build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Nastel business center (Печатница „Гоце Делчев“)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Mar-2009 at 00:05

Старата печатница „Гоце Делчев “ пролетва ќе биде урната

Швајцарската фирма „Настел“ засега не открива каков објект ќе никне на местото на печатницата

Снежана Калабакова

Старата печатница „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје, најверојатно, пролетва да биде урната. На истата локација ќе никне објект што ќе го гради швајцарската фирма „Настел“, која засега не сака да открие детали околу тоа каков ќе биде објектот, на колку ката и со каква намена. За се' ќе информирале штом комплетно ќе го добијат имотот во владение, откако ќе ги решат проблемите во купопродажбениот договор. Токму оваа постапка, која по се' изгледа веќе се приведува кон крај, засега беше пречка за започнување какви било градежни зафати. Се обидовме да дознаеме што е предвидено да се гради на тоа место според ДУП. Но, нашите обиди да стапиме во контакт со надлежните во Општина Центар, останаа безуспешни и по дводневно упорно настојување.

„Настел“ ја купи старата печатница пред две години. Тогаш проструи информацијата дека на нејзино место ќе гради хотел од синџирот „Шератон“, за потоа да се слушне дека ќе се гради објект сличен на Ристиќева палата. Но, и покрај ваквите шпекулаци, излезе дека каква било градба на таа локација е невозможна, од причина што печатницата била заглавена во хипотеки. Реализацијата на идејата на „Настел“ не можеше да започне се' до расчистување на имотноправните односи, поточно до завршување на судскиот спор со еден од доверителите на печатницата. Тоа што фирмата не владее со имотот се' уште е пречка да започне изградбата на предвидениот објект, и покрај тоа што „Настел“ веднаш по купопродажбата ги имаше уплатено парите за купување на печатницата, како и данокот на промет.

Марјан Наков, управител во „Настел“, вели дека се' уште не смее да соопштува никакви детали за плановите на фирмата. Но, потенцира дека штом ќе бидат расчистени проблемите во купопродажбениот договор веднаш ќе започне изградбата на новиот објект.

Она што остана од старата печатница сега е депонија, собиралиште на кучиња и мачки-скитници. Грдата руина веќе не ја прикриваат ни платната кои се веќе извалкани и искинати. Сликата ужаснува особено затоа што во централното градско подрачје се гледаат кучиња и мачки како буричкаат по ѓубриштето кое, и покрај напорите на „Комунална хигиена“ да го исчисти, се уште постои. Ваквата слика е непожелна за градот, особено затоа што во близина на разурнатата печатница се наоѓаат дури неколку странски амбасади - италијанската, норвешката и шведската амбасада, како и шпанскиот конзулат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6BA5B12EB0515E488C650702F68631B5
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 27-Apr-2009 at 00:17
„Настел“ ја доби во владение печатницата „Гоце Делчев“

Швајцарската фирма „Настел“ ја доби во владение старата печатница „Гоце Делчев“ и со тоа ги разреши проблемите околу купопродажниот договор. Тоа значи дека штом заврши трансформацијата на земјиштето, ќе започнат градежните зафати за рушење на остатоците од некогашната печатница и изградба на нов деловен објект, за кој од „Настел“ се' уште не сакаат да откријат намената.

„Сега можеме слободно да објавиме дека имотот од старата печатница е пренесен на наше име. Во општината Центар водиме постапка за трансформација на земјиштето кое беше на Република Македонија и сега треба да премине во сопственост на ’Настел‘. Првиот ден по завршувањето на трансформацијата печатницата ќе биде срушена“, вели Марјан Наков, управител во „Настел“, фирмата која пред две години ја купи старата печатница. (Сн.К.)

 
По којзнае кој пат истата вест


Edited by UrbanFreak - 27-Apr-2009 at 00:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-Jul-2009 at 09:42
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Aug-2009 at 12:55
„Гоце Делчев“ ќе биде како „Риц“, а не како „Шератон“

При крај е решавањето на административните пречки за да се изгради нов објект на местото на старата печатница, па инвеститорите се надеваат дека ќе може да почнат да работат уште кон крајот на летово


Руинираната печатница „Гоце Делчев“ на улицата Максим Горки во центарот нема да стане хотел од познатиот светски синџир „Шератон“, туку ќе се гради како реплика на славниот париски хотел „Риц“. Од швајцарската фирма „Настел“, која пред две години ја купи старата и запуштена зграда, велат дека идејата да направат идентичен објект како париски „Риц“ ја добиле по неколку престои во него.

Марјан Наков, управителот на „Настел“, вели дека проектот е готов, а за да почне неговата реализација е потребно да завршат процедурите за трансформација на земјиштето во Министерството за финансии, каде што предметот стоел веќе половина година.

- Објектот ќе личи на најпознатиот и најлуксузниот хотел „Риц“ во Париз, значи ќе биде во готски стил, а ќе ги има и истите архитектонски елементи, како полукружните сводови. Објектот ќе има приземје, два ката и поткровје, како и два ката подземни гаражи за околу 260 возила. Зградата е предвидена за деловен објект и за помал хотел, а има најави дека во него ќе биде сместена и банка. Приземјето ќе има висок таван од 5,8 метри, а горните катови се високи по 3,4 метри. Со подигнувањето на нивоата на катовите ризикувавме и загубивме цел еден кат, но сето тоа е за да се постигне саканиот изглед - објасни Наков.

Тој додаде дека приватизацијата на земјиштето на печатницата ја кочел поранешниот министер за финансии Трајко Славески, кој не им давал образложение зошто се одолжува целата процедура. Откако ќе добијат имотниот лист, од „Настел“ ќе поднесат барање до општината Центар за одобрение за градба и за сообраќајно решение. Иако имаше најави дека почетокот на изградбата ќе почне во септември, тие сега се надеваат дека до крајот на летото ќе ги имаат потребните документи за да почнат со изведба на градежните работи.

Рушењето на остатоците од објектот ќе одземе време, бидејќи станува збор за центарот на градот, па тоа ќе може да се одвива по 18 часот, а според процените за да се расчисти целиот терен ќе бидат потребни околу два месеци.

Специфичноста во градбата е тоа што за фасадата ќе се користат квалитетни материјали, чија цена е 20 пати повисока, отколку за правење обична фасада. Според проектот, зградата на аголот ќе има купола, како и два влеза, а ако нема пречки, се планира изградбата да трае една година и осум месеци.

Како што соопштуваат од фирмата „Настел“, за изградбата се обезбедени финансии и кредити од основачот „Еуросвис кредит“ АГ од Швајцарија.

Тоа што сега е останато од старата печатница е депонија и собиралиште на кучиња и на скитници. Остатоците од објектот не ги прикриваат ниту платната што ги постави поранешниот градоначалник Ристо Пенов, кои по долги години веќе се извалкани и искинати. Во непосредното соседство на објектот, пак, се наоѓаат неколку странски амбасади, италијанската, швајцарската, норвешката, шведската, шпанскиот конзулат, како и неколку банки.

Пред една година беше неизвесно дали воопшто нешто ќе може да се изгради на местото на старата печатница, бидејќи таа беше заглавена во хипотеки, а се водеше и судски спор со еден од доверителите.




„Риц“ е еден од симболите на Париз

Парискиот хотел „Риц“, кој им послужил како инспирација на сопствениците на печатницата, бил изграден пред околу 300 години како приватна станбена зграда. Од 1854 година бил финансиска институција, а во 1898 година го купил познатиот швајцарски угостител Цезар Риц, кој го направил луксузен хотел. Неговите 160 соби и апартмани, каде што преспивањето денес чини од 700 евра до 12.000 евра за ноќ, во минатото ги угостиле британскиот крал Едвард 4-ти, Ернест Хемингвеј, Чарли Чаплин, Грета Гарбо, Марлен Дитрих, Жан Пол Сартр, Елтон Џон и многу други славни личности. Коко Шанел живеела во „Риц“ повеќе од 30 години, а принцезата Дајана во него ја поминала последната ноќ од својот живот
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-Aug-2009 at 13:03
Да видам да не поверувам...  Roll%20eyes

@Дарко ако можеш вметни го и линкот за веста Thumbs%20Upинаку фала за инфото
Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Aug-2009 at 13:33
http://time.mk/story_32e2d9d7cf_article_a1e411d41d.html
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 05-Aug-2009 at 13:36


Фала Thumbs%20Up

Еве го и нацртчето што го има во таа статија за објектот


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 05-Aug-2009 at 13:42
Незнам за готскиот стил али ќе си личи до негде со палата читкушеви од карши...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 05-Aug-2009 at 13:51
Тука е и италијанската амбасада и уште неколку објекти кои се во тој тон. Се имам повеќе пати изјаснето дека сум против "нови стари" објекти, но на оваа локација дефинитивно нема да штрчи доколку се изгради овој објект. Секако се наметнуваат и многу други прашања. И изградбата на "стари" објекти си има свои правила. На пример она чудо од уставен сум е многу поблиско до оние таџикистанско-киргистански хибриди отколку што може да се мери на пример музејот во Лондон кој наводно бил инспирацијата. Значи многу е битно каква ќе биде изведбата на деталите, пропорциите итн на објектот кога веќе се решиле за ваков.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 05-Aug-2009 at 13:56
Не се разбирам многу од стилови и не ме интересираат многу! Може би ќе одговара на околината, но ме иритира тоа што во централно градски подрачје правиме копија и даваме впечаток дека сме wanabe Париз, без разлика на стилот и на намената. Исто како кинезите пред некоја година што направија фалцификат ајфелова кула некаде у Кина.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 05-Aug-2009 at 14:19
У Вегас е мини-Ајфеловата, а у Кина е мини-Венеција...
И оваа најава би ја игнорирал се додека не видам работници таму, не е ни прва, ни последна, а што се однесува до „стилот“, ова сигурно не може да се карактеризира како некаков стил (истото важи и за архивот и за зградата на МНР), сите еклектични стилови имаат строго одредени правила на проектирање по кои и објектите се класифицираат како такви. Овде точно се работи за некакви хибриди, каде што во основа се иде кон решение кое што е функционално (евентуално се вметнуваат некакви еклектични ентериерни моменти како парадни скали, некакви галерии исл.), а од надвор се работи фасада со декорации, што во mainstream проектирањето се отфрлени како глупост пред 150 години, ама нажалост се широко прифатени од нашата јавност и се дефинирани како „убави“...

Originally posted by pbanks

Тука е и италијанската амбасада и уште неколку објекти кои се во тој тон. Се имам повеќе пати изјаснето дека сум против "нови стари" објекти, но на оваа локација дефинитивно нема да штрчи доколку се изгради овој објект.

Мислам дека не е фер да се подметнуваат вака работите и да се двојат според локацијата, демек МНР и архивот се издвоени - па за нив срамота, а овие може да ги спикаме и ако се ретро. Ако мислиш дека ансамблот во кој што учествува онаа палата (не ми текнува како се вика - Берзата???), на Радовановиќ и пар објекти во сличен фазон во околината создаваат некаков градски амбиент Париз-фазон, мислам дека не е баш така...не знам дали го имаме тој објект овде на форумов, ама можам да ти кажам дека слично е нивото на тој објект со новиот архив...

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
vendetta View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vendetta Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 05-Aug-2009 at 14:23
Одлично!

Во едно нешто да се сложиме со pbanks
------------------------------
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 05-Aug-2009 at 18:05
се сложувам со Пбанкс за вклопеноста на објектот, се додека се совпаѓа со Читкушеви и останатите објекти во тој дел од мал ринг е сосема во ред и повеќе би се бунел ако таму сакаат да накалемат некои стакла и бетони, но се сложувам и со лсл, дека дека тоа копирање на нешто што некој го видел таму некаде е смешно, и создава погрешна слика, но сепак се надевам дека ова со Риц е само новинарски булшит

и уште нешто, дали тоа е навистина готски стил? не се разбирам во стиловите, ама ја за готскиот стил имав представа на средновековна католичка катедрала
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 05-Aug-2009 at 18:51
Ако фасадата е поскапа за 20 пати од досегашните фасади во Скопје,ако има 260 места за паркирање под него,јас не би имал ништо против да се изгради па нека било и копија.

Да се надеваме дека ќе си го одржат ветувањето.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 05-Aug-2009 at 18:55
http://en.wikipedia.org/wiki/Gothic_architecture

Ова се главните одлики на готската архитектура...многу лесно се препознава по специфичниот лак, изразитата висина на објектите (претежно катедралите, најмногу барем од нив се зачувани), чипкастото украсување со што е можно поголем број скулптури - претежно човечки т.е светци, ангели, свети борци...свртени  авторитетно спрема луѓето - среден век, инквизиција, dark ages, требало да се утера страв во народот....

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Aug-2009 at 19:44
Нели требаше да има висина од 29 метри. Има во претходните текстови наведено. Сега по најновово нема да биде ни 20 метри висока
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 05-Aug-2009 at 21:44
Originally posted by Dave Gahan


Мислам дека не е фер да се подметнуваат вака работите и да се двојат според локацијата, демек МНР и архивот се издвоени - па за нив срамота, а овие може да ги спикаме и ако се ретро. Ако мислиш дека ансамблот во кој што учествува онаа палата (не ми текнува како се вика - Берзата???), на Радовановиќ и пар објекти во сличен фазон во околината создаваат некаков градски амбиент Париз-фазон, мислам дека не е баш така...не знам дали го имаме тој објект овде на форумов, ама можам да ти кажам дека слично е нивото на тој објект со новиот архив...


Да се разбереме... Јас сум против ваквите згради и да се прашувам јас не би се градело ништо од Театарот па се до МНР и овој предлог што го дискутираме. Воопшто не ми се блиски ни квази ретро заебанциите од типот на Читкушеви Reloaded или Берза (која BTW ја имаме тука, да не имаш инфо за која локација е воопшто предвидена зградава?).

Сепак мислам дека базична дисктинкција меѓу објектите може да се направи. Колку и да ги презирам на пример театарот и музејот на ВМРО, сепак мора да признаам дека барем не прават урбанистички хаос (иако и таму се менуваа парцелите). Случајот со Уставен и МНР воопшто не е таков, освен големата доза на кич тоа се урбанистички анахронизми кои комплетно ги реметат целините во кои се наоѓаат. Мене ми делуваат на чирови.

За конкретниов објект. Освен ако не опалат уште една триумфална капија пред него, барем според она што е опишано погоре објектот нема да штрчи. Е сега дека на таа локација може да се направи нешто МНОГУ подобро е факт. Не зборувам за некаков стакларник, постојат еден куп модерни архитектонски изрази кои одлично би ја пополниле таа празнина.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-Aug-2009 at 23:51

За истиот објект зборуваме (плавиот квадрат), по дијагонала на печатницава, само нешто успорено се гради...од другата страна е такозвана Грација (никогаш не ми било јасно што е поентата со тој објект!? Ова што е денес таму е тотално безвезе)....

Поентата ми е - полека, полека го навикнуваме окото на вакви глупости и прифаќаме вакви комбинации. Улицата Максим Горки е една од ретките скопски улици што има амбиент градски (како што повеќето луѓе мислат дека е стварно тоа градски), ама кога убаво ќе се анализира, многу малку објекти учествуваат во неговото креирање, а другите се претежно деградирани и запуштени или одвратно доградувани (жолтите на сликичката се релативно во коректна состојба). Затоа јас не би ставал по секоја цена некој ваков објект само затоа што ќе се надоврзе на другите, главно затоа што таквите не доминираат, т.е се прилично малку (современото обликување да го ставиме настрана, а не би требало)...
Само како пример ќе го земам објектот што граничи со парцелата на печатницата (со црвено означен, дури мислам дека и фасадата има црвени елементи), кој што е спротивен на сите објекти од околината што се во овој фазон (сега прашање е колку е успешен обидот и дали на секого ќе му се допадне, ама тоа е помалку битно)...
И меѓу другото, мислам дека кога и оваа улица би ја напраиле само пешачка би било многу добро, има многу добри услови за тоа, а паркирањето на локалците е решливо...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Aug-2009 at 15:30
ПРЕФРЛАЊЕТО НА ЗЕМЈИШТЕТО НА СТАРАТА ПЕЧАТНИЦА УРИВА РЕКОРДИ
Замислениот „Риц“ остана страшило за скопјани

Поранешната печатница „Гоце Делчев“ и натаму е урнатина во центарот на Скопје, која не и пречи на ниедна локална власт. Објектот по којзнае кој пат е претворен во депонија и од околу обраснат со трева. Платната што беа поставени да ја прикриваат грдотијата, сега ги нема, па целосно се гледаат празните катови, без прозорци и полуурнати. Ниту прикривањето со шарени платна, ниту редењето лимени тараби на приземјето не помогнаа за да се избегне грдата слика на која не и е место во строгиот центар на градот. Од фирмата „Настел“, која на јавна лицитација пред повеќе од две години го откупи земјиштето на печатницата, не најавуваат ништо ново. Велат дека не сакаат да коментираат во јавноста што ќе градат на местото на поранешната печатница, ниту кога ќе почнат со работа, се додека не се решат сите бирократски проблеми. - Се додека не добиеме градежна дозвола од Општина Центар нема да даваме никакви изјави. Кога ќе има нешто конкретно, тогаш се ќе кажеме. Во моментот имаме бирократски проблеми, а и трансформацијата на земјиштето од државно во приватно се уште е во тек “ велат во „Настел“. Неофицијално, дознаваме дека на местото на старата печатница фирмата планира да изгради објект сличен на хотелот „Риц“ во Париз. Во него треба да има деловен центар и хотел, и два ката подземни гаражи. Од Министерството за финансии не ни одговорија до каде е постапката за препишување на земјиштето во сопственост на „Настел“. За решавање на овој проблем кој со години се провлекува не се заинтересирани ниту во Општина Центар. Иако во Законот за градење, во член 85, е предвидена можност Општината да го урне објектот, со одобрение за отстранување, што таа го издава, ако тој е оштетен или постои опасност да се урне, општинарите не сакаат да се нафатат на тоа. - Објектот има приватен сопственик. Надлежноста на Општината е во постапката за реализација на детален урбанистички план на доставено барање, со сите прилози по Закон, да го издаде бараниот акт “ одговорија од Центар. Најреволтирани од урнатините во строгиот градски центар се скопјани зашто се наоѓа на многу фреквентно место каде што дневно минуваат илјадници граѓани, но и гости кои престојуваат во градот. - Објектот е како од хорор-филм, срам за градот. Не можам да сфатам како може да се дозволи вакво нешто со години да им „виси“ над глава на граѓаните “ вели Горан, кој живее на улицата Максим Горки. Според него, урнатината е претворена во легло на кучиња-скитници, во него се собираат и бездомници, а се користи и како јавен тоалет. Објектот е небезбеден за минувачите, а просторот до него е претворен во депонија. До кога ќе биде така, никој не знае со сигурност да каже.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1783&ArticleID=119513
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 22-Feb-2010 at 17:21
Нужник место "Шератон"

Атрактивната локација во центарот на градот, на која некогаш беше пе­чат­ни­ца­та "Гоце Делчев", а од која сега стои само руина, скопјани веќе не­кол­ку години ја користат за вршење нужда

Прос­то­рот на стотина метри од Плоштадот, на кој се очекува да никне луксузен хотел на свет­ски познатиот хотелиерски бренд "Шератон", е претворен во јавно веце. Ат­рак­тив­на­та локација, на која некогаш беше печатницата "Гоце Делчев", а од која се­га стои само руина, скопјани веќе неколку години ја користат за вр­ше­ње нужда на отворено. Затскривајќи се зад високите грмушки кои од сите стра­ни ја обраснале распаднатата зграда, минувачите во зорт мочаат ту­ка.
Од насобраниот измет се шири неподнослива смрдеа по целата улица во строгиот центар на градот.
"Се­да­м во кафеана, а се чувствувам како да сум во веце. Од смрдеата не можам ниту да јадам ниту да пиам. Властите имаат визија за уредување на центарот со споменици, со хотели, но изгледа го за­бо­ра­ви­ле овој нужник кој, ако не се исчисти, би се нашол веднаш зад споменикот на Чен­то. Срамота!", се жали револтиран скопјанец кој живее во центарот на Скопје.
Печатницата се распаѓа откако замина во стечај пред седум-осум години. Пред да се претвори во јавно веце, таа се користеше и како склад за пластика на луѓето што за­ра­бо­ту­ва­ат од собирање пластичен отпад, како дива депонија, скривалиште за без­дом­ни­ци и што ли уште не.
На­деж дека запуштениот простор ќе се уреди со голем деловен центар и со хотел "Шератон" на неговите последни катови даде скопската фирма "Нас­тел", која пред три години ја купи локацијата, но која до ден - денес не ус­пеа да ја земе во владение.
Пр­во поради судски спор помеѓу печатницата во стечај и нејзините до­ве­ри­те­ли, а ниту сега по судската разрешница.
"Три години не ни дозволуваат да градиме. Државата требаше да го ис­чис­ти просторот од хипотеки, па да добиеме чист имотен лист. Тоа заврши, но ние уште не можеме да ја добиеме градежна дозвола од Општина Центар. Ни велат дека сe е во ред, и во секој момент очекуваме да ја добиеме. Ина­ку, просторот навистина е грдотија, но додека не биде наш, немаме пра­во ниту намера да го чистиме", објаснуваат од фирмата.
Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека не можат да влегуваат на туѓ имот и да чистат, поради што со години таа локација стои запуштена и не­ис­чис­те­на.

http://vest.com.mk/?ItemID=B0A59875F453EF499D0D4B378C3CA43C
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.