случај на земјотрес. Градежниците посочуваат дека е неопходно за секој објект да биде изработена студија за сеизмичката отпорност, но не сакаат да шпекулираат дека стручните мислења се издаваат туку-така, иако и тоа не го негираат. - Законот за градба предвидува да се направат одредени проекти кои претходат на издавање на дозволата за градење. Секако дека она што го гледаме на терен како неубаво и грдотија треба да се доврши. Некаде и циглата се користи како фасада, па таму не мора да се бојадисува, но оној дел што е бетон мора да се заштити, за да не за‘рѓа арматурата. Треба да се внимава балконите да не одземаат премногу од просторот определен за зеленило - објасни Грозде Алексовски, професор на Градежниот факултет. Застаклувањето на балконите, пак, без оглед дали се прави на постојната или на надоградената тераса, законски е недозволено и градежните инспектори треба да го санкционираат со решение за уривање. - Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, затворањето на балконите е бесправно и општинскиот инспектор интервенира и во определен законски рок му наложува на сопственикот да ги отстрани додадените материјали - објаснуваат од Карпош.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1569&ArticleID=103554

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Nov-2009 at 16:28
Насловот е тотално несоодветен. Ова е пре капитулација него ставање под контрола, а општината веројатно се полакомила и по средствата што ќе ги собере за дозволи. Во бајките за тоа како ќе се контролирало и како ќе изгледало не верувам!

Епидемијата се шири, а згора на тоа од властите се верификува дури и на нови згради во плански населби-целини.

Зошто секогаш за ситен ќар сме спремни да направиме голема штета?
(ова се однесува и на поединци кои се склони кон вакви крпеници и на надлежните кои и формално сега стануваат соучесници)

Thumbs%20Down

Доградбата на тераси во Аеродром под контрола

Според градоначалникот Ивица Коневски, целта на оваа одлука не е да направат шаренило од Аеродром, туку да воведат ред, затоа што сите доградби ќе мора да бидат исти и во согласност со архитектурата на зградата

Жителите на Аеродром што во минатото на своја рака ги прошириле или доградиле терасите, балконите или лоѓиите во становите ќе имаат можност да добијат одобрение од општината за преадаптацијата на просторот. А сите што во иднина ќе сакаат да ги доградат терасите, тоа ќе може да го направат во контролирани услови. Ваква одлука завчера изгласа Советот на Општина Аеродром по иницијатива на градоначалникот Ивица Коневски.

Образложението на градоначалникот за оваа одлука е дека граѓаните во минатото и да сакале не можеле да добијат дозвола за изградба на тераси, а сепак ги изградиле.

- Целта на оваа одлука не е да направиме од Аеродром шаренило и урбанистички хаос, напротив, со оваа одлука ќе воведеме ред. Сега, според мене, не е во ред да се уриваат терасите или балконите што веќе се доградени. Но, затоа следните што ќе се градат, ќе бидат со дозвола од општината. Граѓаните што ќе сакаат да ги прошируваат терасите ќе треба да достават проект што треба да биде одобрен од секторот за урбанизам. Со проектот нема да смее да се нарушува изгледот на основниот објект и околината. Исто така, за доградбата на граѓаните ќе им требаат потписи со согласност од 51 отсто од соседите - изјави градоначалникот Коневски.

Тој додаде дека ова ќе биде големо олеснување за оние што имаат потреба пофункционално да го искористат просторот и дека ова е единствен ваков пример во земјава кој треба да го следат и другите општини.

Според одлуката, граѓаните кои ќе ги затвораат терасите или балконите ќе можат да го соѕидаат само долниот дел, а горниот дел мора да биде целиот застаклен. Ѕидот во долниот дел од терасата треба да биде идентичен во боја и материјал како останатиот дел од зградата.

Коневски појасни дека граѓаните што не сакаат или не можат да си дозволат да прават реконструкција ќе немаат обврска да го направат тоа.

- Сепак, пожелно е ако веќе се прошируваат терасите, тие да бидат исти како и на другите соседи и да се совпаѓаат со ликот на целата зграда - рече Коневски.

Во некои делови на Аеродром, како на пример кај „Веро“ речиси и да нема згради без проширени или соѕидани тераси и балкони.

Аеродромци со задоволство ја прифатија одлуката на Советот.

- Во време кога многумина не можат да си дозволат да си купат стан, па во 50 квадрати живеат две-три генерации, секој дополнителен квадрат е добредојден. Но, мора да се води сметка како сето тоа ќе изгледа. Терасите треба да се исти кај сите, а не едни вака, а други поинаку, според желбите - вели Елица Миленковска, пензионерка од Аеродром.

Градоначалникот Коневски најави засилени инспекции на терен за оваа одлука доследно да се почитува.

Марија Тасев



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E1C8A06DA3120543B3FB18BD52A976EB
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Nov-2009 at 17:22

Originally posted by Cloverstack

Според градоначалникот Ивица Коневски, целта на оваа одлука не е да направат шаренило од Аеродром, туку да воведат ред, затоа што сите доградби ќе мора да бидат исти и во согласност со архитектурата на зградата
...
Ѕидот во долниот дел од терасата треба да биде идентичен во боја и материјал како останатиот дел од зградата.
...
- Сепак, пожелно е ако веќе се прошируваат терасите, тие да бидат исти како и на другите соседи и да се совпаѓаат со ликот на целата зграда - рече Коневски.

ќе биде колку толку поскладно доколку проширувачите бидат условени и за дограмата? во спротивно за каква унифицираност говорат ако се испегла само бојата меѓу фасадата и подзидокот, а застаклувањата да ги остават во секакви бои и форми?

инаку дали и колку може општината вака адакта да го легализира преградувањето тоа незнам, а особено е спорно за оние кои веќе досега ги имале президано балконите и терасите, ова требаше со законот за легализација на дивоградбите да се регулира а не со општински акт, но бар доградбите кај позарникарските скали да се отстранат (онаму кај што ги има)... интересно видоа невидоа од општината мораа вака да делуваат во спротивно според новиот закон за градба ќе требаше на многу народ да им ги конфискуваат становите заради некој квадрат што си преградиле, на тоа укажуваше грчев, смешно но во иднина би требало да биде доволно параноичен момент за секој што на своја рака ќе се реши да експериментира... 

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Nov-2009 at 18:32
Eве во контекст на оваа вест да разгледаме неколку доградби кои ги има во Аеродром - може да се каже дека постојат такви кои може да се толерираат, и такви кои грдат и треба да се превземат мерки за санирање и казнување.

1.


2.


3.


4.



Thumbs%20DownThumbs%20Down


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Nov-2009 at 18:36
Еееех како бе така?! Тие што ти се естетски ти се вклапаат можело да се толерираат, а другите казни!?

Која политика мисли да ја тера општината нека ја тера до крај, а ако секторот за урбанизам го злоупотребува дискреционото право да даде согласност на проекти кои и не се слагаат баш со објектот тогаш нека им служи на чест и кариера (пошто нема закон кој може да ја издефинира естетската согланост и да ги обврзе).
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Nov-2009 at 18:50
Originally posted by lslcrew

Еееех како бе така?! Тие што ти се естетски ти се вклапаат можело да се толерираат, а другите казни!?

Која политика мисли да ја тера општината нека ја тера до крај, а ако секторот за урбанизам го злоупотребува дискреционото право да даде согласност на проекти кои и не се слагаат баш со објектот тогаш нека им служи на чест и кариера (пошто нема закон кој може да ја издефинира естетската согланост и да ги обврзе).


Па да, зарем естетскиот момент е занемарлив? А ако се измисли нешто како закон за естетска согласнот, тој може да ги дефинира материјалите и боите дозволени, како и некаква комисија која ќе ја оцени естетската согласнот. Не можеш да кажеш дека исто зло е направено со онаа прва слика и последната слика, едноставно не може да се спори тука. Не знам како се третираат овие доградби според моменталните закони и затоа не би продолжувал понатаму, само сакав да кажам дека ако некој барем се погрижил доградбата да не е упадлива и да се вклопува, а друг завршил работа со 100 цигли и вреќа цименто, тогаш кој е понесовесниот?


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Nov-2009 at 19:00
Градација постои и тоа прилично изразена. Но според мене, во суштина сето ова е во рамки на урбано дивјаштво

Па и да се легализира, пак ќе остане урбано дивјаштво, само што ќе биде легално и верификувано од оние кои требале да го спречат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Nov-2009 at 01:14
инаку типот од зградата на првата слика го има доградено дворот за некои два метра, дозволено ли е тоа?
плус терасите од истата слика ги има низ целото маало, едни почнаа, и други следеа...
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Nov-2009 at 19:33
Еве еден интересен случај - проширени се балконите, фасадирано е и може да се каже дека изгледа пристојно...


1.



... се додека човек не се загледа во прекрасните детали кои следуваат

2.


3.


4.


5.


6.


Имајте на ум, се ова е сконцентрирано на еден објект
 41°59'51.58"N  21°24'41.51"E
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Jan-2010 at 17:32
Аеродром ќе ги легализира доградените балкони

Согласно новото решение на Општината, терасите ќе се доградуваат до оградите со материјал и боја како фасадата на зградата

Општина Аеродром ќе ги легализира доградбите на балкони на згради на нејзина територија. Советот на Општината донесе одлука граѓаните што имаат затворени тераси да можат да ги легализираат доградбите.
Според одлуката, дозволено е терасите да се доградуваат до оградата, и тоа со материјал и боја како фасадата на зградата.
Терасите, пак, кои не се во согласност со одлуката, а кои сопствениците ќе сакат да ги доградат, ќе треба да се усогласат со новите услови пропишани во новото решение.
За да добијат дозвола од Општината, жителите се должни да поднесат проекти со решение за изгледот на фасадата на целата зграда и употребата на градежни материјали. Освен проекти, треба да достават и согласности од мнозинството станари во зградата.
Легализација на доградбите во Аеродром е за да се разубави урбаниот лик на Општината.
"Ние сме една од најмладите општини, и со вакви идеи треба да придонесеме да го зачуваме и разубавиме модерниот лик на Аеродром", велат општинарите.

http://vest.com.mk/?ItemID=863BB2B6189CF44D9DABC32E29D651F4
Back to Top
Iceman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Iceman Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Jan-2010 at 13:12

Многу интересна тема, особено од конструкторски аспект. Во досегашната пракса неколку пати имам работено статички решенија за вакви "решенија" за зголемување на корисниот простор, аи малку подетолна се имам занимавано со нивната сеизмичка отпорност. Според резултатите што ги имам добиено и анализирано, а со оглед на тоа што и како досега се гради низ Скопје, заклучоците се во најмала рака страшни. Секоја чест на исклучоците, ама поголемиот дел од ваквите доградби се неповолни од аспект на сеизмиката. Тоа може да значи дека:

- Избрани се лоши проектанти или воопшто ги нема

- Ревидентите не си ја завршиле својата работа.

Претпоставувам овие работи би требало да ги "брка" соодветен инспекторат, ама и таму, како и се друго кај нас, веројатно немаат луѓе подготвени сериозно да се зафата за оваа работа. Еве  еден од многуте примери......... 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jan-2010 at 13:37
Iceman добредошол. Cheers

Што е ова на сликава. Долепувано, шлапано од сите страни. У конкретниов пример горе, како воопшто конструкцијата на вторава доградба е приврзана за првата доградби и за основниот објект?!

Тука не би купил стан ни за пола цена.
Back to Top
Iceman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Iceman Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Jan-2010 at 10:02
Originally posted by lslcrew

Iceman добредошол. Cheers

Што е ова на сликава. Долепувано, шлапано од сите страни. У конкретниов пример горе, како воопшто конструкцијата на вторава доградба е приврзана за првата доградби и за основниот објект?!

Тука не би купил стан ни за пола цена.

Благодарам за добредојде-то, добро ве нашол .

Ни јас не би купил стан тука .

Инаку, лепенката не е одделена прописно од старата конструкција, ниту пак е некако врзана со старата, мислам физички не би "работеле" заедно. Баш онака како што не треба: ако се решиле да ги одвојат, тогаш треба да се пресмета соодветна дилатација, а ако се решиле да ги спојат двете конструкции да работат заедно, тогаш тоа не се прави само вака, со прилепување. Освен тоа, конструктивниот систем е тотална утка, "врие" од ткн. кратки елементи, а системот, ваков каков што е, е премногу флексибилен за ова подрачје....  

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Nov-2017 at 04:54

Originally posted by Stefan Buzar

Моментално работам на истражување на тема "Влијание на надворешните проширувања на станбените згради врз урбаниот простор во земјите во транзиција". Резултатите на истражувањето ќе бидат издадени во форма на научна статија која ќе биде предложена за публикација во стручното списание "Urban Studies"
...
Стефан Бужаровски – Бужар (Универзитет во Бирмингем)


дали има некој абер од студијаава?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.