build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Легнати полицајци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Легнати полицајци
    Posted: 31-Oct-2007 at 17:02

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ДИВОПОСТАВЕНИТЕ “ЛЕГНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ“ ОД МАГИСТРАЛНИТЕ УЛИЦИ

Инспекцијата за патишта при Градскиот инспекторат на Град Скопје, денеска, достви решенија до општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари со кои им се наложува веднаш да ги отстранат дивопоставените технички средства за забавување на сообраќајот (легнати полицајци) од магистралните и собирните улици на нивните подрачја. Доколку општините не постапат во согласност со рокот определен во решенијата за отстранување, инспекцијата за патишта на Град Скопје во рок од 5 дена ќе ги отстрани дивопоставените “легнати полицајци“ на трошок на општините.

Градскиот инспекторат во изминатиот период изврши проверка на магистралните и собирните улици, при што констатираше дека без дозвола од МВР, на магистралните улици, во општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, се поставени околу 40 “легнати полицајци“. Во општините Центар, Карпош и Сарај на улиците кои се во надлежност на Град Скопје не е констатирана појава на поставување “легнати полицајци“, додека општината Кисела Вода ги има сите дозволи за поставените “легнати полицајци“ на магистралните улици на нејзиното подрачје.

Град Скопје презема мерки за регулирање на состојбите со поставување технички средства за забавување на сообраќајот, затоа што истите можат да бидат поставени само со дозвола добиена од Министерството за транспорт и врски, кое ја издава во согласност со Министерството за внатрешни работи.

Исто така, поставувањето “легнати полицајци“ треба да биде во согласност со сите стандарди и норми за нивно поставување предвидени со Правилникот, затоа што иако имаат заштитна функција, не треба да попречуваат други важни активности, како што е зимското одржување на улиците и нормалното одвивање на јавниот превоз на патници.




Оваа тема најдобро се вклопува тука. Ова е урбано дивјаштво кое доаѓа од никој друг туку од првите луѓе на бројни општини. Ваквото кршење на законот прерасна во вистинска мода. Легнати полицајци се поставуваа како ќе им фати око на некои типчиња по општиниве. Некои градоначалници отидоа и во тотални екстреми - Кирил Тодоровски на пример постави легнати полицајци и по булевари и по улици кои не се во негова надлежност. Интересно е како кај нас стално се бега од своите обврски и надлежности, ама кога нешто не е твоја работа, сепак ќе се најде начин да се бутне носот таму.

Дојдовме до таму да имаме лгнати полицајци на: булевари со повеќе ленти, брзи магистрални улици, собирни улици, на кривини, на успони и спуштања... Голем дел од нив се лошо обележани и не се приметуваат додека не се премине преку нив. Владее тотален хаос во однос на материјалите од кои се прават и во однос на тоа колку се високи и широки. Некои од нив се распаѓаат поради лоша изведба...

Крајно време е да се стави ред и да се воведат норми, стандарди и одговорност во оваа свера. Се надевам дека акцијата ќе биде сериозна и успешна.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Oct-2007 at 18:10

освен што локациите каде се постевуваат лежечки полицајци се несоодветни нема никакви стандарди ни при нивното поставување. Лежечки полицаец не е само да "направиш тумба" туку треба да постои и соодветна сигнализација да го предупреди возачот. Таква сигнализација во најголем дел случаи нема, а таму каде што има не е соодветна. Често ми се случило а генерално сум внимателен возач и следам ситуација барем на 100-200m пред мене, да налетам на лежечки полицаец "од никаде" и да морам нагло да кочам. И сето тоа се случвало на прометни улици каде иначе се вози со 50-80. Ризиците од ова не треба да ги објаснувам.

 
П.С. Сега приметив дека и ти го имаш спомнато овој аспект ама веќе искуцав Nuts
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Oct-2007 at 18:47
Нема врска, ти ионака подетално го образложи Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Nov-2007 at 01:26

ОПШТИНИТЕ ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЛЕГНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ


Сигурноста на пешаците ни е најважна


Дел од општините веќе ги отстранија легнатите полицајци или тоа ќе го направат деновиве. Дел од нив велат дека ја чекаат техничката документација за нивно легализирање. И едните и другите не се согласуваат со решението од страна на градските власти


За општинските власти најважна е сигурноста на пешаците на нивната територија, а неодамнешното решение на градската инспекција за отстранување на легнатите полицајци од улиците кои се под нивна ингеренција, го прифатија со одредена резерва. Велат, ги поставија пречките по барање на граѓаните, а нивната сигурност им е приоритет. Инаку, решенијата беа доставени до општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Додека дел од овие општини веќе постапија по налогот и покрај несогласувањето со ваквата постапка, дел од општините го одбиваат решението, со образложение дека ги чекаат документите за легализирање на легнатите полицајци.

- Општина Аеродром, по изготвувањето на проектот за поставување на препреки за забавување на сообраќајот, неколкупати се обрати до Град Скопје за добивање согласност. Иако оттаму нагласија дека нема да има никаков проблем, до денес се уште немаме добиено одговор. Затоа и локациите на кои беа поставени легнатите полицајци се токму улиците во непосредна близина на училиштата и градинките. Притоа водевме сметка да не се предизвикаат проблеми во сообраќајот. Сметаме дека нема потреба да се отстранува нешто што е од висок приоритет за безбедноста на граѓаните, велат од Аеродром.
Оттаму ги повикуваат надлежните од Градот на граѓаните да им го објаснат нивното решение, бидејќи препреките биле поставени по барање на граѓаните.

Во Ѓорче Петров и Гази Баба потврдуваат дека веќе постапиле по решението или се во фаза на нивно отстранување, но додаваат дека вакво решение нема смисла со оглед дека се работи исклучиво за сигурноста на учениците.

- Ќе постапиме по решението, но во иднина одговорноста за евентуалните сообраќајни незгоди пред училиштата ќе ја има Градот, велат во Општина Гази Баба.

Техничка документација за поставените легнати полицајци чекаат и од Општина Бутел. Оттаму додаваат дека на магистрална улица имаат поставено само една препрека и тоа пред училиштето "Климент Охридски".

- Минатата година таму се случија две сообраќајки со смртни последици и затоа моравме да поставиме легнат полицаец, бидејќи имавме огромен притисок од граѓаните. Образложение од Градот е дека доколку падне снег ќе биде оневозможено чистењето на улиците. Сепак, сметаме дека и покрај ова, сигурноста на пешаците е приоритет, велат во Општина Бутел.


Bash

Од каде само ги извадија овие тврдења за тоа колку народот барал и бил безмалку воодушевен од лежечките полицајци. Од мое лично искуство најголем број од луѓето се зачудени и револтирани од тоа што ги насадија и каде што треба и каде што не треба...

Па уште кога го прочитав она за одговорноста кој ќе ја сносел од сега натака, тотално ми падна мрак на очи...


Изгледа општиниве се некадарни да протуркаат никаков поголем проект од лежечкиве полицајци, па затоа од една страна се толку загрижени што ќе прават без нив, а од друга страна не убедуваат колку биле важни и незаменливи.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Nov-2007 at 21:12
Wallbash Wallbash Wallbash

Ова е држава каде дури и владејачките структури јавно одбиваат да го почитуваат правниот поредок.

Кирил Тодоровски по обичај е најгласен во глупостите... Ohno

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B621283F248E8A4BA2B093A9783F54BC

Аеродромци не ги отстрануваат „дивите“ легнати полицајци, другите се мислат

Најдоцна за два месеца градските власти сами ќе преземат акција. Се обиделе и пред три недели, но безуспешно


Градот има евидентирано 40 „диви“ легнати полицајци, најмногу во Гази Баба - 11

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Само една од шесте општини од кои Градот пред еден месец побара да ги отстрани дивопоставените легнати полицајци досега одговори на барањето. Станува збор за Ѓорче Петров од каде што надлежните експресно реагираа и ги отстранија четирите безбедносни препреки. Во дводневна акција општинарите ги демонтираа „дивите“ полицајци поставени на улиците „4 Јули“ и „Лука Геров“. Другите прозвани општини, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир и Шуто Оризари се' уште не ги спровеле решенијата. Дел од нив имаат намера тоа да го сторат наскоро, некои пак категорично одбиваат послушност. Таков е случајот со општинарите од Аеродром кои немаат намера да го спроведат решението кое се однесува на девет диви пречки. Станува збор за четирите на булеварот „Трета македонска бригада“, по две на улиците „Фрањо Клуз“, „Февруарски поход“ и една на „Васко Карангелески“. Од Општината велат оти немаат намера да го спроведат решението. Категорични се дека нема потреба да се отстранува нешто што е од висок приоритет за безбедноста. Посочуваат дека тие се поставени согласно со пропишаните норми, односно дека целосно го имаат испочитувано Правилникот за технички и други мерки за забавување на сообраќајот. Сепак, не кажуваат дали за нив ги поседуваат и потребните одобренија. Токму обезбедување на документацијата е причина поради која Општина Бутел нема да ги отстрани седумте „диви“ легнати полицајци оти во меѓувреме тие станале легални. „Нема да ги отстраниме, бидејќи во меѓувреме ги добивме потребните одобренија“, велат од Општината.

Во Гази Баба, пак, каде што „дивите“ легнати полицајци се најбројни, вкупно 11, можно е наскоро нивно демонтирање доколку биде пробиен рокот за конечно обезбедување на документацијата. Градоначалникот Коце Трајановски вели дека голема е веројатноста општината сама да ги отстрани дивите пречки за да не се најде во ситуација во нивно име и на нивен трошок да го сторат тоа од Градот. Од Чаир и од Шуто Оризари вчера не беа во можност да изјават што и да е во врска со барањето на Градот.

Оттаму, пак, најавуваат дека најдоцна за два месеца ќе преземат акција за отстранување на сите „диви“ легнати полицајци кои општините не ги отстраниле, односно во меѓувреме не ги легализирале.

Инаку, Градот неодамна се обиде да преземе акција, но безуспешно. Имено, екипи на ЈП „Улици и патишта“ биле подготвени да интервенираат на терен, но поради необезбедена полициска асистенција, акција немало. Во меѓувреме, рекоа од ЈП, Градот им излезе во пресрет на општините, им остави простор најдоцна за два месеца да ја средат состојбата со забавувачите на брзина на градските сообраќајници.



Edited by Cloverstack - 30-Nov-2007 at 03:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Jun-2008 at 16:27
Да споделам дека двата легнати полицајци кај училиштето Ѓоргија Пулевски во Аеродром се уште не се отстранети... Ги сечеа уште на сам почеток на акцијата за отстранување на дивите легнати полицајци на Кирил Тодоровски. Самото сечење траеше два дена Crazy
Е после тоа не знам што се деси... Еве ги уште стојат исечени, ама не се отстранети...

Bash


Edited by Cloverstack - 12-Sep-2008 at 15:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Aug-2008 at 17:37
Дивите легнати полицајци на на Кирил Тодоровски се уште не се отстранети!!!

Конкретно овие кај Жан Мари ги „исекоа“ и ги спремија за отстранување, ама од тогаш помина долго време и пак така си останаа Nuts

Во меѓувреме нормално никој не се труди да ги одржува, па погледнете колку тешко се приметуваат. Киро лудакот бар ќе им лупнеше нова фарба до сега...




Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Mar-2009 at 08:36
 
Поставени единаесет хоризонтални препреки за успорување на сообраќајот
12.03.2009
 

Со цел подобрување на условите во сообраќајот,  во нашиов град поставени се единаесет нови хоризонтални препреки за успорување на сообраќајот. Со тоа целосно ќе се заштитат учесниците во сообраќајот а пред се пешаците. Ваквите зафати претежно се превземаат на улиците каде фреквенцијата на возила е поголема и каде што возачите возат со поголема брзина. Исто така поставени се и 160 нови сообраќајни знаци на поголем дел од прилепските улици, а дополнителни ќе бидат поставени уште 100 знаци. Како дел од ваквите безбедносни зафати кои ги превзема Локалната самоуправа во поглед на подобрувањето на одвивањето на сообраќајот ќе започне и хоризонтално бележење на сообраќајниците.

 
 
 
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Mar-2009 at 11:58
Баш ме интересира дали се поставени на адекватни улици. Досегашното искуство, а и ова
на улиците каде фреквенцијата на возила е поголема
не ми влеваат оптимизам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Oct-2009 at 17:33
СКОПЈАНИ РЕАГИРААТ НА ВИСОКИТЕ ПРЕЧКИ ПО УЛИЦИТЕ
„Лежечките полицајци“ кршат автомобили

Жителите што живеат во Драчево се жалат на „лежечките полицајци“ кои, како што велат, се поставени на неколку метри оддалеченост и на тој начин им создаваат проблеми. Според нив, пречките се направени премногу високи и ги оштетуваат автомобилите, а кога врне поради нив водата не може да истекува од улиците, па се создаваат езерца, кои остануваат на асфалтот по неколку дена. - На секој чекор има поставено „лежечки полицајци“ кои го отежнуваат сообраќајот, наместо да го прават побезбеден. Треба да има такви пречки пред училишта или, пак, пред градинките, но кај нас има на секоја уличка и тоа по неколку и“вели Љубица Ајтароска од Драчево. Состојбата е слична во сите скопски општини, тие се поставуваат на многу блиско растојание и често не се направени според пропишаните стандарди. За овој вид сигнализација задолжени се општините, но дозволено е нивно поставување само на споредните улици, не и на главните сообраќајници. Според правилникот, „лежечките полицајци“ што се поставуваат на градските улици не смеат да бидат повисоки од седум сантиметри, а над нив треба да има улична светилка висока седум метри, за возачите навреме да можат да ги забележат. Сообраќајните знаци со кои се информира дека се поставени на улицата треба да се на најмалку 32 метри оддалеченост од пречката. За ограничување на брзината до 50 километри на час пречките мора да се изработат од нелизгава гума или пластика, а за брзина до 30 километри на час тие може да се направат и од асфалт, бетон или од бекатон. И од ЈП „Улици и патишта“ се жалат на штетите што им ги нанесуваат „лежечките полицајци“, особено во зимскиот период кога нивните екипи се на терен и го расчистуваат снегот. - Минатата сезона кога имаше снег ние имавме неколку дефекти на нашите камиони поради пречките кои во голема мера го отежнуваат собирањето на снегот и“вели Илија Мартиновски, директор на ЈП „Улици и патишта“. Од Општина Кисела Вода тврдат дека пречките во Драчево се ставени во согласност со правилникот и со одредбите кои се предвидени во законите за градба и за безбедност во сообраќајот. - Имаме „лежечки полицајци“ во близина на секое училиште и градинка, направени по сите стандарди. Тие што се изработени со асфалт имаат височина од седум сантиметри, а тие што се изработени од гума се високи пет сантиметри и“вели Маријан Спасевски, портпарол на Општина Кисела Вода. Од Општина Гази Баба немаат поставено ниту една ваква пречка во последно време затоа што, како што велат, тоа го прават само на барање на граѓаните. Тие само извршиле поправка на веќе постојните. Во акцијата за санација од 60 „лежечки полицајци“ оштетени биле дури 35 проценти.

Пречки нема во Ѓорче Петров

Пред речиси две години, по налог на Град Скопје, биле отстранети голем дел од „лежечките полицајци“ кои биле поставени на места за кои претходно општините не обезбедиле дозвола.
Од Ѓорче Петров велат дека тие се единствената општина на чијашто територија во моментот нема ниту една ваква пречка, бидејќи сите постојните биле отстранети. Сепак, општинарите сметаат дека со оваа сообраќајна сигнализација се обезбедува побезбеден сообраќај во близина на училиштата и градинките.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1832&ArticleID=123363
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Oct-2009 at 14:36

„Легнатите полицајци“ се најлошо решение





 

Во светот постојат многу поефикасни средства за забавување на сообраќајот на критични места, како звучни и вибрирачки ленти, кои кај нас не се употребуваат

 
 
%20  

Скопските улици во изминативе неколку години добија над 400 „легнати полицајци“ и барем десет пати повеќе реакции против нивното поставување. Додека во светот се пронаоѓаат помодерни средства со кои се забавува сообраќајот на критичните места, нашите општини сé уште ги користат обичните нерамнини.

Експертите што учествуваа на вчерашната трибина со наслов „Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“, истакнаа дека „легнатите полицајци“ имаат многу маани во споредба со посовремените уреди.

- Не може за такво средство да се употреби каков било материјал. Има строги стандарди како треба „легнатите полицајци“ да бидат прицврстени за подлогата, осветлени и како да се спречи лизгањето на нив, односно од што да се изработат. Па дури и да се испочитуваат овие стандарди, таквите вештачки издадености и издигнати површини пречат на јавниот превоз и на возилата за итна помош, што ги прави неприменливи на многу локации - смета Миле Димитровски, професор на Машинскиот факултет, на катедрата за моторни возила.

На трибината беа презентирани разни современи средства што се користат во поразвиените земји во светот. Едни од нив се звучните и вибрирачките ленти. Во овие уреди, што се вградуваат во коловозите, има механизми што испуштаат звуци или предизвикуваат вибрации кога некој возач ќе помине преку нив со брзина поголема од дозволената и на тој начин го предупредуваат да забави. Често се употребуваат и т.н. „перничиња“, кои, слично како и „легнатите полицајци“ се грпки на коловозот, но се поставуваат само на дел од него, во кружна форма, а не од едниот до другиот крај. Улиците во многу градови и вештачки се стеснуваат и се искривуваат, се прават „острови“ среде асфалтот, „шикани“ или цик-цак коловозни ленти, проширени тротоари и слично. На овој начин условите за возење се отежнуваат и возачите мораат да ја намалат брзината.

Кристи М. Бомбол, професорка на Техничкиот факултет од Битола, вели дека сите овие методи кај нас не се користат, и покрај нивната голема ефикасност.

- Ќе биде убаво ако го преземеме ова искуство од земјите во Европа и во други делови од светот - смета Бомбол.




 

Какви и колкави треба да бидат „легнатите полицајци“
брзина широчина висина материјал
до 50 км/ч 60 см 3 см гума или пластика
до 40 км/ч 90 см 5 см гума или пластика
до 30 км/ч 120 см 7 см гума, пластика или асфал
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10309100228&id=14&setIzdanie=21824



Од „легнатите полицајци“ само неред

Пречките на коловозот предизвикуваат сообраќајни незгоди, дефекти на возилата, зголемена потрошувачка на гориво и зголемено загадување и ги забавуваат возилата за итна медицинска помош и на противпожарната служба

По скопските улици има 56 грпки или популарно наречени „легнати полицајци“, од кои само десетина се на вистинското место, обележени на правилен начин и поставени со одобрение од Министерството за транспорт и врски. Поради ваквата состојба учесниците на вчерашната дебата за средствата и методите за наменско смирување на сообраќајот побараа доследно почитување на правилникот за поставување на лежечките полицајци и на процедурата за нивно отстранување. На дебатата што ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта, беше дискутирано за актуелната регулатива, за примери од практиката и за негативните последици од „легнатите полицајци“.

Учесниците истакнаа дека иако целта на овие грпки е да го забават сообраќајот, на местата каде што се неправилно поставени имаат сосема спротивен ефект. Тие предизвикуваат голем број сообраќајни незгоди и дефекти на возилата, како и отежнато движење на возилата за брза помош и на противпожарната служба.

Според Кузман Дамчевски, член на комисијата за следење и примена на научни достигнувања во безбедноста во сообраќајот во Скопје, изминативе години имаше зачестено поставување „легнати полицајци“.

- Градоначалниците во повеќе општини како да се натпреваруваа кој ќе постави повеќе пречки, пред се', поради безбедност на граѓаните, и притоа забораваа дека тие може да бидат поставени само со дозвола од Министерството за транспорт и врски, кое ја издава со предходна согласност од Министерството за внатрешни работи. Ова забавување на сообраќајот мора да се спроведе исклучиво според правилникот за сообраќајни знаци и опрема и сигнализација на патот. Иако имаат заштитна функција, тие не траба да се на места каде што ќе го спречат зимското одржување на улиците или јавниот превоз - истакна Дамчевски во своето излагање на собирот.

Марјан Копевски од Министерството за транспорт рече дека секоја година во сообраќајни незгоди се повредени 50.000 деца помали од 16 години, па поради тоа се оправдуваат средствата за забавување на сообраќајот, како што се „полицајците“.

- Тие се погодни за употреба во близина на училишта или градинките. Но, една од поважните критики за овој тип на забавувачи на возилата е нивниот негативен ефект врз возилата за итна помош. Од секој „легнат полицаец“ противпожарните возила во брзината губат од 3 до 5 секунди, а возилата на итна медицинска помош кои пренесуваат пациент забавуваат и до 10 секунди. Затоа овие издигнати површини на коловозите не се поставуваат на маршути каде минуваат вакви возила. Исто така, зголемена е бучавоста каде има поставени легнати полицајци, а поради поголемата потрошувака на гориво е зголемена и емисијата на штетни гасови - вели Копевски.

Експерите за безбедност во сообраќајот се согласни дека и покрај купот негативности, „легнатите полицајци“ имаат и позитивни страни.

Според Кристи М. Бомбол, професор на Техничкиот факултет во Битола, тие ја зголемуваат безбедноста на пешаците, го намалуваат протокот на возила и го отстрануваат транзитниот сообраќај.

Стручњаците велат дека „лежечките полицајци“ не се единствените смирувачи на сообраќајот. Во светот се користат многу други методи, како стеснување на сообраќајниците, улични островчиња, вибрациски направи, испакнатини пред пешачките премини, односно бели надолжни линии, орапавување на патот за да се постигне звучен ефект при зголемена брзина и радарски контроли.

Марија Тасев


Во Гази Баба и Кисела Вода има 22 нелегални пречки

Според Секторот за сообараќај на Град Скопје, општините Гази Баба и Кисела Вода водат во нелегано поставени пречки. Во овие општини има по 11 незаконски поставени „легнати полицајци“. Во општина Аеродром има 9 нелегално поставени пречки, а особено загрижувачи се локациите на булеварот АСНОМ, каде што секојдневно минуваат автобуси од ЈСП и пред поликлиниката „Јане Сандански“, каде што има пункт на итна помош. Во општина Ѓорче Петров има четрири нелегални грпки.

Во општините Карпош, Центар, Бутел и Сарај нема нелегални пречки.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=95EB62D234E69F4EB20977DCA957945C


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2009 at 15:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Oct-2009 at 19:14
Не е можно да има 56. Јас сум броел од Кисела Вода до Радишани има околу 20-тина. Ваљда не сум ги извозел третина лежечки у една дестинација. Бројка е многу поголема од 56!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Oct-2009 at 19:16


Не само што се многу туку се надвор од било какви прописи и според изработката и според локациите на поставување.

На Димо Хаџи Димов ако човек случајно не ги примети знаците кои се најчесто збутани, ќе го изненади пријатно оставање на предница бидејќи бариерата е направена да скроти тенк каму ли градско возило.

Поставувањето пак на брзи улици е приказна за себе (во Аеродром кај мајчин дом на пример).
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Oct-2009 at 19:28
Во Драчево има ~60 легнати полицајци. Направени се од асфалт, има само 5-6 направени од гума, широки пола метар, за висината не би знаел, но сигурно се повисоки од 5 cm, само гумираните се ОК. Поставени се на незамисливи локации, само 15 од нив се на оправдани позиции, околу трите основни и двете средни училишта. На неколку локации знаци нема, а тешки се за забележување бидејќи пругите со жолта боја одамна се избледени.
Тоа е тоа... не можам јас своеволно да го отсечам асфалтот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Oct-2009 at 19:44
Имам видено во Бутел еден лежечки со одкорнати неколку сегмент, амам тоа така насилно извлечени со копач, а едниот елемент не се вадел па направена е дупка односно пропаднат е асфалтот и заедно со гумениот дел врз него формираат рамна површина. И тоа баш пред основно школо.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Nov-2010 at 12:46
Изминатиов период се крпеа дупки на булеварот кај ОУ Ѓорѓија Пулевски и конечно беа целосно отстранети дивите лежечки полицајци кои по свое видување ги постави Кирил Тодоровски:

41°59'23.63"N  21°27'49.74"E


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Feb-2011 at 17:33

Полицајци легнати без дозвола

И шест години по поставувањето на таканаречените лежечки полицајци, односно забавувачите на сообраќајот, што се поставуваа на улиците заради поголема безбедност на пешаците, општините немаат податоци за ефектите од нивната примена ниту, пак, колку чинеа. Тие се правдаат дека е тешко да се обезбедат податоци. Единствено Аеродром соопшти дека за поставување на лежечките полицајци се потрошени два милиона денари.

Откако се виде дека многу од нив се нефункционални, ги испокршија возилата и автобусите, некои беа отстранети со одлука на Градот, и тоа од улиците што се во негова надлежност, во периодот кога градоначалник беше Трифун Костовски.



ВО СКОПЈЕ НАЈМНОГУБРОЈНИ

Иако беа поставени без да се почитуваат правилата и критериумите за нивното поставување според Правилникот за изработка на средства за забавување на сообраќајот, поголемиот дел од лежечките полицајци с` уште не се отстранети.

- Голем дел од овие забавувачи на сообраќајот се поставени без дозвола и одобрение, а нивната форма, материјалите од кои се изработени не одговараат на Правилникот, бидејќи многумина ги правеле од бекатон-коцки, од бетон или од тоа што им се нашло при рака. Исто така, не постои регуларна процедура според која што тие можат да бидат отстранети. Ова беше констатирано и на стручен собир одржан во октомври 2009 година, а организиран од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), на кој учествуваа претставници од МВР, од Градот, од општините - вели Миле Димитровски, професор по мотори на Машинскиот факултет и претседател на Комисијата за наука при РСБСП.

Тој објаснува дека лежечките полицајци треба да се поставуваат само пред училишта и болници, но треба да се со различна форма, во зависност од тоа колку треба да се забават возилата.

- Има забавувачи што се за патишта на кои е дозволена брзина од 60 километри на час. Тие се малку пониски и подолги за да не ги оштетуваат возилата и не се препорачуваат на улици по кои поминуваат автобуси на јавен градски превоз, бидејќи е утврдено дека ги оштетуваат, особено нивните амортизери - потенцира Димитровски.

Најинтензивно поставување на овие лежечки полицајци било забележано во Скопје, и тоа во сите општини, потоа во Охрид, Битола. Во помалите места локални учесници во сообраќајот дури и самоиницијативно ги поставуваат.

И секретарот во РСБСП, Љупчо Ставрески, потврдува дека Скопје се соочило со наплив од лежечки полицајци, поставувани без мерка и таму каде што немало потреба од нив.

- Настана таква еуфорија што, на пример, на сервисните улици во Карпош 3 постои сообраќаен знак за намалување на брзината на 30, а веднаш до него е поставен и лежечки полицаец. Со самото тоа што законски е ограничена брзината, нема потреба од пречка на патот. Или во Ѓорче Петров, може да се видат лежечки полицајци од цемент и непрописно поставени. Тоа е огромна бетонска грпка, направена надвор од секаков стандард и пропис. На сервисните улици нема потреба да се поставуваат лежечките полицајци. За жал, нивното отстранување оди некако бавно - констатира Ставрески. Тој нагласува дека е апсурдно лежечки полицајци да се поставуваат на градските улици, бидејќи на тој начин се доведува во прашање брзото пристигнување на возилата од службите за итна медицинска помош или Бригадата за противпожарна заштита. Се доведува во опасност и пациентот што се пренесува со возилата на итната медицинска помош.

Од Општините се правдаат дека лежечките полицајци се поставени пред училиштата и детските градинки и дека ја вршат функцијата за која се наменети. Потенцираат дека досега никој против нив нема поднесено тужба за оштетување на возило, предизвикано од лежечките полицајци. Градските власти се оградуваат и велат дека друга гарнитура била на власт што решила да се отстранат пречките.

- Сите лежечки полицајци што ги имаше поставено Општина Аеродром се во близина на градинките, основните, средните училишта, за кои претходно имаше поднесено повеќе барања од граѓаните - жители на општината. Беа поставени 30 лежечки полицајци. Дел од нив, оние што беа поставени на улиците кои се во надлежност на Градот, се отстранети од нивните служби. При поставувањето се користеше асфалт и сите се означуваа со соодветната сообраќајна сигнализација, за навреме да ги предупредуваат возачите дека треба да ја намалат брзината - велат од Одделението за односи со јавноста во Општина Аеродром.

Од Центар велат дека лежечки полицајци на нивната територија биле поставени пред повеќе од пет години.

- Поставени се за да ја зголемат безбедноста, но има несовесни граѓани кои ги отстрануваат. Нивното поставување е одобрено од МВР - Сектор за сообраќај и исполнети се потребните стандарди: изработени се од гума, обележани со флуоресцентна боја, на безбедно растојание е поставена сигнализација - објаснуваат од Центар.

Во Кисела Вода велат дека лежечките полицајци се поставени во 2006 година како дел од годишната Програма за комунални работи, односно финансиски била вклучена меѓу другите градежни активности за асфалтирање на улиците и немало посебна ставка за нив. Од сите поставени, во моментов во функција се само околу 10 проценти. Другите се отстранети од Град Скопје - вели Марјан Спасески.



ОТСТРАНУВАЊЕТО СЛОЖЕНО

Професор Димитровски објаснува дека процедурата за отстранување на лежечките полицајци е многу посложена од нивното поставување.

- Прво треба да се направи пријава, потоа да се изврши увид, па записник, дури потоа следи извршно решение. Но и тоа не може да се реализира, бидејќи не постојат механизми за отстранување на забавувачите. Отстранувањето е скапо, а општините немаат од кого да ги наплатат тие средства, бидејќи не го знаат авторот на решението. Голем дел од нив прво ја ископале улицата, а потоа го направиле полицаецот, па ако се тргне, на неговото место останува дупка, што претставува уште поголема опасност - вели Димитровски. Тој додава дека токму поради тоа треба да се упрости Правилникот во однос на отстранување и да им се даде право на општините веднаш да реагираат.

- Отстранувањето треба да оди на товар на општините и тие во буџетот треба да предвидат средства за таа намена - смета Димитровски.

Според него, секој што сака да постави забавувач прво треба да направи соодветно согледување на сообраќајот, да изработи проект за изборот на решението, а проект да биде одобрен од надлежен орган. Извесен период треба да се следи влијанието на забавувачот врз сообраќајот за да се види дали тој навистина има ефект.

Професор Димитровски препорачува да се применуваат алтернативни решенија за забавување на сообраќајот како што се: забавувачко перниче пред пешачки премин, кое е доста широко и ако низ него се помине со голема брзина, возилото ќе претрпи оштетувања; бели напречни линии со различна широчина кои го предупредуваат возачот дека наидува на зона на опасност и дека потесните линии веќе покажуваат дека треба да ја намали брзината; оребрување на асфалтот со напречни подолги линии што создаваат вибрации на возилото и со звук предупредуваат дека возилото треба да ја намали брзината. Тие уште се нарекуваат и звучни линии. Обично се поставуваат пред поопасни кривини и повеќе се употребуваат за заштита на возачите, а преостанатите за заштита на пешаците.



СОГЛАСНОСТ ДАВА МВР

Надлежните од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека тие, во согласност со член 395 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, по претходна согласност од Министерството за внатрешни работи, ги определуваат местата за поставување посебни технички и други мерки за забавување на сообраќајот и безбедноста на децата на приодите кон училиштата.

- Условите за поставување се дефинирани со закон, а во Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот подетаљно се опфатени видовите мерки за забавување на сообраќајот и нивни карактеристики. Во истиот Правилник е опфатена и сообраќајната сигнализација што се употребува за означување на местата за смирување на сообраќајот (хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација). Со нивно поставување се придонесува да се намали брзината на движење на приодите кон училишните и други претшколски установи, а со тоа и до подобрување на безбедноста во сообраќајот - одговараат од Министерството.

Оттаму велат дека тие се надлежни за издавање решенија за поставување на посебни технички и други мерки за забавување на сообраќајот и безбедноста на децата на приодите кон училиштата, но по претходна согласност од МВР. Во согласност со Законот за локалната самоуправа, општините се надлежни за сите комунални работи, во кои спаѓаат и инфраструктурните објекти, односно улиците.

Анела Петрова

Дневник
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Feb-2024 at 04:35

колку што приметив пр. на бул. Никола Карев кај оу11.10 то гумењаците пред пешачкиот ама речиси пола возила меѓу ленти ги избегнуваат!, може чаре ет тука да се тргнат тие, но да се стори подземен пешачки премин за што ќе треба само прокоп и краток надвозник ...

можно ли е за таквите булеварски бариери дополнително осигурување за почитување на закон да се камери и казна по пошта?, практично на секој пешачки околу основни и средни Училишта, а и Амбуланти и Старски Домои ... 

сега приоритет чинам ет бул. Цветан Димов, но таму треба и по трета лента т.е. да се проширува булеваро кон нас. Гази Баба доколку вакво нешто се впрегне, во спротивно уште толку ќе се запуши сообраќај ... евентуално да се стават лифтои на надземниот премин ...





Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.158 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.