build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани животни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 29-Nov-2009 at 00:47
Луѓе абе што бидна со гуските и патките во градски парк?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-Nov-2009 at 12:23
Originally posted by SJCF

Луѓе абе што бидна со гуските и патките во градски парк?
се вртеше веста дека ги фаќале и убивале но засега исчезнувањето е мистерија
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Dec-2009 at 21:32
Коњов го имаме регистрирано во нишкава уште одамна. Ете FoSsiL го има сликано токму во жардињерата. Толку долго се шуња таму што веќе се навикнавме на него. Јас го имам видено неколку пати... сигурно и огромен број други граѓани. Само надлежните никако да го видат  Roll%20eyes

Коњ жардиниера пасе





 

Новите жардиниери среде булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром поради својата ширина, се претворија во еден од најубавите тревници во градот

 
 
%20  
Тоа очигледно го научил и овој коњ, кој, според месното население, може да се види речиси секоја вечер како пасе среде булеварот. Граѓаните не знаат кој го оставил животното, но сметаат дека неговите сопственици строго да се казнат, не само поради несовесното постапување со него, туку и поради загрозување на општата безбедност. Според нив, коњот би можел во секое време да се симне на коловозот по кој многу често се вози брзо и да предизвика сообраќајна несреќа со многу тешки последици.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121791040121&id=14&prilog=0&setIzdanie=21864
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 28-Dec-2009 at 14:07
Мојата омилена тема, за аеродромските коњи...не знаев само дека се толку интерактивни со околината...

БУЛЕВАРИТЕ ЈАНЕ САНДАНСКИ И ВИДЕО СМИЛЕВСКИ-БАТО ОПАСНИ

Коњи скокаат по автомобили во Аеродром

Додека да се најде чаре да се спречи слободното движење на коњите по булеварите, Градот најави дека привремено ќе ги смести некаде за да не настрада никој

Улични коњи речиси цел месец дивеат во населбата Аеродром, уништувајќи автомобили и попречувајќи го сообраќајот. Најстрашна е состојбата на булеварот Јане Сандански, кај слаткарницата "Палма",каде еден коњ буквално живее на зелениот простор што ги дели двете страни на улицата. Животните, кажуваат жителите, истрчуваат пред возила, па за да не удрат во нив и, не дај Боже, да предизвикаат несреќа, возачите се качуваат на тротоарите. Има и случаи, додаваат граѓани кои живеат на овој потег,кога коњите скокаат и на колите. Подивените животни се затрчуваат накај колите, со копитата газат на шофершајбните и ги прескокнуваат.
Коњите, освен што го кочат сообраќајот на улиците, ги плашат и минувачите.
Тамошните жители се жалат дека коњите ги има буквално насекаде во населбата. Одврзани се шетале во зеленилото пред зградите, на тротоарите покрај булеварот, а многу пати досега ги затекнале и меѓу автомобилите на паркинзите.
"На булеварите Јане Снадански и Видео Смилевски - Бато секој ден мора да сретнеме коњи. Ако ги нема таму, сигурно се под Железничка или пак во некој парк. Никој не ги казнува сопствениците на животните кои ги пуштат слободно да шетаат меѓу луѓе на улица. Надлежните под итно нека забранат овие животни да се движат слободно за да не настрада некој", се жалат аеродромци.
Проблемот со коњите во Аеродром не е од вчера. Минатата година коњ гризна девојка за глава на Кеј, а на една мајка $ скрши рака додека се обидуваше да го одбрани бебето од неговите заби.
И покрај тие и многу други инциденти, никој досега не најде чаре за овие животни кои слободно шетаат во Градот.
За Градот проблемот со коњите бил сложен и решението за нив не зависело само од нивната желба, туку од повеќе институции.
"Проблемот со коњите е сложен и опфаќа повеќе сегменти од јавниот живот. Треба да се регулираат повеќе работи од областа на заштитата на животната средина, почнувајќи од решавање на проблемот со движењето на запрежни возила во сообраќајот до воведување комунален ред во сите општини. Додека конечно да се реши проблемот планираме да најдеме начин привремено да ги сместиме некаде за да не се случи трагедија", велат од Градот.
(М.Ѓ.)


http://www.vest.com.mk/?ItemID=38FE7ECC0FB3134F816280D271ECD7E9
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 28-Dec-2009 at 16:27
За Градот проблемот со коњите бил сложен

Да, тука е некаде по сложеност со квантна физика.

Што да се прави, чим заземаат ваков став, изгледа најдобро да се навикнеме на коњиве во догледна иднина.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 05-Mar-2010 at 17:53
ИАКО ЗАКОНОТ НЕ ДОЗВОЛУВА, ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЧУВААТ ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Скопје се претвори во фарма

Елена Мачевска

Десетици илјади кози, свињи, кокошки, коњи и говеда се чуваат во дворовите низ скопските населби. Иако одгледувањето домашни животни во градот е забрането со Законот за комунални дејности, сепак луѓето не се откажуваат од можноста да си обезбедат поевтина храна, а има случаи и кога од животните се остварува приход. Од непочитувањето на Законот, најмногу штета имаат граѓаните чии куќи се наоѓаат веднаш до нечија штала или кокошарник. Проблемот е најголем преку лето, кога поради високите температури смрдеата се шири низ населбите. Сепак, и покрај постојаните меѓусоседски негодувања, ретко кој од граѓаните ваквиот прекршок го пријавува на комуналните инспектори во Општината, на чија територија се одгледуваат животни. - Соседите до нас чуваат кози, крава и неколку свињи. Додека температурите се ниски, присуството на животните воопшто не се забележува, но во лето состојбата е страшна. Не можеме прозор да отвориме, а не, пак, да седнеме во двор - раскажува жителка од општина Аеродром. Општинските комунални инспектори иако контролираат, имаат врзани раце, затоа што во Законот за комунални дејности, со кој се забранува чување домашни животни на градско подрачје, законодавците не предвиделе парична казна, туку само опомена. - Според овој Закон, предвидена е само усна опомена за граѓаните, а не глоба. Законот дозволува домашни животни да се чуваат во руралните средини, но и тука доколку не се чуваат соодветно сопствениците можат да се казнат според Законот за јавна чистота - објаснуваат од одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Од Планот за управување со отпад на Град Скопје за 2010-2015 година, јасно се гледа дека речиси и да нема општина во главниот град каде што не се забележани живеалишта на добиток и на живина. Само на територијата на Аеродром има околу 42 коњи, 130 говеда, 364 овци, 674 свињи и над 5.220 кокошки. И централното градско подрачје не е имуно на чувањето домашни животни и на живина. Во Општината Центар, според податоците добиени од Град Скопје, има околу 200 овци, пет коњи и две говеда, 22 кози и 12 свињи како и 20 кокошки. На целата територија на Скопје има вкупно 8.000 говеда и над 12 630 овци. Од скопските општини тврдат дека досега кај нив немало ниту едно јавувања од граѓани за да се пожалат дека некој сосед чува животни и дека тоа им создава проблеми. - Нашите комунални инспектори се секојдневно на терен и досега не сме имале поплаки од граѓани, но доколку има такви ние ќе ги преземеме сите потребни мерки - вели Јовица Ацковски, портпарол на Центар. Градските власти не располагаат со податоци за количеството на отпад што се создава од одгледувањето на добиток и на живина.

Трла и штали во скопските општини

Во општина Ѓорче Петров постојат седум живинарски фарми со вкупно 13.500 кокошки, четири краварски фарми со 116 грла, една свињарска фарма со 75 места за маторици и 360 места за гоење свињи, како и три трла со овци со вкупно 1.380 овци. Во општина Бутел има две фарми за говеда, а во општина Гази Баба постојат две фарми за говеда од кои едната е Факултетско земјоделско стопанство.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1960&ArticleID=135565
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 25-May-2010 at 07:07
Кучињата си лаат, караванот си врви!


Од Министерството за внатрешни работи велат дека постојат казни за сопствениците што ги изнесуваат своите миленици без маска и без ремен. Секој наш инспектор има фотоапарат со кој мора да го слика и да му земе лични податоци на сопственикот, а тоа е малку тешко кога некој има куче во близина.


Газдите на кучиња иако уште пред две години имаат законска обврска своите миленици да ги шетаат со маски и со ремени, ретко кој од нив го почитуваат тоа.
Имено, скопјани постојано се жалат дека огромни кучиња секој викенд во Градскиот парк се шетаат без заштита, а нивните газди не обрнуваат внимание на поплаките од граѓаните.
- Викендов кога шетав со своето дете, одеднаш покрај нас поминаа неколку големи кучиња. Според големината не беа безопасни. Не мрзам животни, но моето дете се преплаши. На мојата реакција да ги соберат, сопственикот само ми одмавна со раката.
Исто така, знам дека постои одлука со која домашните миленици мораат да носат маски и ремени. Не е дозволено да се движат слободно, а најмалку во парк каде што има многу деца - вели еден револтиран скопјанец.
Со зголемувањето на температурата газдите на кучиња се повеќе ги изнесуваат надвор низ зелените површини. Според нив, пак, на друго место нема каде да се раздвижат нивните миленици.
- Знам дека постои одлука за задолжително носење маски и ремени. Но го изнесувам надвор моето куче за да се прошета. Замислете и тогаш да му ставам заштита, ќе биде како во затвор. Сепак, внимавам каде што има деца да го држам за ремен - вели Роберт, сопственик на ротфајлер. Во Министерството за внатрешни работи велат дека постојат казни за сопствениците што ги изнесуваат своите миленици без маска и без ремен.
Секој наш инспектор има фотоапарат со кој мора да го слика и да му земе лични податоци на сопственикот, а тоа е малку тешко кога некој има куче во близина. Потоа процесот се одвива во суд и оттаму се изрекува казна, која е парична и изнесува до 25.000 денари - информираат од градската комунална инспекција.
- Полицијата реагира по поднесена пријава. Потребно е да ги имаме податоците за сопственикот за подоцна прекршочно да се гони и судот да одлучи за видот и за висината на казната - велат од МВР. Градската комунална инспекција, исто така, е надлежна за случаите на неадекватно обезбедени кучиња.
- Работиме според одлуката за комунален ред од Град Скопје. Сепак, процедурата е малку комплицирана затоа што немаме право да изречеме мандатни казни. Прво мораме да го евидентираме случајот каде газдата го шета своето милениче необезбедено.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E80B5F9DBC86F64B965526E33AE99771
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 25-May-2010 at 17:04
Ротфајлер Инаку, сè додека не постои барем по еден парк во секое населено местенце во Македонија каде што ќе биде легално да се шета куче, јас сум против оваа мерка. Па нема филм на кој во Њујорк во Централ Парк не си играат кучиња со децата. Таман работа да си го чувам кучето под ланец во паркот. Нека најдат парк, или барем дел од градскиот парк, и нека речат ова е зона за слободно шетање на кучиња. Кој има мало дете, ако не сака, нека не оди.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 25-May-2010 at 17:31
ministerstvoto za vnatresni raboti ne prajt nisto!
pred nekolku nedeli imase video vo A1 kako se davaa kucinja za pari!!!Edna borba za 2000 evra ili 20000evra, sekoj ke dava polovina (1000 evra ili 10000 evra) toj sto ke pobedi ke gi zema parite (sposovnikot na kuceto9 a toj sto ke izgubi ako e loso povreden neka si umri!!!
Ima i vebstranica sto se falat (uspeav da procitam od A1 kako se vika vo facebook)Katastrofalno!!!A vo drugata strana coveckite prava ne se respektiraat pa sto ostana za zivotnite!!!!! sostojbata e alarmantna i sekogas bila!!!
Vo kicevo gi ubijat vo 5 casot pa posle vo 8/9 doaga traktor i gi zema!A imase i sostojbi kade kuceto preziveaal pa stanel so edna noga!!Strasno!!!!
(ko bev vo mkd pred edna godina, odev kon pekarata da si kupam nesto, se uplasiv koga vidov 10 kucinja legnati, ko vidov nazad od komunalna doagat so traktor da si gi soberat!(jas mislev deka uste ziveaat)!Veruvajte kucinjata smerznati bea!!!(koga bea ubieni neznam) ama cesto vo 5 utrina!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 13-Jun-2010 at 01:04
И ПОКРАЈ ТОА ШТО НАДЛЕЖНИТЕ ТВРДАТ ДЕКА Е ИЗВРШЕНА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Глувци и стаорци шетаат низ Капиштец

Роза Петкова

Стаорци што прерипуваат од шахта во шахта и мртви глувци оставени на улица деновиве ги вознемирија жителите на населбата Капиштец. Граѓани тврдат дека и лани и годинава забележувале стаорци, особено околу постарите згради и бараат надлежните да преземат нешто и да го решат проблемот засекогаш. Иако општините имаат обврска да спроведуваат дератизација на шахтите двапати во годината, напролет и наесен, се покажува дека ефектите од тоа не се целосни. - Во паника сум од стаорци затоа што ми се случи два дена по ред да ги гледам на улица. Вчера видов еден како излегува од шахта во паркот пред зградата во која живеам. Претходно видов голем мртов глушец спроти домот за деца без родители „11 Октомври“. А, кога ќе се сетам дека и лани дома најдовме испечен стаорец во рерната, косата ми се крева. Навистина не знам што преземаат надлежните власти, но ова вака не може, очигледно нивните мерки немаат ефект - вели Ивана К., жител од Капиштец. Должноста за дератизација општинските власти ја преземаа од Град Скопје, пред неколку години, со измените на Законот за локална самоуправа. Но, веднаш се покажа дека тие не можат да ја завршат работата како што треба, затоа што сите општини не се усогласуваа во терминот кога ја спроведуваа постапката. Така, првата година по новопреземена обврска, Скопје остана без никаква заштита од глувците. Но и неколку години потоа општините се уште не можат да се усогласат во исто време да ја почнат заштитната мерка за да не се случува глувците од една општина да преминуваат во друга и со тоа да се намали дејството на дератизацијата. Во Општина Центар велат дека на нивното подрачје е направена задолжителната пролетна дератизација, но немаат информација зошто таа не покажала успех. - Општината ја почна пролетната дератизација на 20 април и постапката заврши на 11 мај. Дератизацијата успешно се одвиваше во овој период и имаше краток прекин поради временските услови, односно поројните врнежи од дожд - вели портпаролот Јовица Ацковски. Годинава за завршена пролетна дератизација информираа само општините Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров. Останатите општини немаа официјални соопштенија дали си ја завршиле должноста навреме, или решиле да ја чекаат есента.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2042&ArticleID=142497
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Aug-2010 at 08:39


Ова е плафон до сега....уште пред собрание да видам коњ и крај...



Извор - on.net
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Aug-2010 at 08:48

konj pred banka serd centar??prv pat gledam no ne e prviot shock sto se slucuva vo skopje

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Aug-2010 at 09:09
Originally posted by Dave Gahan



Ова е плафон до сега....уште пред собрание да видам коњ и крај... 
Малку ли ти се 120 „коњи“ кои ги плаќаме да бидат внатре?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Aug-2010 at 09:11
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by Dave Gahan



Ова е плафон до сега....уште пред собрание да видам коњ и крај... 
Малку ли ти се 120 „коњи“ кои ги плаќаме да бидат внатре?
 
 
LOLLOLCheers
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 04-Aug-2010 at 16:59
Па зар ја заборавивте паролата -СКОПСКО И СЕ Е МОЖНО !!!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Aug-2010 at 18:48
Originally posted by UrbanFreak


Малку ли ти се 120 „коњи“ кои ги плаќаме да бидат внатре?

Опасна коинциденција, ама не ми беше таму паметот прееска...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 05-Aug-2010 at 16:25
Ова со коњиве не ни може да се реши парцијално, без претходно да се искоренат чергарските населби внатре во градот, како и појавата на непречено движење на запрежни коли по градските сообраќајници.

Но покрај тоа што се невидена брука, коњиве се и сериозен проблем за безбедноста во сообраќајот. Сум бил сведок на опасни ситуации кога коњи ненадејно истрчувале на фреквентни сообраќајници. Веројатно ќе чекаме проблемов да резултира со жртви или повредени, па надлежните да почуствуваат потреба барем да глумат дека се ангажирани на случајот и да ни приредат некакви мерки кои повеќе ќе бидат театар отколку нешто суштинско. А после кога ќе се подзаборави целата работа, да дигнат раце и од театарот...

Sleepy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 01-Nov-2010 at 21:09
Повторно, нашата жална реалност

Ќе има ли крави и во Скопје во 2014

Чување домашни животни во урбани средини е забрането, а нема пропишана санкција

Снежана Калабакова


Кукуригањето на петлите, мукањето на кравите и мекањето на козите се' уште ги буди некои скопјани. Овие луѓе никако не можат да си го решат проблемот со соседите што сакаат ем да живеат во метропола ем да чуваат живина и добиток. Очајните граѓани немајќи каде, се обратиле за помош во општините од каде што побарале спас не само од вревата што ја создаваат животните туку и од изметот што им смрди под прозорец.

Општински инспектори потврдуваат дека има вакви пријави од граѓани и не одрекуваат дека во градот има делови во кои граѓаните се' уште не се откажуваат од домашните животни. Иако чувањето крупен добиток и живина е карактеристично за индивидуалното живеење, за жал, многу често можат да се видат коњи и крави и во централното градско подрачје, под Железничката станица, во близина на новиот „Веро“, околу „Рамстор“.

Еден од инспекторите тврди дека овие „љубители“ на животни често се опоменуваат, но, очигледно, ефектите се слаби, оти казнетите и натаму продолжуваат да ги чуваат животните. Инспекторите се немоќни бидејќи немаат законска основа да им го одземат правото на сопственост над животните.

„Во населбата Топанско Поле, веднаш спроти постојката на последна ’9‘, има неколку бавчи оградени со трње, жици и што ли уште не. Еден од сопствениците освен што одгледува зеленчук, има и мала фарма со кози. Козите ги води по патеката со павер-елементи преку ТЦ ’Принц‘ и ги шета низ населбата, а ги напасува или во ОУ ’Рајко Жинзифов‘ или во Заводот за рехабилитација на деца и младинци“, се жали жителка на оваа скопска населба.

Од Општина Чаир потврдуваат дека имале поплака за козите. Некој им се пожалил и за чување крупен добиток, крави и волови на улицата „Серава“. Но, што вреди, додаваат, кога и покрај казната од 50 евра, добитокот повторно се чува каде што не треба.

За проблемот со чувањето домашни животни и живина и Градот и Санитарната инспекција се прогласуваат за ненадлежни. Од Ветеринарната управа, пак, објаснуваат дека тие се одговорни само за здравствената состојба на животните. Во случајов, станува збор за комунални проблеми, а уверени се дека општинските инспектори само со опомени нема да ги решат.

„Градскиот инспекторат нема надлежност во регулирање на проблематиката, како што е чување домашни животни. Општинските комунални инспектори можат да настапуваат исклучиво врз основа на Законот за јавна чистота и да им изрекуваат парични казни на оние што чуваат домашни животни. Во Законот за комунални дејности, пак, е забрането чување домашни животни во урбани средини, меѓутоа не е пропишана санкција за такво нешто“, велат од Одделението за односи со јавност во Градот.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E42CE92551631840921616B24EA071E2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 22-Nov-2010 at 21:18
Ај баш да видиме

Нема веќе градски живот за коњите

Стационарот за коњи ќе се гради кај Вардариште и се очекува да биде готов до лето

Деспина Трајковска


Коњите нема уште долго да живеат градски живот. Градските власти најавуваат дека наскоро ќе стават крај на слободното шетање на коњите по булеварите, со што предизвикуваат уште поголем хаос во сообраќајниот метеж. Планираат в година да градат стационар за коњи, а за тоа во буџетот за 2011 година имаат предвидено два милиона денари.

Стационарот би требало да се изгради кај Вардариште, во непосредна близина на стационарот за кучиња. Иако проектот се' уште не е изработен, надлежните од Градот велат дека тоа наскоро ќе биде направено за да може објектот да се изгради најдоцна до лето.

„Ова е еден од проектите што планираме да ги завршиме во првата половина од идната година. Колку проектот да изгледа смешно за некого, сметаме дека е од големо значење, бидејќи ќе решиме проблем со кој граѓаните се соочуваат со години. Коњите не само што слободно шетаат по коловозите и спијат во тревниците туку и многу често се причина за сообраќајни незгоди, особено на подрачјето на Аеродром“, велат од Градот Скопје.

Токму аеродромци најчесто се соочуваа со проблемот со коњите во изминатите години. Често се случува во најголемата фреквенција на сообраќај тие слободно да минуваат по коловозот и да го отежнуваат сообраќајот со што претставуваат опасност за безбедноста на возачите и на пешаците. Такви ситуации најчесто се случуваат пред ТЦ „Бисер“, кај „Три бисери“, но не ретко коњите се составен декор и во делови на Ново Лисиче и во Карпош.

Инаку, градските власти наскоро треба да утврдат дали коњите ќе ги ловат екипи на ЈП „Комунална хигиена“ или, пак, ќе се формира посебна служба. Заловените коњи, евентуално и други животни што слободно шетаат по улиците, ќе се носат во стационарот. Тие таму ќе престојуваат извесен временски период и во случај да се пријави нивниот сопственик, ќе бидат ослободени. Во спротивно, животните, најверојатно, ќе се носат во Зоолошката градина.

Актуелниот проблем со уличните животни го потврдува и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, кој вели дека досега неколку пати аеродромци барале начин за негово решавање. Појаснува дека идејата за изградба на стационарот потекнала токму како иницијатива на жителите на неговата општина.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=38BC74DA9566E745BAF4E4FDAF3F4300
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 19-Apr-2011 at 12:46
http://www.vest.com.mk/?ItemID=C7C9FD2951BCB443AA589567DD3CF733

Коњите скитници за јавање во "Јасен"

Коњите прво ќе бидат 40 дена во карантин во Репроцентарот Фазанерија во Катланово, по што ќе бидат однесени во централниот дел на "Јасен" и ќе бидат искористени при туристичките посети на резерватот

Напуштените коњи кои се движат низ Скопје, прават проблеми во сообраќајот, но и напаѓаат луѓе, ќе бидат згрижени во "Јасен" каде ќе се користат за прошетки низ резерватот и обуки за јавање.
ЈП "Јасен" склучил договор со Град Скопје за преземање на напуштените коњи. Според проценките, има меѓу 40 и 80 коњи кои слободно шетаат по скопските населби.
"Почитувајќи ги правата на животните, но и проблемите кои ги прават во сообраќајот, валкањето и огрдувањето на градот, идејата е коњите да се транспортираат во Репроцентарот Фазанерија во Катланово. Ќе бидат сместени во специјално адаптиран дел за таа намена и под надзор на ветеринарната служба на 'Јасен'", вели директорот на резерватот Михаил Малахов.
Таму ќе бидат прегледани и 40 дена ќе бидат во карантин. Секој коњ ќе добие посебен ветеринарно-санитарен третман. Во тој период, доколку некој коњ има сопственик, тој ќе може да се јави во "Јасен", и откако ќе ги плати трошоците за транспорт и ветеринарна заштита, ќе може да ги земе.
Другите коњи ќе бидат однесени во централниот дел на "Јасен" и ќе бидат искористени при туристичките посети на резерватот.
"Ќе организираме тури за туристи кои не се искусни јавачи, кои ќе ги разгледуваат природните убавини придружувани од ренџерите на 'Јасен'", објаснува директорот Малахов. (А.С.)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.