build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани животни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбани животни
    Posted: 10-May-2008 at 08:00
За кучињата скитници постои посебна нишка


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2008 at 22:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-May-2008 at 10:59
1 Коњ на Илинденска

2

3




Edited by pbanks - 09-Oct-2008 at 23:57
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-May-2008 at 00:43
LOL LOL LOL
Коњот барем се движи во правилниот правец....за разлика од некои возачи низ скопје Big%20smile
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-May-2008 at 08:03
Originally posted by vardar

LOL LOL LOL
Коњот барем се движи во правилниот правец....за разлика од некои возачи низ скопје Big%20smile

hahahaBig%20smileLOL
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Aug-2008 at 00:10

За полицијата, чувањето петел во урбана средина се третира како милениче - Утрински - 29.04.2008


Законот за комунални дејности не дозволува чување живина и добиток во град

Во урбаните делови на Скопје се' уште се чуваат коњи, кози, кокошки. Може и да не им е по волја на соседите кога наутро наместо мобилен телефон, ги будат петли, но нивните сопственици не се грижат многу за тоа. Една граѓанка од Дебар Маало пријавила во полиција дека постојано ги вознемирува кукурикање на петел, но оттаму и' било речено дека ако нејзините соседи имаат еден петел, тогаш тој има третман на домашно милениче и тука не може да се интервенира, а доколку има повеќе петли или кокошки, сеедно, тогаш ќе бидат убиени. Зошто две кучиња може да бидат третирани како домашни миленици, а два петла не - никој не знае да одговори.

И Јулијана Атанасова од населбата Лисиче има проблеми со својот сосед, кој според неа има фарма со 14 коњи и петнаесетина кокошки што шетаат низ дворот. Таа вели дека од непријатната миризба не може да го користи сопствениот двор, не може да отвори врата или прозор, а штом се затопли, нема мир ниту од инсектите. Потенцирајќи дека соседот за занимава и со продажба на коњите, Атанасова за решавање на проблемот се обратила во Општина Аеродром, „Комунална хигиена“, Градот и во Министерството за екологија. Но, решение нема од никаде. Сопственикот на земјиштето на кое се наоѓаат животните Цветан Димишковски, пак, појаснува дека не станува збор за фарма, туку за штала што ја изнајмува, а за која има одобрение уште од поранешната Општина Кисела Вода. Вели дека коњите не се негови, туку на неговиот помошник Дилавер Абди има само два коња, додека кокошките биле на соседите. Тој одгледува зеленчук и произведува расад и вели дека коњите му се потребни оти уште од прадедо неговото семејство се занимавало со земјоделство. Признава дека неодамна го посетиле градските инспектори и побарале да ги отстрани животните.

Од Градот велат дека според Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Скопје, не е дозволено да се чува ситен и крупен добиток во урбана средина. А, токму овој дел во населбата Лисиче урбанистички припаѓа на Општина Аеродром.

„Комуналните инспектори имаат право да бараат отстранување на животните во урбана средина, а можат да постапат и по вториот прекршок - загадување на животната средина. Тие треба веднаш да донесат решение за одреден рок животните да бидат отстранети. Судската казна за ваков вид прекршок изнесува од 10.000 до 35.000 денари“, вели Александар Бошковиќ, комунален инспектор во Градот.

Во Министерството за животна средина велат дека се ненадлежни и упатуваат на Државниот ветеринарен инспекторат. Оттаму, пак, појаснуваат дека дури и да се работи за пријава дека му пречи кучето што го чува соседот во зградата, нивните ингеренции се само да проверат дали е тоа здраво и вакцинирано, а ваквите случаи се во надлежност на Комуналната инспекција.

Утрински - Снежана Калабакова - 29.04.2008

ќе Ги избрка  ли  новиот закон Коњите од центарот на Скопје 

Казни од 50 евра за градските каубои

Проблем се и запрегите, кои најчесто се превозно средство за собирачите на отпад


Запрежните коли со коњи претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот

Казна од 50 евра е предвидена за напасување добиток на јавна површина, според новиот Закон за јавната чистота. Иако и досега со Законот за комуналните дејности се забрануваше чување ситни и крупни животни во урбана средина, одредбата не се почитуваше. Коњи слободно шетаа и во строгиот центар на Скопје, а најчесто се „укотвуваа“ кај Транспортниот центар. Имаше и случаи кога напаѓаа и луѓе. Причината за досега нерешениот проблем, според градските комунални инспектори, е тоа што Законот за комуналните дејности не предвидел казнени одредби за добиток во градски средини. Од надлежноста за разрешување на овој проблем се оградуваа и Градот и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

- Пред четири до пет години презедовме акција за собирање на коњите од јавните површини. Коњите се носеа во Зоолошката градина, но сопствениците веднаш дојдоа по нив, со тоа што платија по 800 денари за престој на коњите и плус трошоците за акцијата што беше спроведена со асистенција на полицијата - истакна Љубе Стојковски, раководител на Одделението за комунална инспекција во Градот. Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот Скопје треба да донесе новаа одлука за јавната чистота, која треба да ја усогласи со истоимениот закон, со која ќе го утврди начинот на кој ќе бидат одземани коњите оставени на јавна површина и како тие ќе се носат и ќе се чуваат во посебни боксови. Треба да се определи и колку ќе изнесува казната што треба да ја плати сопственикот доколку сака да си го земе коњот, како и да се реши што ќе се прави со животните што во одреден временски рок нема да бидат земени од сопствениците. Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се децидни дека немаат никаква надлежност околу коњите, освен околу отстранувањето на пцовисаните животни.

- Во минатата недела граѓани бараа од нас да тргнеме мрша на мртов коњ. Нашата надлежност е да се собираат мршите од животните во градот, кои потоа се носат во санитарни гробници на Ветеринарската управа. Меѓутоа, имаме проблем кога се работи за коњ, бидејќи е големо животно. Немаме механизација со која би можеле да го кренеме. Се трудиме, иако не е наша обврска, и тоа да го решиме - вели Југослава Поленак од ЈП „Комунална хигиена“.

Полицијата во вакви случаи се справува на тој начин што против сопственикот на добитокот што слободно шета на јавни површини поднесува прекршочна пријава за пуштање животно без надзор.

- Во овој случај се соочуваме со проблем на утврдување на сопственикот на животното, бидејќи честопати тие се пуштени сами. Ние не сме надлежни за згрижување на добитокот од јавните површини. Тоа го правиме во соработка со локалната самоуправа - потенцира Борче Пешевски, портпарол во МВР. Посебен проблем, пак, претставуваат запрежни коли со коњи, што слободно се движат по улиците на градот и претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот. Често се и причина за сообраќајни незгоди, иако движењето на запрежни коли во градското подрачје е забрането со закон.

Од Градот велат дека не се надлежни да санкционираат учесник во сообраќај што не ја почитува поставената сообраќајна сигнализација, туку дека тоа е исклучителна надлежност на полицијата. Единствена надлежност на Градот, според Законот за Градот Скопје, е поставувањето сообраќајни знаци. Градските власти потенцираат дека на влезот во Скопје, како и на повеќе магистрални и собирни улици, се поставени сообраќајни знаци со кои се информираат граѓаните дека движењето со запрежни коли е забрането.

Од МВР велат дека тие ги отстрануваат запрежните возила од сообраќајот и дека казната за нивното учество во сообраќајот и за нивното движење низ градот се движи од 25 до 45 евра, во зависност од тоа каде е затечено запрежното возило (на тротоар, во сообраќај или на други недозволени места).

- Проблем е тоа што во поголем број случаи тие се управувани од малолетни лица, па тешко ги пронаоѓаме нивните родители - објаснува Пешевски. Според портпаролот во „Комунална хигиена“, Поленак, запрегите во Скопје се последица, а не причина на проблемот.

- Проблемот е во непостоење систем на селекција на отпад и на третирање на рециклирање на територијата на цела Македонија. Се' додека не се најде комплетно решение на овој проблем, ќе постојат дивите собирачи на ПЕТ-амбалажата (пластични шишиња) и на друг отпад, а запрежните коњски коли ќе бидат нивно средство за транспорт и начин за обезбедување егзистенција - заклучи Поленак.

Дневник - Анела Петрова -  25.09.2008




Edited by beTon - 18-Nov-2008 at 23:10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Oct-2008 at 23:42

Гулабите им вгнездија немир на скопјани

Од Ветеринарскиот факултет советуваат да се внимава со дивите птици, оти се можни зарази


Треба да се преземат мерки за да се контролира размножувањето на птиците, велат стручњаците

Диви гулаби се гнездат по терасите и таваните на зградите во повеќе скопски населби и им задаваат главоболка и нервоза на скопјани. Граѓани од Аеродром, од централното градско подрачје, од зградите кај пазарчето Буњаковец и од Карпош 4 се жалат дека стотици птици им создаваат несоница и им ги валкаат балконите со изметот што, според стручњаците, може да биде штетен и по здравјето на човекот.

Ана Стојанова од населбата Карпош 4 вели дека почнала да зема таблети за смирување за да може да заспие зашто под нејзиниот прозор цела ноќ гулабите се „забавуваат“. Нејзините соседи ја заградиле терасата со метална жица.

- Кога отворам прозорец, однадвор доаѓа неподнослива миризба. Се обидував на разни начини да се ослободам од нив, ставав тропалки, кеси, хартии, направив и страшило, но нив секоја година ги има се' повеќе. На терасата не можам да излезам. Колку и да ја чистам, птиците за една ноќ ја испоганат. Се плашам да не се заразам од некоја болест, зашто ова се диви гулаби. Никој не води грижа колку ги има, со што се хранат и дали се здрави. Ако постои некоја надлежна институција за нив, веднаш би ја повикала, не прашувам за пари - се жали Стојанова. Тодор Ивановски, експерт за птици, вели дека е точно оти дивите гулаби се намножиле во Скопје и дека им задаваат проблеми на граѓаните.

- Веќе неколку месеци сум пензионер, но целиот работен век во Природонаучниот музеј го посветив на истражување на птиците. Професионално и приватно сум засегнат со проблемот и енормното размножување на дивите гулаби. Точно е дека ги има многу. Тие се размножуваат до три пати во годината и вообичаено имаат по две пилиња во гнездото - вели тој.

Ивановски дополни дека во светот постојат неколку начини на заштита. Гулабите се хранат со специјална храна која содржи едно хемиско средство што не дозволува размножување, а е безбедно за животот и здравјето на гулабите.

- Некои приклучуваат жици со струја од мал напон за да ги одбијат гулабите. Во некои европски градови во кои ги има многу, како во Рим, на пример, граѓаните ставаат зашилени метални огради. Како и да е, треба да се преземат мерки за да се контролира размножувањето на птиците - вели Ивановски.Од Факултетот за ветерина велат дека мора да се спроведе акција и да се утврди вистинската состојба со бројот на гулабите.Александар Цветковиќ, асистент на Катедрата за биологија , патологија на риби, пчели и дивеч, вели дека нема место за паника, ниту, пак, треба да се спроведуваат радикални мерки. Тој ги предупредува граѓаните, сепак, да внимаваат кога се во допир со гулабите зашто станува збор за диви птици.

- Од искуството на другите метрополи, најдобро решение е контрацепцијата, за контрола на размножувањето. Со додавање препарати во храната што ќе им се остава во посебни хранилишта, ќе се намали бројот на гулабите. Луѓето треба да внимаваат кога го чистат изметот зашто без ракавици може да се заразат. За да се намали ризикот од зарази, ѓубрето во градот мора да биде затворено во контејнер, а луѓето да се одвикнат од хранењето на гулабите. Со организирана акција на здруженијата за заштита на животните и на локалните власти може да им се помогне и на луѓето и на гулабите - вели Цветковиќ.

ИНФО -Големи и бучни љубовџии

Латинското име на градскиот гулаб е Columbia livia. Се храни со семки, билки, но и со друга храна на која ќе наиде, освен месо. Над Скопје летаат во неколку јата од по стотина гулаби. Живеат исклучиво во двојки и се мирољубиви. Експертите велат дека куриозитет за овие птици е што мажјаците се големи и бучни љубовџии.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2DDDE0EA4132C04C84B898AC1FC312C8


Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Oct-2008 at 07:57
Каде е сега законот за чистота?
По улициве одамна е див запад, што сака се шета. Приметив дека веќе и мачките не реагираат кога ќе им се доближиш до контејнер. Порано бегаа уште на 10 метри, а сега мирно дремат кога фрлаш ѓубре, па дури и гледаат што фрлаш, демек кај нив дома.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Oct-2008 at 11:24
УЛИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ ОПАСНИ
Внимавај, коњ !
Градските комунални инспектори не можеле да казнуваат зашто во Законот не било прецизирано што да му прават на коњот откако ќе го отстранат од јавна површина


По булеварите во Аеродром се шетаат коњи. Се случува тие одеднаш да излетаат на коловозот, па возачите нагло кочат, свират, вртат во спротивна насока и што ли уште не за да не удрат во животните. За нивно отстранување никој не се ангажира. Никој не презема мерки да ги отстрани, дури ни по неколкуте инциденти во март годинава, кога коњ гризна девојка за глава, а друг, пак, скрши рака на мајка која одвај го одбрани бебето од неговите заби. Мерки не презедоа ниту Градот ниту Општината, а нема резултати ниту, пак, од работата на полицијата која може да ги казни луѓето што ги чуваат коњите среде град.
Жителите на Аеродром се жалат дека коњи се појавуваат на речиси секоја зелена површина во нивната општина и оти непречено пасат и во булеварското зеленило и на останатите сообраќајници.
"Ако не се на булевар АСНОМ, тогаш се на Јане Сандански или, пак, под Железничка, буквално ги има секаде и вака е со години. Ниту некој ги казнува газдите што ги пуштаат слободно да шетаат по улица ниту, пак, животните ги тргаат од тука. Се чека некој да загине, па овој проблем сериозно да се сфати", велат жителите на Аеродром.
Од Градот велат дека нивната комунална инспекција прави напори, врз основа на Законот за јавната чистота, да забрани напасување на животни, да ги најде сопствениците и да ги казни, но проблем им било што да прават со коњот откако ќе го отстранат од јавната површина, бидејќи во законите не било прецизно одредено како да ги третираат. Тоа допрва ќе го решат со Министерството за транспорт и врски, и ќе го до прецизираат законите. Токму поради недореченоста во Законот, од Градот велат дека досега и нема казнети за чување и напасување коњи. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158300&idg=8&idb=2499&rubrika=Skopje


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Oct-2008 at 22:11
Скопјани се шетаат по улица како на корзо


Од почетокот на годинава па до крајот на минатиот месец, 190 скопјани се казнети за неправилно преминување на улица. И покрај казната од 35 евра за поминување на црвено светло и 25 за преминување надвор од пешачкиот премин, скопјани се шетаат по улица како по корзо


Од почетокот на годинава па до крајот на минатиот месец, 190 скопјани се казнети за неправилно преминување на улица. Надлежните во СВР велат дека најчесто се преминува или среде коловозот или на црвено светло, при што речиси воопшто не се почитуваат сообраќајните знаци, семафорската сигнализација, ниту пак се води сметка за тоа дека постојат означени премини за поминување преку улица. И покрај казната од 35 евра за поминување на црвено светло и 25 евра за преминување надвор од пешачкиот премин, скопјани се шетаат по улица како по корзо.

-Пешаците и велосипедистите се една од најмасовните категории на учесници во сообраќајот кои воедно се и најнедисциплинирани. Колку и да имаме успех кај дисциплинирање на возачите, со пешаците сеуште имаме проблем. Кај нас дури е чудно кога ќе видите некој да оди 50 метри за да помине на пешачки. Сигурно не се сеќавате кога последен пат сте виделе ако нема автомобили некој да чека да се запали зелено светло. Тоа мора да се смени бидејќи им даваме лош пример на децата. Затоа и Советот за безбедност во сообраќајот ќе започне со масовна акција за подигање на свеста и сообраќајната култура на пешаците, а ќе го подигнеме и нивото на едукација на граѓаните и на казнените мерки, вели Тоше Јанев, портпарол на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Според Јанев, во соработка со сообраќајната полиција во наредниот период ќе се делува и превентивно односно на пешаците ќе им се делат едукативни летоци. Ќе бидат подготвени плакати и летоци за пешаци. ќе се спроведува во соработка со сообраќајната полиција кои прво ќе делуваат превентивно преку делење на едукативни летоци. Целта, велат надлежните, е да се доведеме во склад со она ниво кое што е постигнато во Европа.
Републичкиот совет за безбедност започна и со поставување на 40 звучни сигнали за крстосниците кои ќе им помогнат на лицата со оштетен вид полесно да ја преминат улицата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6E3B81A34BF97A4884AB34B12EA62507


Веста е постирана намерно во оваа нишка! За сите животињи што преоќаат улица кај ќе им текне!

За некое време ќе се погрижам да отиде на правилно место скопскиот сообраќај, но прво еден ден бар нека поседи овде.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Oct-2008 at 22:15
LOL

ич не ја преместувај
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Oct-2008 at 12:29
Општината Аеродром се сврте против чавките



Општината Аеродром обвинува дека покрај уличните кучиња и мачки, и птиците го растураат отпадот од кантите за отпадоци, па нивните сезонски работници секојдневно морале да го чистат отпадот околу нив.

- За ваквата состојба се виновни несовесните граѓани, кои остатоците од храна од своите домови ги фрлаат во овие канти наместо во контејнерите. На тој начин уште повеќе ги примамуваат птиците, особено чавките, кои во потрага по храна го растураат отпадот - велат од општината.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=218&ArticleID=10143

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Oct-2008 at 12:30
ЖИТЕЛИТЕ НА ЗЛОКУЌАНИ ПРЕПЛАШЕНИ
Скорпии лазат по спалните на скопјани

Емилија Стефанова

Жителите на Злокуќани се преплашени од скорпиите што доползеле во нивните дворови и домови. Не знаат од каде дошле, ни дали и колку се опасни. Мајките се загрижени за своите деца зашто, како што е познато, повеќето скорпии, кои обично живеат во суви предели, при каснување ослободуваат отров кој може да биде смртоносен. Лилјана Кочовска, жителка на улицата Скупи 20 во населбата Злокуќани, завчера нашла скорпија на ѕидот од куќата во задниот дел на дворот. - Ја видов попладнето додека пресадував цвеќе во дворот. Се преплашив и веднаш го викнав сопругот. Тој ми кажувал дека и порано наоѓал скорпии, ама мене не ми се веруваше. Ме плаши тоа што постарите велат дека скорпиите живеат во гнезда во кои ги има многу. Можеби некое такво гнездо има во близина на мојата куќа. Не знам дали се отровни и опасни - рече Кочовска. Нејзините соседи велат дека не е првпат да најдат скорпии во дворовите или бавчите. Еден од нив неодамна фатил една долга шест сантиметри. Жителите велат дека слушнале дека скорпиите случајно се пренесени во земјава при увозот на стока од африканските земји. Во контејнерите во кои се сместуваат производите честопати има пукнатини во кои се кријат и се разбегуваат при отворањето. Ова е само еден од можните начини како скорпиите би стигнале до овде. Експертите по биологија не ја исклучуваат таквата можност. Стое Смиљков, професор на Природно-математичкиот факултет, вели дека и кога би дошле до овде, скорпиите не би можеле да живеат долго затоа што климата не им одговара и нема да ја преживеат студената зима. - Точно е дека кај нас има скорпии, меѓутоа се работи за неотровни видови кои ретко се среќаваат и воопшто не се опасни. Ова не е прв случај скопјани да донесат примерок на овој вид. Во нашата земја повеќе смртни случаи има од каснување од пчели, отколку од скорпии. Овој вид воопшто не каса и не е опасен за здравјето на луѓето и покрај тоа што многу потсетуваат на оние од Африка, кои се отровни - рече Смиљков, професор по зоологија на безрбетни животни. Во нашето поднебје, како што објаснува тој, има два вида скорпии, еускорпија италика и еускорпија кафкарика, кои обично живеат во потоплите краеви покрај реките или езерата. Можат да се најдат по течението на реката Вардар, се до Матка, а најчесто ги има во Дојран, Валандово или во Охрид. Една женка може да роди од 15 до 20 мали скорпии годишно. Имаат животен век од 3 до 4 години. Скорпиите влегуваат во групата на членконогите, но не се инсекти. Не прават гнезда со јајца, туку ги раѓаат младите скорпии. Според професорот, место за загриженост на граѓаните нема, иако средбата со скорпиите за никого не е пријатна.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1538&ArticleID=101262


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Oct-2008 at 22:21
Јас имам решение и за коњите и за трамвајот во Скопје. Пред еден век трамвајот исто се движел по шини, но го влечеле неколку коњи! Зошто ние да не ги собереме сите улични коњи од градов, да ги впрегнеме на шинско возило, и ете трамваи, и тоа ќе направиме едно десетина трамваи за градовBig%20smileThumbs%20UpCrazy!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Oct-2008 at 22:27
Плус ќе го вратиме духот на старо Скопје... Требаше да ја презентираш идејава на „денот за идеи“. После сите будалаштини што не снајдоја, не ќе се изненадев и вакво нешто да пројдеше... Ај подобро да не баксузирам, да не се сетат самите на ваква брилијантна идеја.

Stern%20Smile


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2008 at 22:27
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Jan-2009 at 12:19
ГРАДСКИ ПОВРШИНИ ПРЕТВОРЕНИ ВО ПАСИШТА
Ново Лисиче стана пасиште за коњи и магариња

Коњи и магариња секојдневно пасат во близина на населбата Ново Лисиче. На просторот каде што има тревници, но и на просторот што се уште е во државна сопственост и не е доволно урбанизиран, сопствениците го оставаат добитокот на пасење. Ваквата состојба стана уште поалармантна деновиве, кога на импровизираното „селско пасиште“, во чијашто близина има згради, сопствениците на животните фрлиле и две мрши од мртви коњи. Жителите на оваа скопска населба се жалат на непријатната миризба што доаѓа од мршите, како и на миризбата од изметот на коњите, кои станаа секојдневни посетители на зелените површини во овој дел на Скопје. - Се плашиме децата да ги пуштиме надвор да си поиграат за случајно да не дојдат во близина на некој од двата коњски трупа што неколку дена никој не ги отстранува од зеленилото. Не знаеме каде да реагираме и да се обратиме за да се изнајде решение на проблемот затоа што ова не е прв ваков случај, да се пасе крупен добиток во градско подрачје, каде што е забрането - вели Мими Антевска од Ново Лисиче. Покрај коњите и магарињата, на жителите на оваа скопска населба дополнителен проблем им создаваат и кучињата-скитници, чијшто број во последните денови драстично е зголемен затоа што се собираат околу мршите на животните. - Кучињата-скитници јадат од мртвото животно, а потоа доаѓаат пред влезовите на зградите и лежат таму. Сите поминуваме од таму, а најмногу не загрижува тоа што често децата знаат и да си поиграат со таквите кучиња. Се плашиме од болести и од бактерии. Се чувствуваме како да живееме во зоолошка градина - вели Никола од Ново Лисиче. Од општината Аеродром, во чијашто територија припаѓа и овој дел, тврдат дека досега ниту еден граѓанин не се јавил да побара од нив да се реши проблемот со пасење на крупен добиток. - Општината нема надлежност да ги отстрани двете коњски мрши затоа што тоа е во надлежност само на Град Скопје - велат од Општина Аеродром.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1606&ArticleID=106290
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Feb-2009 at 22:48
На испаша пред Македонска Телевизија Roll%20eyes


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Mar-2009 at 17:34
SВЕРКА ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ
Волк шета среде Скопје
Пред десет месеци семејството Илиевски купило куче, но пораснал волк



Семејство во скопската населба Бутел веќе десет месеци чува волк во дворот. Му направиле колиба и ја оградиле со решетки, па волкот живее во два квадрата. Жителите од околните куќи велат дека секоја вечер, штом се стемни, волкот почнува да завива исто како во планина, па по цела ноќ ги остава без сон. Освен што цела година останале ненаспани, соседите се жалат и на неподнослива смрдеа на измет, која се шири од кафезот на волкот. Помалку од смрдеата, а многу повеќе од страв да не се откачи од синџирот и да ги нападне, во последно време тамошните жители речиси воопшто и не поминувале по улицата на која е волкот.
Им смрди и ги остава без сон и газдите на волкот. Најголем страв од него има Ристена Илиевска, газдарицата. Илиевска вели дека нејзиниот син го купил волкот од Струмица, мислејќи дека е куче. По неколку месеци, кога волкот потпораснал, семејството Илиевски забележало дека кучето здивува и го однеле на ветеринар да го вакцинираат. Кога отишле во ветеринарна станица, докоторот им кажал дека, всушност, чуваат волк и оти за таквите животни нема вакцина. Избезумени, Илиевски се вратиле дома со волкот и веќе со месеци се обидуваат да се ослободат од него.
"Син ми мислел дека купил куче, но му продале волк. Буквално не знаеме што да правиме со него. Навечер не спиеме, цела населба смрди од него, а пред неколку недели добив и алергија, најверојатно, од него. Го храниме со кучешка храна и мораме да го прошетаме бидејќи здивува во кафезот. Го шетаме најчесто навечер во дворот на школата, и тоа со страв да не се откине од синџирот. Сакавме да го подариме во Зоолошката градина, но од таму не сакаа да го земат. Поради него се испокаравме со сите соседи, но навистина не знаеме што да му правиме", вели Ристена, нагласувајќи дека иако можеле, не сакале да го убијат волкот.
Таа стравува дека волкот кога ќе порасне, ќе почне да напаѓа и луѓе, иако досега тоа не му се случило, но, сепак, до него се доближуваат само таа и нејзиниот син.
Од Зоолошка градина велат дека се информирани за случајот, но не можеле да го земат волкот.
"Не примаме животни кои претходно се чувани во домашни услови и за кои не знаеме од каде потекнуваат и во каква здравствена состојба се. Не смееме да го земеме во Зоолошката оти тоа е казниво со Закон. Ги прифаќаме само оние животни што ќе ги донесе Шумската полиција, бидејќи во такви случаи државата гарантира за нив", велат од Зоолошката градина.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164653&idg=9&idb=2620&rubrika=Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Apr-2009 at 02:37

Отруените животни опасни за живот

Постои веројатност од труење на луѓето, пред се', децата, ако дојдат во допир со мршата, вели директорот на Клиниката за токсикологија


Најчесто на удар на трујачите се кучињата-бездомници

Мршите од отруените животни може да бидат мошне опасни, особено за здравјето на децата, кои играјќи си може да дојдат во допир со нив. Практиката покажува дека животните најчесто се трујат со пестициди или тијанидни соединенија, за кои експертите тврдат дека се исклучително силни отрови.Во минатата година, од улиците на Скопје, комуналците собрале вкупно 374 мрши на кучиња и 86 на мачки. За годинава се' уште немаат податоци, но во просек се собираат по 50 мрши месечно.

ЕКСТРЕМНО СИЛНИ ОТРОВИ

Димче Велковски, ветеринар во Ветеринарниот центар Скопје, вели дека средствата со кои се трујат кучињата се употребуваат за заштита на растенијата од растителни вошки.

- Ако се употребуваат во недозволени количини, тие се екстремно опасни материи. Обично ги користат лицата со тешки психички растројства кога се самоубиваат.. Толку се силни што дејствуваат уште при допир со кожата - истакнува Велковски.Тој вели дека глетката е морничава кога животните умираат: грчење и треперење на телото, дезориентираност, лигавење, блокада на центарот за дишење и престанок на работата на срцето.

- За жал, не постои законска рамка со која би се забранила слободната продажба на ваквите лекови во земјоделските аптеки. Со издавање на средствата исклучиво на рецепт би можела да се регистрира продажбата - вели Велковски. Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, вели дека е многу опасно неконтролираното труење на миленичињата.

- Поголема веројатност да настане труење на луѓето, пред се', на децата, ако дојдат во контакт со отруеното животно. Животното додека умира повраќа или се лигави. Децата од жал го допираат кучето за опашка или го галат. Ако не го допрат, мали се шансите да настане труење. За среќа, досега во својата лекарска практика не сум сретнал таков случај. Сепак, ако треба да се преземе нешто, има служби задолжени за овие животни. Не е дозволено кој било да се справува со тоа - објаснува Чибишев.

НАДЛЕЖНИТЕ РЕАГИРААТ НА ПОВИК

Раководителот на стационарот „Вардариште“, Слободан Петревски, додава дека жителите треба ваквите случаи да ги пријават на дежурниот телефонскиот број на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.На масовното труење реагираат и од Здружението за заштита на животните и животната средина „Срце за животните“.

- Изминатиов период имаше масовно труење на кучиња и мачиња: во Ново Лисиче, Волково, Црешево, крај патот за Матка. Ваквото труење е кривично дело, а извршителите треба да одговараат. За жал, досега не е откриен виновникот во ниту еден случај. Надлежните молчат, и покрај тоа што сме поднеле и кривична пријава против непознат сторител - вели претседателот на Здружението, Вангел Мичевски. Жителка на Ново Лисиче неодамна останала без своето галениче.

- Во ова општо труење животни, настрада и мојата мачка. Постојано некој ги труе миленичињата - посочи скопјанката.Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ велат дека тие редовно реагираат ако добијат повик.

- Ние не можеме да знаеме каде се' има мрши. Штом ќе добиеме информација, веднаш реагираме. Мршите се собираат со специјални возила и се носат во депонијата „Дрисла“, каде што се спалуваат - изјави Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“. За жал, местото каде што тие лежеле ниту е исчистено ниту е затрупано со песок,.

ЈАМА ЗА МРШИТЕ ВО „ДРИСЛА“

„Комунална хигиена“ има изработено проект за изградба на гробница за бездомни животни, во рамките на „Дрисла“, на барање и на граѓаните кои што не знаеја каде да ги носат своите умрени миленичиња, но тој се уште не е реализиран, бидејќи треба да се финансира од Градот.Од Градот велат дека во буџетот за годинава се предвидени три милиони денари за изградба на јама во која ќе се погребуваат животните скитници.

- Избрана е фирма на тендер, потпишан е договор и јамата ќе се прави во рамките на депонијата „Дрисла“според утврдени стандарди, со два вкопани бетонски прстени со капак и систем за вентилација. Само се чека од ЈП „Комунална хигиена“ да ја одреди точната локација на која ќе се гради јамата во рамките на депонијата „Дрисла“, потенцираат од Одделението за односи со јавност во Градот. Ако подготвителните работи течат според планот, изградбата се очекува да почне пролетва.

ИНФО-Труењето е кривично дело

Во минатата година, од улиците на Скопје, комуналците собрале вкупно 374 мрши на кучиња и 86 на мачки. Животните најчесто се трујат со исклучително силни отрови, поточно пестициди или тијанидни соединенија.Иако труењето е кривично дело, во изминатиот период масовно труења имаше во Ново Лисиче, Волково, Црешево, Матка...

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=847ACD4C95251D449A20A4DCC95A0847
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Apr-2009 at 08:10
Каде попрво ова да го постирам, овде или во Јавна чистота



Еден од првите контакти на намирникот во нашата „метропола“
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-May-2009 at 22:52

Наезда од змии во Реонски центар Аеродром

Експертите за влекачи од Природонаучниот музеј велат дека ова е период кога змиите се будат од зимскиот сон и кога забрзано бараат партнер за парење, па затоа граѓаните ги забележуваат и на места на кои не ги очекуваат

Граѓаните од Реонски центар Аеродром се ужаснати од наездата на змии што се шетаат по нивното маало. Станарите што живеат на булеварот Видое Смилевски Бато во зградите број 42, 40 и 2а се жалат оти змиите речиси им се плеткаат околу нозе и често се случува на паркингот да ги прегазат со автомобил.

- Не сум плашлив тип, ама од змии се ужаснувам. Просто неверојатно е како може да ги има и во град, во урбана средина, каде што има метеж од луѓе и автомобили. Пред некој ден се враќав од работа околу пладне кога на паркингот наидов на огромна змија. Не сакајќи ја прегазив. Прво ми беше жал што ја прегазив, а потоа ме фати страв. Жена ми е бремена и не знам како ќе беше ако таа го забележеше влекачот. Се договоривме со соседите, кои исто така се соочиле со змиите, писмено да ја известиме општината и да побараме помош - вели Јован Бошковски, станар од зградата 2а.

Градоначалникот Ивица Коневски вели дека во неговиот кабинет до вчера немало ниту едно известување за овој проблем на граѓаните од тој дел од општината. Службите во општината ќе го испитаат случајот и ќе преземеме безбедносни мерки - вели Коневски.

Експертите за влекачи од Природонаучниот музеј велат дека ова е период кога змиите се будат од зимскиот сон и кога забрзано бараат партнер за парење. Затоа граѓаните ги забележуваат и на места на кои не ги очекуваат.Светозар Петровски, кустос-советник во Музејот, вели дека станува збор за водни змии, за кои верува дека не се отровни.

- Граѓаните не треба да се плашат, туку само да бидат претпазливи. Во Реонски центар Аеродром земјиштето е влажно. Нормално е во скопскиот регион на крајот од март да почнат да се будат змиите од зимски сон. Сметам дека станува збор за водни змии. Тие најчесто бегаат и се кријат кога ќе почувствуваат движење. Граѓаните не треба да се плашат, туку да научат да живеат со природата. Македонија е потписничка на неколку европски конвенции за заштита на змиите, па убивањето на овој вид влекачи не е дозволено. Со оглед на тоа дека човекот дошол на нивна територија, треба да се има малку трпение оти и на змиите им треба време да си најдат друго место за живот - вели Петровски и дополнува дека змиите не се агресивни, освен ако не се најдат притеснети, па како и секое живо суштество мора да се брани.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=60BBEF78B70197449520F0C5299DCB71
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.