build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Милениумски Крст

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 08-Jul-2008 at 10:05
Ама ти изгледа претера со прославата со постовите Yes
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 08-Jul-2008 at 10:10


LOL

абе еве за што зборувам Confused





Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 08-Jul-2008 at 10:15
Ташаци низаедни!!!!


Оградава ваљда кажува дека се работи за еден од хоризонталните краци.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 08-Jul-2008 at 10:19

Кај забега па и ти, фала богу краците се само на пбанкс нешто му лази....
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 24-Jul-2008 at 17:29
На Илинден - панорамски лифт и тоалети


Во моментот зад Милениумскиот крст на Водно се градат тоалети, се врши поплочување на двете стојалишта на крстот, а свеченото пуштање на лифтот ќе се случи за празникот Илинден. Летово е во план и застаклување на просториите на приземјето и првиот кат


Долгонајавуваното пуштање на панорамскиот лифт кој деновиве беше вграден во Милениумскиот крст на Водно би требало да се случи на празникот Илинден, а вчера требаше да биде извршен и негов технички прием. Во моментот, зад крстот се градат тоалети, се врши поплочување на двете стојалишта на крстот, а летово е во план и застаклување на просториите на приземјето и првиот кат.

-Лифтот е веќе во употреба, но планираме да ангажираме лице кое ќе управува со лифтот и ќе се качува заедно со посетителите заради нивната безбедност. Тие ќе можат да прошетаат по краците од каде ќе имаат поглед на цело Скопје. Инаку, лифтот е изработен според сите безбедносни стандарди и доколку се случи да снема струја или пак да има јаки ветрови, на делот од подножјето до краците, има три резервни излези од каде граѓаните можат да излезат и преку скалите да се симнат на платото, објаснува Благоја Дојчиновски, претседател на фондацијата Милениумски крст. Тој додава дека билетот за возење со лифтот ќе се наплаќа иако цената сеуште не е утврдена, а средствата ќе се користат за одржување на објектот.

Во моментот зад крстот се градат и тоалети, два машки и два женски. Тие деновиве треба да се покријат, а ќе се постави и пречистителна станица, донација на Македонскиот иноватор Јоти Поповски. Отпадните води, според Дојчиновски ќе се пречистуваат и потоа ќе се користат за полевање на зеленилото околу крстот. Деновиве се врши и поплочување на двете стојалишта на крстот со плочки во жолто-црвена боја набавени од ИГМ Вратница.

-Намерата ни е летово да ги застаклиме двете нивоа на крстот. Приземјето каде што има околу 10 простории ќе се изнајмуваат како дуќанчиња, а на спратот ќе има и ресторан. Средствата од нивно изнајмување исто така ќе се користат за одржување на лифтот , додава Дојчиновски.

Се чека градежна дозвола за жичарницата
Според Дојчиновски, во Министерството за транспорт и врски формирана е комисија која зедно со претставниците на проектантското биро на Инпума работат на проектот за трасата која би почнувала од просторот помеѓу Рамстор и старата железничка станица.
-Во моментот се чека градежна дозвола со оглед дека секој концесионер прво ќе побара чиста ситуација на теренот. Инаку, тој освен што би ја поставил жичарницата и би стопанисувал со неа, ќе треба и да изврши партерно уредување околу крстот, каде би можеле да се постават брвнари и да се изгради конак за сместување на посетителите, додава Дојчиновскии. Тој вчера потенцираше и дека црквата нема да се гради во рамките на крстот, туку мал верски објект би требало да биде изграден во непосредна близина.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=86DB80ED8D1B724DA034B12891D9BD13
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 24-Jul-2008 at 22:06
фала богу, ако се иде како што треба, нема веќе да имаме куп бетон и железо
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 24-Jul-2008 at 22:11
Originally posted by zabegan

фала богу, ако се иде како што треба, нема веќе да имаме куп бетон и железо


а ако се иде ко што идеше до сеа ќе ја имаме жичарата до 3008 Crazy
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 30-Jul-2008 at 09:31
Од каде сега 11 дуќани? А ресторант воопшто не спомнуваат, да не смениле планови.....
 

На Водно се градат дуќаните и тоалетите под Милениумскиот крст

Под Крстот ќе има 11 дуќани и четири тоалети

Градежните зафати на дуќаните и тоалетите под Милениумскиот крст на Водно забрзано течат, а до крајот на неделава се очекува да биде извршен и техничкиот прием на лифтот. Се градат 11 дуќани кои ќе се издаваат под кирија, а во нив ќе се продаваат сувенири, икони, слики и дел ќе се користат за потребите на црквата. Течат и градежните зафати на четирите тоалети кои денес ќе бидат покриени. Во нив допрва треба да се постават канализационите мрежи, водоводните цевки, плочки и сиот потребен внатрешен инвентар. Фекалната мрежа ќе поминува низ пречистителната станица, која според Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“, ќе биде донација на фирмата „Интермонт“. Фекалните води што ќе поминуваат низ неа ќе бидат прочистени до максимум, а потоа ќе може да се користат за наводнување земјоделски површини. И тоалетите и дуќаните со пречистителната станица треба да бидат комплетирани до крајот на август годинава.

За сите други зафати, вели Дојчиновски, ќе бидат потребни уште пари, кои би требало да се обезбедат од донации. Според него, од повратните средства од ДДВ што ги добија од Владата се останати само уште 2-3 милиони денари, кои не се доволни за преостанатите зафати.

Осум милиони денари биле потрошени на асфалтирањето на патот до Крстот, 5 милиони денари биле исплатени на ЕМО од Охрид, како долг кон фирмата-изведувач на работи, и останатите средства кои беа добиени од повратното ДДВ и донаторската конференција за Милиениумскиот крст биле потрошени за градежни работи и материјали. Според Дојчиновски, ќе се обезбедат уште средства и од концесија за жичарница што допрва ќе се гради. За комплетна доизградба на Крстот беше проценето дека се потребни 450 илјади евра. (Сн.К.)

Back to Top
Mr.BobbY View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.BobbY Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 30-Jul-2008 at 16:40
 
[/QUOTE]Nutsна ова и г-дин Боби може да завидиBig%20smileBig%20smileјака фотка
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 14-Aug-2008 at 04:51
ФЕКАЛИИТЕ ОД ВОДНО ЌЕ СТАНАТ ЧИСТА ВОДА
Тоалети и пречистителна станица се градат на Милениумски крст
Станува збор за пречистителни станици - изум на Јоти Поповски - кои функционираат со бактерии и кои веќе се користат во Узбекистан, на Антарктикот, во Грузија, Бугарија, Хрватска и во Србија

Фондацијата "Милениумски крст", зад Крстот на Водно гради тоалети со пречистителна станица кои фекалиите и отпадните води ќе ги прават хемиски и биолошки чисти. Станува збор за пречистителни станици - изум на Јоти Поповски - кои функционираат со бактерии и кои, покрај во нашата земја, се користат и во Узбекистан, на Антарктикот, во Грузија, Бугарија, Хрватска и во Србија.
"Пречистителната станица за Милениумскиот крст ни е донација од иноваторот Јоти Поповски. Со неа сите фекалии и отпадни води од Милениумскиот крст ќе бидат претворени во чиста вода која може да се користи за полевање на зеленилото околу Крстот. Фекалиите се прочистуваат по чисто природен пат, односно во биофилтрите каде што поминуваат фекалиите се наоѓаат бактерии кои отпадните води ги прават микробиолошки и хемиски чисти. Откако ќе ги изsидаме тоалетите, ќе биде поставена и пречистителната станица", вели Благоја Дојчиновски, претседател на фондацијата "Милениумски крст".
Тоалетите се наоѓаат 5 метри зад Милениумскиот крст. Според првичните планови, тие требаше да бидат изградени во рамките на Крстот, но архиепископот г.г. Стефан сметал дека многу попригодно би било ако тие се изградат надвор од Милениумскиот крст. (А.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=154258&idg=8&idb=2425&rubrika=Skopje
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 16-Aug-2008 at 14:11
Знае ли некој што стана со лифтот,пуштен ли е во употреба,случајно некој да сликал нешто?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 16-Aug-2008 at 19:39
лифтот е пуштен во употреба, останува да се среди просторот на основата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 18-Aug-2008 at 02:09

ХРИСТИЈАНСКИ СИМБОЛ НА ВРВОТ НА ВОДНО

Лифтот на Милениумскиот крст во употреба за 8 Септември

Лифтот на Милениумскиот крст се планира да биде пуштен во употреба на 8 Септември - Денот на независноста, велат во Фондацијата за изградба на Крстот на врвот на Водно.Деновиве грчки и домашни стручни лица ќе извршат технички прием на лифтот по што ќе добие употребна дозвола за да биде официјално пуштен во употреба - вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата.Панорамскиот лифт беше монтиран во средината на Милениумскиот крст на почетокот на јули. Со него, осум посетители ќе може да пристигнат до платформата на краците на крстот на висина од 43 метри. Оттука тие ќе може да се движат по краците од каде што ќе уживаат во панорамска глетка на градот. Возењето во лифтот ќе се наплаќа, а цената ќе ја одреди Управниот одбор на Фондацијата. Собраните пари од наплатата за возењето во лифтот ќе бидат наменети за одржување на објектот.

Лифтот е купен за 45 илјади евра од грчката фирма „Доплер“, а го монтираше домашната фирма „Емо“. Монтирањето на лифтот се одлагаше неколку пати. Тој требаше да биде пуштен во употреба на 27 септември лани на големиот верски празник Крстовден. Но, поради доцнење на кабината на лифтот, тоа се одложи за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. И тогаш лифтот повторно не беше пуштен во употреба поради оштетениот громобран.На Милениумскиот крст деновиве интензивно се работи. Во подножјето на крстот се градат 11 дуќани и се' поплочуваат платформите. Во задниот дел од комплексот се градат четири јавни тоалети. Во дуќаните ќе се продаваат сувенири, свеќи, икони. Дел од нив ќе се користат за потребите на црквата. За користењето на дуќаните ќе се наплаќа кирија. Планирана е изградба на застаклен ресторан - вели Дојчиновски.За потребите на комплексот „Милениумски крст“ ќе се постави канализациска и водоводна мрежа, но и пречистителната станица која ќе биде донација од фирмата „Интермонт“.Вкупната површина на комплексот е 18.600 квадратни метри. Се предвидува околу Милениумскиот крст да се направат конаци и угостителско-туристички објекти. Најголема инвестиција е планираната жичница, која ќе треба да поаѓа од кај трговскиот центар „Рамстор“. Се чека градежната дозвола од Министерството за транспорт и врски за да може да се почне постапката за изградба на жичницата. Има заинтересирани странски и домашни фирми. Но, никој не се нафаќа да инвестира без да има обезбедено градежна дозвола. Откако ќе ја добиеме дозволата, ќе се распише тендер - вели Дојчиновски.Според него, Милениумскиот крст ќе се даде под концесија ако Фондацијата не најде доволно пари за да се завршат сите проекти.Изградбата на Милениумскиот крст почна во 2002 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=37A965923CB35349A6C5AFD52969595E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 18-Aug-2008 at 02:10
101% нема да биде за 8ми септември. Ќе се одложи до крстовден на 27ми септември!!!
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 29-Aug-2008 at 09:02
мислам дека грешиш Islcrew,лифтот е веќе готов од поодамна само се чека момент кога ќе го пуштат официјално во употреба.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 05-Sep-2008 at 23:08

Ќе биде пуштен лифтот на Милениумскиот крст

Лифтот на Милениумскиот крст на Водно свечено ќе биде предаден во употреба на 8 Септември, Денот на независноста. Првите „патници“ ќе се искачат од влезот на втората плоча на објектот и ќе стигнат до краците на крстот на висина од 45 метри.

По краците ќе можат да се движат и да уживаат во панорамскиот поглед на Скопје и околината. Граѓаните ќе можат да го користат лифтот од следната недела.

Лифтот е со носивост 900 килограми, и ќе биде дозволено влегување за осум лица. Во него ќе се влегува со лифтбој, а оваа улога ќе ја извршуваат тројца вработени. Според Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“, возењето со лифт ќе се наплатува и од наплатата, всушност, ќе се обезбедуваат платите на вработените. Колку ќе чини возењето, Управниот одбор на фондацијата ќе реши во вторник, а предложената цена е 50 денари.

Дојчиновски вели дека покрај лифтот биле реализирани и градежни зафати на двете бетонски плочи на крстот. Отстранети се распуканите бетонски кошулки и се заменети со нови. На втората плоча со површина од 410 квадратни метри е ставена изолација од плочи „кулиер“ од ИГМ „Вратница“. (Сн.К.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=002BD03B5AD6A34C936E6C365B5D4737
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 06-Sep-2008 at 10:15
не знам дали лифтот ќе може да се искачува до горе или ќе биде предвидено искачување само на краците од крстот.мислам дека би можел да се движи и по краците на крстот.
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 06-Sep-2008 at 18:02

мислам дека треба да се движи и по краците
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 08-Sep-2008 at 12:00
уште да се изградат и преостанатите работи како што се црква,галерија и продавници на крстот би било супер.да не остане само на лифтот.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 08-Sep-2008 at 12:51
Можно е и понекоје ресторанче? Или нели веќе има ресторан на Водно? Каде ли беше, на средно Водно? Незнам дали е потребно да има уштеден.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.