build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов објект на Народна банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов објект на Народна банка
    Posted: 05-Jun-2013 at 15:41
Новиот објект на Народна банка сепак ќе се гради на левиот брег на Вардар
5.06.2013 - 16:08:15


Новиот објект на Народната банка ќе се гради на левиот брег на Вардар, а како и останатите објекти од проектот „Скопје 2014“, ќе биде во барок.
Како што објави Утрински Весник, новиот објект на Народна банка на Македонија ќе се гради на левиот брег на Вардар, на просторот меѓу зградата на Министерството за надворешни работи и Македонската опера и балет.
Таму веќе започнаа геомеханичките испитувања на теренот. Зградата ќе биде на приземје, седум ката и потпокрив и ќе се простира на површина од 24.219 квадратни метри.
Договорот во вредност од 10.030.000 денари е склучен на 17 април годинава, а архитектонските услуги компанијата треба да ги заврши во рок од седум месеци.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/682832178/noviot-objekt-na-narodna-banka-sepak-ke-se-gradi-na-leviot-breg-na-bardar
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Jun-2013 at 22:18
Ќефои.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Jun-2013 at 22:25
Кога веќе се тргна да се покрива МНТ остана уште оваа дупка, па нема смисла да не ја пополнат. Реков во друга тема причината за овој проект е многу посложена и подлабока и сега нема смисла да се почне одново со коментарите ама зошто ова ќе се гради што им е итн... Кога веќе се гради ова мислам дека дупкава мора да биде попунета.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Jun-2013 at 00:47
Добро, секој си има мислење, нема спор тука.

Таман работа среде центар да дреме неизграден простор, а НБМ да плаќа кирија во некакви бараки. Само чек, нит кирија плаќа, нит е во бараки...
C'est la vie.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Jun-2013 at 01:15
Originally posted by Supervisor

Кога веќе се тргна да се покрива МНТ остана уште оваа дупка, па нема смисла да не ја пополнат. Реков во друга тема причината за овој проект е многу посложена и подлабока и сега нема смисла да се почне одново со коментарите ама зошто ова ќе се гради што им е итн... Кога веќе се гради ова мислам дека дупкава мора да биде попунета.
пред да почне да се гради ѕидот од објекти на кејот, ова беше единствениот логичен простор каде што можеше да се изгради објект... НО, сега тој е единствениот простор од кој што може слободно да му се пристапи на платото на МОБ... вака платото само дополнително ќе пропадне и ќе остане црна дупка на градов, а во грандиозни и масивни објекти ќе треба да се влезе низ сокачиња, од страна и преку мостови специјално изградени за нив... а сеуште останува нејасно како народна банка се вклопува во целава приказна и зошто и се дава нов објект
имаше милион начини како да се искористат овие простори, па дури и со ѕидов од објекти на кејот, и како за инает, се одбираат најкатстрофалните решенија по кеифот на пет-годишните деца во чии раце е градов...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1872
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Dec-2013 at 14:27
http://www.plusinfo.mk/vest/120064/Izgledot-na-novata-zgrada-na-NBRM-kje-bide-donacija

Изгледот на новата зграда на НБРМ ќе биде донација?
Објавено: пред 1 час
Прочитано: 695
Печати
http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/goca.jpg Гордана Ваљакова
Сподели со твоите пријатели!
Новата управна зграда на Народна банка на РМ која што треба да се издигне на просторот помеѓу новиот објект на Министерството за надворешни работи и Македонската опера и балет, ќе се гради според идејно архитектонско решение кое е донација. Кој е архитектот - донатор, не успеавме да добиеме одговор од Министерството за транспорт и врски.

Првично, Министерството за транспорт и врски за оваа парцела распиша конкурс за идејно решение на комерцијално деловен објект, со конкретни насоки - архитектонско обликување да се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружувањето. Но, подоцна конкурсот е поништен и донесена е одлука да се прифати донаторска услуга за изгледот на зградата.

- Локацијата за предвидениот објект на Народната банка на булевар Филип Втори Македонски, меѓу МНР и НОБ е доделена од Министерството за транспорт и врски. Со доделувањето на локацијата, добиено е и идејно решение со архитектонски елементи. Зградата, покрај приземје, ќе има 7 ката и поткровје. Градежните активности ќе почнат откако ќе бидат изготвени и усвоени и идејниот проект, основниот проект и другата инвестициска документација - информираат од НБРМ.

На парцелата на Градскиот плоштад, каде што првенствено требаше да се гради црква, па се пренамени за државна администрација, НБРМ првично требаше да гради своја управна зграда. Но, ја врати парцелата на државата, со образложение дека на конкурсот за идејно архитектонтско решение, пријавените трудови не понудиле добро решение. Уште кога се вцрта маркица во Деталниот урбанистички план за можност на таа локација да се издигне 40-метарски објект стручната фела реагираше дека објектот би го попречил движењето на пешаците, а исто така би ја негирал и функцијата на Триумфалната порта и визурата кон плоштадот.

Според последните информации, на оваа спорна парцела која ја купи фирмата „Амадеус девелопмент“, на градскиот плоштад се планира да се гради барокна деловна зграда со приземје и три ката, во чии рамки би требало да се изведат и „шпански скали“, за кои што, пак, од Општина Центар во неколку наврати беа категорични дека нема да го дозволат тоа.

sega mi se jasni nekoi raboti koi se slucuvaat vo opstina centar
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Dec-2013 at 18:31
ти така мислиш,уште колку работи има да научиш не си свесен
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Oct-2014 at 08:58
Догодина ќе почне изградбата на новиот објект на Народната банка

Проектната документација веќе се изработува, а тендерот за избор на изведувач за новиот објект на Народната банка ќе биде објавен во првото тримесечје од 2015 година. Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се подготвува за најавената изградба на нејзиното идно седиште, кое ќе се подигне на слободната парцела помеѓу Министерството за транспорт и врски и објектот на Македонската опера и балет (МОБ) во центарот на Скопје. Проектантската фирма „ЛОУ ТЕК“ од Скопје во моментов го изработува основниот проект и неопходната документација за идното административно здание, врз основа на архитектонски труд на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Тие го донираа своето идејно решение, заедно со дадената локација за изградба од Министерството за транспорт и врски.




Изградбата на новиот објект на Народната банка треба да стартува кон средината на наредната година. „НБРМ планира тендерот за избор на изведувач да го објави во првото тримесечје од 2015 година, а градежните работи да започнат кон крајот на второто тримесечје, после добивањето на градежната дозвола“ велат за „Билд“ од Кабинетот на гувернерот на НБРМ. По изработката на основниот проект ќе биде познато и колку ќе чини издигнувањето на планираното седиште на Народната банка. Административниот простор на централната банка ќе се простира на приземје и седум ката. НБРМ го доби градежното земјиште кај објектот на МОБ на почетокот од 2013 година, по донесената одлука за трајно користење од страна на извршната власт.


Бојан Блажевски


#
Објавено на 14.10.2014     во категорија Вести.
Тагови: Административни, Лоу Тек, Мал Ринг, Нова Народна банка, Скопје, Скопје 2014


http://www.build.mk/?p=39672


Edited by BOJAN - 16-Oct-2014 at 08:58
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-May-2017 at 20:56

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1359
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-May-2017 at 21:11
Колкав е просторот помеѓу двете структури во позадина, 5 метри? Дали има некаков закон кој го регулира ова?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-May-2017 at 11:04
Previous
 
Не мислиш дека доцниш со ова второво прашање повеќе од 10 години ?
 
Од кога прават лепенки низ Скопјево и низ Македонијава кога и каде ќе им текне - таму ти лежи одговорот на второто прашање.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Oct-2017 at 20:30
Ima li tuka nekoj vidliv napredok? Izlegoa li nad zemja?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Nov-2017 at 09:44
Вчера поминав, уште не се излезени над земја.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Nov-2017 at 10:05
Originally posted by Џоле

Вчера поминав, уште не се излезени над земја.


Уште долго ќе бидат андерграунд. Знаејќи со какви проблеми со вода се соочуваше подземниот паркинг кај МОБ, вклучувајќи го тука податокот и дека треба да се гради трезор и остали содржини за еден ваков објект, уште дооолго ќе се работи под земја. Јас и преку текст дадов предлог да не се глупираат и да го вратат паркот на оваа локација, а НБРМ да си остане во старата зграда.

Edited by BOJAN - 02-Nov-2017 at 10:06
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Mar-2018 at 18:33
Еве до каде се градежните работи:

За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1359
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Mar-2018 at 19:24
Не било голема штета да се сопрат градежните работи и да се отстрани натрапникот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Apr-2018 at 11:53
За месец дена многу малку напреднала работата споредено со претходниот пост.Еве една денешна

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Jun-2018 at 12:48
Малку напреднале-еве една денешна

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Aug-2018 at 12:16
Денес



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Sep-2018 at 22:20


Edited by Џоле - 28-Sep-2018 at 22:21
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.