build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктурни приоритети на Македонија 2013-2025

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 16-May-2013 at 02:16
Originally posted by UrbanFreak

Според мене приоритетите се:

1. Енергетика - под итно да се реализираат сите планирани хидроцентрали и гасни централи. Пред се тука мислам на поголемите проекти како Чебран, Галиште, Бошков Мост, Градец. Овие 4 централи би произведувале вкупкно околу 1500 ГВ/ч годишно. Вкупната вредност на овие инвестиции е помеѓу 800 милиони и 1 милијарди евра (според официјалниот сајт на ЕЛЕМ). Бидејќи немаме јаглен за уште многу години, да се штеди максимално оној кој го имаме и да се изградат како алтернатива гасни централи, како и прадаптација на ТЕЦ Неготино да работи на гас. Со поголемото користење на гасот, ќе падне и неговата цена, која поради малата искористеност е најскапа во Европа. Со ова, би се штеделе максимално домашните резерви на јаглен, би се загадувал значително помалку воздухот, а самите гасни централи би можеле побрзо да се изградат поблиску до градовите како би се користела и нивната топлинска енергија за затоплување и загревање на оранжерии. Паралелно со ова да се зголемува свесноста за поголема енергетска ефикасност како на компаниите и фабриките така и на домаќинствата со што би се намалиле непотребните загуби на електрична енергија. И секако мора да се вложува и во новите јагленокопи пред се во битолско-мариовско, кои ни се сепак БЕКБОУН на нашиот енергетски систем.

2. Железничка инфраструктура - целосна изградба или реновирање на коридорите 10 и 8. Овде немам точна претстава за висината на потребните инвестиции.

3. Патна инфраструктура - Реконструкција и одржување на тековните патишта, изградба на автопатот Миладиновци-Штип (со што би се поврзал источниот крај на државата со Скопје), изградба на делот од обиколницата до граничниот премин Блаце (сепак со Косово имаме огромен трговски суфицит и релативно голем обем на сообраќај). Истовремено и ставање на приоритет во обновата на овој железнички правец пред се за карго цели. Сметам дека во моментов количината на сообраќај од Куманово према Крива Паланка и Бугарија е на недозволиво ниско ниво, и секаква инвестиција во автопатско решение би била неисплатлива. Но мора да се направи многу повеќе во одржувањето, санирањето и проширувањето на постоечкиот патен правец. Од друга страна Гостивар-Охрид има значително повеќе сообраќај и врзува далеку поактивен дел од нашата држава како и нашиот најважен туристички регион со главниот град.

4. Водоснабдување - овој дел од инфраструктурата на Билд и воопшто во Македонија е дотса занемарен. Бидејќи значителен дел од својот живот го имам поминато во Израел, знам што значи да се нема вода и да се води сметка за секоја капка. Македонија е релативно богата со вода, но таа никако не се менаџира. Така имаме огромни чисти планински извори (како на пример во Вевчани) кои непречено си одат во поголемите реки без притоа дел од тие води да се искористат за пиење, наводнување и сл. Сметам дека на овој проблем треба да му се посвети поголемо внимание. Пред се во пасивните региони (североисточна Македонија, Мариовско...) каде што има услови за земјоделие но можеби нема доволно врнежи за без дополнително наводнување да се произведуваат позначителни количини на храна, а со тоа и луѓето бегаат или веќе побегнале од овие краишта. Да не зборуваме за поелементарните проблеми со вода за домаќинствата во поголемите градови како Тетово, Прилеп, Куманово.... Неприфатливо е за една држава во Европа во 21 век да има градови во кои е проблематичен дотокот на технички исправна вода за домаќинствата.

5. Аеродроми - сметам дека во скора иднина нема потреба од изградба на аеродромот во Штип/Свети Николе како и потреба од зголемување на пстоечките капацитети. Често летам од Скопје и сегашниот аеродром е искористен во шпицовите со под 50% од својот капацитет. Во мртвите периоди што се поголемиот дел од денот аеродромите се комплетно празни или со 1 лет на 2-3 часа. Но секако треба да се направи дополнителна анализа за карго аеродром, пред се во југоисточниот дел од Македонија, кој е пред се земјоделски регион кој можеби има потреба од брз пласман на раногадинарските култури на подалечни пазари.

Дечко ај кандидирајсе за премиер ама да си го држиш зборот ти давам 25 год да реализираш ова што го напиша можно е ама цела адмнистрација да ја увезеш од германија ова многу работа за македочето.
Јас ке гласам за тебе.Applause
Не треба да си многу школован да сватиш дека струја гас енрегенси се продукт без кој се неможе во секое време ке ги продадеш само да работиш домакински место да се увезува струја да се ицплакаат кредите инвестициите ,а можи на друг начин продади под добра регулатива тоа што го имаш а парите пренасочиги во други инвестиции.
За железница општо познато е наефтин начин на траспорт по земја и нај еколошки ако создаеш економски и инфрактурни услови за товарен и патнички собраќај ке биди максимално искористен со тоа станува исплатлив.
Сиве овие раб приденесуваат на економски развој и поголема конкуретност а го подубруваат и стандартот.
Нашите автопати за жал не се фрекфретни а екомската моќ на населението не создава услови за исплатлив бизнис модел за тоа ова би го ставил во 3 план но не заборавено барем тоа што го имаш да се одржава на некоје прифатливо ниво.
Со ова му ставаш навика на лугето да ја користат железницата.
Автоматски со тоа помалце ке се увезува нафта автобуси, камиони и  коли автоматски се намалува трговски дефицит.
Немој да мислиш лугето во влада не знаат за сево ова ама така му одговара.
Од познати причини.


Edited by Goran - 16-May-2013 at 02:38
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 16-May-2013 at 08:22
@Goran
Со ова што јас го пишав горе не сум ја открил Америка. Приоритетите во енергетиката се многу добро напишани и објаснети на официјалниот сајт на ЕЛЕМ. Добро, во меѓувреме можеби планираните трошоци пораснале за 20-30% но приоритетите се добро поставени уште од СФРЈ времето.Жално е што гасоводот (кој е минијатурен по капацитет), а го имаме во Македонија од раните 90ти, се до изградбата на Те-То се користеше со 20-30% од капацитетот. Па за каков Јужен поток тогаш преговараме? Споредбата на сегашниот газовод со планираниот крак на Јужен поток е компоративно како да споредуваме воден тек на Кадина Река со Вардар. Жално е и што добро се почнало во 90тите, се имало визија кои се приоритетите и алтернативите, и нагло после нормализирањето на односите со Грција и крајот на ембаргото, нагло се прекина и со изградбата на пругата кон Бугарија. Да се продолжеше денес и таа ќе беше готова, а којзнае колку од нашите градежни компании и градежни работници немаше да останат на улица. Да се изградеше секундарната и терцијалната гасоводна мрежа пред 15 години, сега ќе користевме 90-100% од капацитетите на постоечкиот гасовод, цените на гасот ќе беа драстично помали, помалку ќе увезувавме скапа струја која заради купување на социјален мир ја продаваме евтино (на штета на буџетот) и сл.

Но јасно е и зашто тековната владина гарнитура се зафати мегаломански со Ск2014. Затоа што многу е поедноставно и полесно да правиш споменици (па и од 200 метри ако треба) отколку да вложуваш во инфраструктурата. Затоа што тие се популистички и помагаат за брзи позитивни резултати на изборите, па гледаме и на Билд сеуште има огромен број на членови кои се воодушевуваат на „уметничките дела“, затоа што многу е полесно да изманипулираш колку навистина чинат спомениците отколку инфраструктурните проекти, па на тој начин и изворот на финасирање на владеачката партија е непресушен.

Но не треба многу за обичниот човек да направи математика 2+2, и да сфати дека од барокната фасада на министерството за правда, нема ама апсолутно никаква корист, дека наместо оваа реконструкција повеќе би сакал добро асфалтиран и безбеден пат/улица до неговата населба/село/град, или пак канализација наместо септичка јама, или пак добро и непречено водоснабдување, приклучок за гас, поефтина струја и сл.

Но домаќинксото и планско работење е едно, задржувањето на позициите е нешто сосем друго, па затоа нашите политичари во изминативе 20 години повеќе се грижат за личниот и партискиот рејтинг, на краткорочните резултати (Плодовите од ниските гранки во менаџментот) отколку на долгорочните цели, кои навистина после 7-10-15 години би не поттурнале напред.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 16-May-2013 at 08:56

Ако гледаш хронолошки колку грешки се направени 90 год па навака.

Најголема грешка се случи со приватизацијата.
Во 90 година имавме фабрики што вредеа пари но Бранко и багра а во то имаше колач и за опзицијата во тогашно време измислија длавера како да си ги приватизираат припрајтијата а да паднат во нивни раце.
А се случи со случи не ке ми беше ич криво ако тие луге знаеја да работат со ниф досега требаа да бидат милјардери.
Што се деси се продаваше и дел по дел се крадеше на легален начин додека не остана само карабини во многу фабрики а тие што офајдија поќето од незнајене купија станој коли и живееа на вискока нога.
Парите ги потрошија на работие што не ствараат капитал и вработуваат луѓе.
Ако ова не се десеше сега ке беше поинаква приказна денес.
Приватниот странски капитал ке беше влезен од подамна.
Ако све си работеше за овие 20 и кусур години доесга ке буѓедите ке имаа пари се да се исфинасира све од горе наведеното.


Edited by Goran - 16-May-2013 at 08:58
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 16-May-2013 at 09:05
Се согласувам со сите констатации околу приватизацијата, но сепак тука зборувавме за инфраструктура пред се, па затоа не ја проширив дискусијата. Инаку приватизацијата се одвиваше крајно нефер, неосмислено за доброто на државата и народот воопшто, туку преку ноќ се родија македонските тајкуни и богаташи. На пример, сите вработени во Алалоид, Макпетрол, Усије... добија дел од акциите, па понатака со нивна продажба купија, станови, автомобили, куќи. Вработените пак во здравството, образованието, полицијата, не добија ништо, иако и од нивните даноци се граделе во социјализмот овие фабрики. Никој од обичните граѓани не доби акции во Телеком или тогашното ЕСМ, иако целокупната нивна инфраструктура беше изградена со парите на претплатниците. Матните зделки со кои преку ноќ со позајмица големи газди станаа Штерјо, Свето, Мукаетов, Ѕинго... нема потреба да се анализираат. Но барем овие газди направија нешто за своите фирми после приватизацијата па тие постојат и денес за разлика од Охис, Емо, Треска, Алумина....
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 16-May-2013 at 09:14
Originally posted by UrbanFreak

Се согласувам со сите констатации околу приватизацијата, но сепак тука зборувавме за инфраструктура пред се, па затоа не ја проширив дискусијата. Инаку приватизацијата се одвиваше крајно нефер, неосмислено за доброто на државата и народот воопшто, туку преку ноќ се родија македонските тајкуни и богаташи. На пример, сите вработени во Алалоид, Макпетрол, Усије... добија дел од акциите, па понатака со нивна продажба купија, станови, автомобили, куќи. Вработените пак во здравството, образованието, полицијата, не добија ништо, иако и од нивните даноци се граделе во социјализмот овие фабрики. Никој од обичните граѓани не доби акции во Телеком или тогашното ЕСМ, иако целокупната нивна инфраструктура беше изградена со парите на претплатниците. Матните зделки со кои преку ноќ со позајмица големи газди станаа Штерјо, Свето, Мукаетов, Ѕинго... нема потреба да се анализираат. Но барем овие газди направија нешто за своите фирми после приватизацијата па тие постојат и денес за разлика од Охис, Емо, Треска, Алумина....
Точно тоа ми беше поентата ме надополна ако се ова се продадеше по маркетна цена пример како Чешка со парите од тоа можеа чуда да се направат зборам пред 20 години.
Тоа што го наведе во твоите постови не ќе беше научна фантастика.Него реалност.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 16-May-2013 at 11:22
Само Гошев предлагаше добар метот на приватизација-со ваучер систем.Човекот вилицата го заболе од објаснување каков бил тој пронцип,ама џабе.Главната поента на нашата приватизација беше да се сконцентрира капиталот во што помал број на луѓе-капиталисти
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1162
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 03-Aug-2015 at 18:14
Незнам во која нишка да ги сместам фотките се надевам дека е добро што се тука, да се види каква е инфраструктурата во Тетово ова е срамота ова е реалноста на Македонија Unhappy













Edited by Dragan - 03-Aug-2015 at 18:15
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 03-Aug-2015 at 20:09
Ова се случува во цел свет, веројатно се излеала некоја река. Јас бев на одмор во Порторож 2011, имаше невреме, сите улици беа поплавени. Јас му викам на рецепционерот, дека сум се изненадил од толку многу вода на улиците и оти сум мислел дека Словенците се многу повеке подготвени за вакви случаи. Он ме погледна чудно, и ми рече Господ е поголем од сите, па и од Словенците.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11545
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 03-Aug-2015 at 20:35
За сè има вторпат
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1162
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 03-Aug-2015 at 20:55
Има 4 жртви поради лизгање на земјиште, во Тетово на ниту еден кружен тек нема атмосверска канализација, најглавните улици има еден тон кал и отпадок што го излеа Пена...... жално но вистинито


Edited by Dragan - 03-Aug-2015 at 20:55
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11545
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 03-Aug-2015 at 21:13
Драган, да не бидам сфатен погрешно, но за речиси сè сте си самите виновни - ниту ѓубрето се создало само од себе, ниту кружните текови сами се изградиле без одводи. Поплавите во делови од Македонија се редовна појава, само што на некои места сфатија каде е проблемот и засукаа ракави, а на други места се прават на Тошо и чекаат господ да им помогне.

Edited by Џоле - 03-Aug-2015 at 21:13
За сè има вторпат
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 03-Aug-2015 at 22:04
Originally posted by Џоле



Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 03-Aug-2015 at 22:22
Originally posted by King

Ова се случува во цел свет, веројатно се излеала некоја река. Јас бев на одмор во Порторож 2011, имаше невреме, сите улици беа поплавени. Јас му викам на рецепционерот, дека сум се изненадил од толку многу вода на улиците и оти сум мислел дека Словенците се многу повеке подготвени за вакви случаи. Он ме погледна чудно, и ми рече Господ е поголем од сите, па и од Словенците.


Во овој случај за Тетово мислам дека си потполно во право. Овде природата си го зема својот дел од данокот. Овие камења ни со багер неможат да се придвижат а водата ги донела тука. Тука ништо неможи човек да направи. Но во секој случај правило треба да биди да се инвестира во заштита од поплави ,барем на тие со мал и среден капацитет. Од тие огромните нема спас (1961-2, 82)



Edited by gjoko - 03-Aug-2015 at 22:22
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11545
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 03-Aug-2015 at 22:46
Originally posted by King

Originally posted by Џоле





Ме изнасмеа твојата приказна со господ и со Словенците...
За сè има вторпат
Back to Top
long123 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Aug-2015
Location: hefei
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote long123 Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 10-Aug-2015 at 09:14

Викаат пред фактите и боговите молчат, па не сум изненаден дека по 158-ми пут на мој пост нема аргументирано-издржана реплика.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 10-Aug-2015 at 17:55
Originally posted by long123

Викаат пред фактите и боговите молчат, па не сум изненаден дека по 158-ми пут на мој пост нема аргументирано-издржана реплика.



На кој пост?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 13-Aug-2015 at 20:41
природата секогаш ќе си го има своето, но човекот треба да учи од свое искуство... не е ова ни прва ни последна природна непогода која се случила во македонија, и факт е дека и денес, во 2015 година се гради како ќе се стигне, без ни малку осет за реалност

за тие што помалку разнислуваат со сопствена глава, да, полавата не може да се спречи, ама може дстично да се намалат последиците кои се познати ако претходно се случило истото
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 118
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 29-Jun-2018 at 19:19
Темава е првично креирана за презентација на идеи од форумџииве, но ќе ја постирам тука и стратегијата од министерство, веројатно можеме да се надоврзиме на муабетот. Стратегијата е за период од 2018-2030 година.


Покрај добро познатите проекти што во моментов се реализираат од автопатски решенија, експресни патишта и железнички пруги, би издвоил дел од планираните до 2030 година:
- Изградба на 13 км нов автопат од Скопје до границата со Косово по должина на патот 6-а од основната мрежа
- Изградба на 42 км нов автопат од Гостивар до Кичево по должина на коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 9 км нов автопат Требениште – Струга по должина на Коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 30 км нов експресен пат Струмица - границата со Бугарија по должина на коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 28 км нов експресен пат  Тетово – Јажинце од регионалниот пат во националната мрежа
- Изградба на 17 км едноколосечна пруга на делницата Скопје – границата со Косово како дел од патот 10 од сеопфатната мрежа
- Изградба на 63 км едноколосечна пруга на делницата Кичево – граница со Албанија на западниот дел од Коридорот VIII
- Изградба на нова железничка врска Струмица – граница со Бугарија (Петрич) од околу 50 км
- Изградба на нова железничка врска Кичево – Термоелектрана Осломеј од околу 10 км
- Изградба на нова железничка врска Битола – Термоелектрана РЕК Битола од околу 11 км
- Реконструкција на нови железнички врски за брзи железнички пруги меѓу Скопје – Тетово, Скопје – Куманово, Скопје –  Велес, Велес – Битола, Велес – Гевгелија (овде се мисли на брзи до 120 км/ч, тоа е споменато во самата стратегија)

Интересно експресниот пат Битола - Прилеп го нема во документов како стратешки приоритет, иако наголемо се најавува за реализација.

Низ целиот документ силно проветрува фокус на железницата и нејзин посилен развој, со што се предвидува раст на железничкиот транспорт од 210% до 2030 година, но имајќи во предвид кои се бројките моментално, тие 210% не се воопшто импресивни Очекувањата се дека железницата (ако се остварат сите инвестиции навреме, што е скоро па невозможно во оваа наша напатена држава) ќе има удел од 2.28% од вкупниот транспорт во државата. Транспортот со автомобили моментално зафаќа импресивни 94% од вкупниот транспорт, со што сме рекорди во Европа (не знам за светски рамки), бидејќи највисок процент во ЕУ има Португалија со 89.4% и Литванија 89.2% што е огромна разлика. Замислете тие 5-6 проценти да се во железнички сообраќај (а ни пола од тоа не е предвидено за 12 години отсега). Просекот во ЕУ е многу понизок од нашите бројки, околу 80-85%, а најнизок удел на автомобилите има Унгарија со 68.2%.

Има и други интересни работи во документот, но еве ова е доволно за дискусија засега.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1338
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 29-Jun-2018 at 22:14
Не е лошо. Мислам дека треба повеќе да се фокусираме на железницата и подобро поврзување со цела Европа, што ќе отвори огромни туристички можности. Само не знам што планираат со МЖ, без темелна реформа на ова претпријатие не можеме да размислуваме за каков било развој на железничкиот транспорт.
А што со пругата Штип-Струмица, како и Петрич-граница? Без нив пругата Струмица-граница би била нефункционална. Претпоставувам дека првава е оставена за по 2030, а за вторава ќе се координираат со Бугарија.

Чудно ми е зошто никој не зборува за изградба на пруга од Шивец до Кавадарци, иако се работи за само 7 километри во релативно лесен терен.

Би било добро да се размислува и за пруга од Кочани до Благоевград и од Кичево до Битола, мада овие две сепак не се приоритетни.
Originally posted by Staro Skopje

Еве го мојот план за железничката мрежа во Македонија:

594.3km постоечка пруга;
11.6km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2020 (Битола-грчка граница);
67.4km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2025 (Бељаковце-бугарска граница 60.5km; Шивец-Кавадарци 6.9km);
73.2km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2030 (Кичево-албанска граница 63.1km; Требеништа-Охрид 10.1km);
90.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2040 година (Штип-бугарска граница);
117.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2050 година (Битола-Брждани 62.8km; Кочани-бугарска граница 54.3km).

Вкупно 1140.1km.

Вистинските должини би требало да се околу 16% поголеми, зашто не ги броев сите колосеци, кривини и слично, поради што броевите имаат помала вредност. Реалната должина би требало да е околу 1322.5km.

Со ваква развиена железничка мрежа, би се зголемил економскиот развој на Република Македонија, трговската и туристичката соработка со соседните (но и други) држави, би се поттикнал развој на одредени рурални населени места кои се наоѓаат долж линиите, а истовремено би се зголемила мобилноста и помеѓу градовите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 118
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 02-Jul-2018 at 09:13
Претпоставувам одлуката за Струмица - граница е донесена после тој договорот со Бугарија, кога склучија и некои протоколи за инфраструктура. Така што веројатно и на Бугариве им е тоа во план, па затоа и нашиве го вметнале во следниве 12 години.

ЕУ притиска многу силно да се фокусираме повеќе на железница, бидејќи тоа е моторот на нивните индустрии и се разбира туризам, но ние сме веројатно (заедно со Албанија и Косово) најзаостанати железнички. Моменталната просечна брзина на нашиве пруги била 60-80 км/ч! Па и со право се повеќе луѓе се откажуваат од возот како превозно средство. Со коњ ќе стигнам побрзо.

Инаку за планови за други пруги... мислам дека ќе е ооогромен предизвик да се реализираат дури и овие најприоритетниве Куманово - граница со Бугарија и Кичево - граница со Албанија, бидејќи проценката за двата проекти е околу 500 милиони евра или вкупно 1 милијарда. Тоа за нас во период од 10-12 години и ваков мизерен економски раст е и повеќе од предизвик. Единствено да се молиме за грантови од ЕУ, малку за тие две, а можеби да ги покријат целосно и двете линии до термоелектраните, бидејќи така конечно ќе можеме да почнеме да увезуваме високо калоричен јаглен, па да ја кренеме малку енергетиката на нозе.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.