build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктурни приоритети на Македонија 2013-2025

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 14-May-2013 at 10:46
Кон Струмица ќе пуштиме воз на магнетно поле затоа ја нема.
Всушност еве една тема за размислување: јас мислам дека Струмица и Радовиш (во вториов нели има рудник, значи железницата е добреројдена за карго) мораат да добијат железница најверојатно преку Штип. Прашањето ми е: дали мислите дека е изводливо и потребно натамошно поврзување на пругата со Бугарската мрежа преку Петрич кога сме веќе толку близу границата, иако таа кај Петрич нема директни конекции кон другите коридори, туку повторно само преку Софија?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 14-May-2013 at 10:51
Зошто да не... Само сепак мислам дека К8 треба прв да го биде...

А инаку лично сметам дека таа траса преку Струмица, би била полесна за изведба, поради теренот... Е се што е подолга, подолга е... За патнички сообраќај од северна Македонија не е баш погодна...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 14-May-2013 at 10:59
Таква пруга преку Струмица и Петрич освен за карго нема никаква друга смисла бидејќи од таму може да се оди само за Солун и Софија. И тоа зошто да не, нели разбираш дека се работи за стотици милиони евра и меѓуграничен договор?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 14-May-2013 at 11:01
Јас мислам не... Правците за железницата низ МК се јасни. Дури од кога тие ќе се изградат и разработат може да размислуваме за понатаму.

Со еден таков хипотетички линк не го кратиме особено патот до Софија но го препуштаме целото карго на бугарските железници (во економска смисла).
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-May-2013 at 11:06
Не сум толку запознат со овие игри на превземање на пазарот што го спомнува @pbanks, сега брзо во некој бугарски медиум читав дека за Дунав мост 2 романците намерно кочат и за сега не размислуваат поврзување железнички таму, со единствена причина да не губат од економска гледна точка.

Интересно ако може некој да ги објасни какви би требало да се нашите приоритетити, ако до сега некој ме прашаше за такво нешто јас би кажал колку повеќе линкови со соседи толку подобро.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-May-2013 at 11:18
Originally posted by ovaj_stariov

Не сум толку запознат со овие игри на превземање на пазарот што го спомнува @pbanks, сега брзо во некој бугарски медиум читав дека за Дунав мост 2 романците намерно кочат и за сега не размислуваат поврзување железнички таму, со единствена причина да не губат од економска гледна точка.

Интересно ако може некој да ги објасни какви би требало да се нашите приоритетити, ако до сега некој ме прашаше за такво нешто јас би кажал колку повеќе линкови со соседи толку подобро.


Не се работи за превземање на незнам каков пазар, туку во ситуација кога двете рути (преку Петрич и преку Крива Паланка) би биле приближно исти, зошто робата да не транзитира преку наша територија и да ги користи нашите железнички капацитети во најголема можна мерка?
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 14-May-2013 at 14:20
Sramota e vo 21. vek grad kako Strumica (region so 110.000 ziteli) da nema zeleznica. Tuka pred se mislam na povrzuvanje vo makedonski ramki (Strimica-Stip-Skopje), bidejki avtobiskiot prevoz ne gi zadovoluva potrebite na patnicite.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-May-2013 at 17:45
Originally posted by Denko

Sramota e vo 21. vek grad kako Strumica (region so 110.000 ziteli) da nema zeleznica. Tuka pred se mislam na povrzuvanje vo makedonski ramki (Strimica-Stip-Skopje), bidejki avtobiskiot prevoz ne gi zadovoluva potrebite na patnicite.

Денко јас не би идел преку Штип за Струмица, туку преку Демир Капија (односно Удово или Миравци) бидејќи тука е пократка рутата ,и би било многу подобро за Струмица бидејќи има и побрз пристап кон Солун ако нешто увезува/извезува.
Сепак и преку Штип е добро да се изгради ,но тука имаме една економска неисплатливост,а и делницата Велес-Кочани е во очајна состојба.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 14-May-2013 at 22:03
Originally posted by daci92


Originally posted by Denko

Sramota e vo 21. vek grad kako Strumica (region so 110.000 ziteli) da nema zeleznica. Tuka pred se mislam na povrzuvanje vo makedonski ramki (Strimica-Stip-Skopje), bidejki avtobiskiot prevoz ne gi zadovoluva potrebite na patnicite.
Денко јас не би идел преку Штип за Струмица, туку преку Демир Капија (односно Удово или Миравци) бидејќи тука е пократка рутата ,и би било многу подобро за Струмица бидејќи има и побрз пристап кон Солун ако нешто увезува/извезува.Сепак и преку Штип е добро да се изгради ,но тука имаме една економска неисплатливост,а и делницата Велес-Кочани е во очајна состојба.
Ne znam kako e podobro, no stom velis deka preku Demir Kapija e podobro, togas vo red, ti veruvam. poentata mene mi e deka Strumica mora da ima zeleznica.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 15-May-2013 at 00:46
Како jа гледам инфраструктурата во Македониjа во 2025 година:

- имаме нови модерни автопати со нова хоризонтална и вертикална сигнализациjа, модерни тунели и вињети наместо патарини (интратериториjално сме поврзани со поголемите наши градови)

- железнички сме поврзани со сите соседи, постоечката железничка мрежа е модернизирана и проширена па сега поголемите наши градови се поврзани со обична железница

- поранешното Мак.Железници е трансформирано претприjатие (споено со некогашното JСП) кое сега се нарекува Македонски Шински и Автобуски Транспорт (МШАТ) и е моќна компаниjа (jавно-приватно партнерство) со иновативен план за работа кое раководи 4 сектори: железниците низ земjата; метрото во Скопjе кое опслужува 1.100.000 жители (метро регион) и 850.000 жители градот; LRT (лесна железница) коjа е поврзана со обичната и автобускиот превоз коj функционира на ниво на цела држава со градски линии во Скопjе (450 автобуси), Битола (150), Охрид (50), Куманово (50), Струмица (50), Штип (35), Тетово (50), Гостивар (35) и Кичево (30) и меѓуградски линии. Целиот систем е компjутерски поврзан, интегриран и автоматски така што со еден билет (во форма на кредитна картичка) може да се возиш преку било кое транспортно средство, постоjат неколку вида на билети и тоа: 1) Билет за Автобуси/Железница/LRT/Метро; 2) Билет за Автобуси/Метро (за Општина Скопjе); 3) Билет за Автобуси/Метро/LRT (за Општина Скопjе); 4) Билет за Автобуси/Железница;

- Железничкиот сообраќаj коj е со наjнови шини и наjнови локомотиви и вагони, сега на располагање има ултраекспресни возови кои се движат со брзина од 450-500 км на час за надвор од Македониjа и 300-350 км на час за движењето во рамките на Република Македониjа.

- Интернет инфраструктурата е на завидно ниво за разлика од 2013та година, денес цела териториjа е безжично покриена со 5G мрежа и брзини до 1 Терабаjт. Бакарните и коаксиjални кабли преку акциjа на Владата беа постепено отстранувани со се бандерите во секоj поголем град и во некои села па денес сите телекомуникации (интернет, телефон, телевизиjа) се одвиваат исклучиво преку безжичен интернет и алтернативно оптичка мрежа коjа е достапна во секоj град и село.

- Градот Скопjе коj денес се нарекува Општина Скопjе и има нови териториjални граници е урбан главен град на една модерна и демократска земjа кое е одлично поврзано со останатите градови од земjата и надвор од неа. Самата инфраструктура вклучува модерни инфраструктурни решениjа според ГУПот донесен во 2016 та (откако оноj од 2013 беше ревидиран каде што се вметнаа нови елементи како LRT и метрото и новата поделба на градот преку дистрикти наместо општини). Денес во центарот на Скопjе е забрането движење на моторни возила а дозволени се само велосипеди (како што се направи во сите градови), се изградиjа нови безбедни велосипедски патеки кои jа подигнаа културата на велосипедизам и квалитетот на воздухот на градот значително се зголеми.

- Реката Вардар денес претставува уште еден транспортен елемент коj што ги поврзува Дунав со Егеjско Море. Изведбата на проектот наjавен во 2013 беше успешно реализиран со минимални проблеми.

Знам дека малку забегав но вредеше Надежта последна умира

Edited by Macedonicus - 15-May-2013 at 00:47
ಠ_ಠ
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 15-May-2013 at 04:06
Кој филм го гледаше пред да си легниш.LOL
Ко се разбуди прозорецот отворен промаја мава од сите страни,а ти испотен до немај каде.
Nuts
Се разбудвиш и ето некој ти вика станви море оди почистиого дворот змии не изедоја.Wallbash
Cheers
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-May-2013 at 04:32
Шега на страна.
1:Под итно треба да се  почне со изградба на сите енергетски објекти електрани и гасификација.Само да се изработи домаќински бизнис студија секој само исплатлив објект да се гради па макар државата да биде инвеститор.Да стигнеме некој степен од независни од увоз на Ел енергија.
2. Коридорот 8 железница да изгради а коридорот 10 да се моденерзира.
3. Автопати Корридор 8 и 10
По мое видувајне ова се најглавни раб што ке поможат за развивајне на економијата.
 
Другите раб како регинални патишта канлизации  водоводи плоштади и ситници треба да се остват за подоцна.
Ко ке прајш куќа не не почвиш од прозорци па водовод струја и намештај.
Се знај треба од каде се почнува прво носиш струја вода канилизација па после редиш темели за да можиш да надградуваш не ко кај нас почнаа од естетика и од намештаи.
Затоа имаме толку диви градби во цело општество целата стратегија на државата е дива градба.
Немаме доволно енергенси ама имаме супер плоштад и стадион.
Ке имаме некои добри регионални селски патни правци за овците да одат по ниф а ке превезуваме све со камиони по автопати полни со дупки.
Мислам ке ме разберете што сакам да кажам.
Ништо против плоштадот во Скопје супер си е убаво гледа ми се бендисува.
Тоа ти е ко да живеш некаде во пустина на камила ти треба  да се поврзиш со светот дворот ти е пустош куќата капи од секаде се сериш во полски клозет ама има најубав намештај и ЛЕД теливизиор со сите канал.
Е ова е Мак во моментов.Буквлно опишано.
 
 
 
 
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 15-May-2013 at 09:49
Според мене приоритетите се:

1. Енергетика - под итно да се реализираат сите планирани хидроцентрали и гасни централи. Пред се тука мислам на поголемите проекти како Чебран, Галиште, Бошков Мост, Градец. Овие 4 централи би произведувале вкупкно околу 1500 ГВ/ч годишно. Вкупната вредност на овие инвестиции е помеѓу 800 милиони и 1 милијарди евра (според официјалниот сајт на ЕЛЕМ). Бидејќи немаме јаглен за уште многу години, да се штеди максимално оној кој го имаме и да се изградат како алтернатива гасни централи, како и прадаптација на ТЕЦ Неготино да работи на гас. Со поголемото користење на гасот, ќе падне и неговата цена, која поради малата искористеност е најскапа во Европа. Со ова, би се штеделе максимално домашните резерви на јаглен, би се загадувал значително помалку воздухот, а самите гасни централи би можеле побрзо да се изградат поблиску до градовите како би се користела и нивната топлинска енергија за затоплување и загревање на оранжерии. Паралелно со ова да се зголемува свесноста за поголема енергетска ефикасност како на компаниите и фабриките така и на домаќинствата со што би се намалиле непотребните загуби на електрична енергија. И секако мора да се вложува и во новите јагленокопи пред се во битолско-мариовско, кои ни се сепак БЕКБОУН на нашиот енергетски систем.

2. Железничка инфраструктура - целосна изградба или реновирање на коридорите 10 и 8. Овде немам точна претстава за висината на потребните инвестиции.

3. Патна инфраструктура - Реконструкција и одржување на тековните патишта, изградба на автопатот Миладиновци-Штип (со што би се поврзал источниот крај на државата со Скопје), изградба на делот од обиколницата до граничниот премин Блаце (сепак со Косово имаме огромен трговски суфицит и релативно голем обем на сообраќај). Истовремено и ставање на приоритет во обновата на овој железнички правец пред се за карго цели. Сметам дека во моментов количината на сообраќај од Куманово према Крива Паланка и Бугарија е на недозволиво ниско ниво, и секаква инвестиција во автопатско решение би била неисплатлива. Но мора да се направи многу повеќе во одржувањето, санирањето и проширувањето на постоечкиот патен правец. Од друга страна Гостивар-Охрид има значително повеќе сообраќај и врзува далеку поактивен дел од нашата држава како и нашиот најважен туристички регион со главниот град.

4. Водоснабдување - овој дел од инфраструктурата на Билд и воопшто во Македонија е дотса занемарен. Бидејќи значителен дел од својот живот го имам поминато во Израел, знам што значи да се нема вода и да се води сметка за секоја капка. Македонија е релативно богата со вода, но таа никако не се менаџира. Така имаме огромни чисти планински извори (како на пример во Вевчани) кои непречено си одат во поголемите реки без притоа дел од тие води да се искористат за пиење, наводнување и сл. Сметам дека на овој проблем треба да му се посвети поголемо внимание. Пред се во пасивните региони (североисточна Македонија, Мариовско...) каде што има услови за земјоделие но можеби нема доволно врнежи за без дополнително наводнување да се произведуваат позначителни количини на храна, а со тоа и луѓето бегаат или веќе побегнале од овие краишта. Да не зборуваме за поелементарните проблеми со вода за домаќинствата во поголемите градови како Тетово, Прилеп, Куманово.... Неприфатливо е за една држава во Европа во 21 век да има градови во кои е проблематичен дотокот на технички исправна вода за домаќинствата.

5. Аеродроми - сметам дека во скора иднина нема потреба од изградба на аеродромот во Штип/Свети Николе како и потреба од зголемување на пстоечките капацитети. Често летам од Скопје и сегашниот аеродром е искористен во шпицовите со под 50% од својот капацитет. Во мртвите периоди што се поголемиот дел од денот аеродромите се комплетно празни или со 1 лет на 2-3 часа. Но секако треба да се направи дополнителна анализа за карго аеродром, пред се во југоисточниот дел од Македонија, кој е пред се земјоделски регион кој можеби има потреба од брз пласман на раногадинарските култури на подалечни пазари.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 15-May-2013 at 10:00
Urban само две брзи надополнувања:

-ТЕЦ Неготино ја посетивме кога бевме на тродневна екскурзија на 8мо одд, а сега имам 26 години. Уште тогаш имаа инсталирано моќности и цевки за работење на гас, ама сеуште го очекуваат гасот да пристигне до нив. Мислам дека и баш затоа овој прв домашен гасовод ќе се гради натаму. Значи не сум 100% сигурен дали се е спремно во ТЕЦот за гас, но значителен дел од инвестицијата е направен со сигурност.

-во последно време во Бугарија се повеќе се збори за изградба на аеродром во Гоце Делчев, што би ги скратило шансите на Струмица за аеродром. Ќе видиме колку е тоа реално и сериозно.

Edited by Andrej_LJ - 15-May-2013 at 10:00
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 15-May-2013 at 10:32
За ТЕЦ Неготино не оди баш така со гасификацијата,не се приклучува истиот котел на гас.

Тоа е заблуда проширена низ народот
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 15-May-2013 at 10:42
Јас колку што се сеќавам, договорот кој го склучи владата на Бучковски мислам, со ЕВН за продажба на ТЕЦ Неготино, кој подоцна беше раскинат од оваа влада, беше обврзуваччки ЕВН да направи преадаптација на постоечкиот котел кој е на мазут, на гас. Е сега тука мислам дека се вклучија и лоби групите на ОКТА (Грција) бидејќи според договорот од продажбата на ОКТА, државата се обврзува во наредните Х години да откупува огромно количестона мазут од ОКТА. Пред се овие количини на мазут се наменети за оваа централа, која многу ретко работи, и произведува ултра скапа струја. Незнам дали тие Х години истекоа, и дали е тоа сеуште на сила, мислам дека ОЦБ тука може да ни помогне.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-May-2013 at 12:01
Originally posted by Goran



Кој филм го гледаше пред да си легниш.LOL
Ко се разбуди прозорецот отворен промаја мава од сите страни,а ти испотен до немај каде.
Nuts
Се разбудвиш и ето некој ти вика станви море оди почистиого дворот змии не изедоја.Wallbash
Cheers


Па не е баш филм Дури и во 2013 се тоа што го напишав е реалност во некои земjи, за и каj нас да стане реалност потребна е политичка волjа, не пишував научна фантастика него реални работи.
ಠ_ಠ
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 15-May-2013 at 13:41
Според мене, потребно е да се направи ДРЖАВНА СТРАТЕГИЈА со приоритетни инфраструктурни проекти (енергетски, патни, железнички) каде од секој годишен буџет би се одвојувал одделен процент за нивно реализирање (пример 15-20%, со што од сегашниот би биле 300-400 милиони евра на годишно ниво). Исто така при формирање на консттрукцијата за одреден проект, најголем процент да бидат буџетски пари (точно пропишан и ист за секој проект) со што дрржавата би диктирала кој е победник на тендерот со што наши компании би ги земале парите, а не како случајот со Демир Капија-Смоквица. И така за едно 10 години со едно 3-4 милијарди буџетски пари и 2-3 милијарди кредит би се изградило што претходно сите го спомнавме и скоро едногласно се согласуваме дека треба да постои.
Битно е да се наведе дека оваа стратегија треба да влезе во уставот со што безразлика кој е на власт тие работи процедурално ќе си течат. А со останатиот процент од буџетските пари нека прават практично што сакаат, односно се она што сметат дека би ги задржало на власт или би собрале дополнително гласови (плати, споменици, спортски сали... )
Државната стратегија би бил еден сериозно разработен документ изработен од тим консултанти составен од домашни и странски експерти кој може да кошта колку сака. Евентуално менување на државната стратегија би било возможно само со консензус во парламентот.
После едно 10-тина години кога сето тоа е изградено несомнено ќе се зголемат странските инвестиции и растот на БДП. Со тоа државата не би бил најголемиот и најинтересниот работодавец. Па лесно би се решиле останати политички, социјални, идентитетски, културни и други поситни проблеми.
Но за да сето тоа е возможно според мене потребни се неколку работи
- Реформирано судство, за да таквиот документ остане валиден
- Сериозно изработена студиа, државна стратегија или како и да се вика
- Политичка волја (НАЈБИТНО!)
После сето тоа би можеле некаде накај 2025 да заличиме на држава членка на ЕУ и НАТО. Сето ова Источноевропските земји и повеќето балкански веке го направиле или го прават и на таков начин би можеле да се носиме со нив. А со западно европските ќе ни треба мнооогуу повеќе време и труд.
Како најголем бенифит од оваа стратегија лично би го издвоил не само економскиот раст, туку тоа што еднаш ќе се покаже и дека во оваат држава не би се размислувало од денес за утре и би се намалил одливот на младо население (пред се најобразованото) во странство.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 15-May-2013 at 15:08


Еве го ТУКА и извештајот од ММФ за задолженоста на европските земји, според кој имаме навистина ниска стапка. Значи има простор за да се искористат дополнителни кредити меѓутоа ако не се инвестираат средствата за нешто од кое би имале повратен економски ефект, џабе ни е се.

Edited by kire85 - 15-May-2013 at 15:09
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-May-2013 at 01:47
Originally posted by Macedonicus

Originally posted by Goran



Кој филм го гледаше пред да си легниш.LOL
Ко се разбуди прозорецот отворен промаја мава од сите страни,а ти испотен до немај каде.
Nuts
Се разбудвиш и ето некој ти вика станви море оди почистиого дворот змии не изедоја.Wallbash
Cheers


Па не е баш филм Дури и во 2013 се тоа што го напишав е реалност во некои земjи, за и каj нас да стане реалност потребна е политичка волjа, не пишував научна фантастика него реални работи.
Не се смеам на то што го напиша знам е реалност во развиени земји но не во оваа наша Македонија овде се работи наопаку.
 Не знам кај да долвам статистики можи и не постојат.
Колку има вработени во приватен сектор колку буѓетски вработувајна.
Од капа тој однос можи да 3 приватен сектор спрема еден државен ако и не полошо.
Да не збориме за други буѓетски расходи како школство здраство и пензии.
Со ваков сооднос не остава будѓет за некои поголеми буѓетски инвестиции.
Се се прави како да се сочува социален мир за да се остане на власт на то се трошат парите.
Нема политичар кој би презел радикални промени зато што се знај што ке му се случи одма ке го остранат.
Траба до корен да се оди да се намлат буѓетски расходи за да остнат пари за вакви проекти.
А луѓето да се приморани да бараат раб во приватен сектор а не цела сила на фамилја да се насочи како некој да стане државно вработен.
При толку невработени побарај луѓе за раб во градежништво или земјоделие никој не се јавува на огалси.
 
 


Edited by Goran - 16-May-2013 at 02:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.