build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктурни приоритети на Македонија 2013-2025

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 31-Aug-2018 at 23:27
Originally posted by ironm

Интересно експресниот пат Битола - Прилеп го нема во документов како стратешки приоритет, иако наголемо се најавува за реализација


Па не за џабе таа делница се вика xD некој не вара со години...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 03-Sep-2018 at 21:39

Rollin


Коридор xD

Стварно ни било пред носот цело време
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 18-Jan-2019 at 15:28
Транспортна стратегија до 2030. : Со воз до скопскиот меѓународен аеродром

Околу 104 активности ќе се реализираат во транспортната мрежа во Македонија до 2030 година. За реализација на овие проекти предвидено е да се потрошат околу 4,2 милијарди евра од кои најголем дел ќе се обезбедат преку кредити и ИПА средства.

Ова е предвидено во Националната транспортна стратегија што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски, а која денеска ја презентираше министерот за транспорт Горан Сугарески.

Меѓу покрупните проекти предвидени со Стратегијата во делот на патната инфраструктура се довршувањето на автопатот од Кичево до Охрид, изградба на автопатот од Скопје до Блаце, изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, како и изградба на ниво на автопат на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир и од Струмица до границата со Бугарија.

Во делот на железницата, покрај изградбата на пругата од Куманово до бугарска граница, планирани се и изградба на заеднички железнички граничен премин на Табановце и да се воведе железничка линија до аеродромот во Скопје.

Идејата за воведување воз од Скопје до скопскиот аеродром, како што посочуваат од Министерството за транспорт и врски, не е нова, но за нејзината реализација се чекало да се зголеми бројот на превезени патници на скопскиот аеродром.

– Исплатливоста на пругата од скопска железничка станица до аеродромот беше авионскиот превоз да привлече до два милиони патника бидејќи кога се правеа анализите, тие покажаа дека кога ќе се постигне ова, тогаш ќе биде исплатлива оваа релација бидејќи инвестицијата е значителна, истакна Билјана Здравева, раководител на секторот железници.

Во моментот не се знае колку ќе чини овој проект, со кој е планирано да се одвои крак кај Миладиновци за аеродомот. Она што првично следува е да се комплетира документацијата.

Министерот за транс

порт и врски очекува најголем дел од проектите во патниот сообраќај да бидат завршени до 2020-2021 година, а во делот на железницата планирано е до 2025 година да заврши комплетно изградбата на пругата кон Бугарија.

– Крајната цел на Националната стратегија за транспорт е да се развие хармонизиран транспртен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, а кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ќе ја чува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации, рече Сугарески.

Проектите од Стратегијата ќе се реализираат согласно приоритетите на Владата.

https://kanal5.com.mk/articles/363020/transportna-strategija-do-2030-so-voz-do-skopskiot-megjunaroden-aerodrom

Документот од стратегијата веќе е објавен неколку постови погоре, ако некој сака да го погледне. Можеби треба да ја преименуваме темава или да отвориме нова тема за Стратегија 2019-2030 и да ја следиме реализацијата. Инаку ова е првпат да постои стратегија за развој на инфраструктурата во Мк. Претпоставувам тие предвидени 4.2 милијарди евра на крај ќе испаднат 7 милијарди, плус 2040 година Big%20smile Но, барем почнавме од некаде.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 18-Jan-2019 at 18:32
Кај се Битола и Прилеп? :'(   
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 899
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 18-Jan-2019 at 19:10


Само оваа точка ја има.

      - Завршување на Коридор 10Д преку изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, изградба на ниво на автопат од Прилеп до Битола и изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија,
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 18-Jan-2019 at 19:13
Која е логиката Градско - Прилеп да биде експресен, но сепак Прилеп -- Битола да биде автопат, за потоа повторно експресен до граница?

Нели е по логично ако воопшто има потреба за автопат тоа да биде на делницата Градско-Прилеп зошто логично и ќе има најмногу сообраќај од останатите?

Или чисто колку да се пише нешто
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 18-Jan-2019 at 19:31
Originally posted by alexsend

Која е логиката Градско - Прилеп да биде експресен, но сепак Прилеп -- Битола да биде автопат, за потоа повторно експресен до граница?

Нели е по логично ако воопшто има потреба за автопат тоа да биде на делницата Градско-Прилеп зошто логично и ќе има најмногу сообраќај од останатите?

Или чисто колку да се пише нешто


Не мора да значи тоа. Битни се бројките за фреквенција на возила. На пример, според податоците од 2015 година, меѓу Скопје и Тетово во просек сообраќаат околу 10.000 возила дневно, меѓу Тетово и Гостивар над 12.000 возила, а меѓу Гостивар и Кичево бројката опаѓа на нешто под 7.000 возила. Според тоа, битно е не само колку возила транзитираат кон главниот град, туку и колкав сообраќај генерираат самите Прилеп и Битола меѓусебно, а тоа се големи градови.
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 18-Jan-2019 at 19:34
Originally posted by alexsend

Која е логиката Градско - Прилеп да биде експресен, но сепак Прилеп -- Битола да биде автопат, за потоа повторно експресен до граница?

Нели е по логично ако воопшто има потреба за автопат тоа да биде на делницата Градско-Прилеп зошто логично и ќе има најмногу сообраќај од останатите?

Или чисто колку да се пише нешто


Spored mene na mesto Ohrid - Kicevo - Gostivar trebase prvo da se izgrade avtopat Gradsko-Prilep-Bitola-Ohrid. Cenata ke bese ista a ke imase poveke avtopat.

A na mesto Miladinovci-Stip podobro Veles-Stip-Strumica

Ama ajde mos 2056 i tava ke bide
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 19-Jan-2019 at 11:29
Originally posted by ironm

Темава е првично креирана за презентација на идеи од форумџииве, но ќе ја постирам тука и стратегијата од министерство, веројатно можеме да се надоврзиме на муабетот. Стратегијата е за период од 2018-2030 година.


Покрај добро познатите проекти што во моментов се реализираат од автопатски решенија, експресни патишта и железнички пруги, би издвоил дел од планираните до 2030 година:
- Изградба на 13 км нов автопат од Скопје до границата со Косово по должина на патот 6-а од основната мрежа
- Изградба на 42 км нов автопат од Гостивар до Кичево по должина на коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 9 км нов автопат Требениште – Струга по должина на Коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 30 км нов експресен пат Струмица - границата со Бугарија по должина на коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 28 км нов експресен пат  Тетово – Јажинце од регионалниот пат во националната мрежа
- Изградба на 17 км едноколосечна пруга на делницата Скопје – границата со Косово како дел од патот 10 од сеопфатната мрежа
- Изградба на 63 км едноколосечна пруга на делницата Кичево – граница со Албанија на западниот дел од Коридорот VIII
- Изградба на нова железничка врска Струмица – граница со Бугарија (Петрич) од околу 50 км
- Изградба на нова железничка врска Кичево – Термоелектрана Осломеј од околу 10 км
- Изградба на нова железничка врска Битола – Термоелектрана РЕК Битола од околу 11 км
- Реконструкција на нови железнички врски за брзи железнички пруги меѓу Скопје – Тетово, Скопје – Куманово, Скопје –  Велес, Велес – Битола, Велес – Гевгелија (овде се мисли на брзи до 120 км/ч, тоа е споменато во самата стратегија)

Интересно експресниот пат Битола - Прилеп го нема во документов како стратешки приоритет, иако наголемо се најавува за реализација.

Низ целиот документ силно проветрува фокус на железницата и нејзин посилен развој, со што се предвидува раст на железничкиот транспорт од 210% до 2030 година, но имајќи во предвид кои се бројките моментално, тие 210% не се воопшто импресивни Очекувањата се дека железницата (ако се остварат сите инвестиции навреме, што е скоро па невозможно во оваа наша напатена држава) ќе има удел од 2.28% од вкупниот транспорт во државата. Транспортот со автомобили моментално зафаќа импресивни 94% од вкупниот транспорт, со што сме рекорди во Европа (не знам за светски рамки), бидејќи највисок процент во ЕУ има Португалија со 89.4% и Литванија 89.2% што е огромна разлика. Замислете тие 5-6 проценти да се во железнички сообраќај (а ни пола од тоа не е предвидено за 12 години отсега). Просекот во ЕУ е многу понизок од нашите бројки, околу 80-85%, а најнизок удел на автомобилите има Унгарија со 68.2%.

Има и други интересни работи во документот, но еве ова е доволно за дискусија засега.


Првично го објавив текстот од канал5 веднаш штом го прочитав без да разгледувам во детали, но го читав утрово подетално текстот на страната од министерство за транспорт и врски и веста објавена на build.mk за стратегијава и некои објави не соодветствуваат со самата стратегија ако погледнете погоре во цитираниот текст.

Не знам дали јас нешто грешам или некој направил ад-хок промени во стратегијата во меѓувреме (кои патем не се рефлектирани во самиот документ), но таму не постојат проекти од типот:
- автопат Струмица - граница со Бугарија (туку експресен пат)
- автопат Крива Паланка - граница со Бугарија (туку експресен пат)
- автопат Битола - Прилеп (не постои ништо ниту за Битола, ниту за Прилеп во стратегијата)
- експресен пат Битола - Меџитлија не постои
и неколку други...

Нормално, јас немам ништо против овие промени во стратегијата, бидејќи делуваат и подобро од претходното, но не се наведени во самата стратегија, па прашањето е дали отпаднале некои други проекти во меѓувреме за да може временски и финансиски да се остане во нормалата. Како на пример, експресен пат Тетово - Јажинце, експресен пат Охрид - Подмолје, експресен пат Долно Соње - Скопје, пруга Струмица - Бугарија, пруга до РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, итн. Ако не отпаднале туку само се додале уште "неколку" автопати и експресни патишта (па и пруга до скопскиот аеродром е додадена), тогаш тоа значи дека целата стратегија е еден надуван балон којшто е далеку од реалноста за нашава држава и е правен по принцип: да си ја пробаме среќата.
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 07-Apr-2020 at 07:38
2030- 90% od ova nema da se realizira,
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 07-Apr-2020 at 09:13
Да се надеваме дека нема да е така. Мислам дека околу 60% од проективе се изводливи до 2030, но ќе видиме каков ќе е текот во следниве 3 години, кои ќе покажат дали би успеале нешто посериозно до 2030.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.