build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Милениумски Крст

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Милениумски Крст
    Posted: 19-Sep-2007 at 02:45
Приказната со милениумскот крст неверојатно се оддолжи...  Дали конечно и се гледа крајот?



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8CBBFDD6BF905541BBD548C768C61DD7



Се монтира лифтот на Милениумскиот крст

Денеска почнува монтажата на лифтот на Милениумскиот крст, која треба да биде завршена до 27 септември. На крстот на Водно течат и градежните работи на долната и горната плоча, а во задниот дел се копа за поставување на пречистителната станица за тоалетите. „Пречистителната станица ќе произведува 95 отсто чиста вода, а нејзиниот изумител за неа има добиено прва награда во Брисел. Досега монтирал 17 вакви пречистителни станици во Македонија, а се докажал и со нивно монтирање во Дубаи, во Казахстан, па дури и на Северниот Пол“, вели Благоја Дојчиновски, претседател на фондацијата „Миленумски крст“. (Сн.К.)


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Sep-2007 at 02:50
Vcera citav deka liftot sto go montiraat kje se dvizi i vertikalno i horizontalno Question 
 
Kakov e toj lift jas prvpat slusam za takvo cudo. Valjda e logicno da se nosat lugjeto do platformata (toa se valjda kracite) pa tamu da haraat???
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Sep-2007 at 03:16
Не знам какво е тоа чудо (ако е стварно така како што напишале)


Edited by Cloverstack - 19-Sep-2007 at 03:17
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Sep-2007 at 03:21
epa eve zapoznaj se so cudoto Smile
 
ДНЕВНИК: Милениумскиот крст со лифт за Крстовден

Лифтот ќе биде поставен во средината на Крстот,ќе може да се движи и хоризонтално, по двата крака

Лифтот што ќе биде поставен на Милениумскиот крст на Водно в среда ќе пристигне во Скопје од фабриката „Емо“ во Охрид, најави претседателот на Фондацијата за изградба на Крстот, Благоја Дојчиновски. Тој вели дека директорот на фабриката му ветил дека лифтот ќе биде монтиран до 27 септември, кога православните верници го одбележуваат празникот Крстовден.  Лифтот ќе биде поставен на средината на објектот и ќе се искачува до краците. Тој ќе се движи и хоризонтално по краците, од каде што посетителите ќе уживаат во ексклузивната глетка на панорамата на Скопје.

Дојчиновски вели дека има оптимистички најави и за изградба на жичницата со која посетителите ќе се искачуваат до најновиот симбол на градот. Австриската фирма „Лајтнер“ била заинтересирана да инвестира во изградбата на жичницата, а имаше најави дека и наш иселеник во Австралија е расположен да вложи пари.

- Како фондација ќе побараме од Владата да помогне во финансирањето на жичницата, а постои варијанта таа да биде дадена под концесија. Нејзината изградба ќе чини околу шест милиони евра - вели Дојчиновски.

Појдовната точка на жичницата, според него, би била кај трговскиот центар „Рамстор“. Предвидено е таа да се движи кон поранешниот хотел „Панорама“, па да врти десно кон Милениумскиот крст.

Моментно работници поставуваат арматура на двете плочи на Крстот, по што ќе се поставува нова бетонска кошулица, како подлога за изолацијата. Овие активности се извршуваат со парите што Владата и' ги даде на Фондацијата како поврат на ДДВ, платен при изградбата на објектот. Фондацијата го доби целиот износ од 16.200.000 денари (околу 260.000 евра), од кои осум милиони денари и беа исплатени лани, а остатокот годинава. Со овие пари неодамна беше асфалтиран и патот од Средно Водно до врвот, кој засега е затворен за сообраќај поради опасноста од пожари.

За да ги заштедат парите, од Фондацијата побараа градските власти да им ја дадат коцката што беше извадена при реконструкцијата на плоштадот и на улиците Водњанска, 13 Ноември, Благоја Стефковски и 11 Октомври, со која сакаат да го изведат партерното уредување околу Крстот. Ако ја добијат коцката, нема да мора да купуваат бекатон-плочки, па парите би ги пренамениле за доизградба на објектот, во чие подножје е предвиден ресторан, а беше најавена и изградба на црква.

Од Градот велат дека најголем дел од коцката е потрошен, односно со неа се поплочени неколку скверови и тротоари низ градот.

- Дел од коцката се наоѓа во магацините на претпријатието „Улици и патишта“. Таа не е чиста, односно, на неа е залепен дел од подлогата на плоштадот. Денеска наша екипа ќе оди да провери во каква состојба е коцката и дали ќе одгивара за поплочувањето околу крстот. Доколку има доволно, Градот ќе ја отстапи на Фондацијата - велат градските власти.

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Sep-2007 at 07:26
Oo ova zvuchi mnogu interesno!! :)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Oct-2007 at 16:25
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=47C994C021CA534098F8E39E3A3AEA21


Кинески мермер за Милениумскиот крст

Фондацијата „Милениумски крст“ ќе набави кинески мермер за поплочување на платото на крстот на Водно. Ќе се поплочуваат 1.510 квадратни метри од платото на двете нивоа и 180 скали. За мермерот што допрва ќе се нарачува од Кина ќе бидат издвоени 31.000 евра. Според првиот човек на Фондацијата, Благоја Дојчиновски, станува збор за квалитетен и евтин мермер. Во моментов во тек се градежните зафати на поставувањето кошулица на втората плоча, по што ќе следива поставувањето на мермерот.

„Наскоро ќе биде готов и лифтот, а неговото финиширање што го најавивме за Крстовден беше закочено поради несоодветно поставените водилици кои ја движат кабината. Фирмата ’Доплер‘ од Грција треба да испрати нови и штом ќе бидат поставени, лифтот ќе биде пуштен во функција. Тоа, најверојатно, ќе се случи кон крајот на втората декада од овој месец“, објасни Дојчиновски. (Сн.К.)



Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Jan-2008 at 17:06

КРСТ

на горниот линк мое размислување за темата

волан
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Jan-2008 at 18:43
    Крстот после толку време воопшто не успеа да стане објект со кој се гордеат жителите на Скопје или Македонија воопшто. Тоа е затоа што беше граден со политичка заднина - собирање на што повеќе предизборни поени со вакви веќе видени популистички методи.    
   
    Ама , кога веќе стигнавме до овде, би било жалосно да не направиме нешто од ваква масивна структура - мислам дека беше највисока во Македонија ако не се лажам. Воопшто не ми лежи на срце, а особено не кога е без никаков концепт како сега. Кога веќе ќе се монтира лифтот и поплочи околината, тогаш веќе ќе се има некаква причина да се посети , инаку е бесцелно.

ЕДИТ: А за лифот и за движењето по краците - не ми е јасно зошто би се правело такво нешто? А не се работи на некакво чудо во инженерството - напротив, лифтовите не се ништо посебно за монитрање - како што монтираа лифт на Соравија за 3 дена .


Edited by La Linea - 12-Jan-2008 at 18:46
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Jan-2008 at 18:54
Originally posted by La Linea

    Крстот после толку време воопшто не успеа да стане објект со кој се гордеат жителите на Скопје или Македонија воопшто. Тоа е затоа што беше граден со политичка заднина - собирање на што повеќе предизборни поени со вакви веќе видени популистички методи.    
   
    Ама , кога веќе стигнавме до овде, би било жалосно да не направиме нешто од ваква масивна структура - мислам дека беше највисока во Македонија ако не се лажам. Воопшто не ми лежи на срце, а особено не кога е без никаков концепт како сега. Кога веќе ќе се монтира лифтот и поплочи околината, тогаш веќе ќе се има некаква причина да се посети , инаку е бесцелно.



Се слагам дека проектов беше политички и дека во секој случај кога веќе го имаме, треба максимално да се искористи. Се надевам дека видикот ќе биде навистина добар (зашто дури и од врв на Водно имаше ограничен поглед на Скопје)

Инаку не сум сигурен колку е висок крстов... Ако некој има податок нека постира (вкупно, заедно со основата)

Во секој случај не е највисока структура во Македонија. Оџакот на рафинеријата е на пример 160м. РЕК Битола или Неготино веројатно уште повеќе.



Edited by Cloverstack - 12-Jan-2008 at 18:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Jan-2008 at 18:56
Крстот е меѓу 70 и 80м ако не се лажам. Прецизна бројка немам
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jan-2008 at 18:58
Заедно со основата?

На почеток кажуваа бројка од 120м... Мада таа одамна више не сум ја сретнал. Во последно време и јас сретнувам само ~80м. Ама не знам дали тоа се однесува на целосната висина, или само на крстот.


Edited by Cloverstack - 12-Jan-2008 at 19:00
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Jan-2008 at 19:02

Колку што се сеќавам Милениумскиот Крст е висок околу 70 метри. Мене идејата од почеток ми беше малку безвезна, но сега кога е веќе изграден, мислам дека треба да се доврши и направи вистински белег на градот. Сега веќе не е ни битно како бил почнат, го имаме и глупаво е да се руши или остави на забот на времето како сега. Од друга страна како огромен обожавател на планината Водно, ме нервира помислата за убав асфалтен пат до Крстот. Се надевам дека во скоро време целосно би се забранил сообраќајот од сеизмолошка нагоре. Алтернативата за оние кои не се во можност пешки или со немоторни возила да се качат би била или автобусчиња на по можност со погон на некои електромотори кои не би загадувале или жичарница.

Без врска е тоа што за да се избега од загадувањето во Скопје, повторно цели реки коли се качуваат на средно (сега може и погоре) и тоа веќе нити личи на рекреативно место, нити е чисто а се помалце се води сметка за околината и нефрлањето ѓубре.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Jan-2008 at 19:04


иако не сум некој рекреативец, потпишувам со две раце Cheers
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Jan-2008 at 19:10
Urban Freak, се што кажа е на место Yes
Back to Top
Ганчо View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Jan-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ганчо Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Jan-2008 at 19:40
Висината ќе да беше 66 метри. Има некоја симболика , мислам годините на Христос 33 помножени со два ја даваат висината 66 метри. Скоро се на крстот има некоја религиозна симболика.

Edited by Ганчо - 12-Jan-2008 at 19:41
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Mar-2008 at 00:34
Да беше прв пат ваква најава можеби ќе поверував

Aвстријци сакаат да градат жичарница до крстот

Фирмата „Лајтнер“ сака жичарницата да ја земе под концесија

Претставници од австриската фирма „Лајтнер“, заинтересирана да ја гради и да ја добие под концесија жичарницата до Милениумскиот крст, начелно се согласиле со проектот што го изработува скопската проектантска куќа ИНПУМА. Тие на средбата со проектантите се интересирале за трасата по која ќе се стигнува до крстот. Немале ништо против жичарницата да тргнува во близина на „Рамстор“, па преку поранешниот хотел „Панорама“ да продолжи до крстот на Водно. Вкупната должина на трасата изнесува околу 4,5 километри и ќе се гради во две фази. Австријците побарале мали попрецизни корекции на поставеноста на носечките столбови.

Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“, треба исто така, да се сретне со претставниците на „Лајтнер“ и да му ја соопштат цената за изведување на проектот. Според него, ако претходно изведбата чинела околу 5 милиони евра, кога проектот предвидуваше жичарницата да тргнува од „Панорама“, сега веројатно ќе чини многу повеќе.

Тој додава дека во Фондацијата веќе се обратиле двајца инвеститори кои сакаат да вложат во жичарницата. Дојчиновски не ги открива нивните имиња се' додека не се дефинира дали тие ќе ја прифатат цената за реализација на проектот што треба да му се соопшти „Лајтнер“. Сепак, и двајцата се изјасниле дека во проектот ќе бидат вложени осум милиони евра. Едниот од инвеститорите е повратник од Австралија, а другиот сопственик на кафеана. (Сн.К.)



Статијата е прочитана 27 пати.
Утрински весник


Edited by La Linea - 07-Mar-2008 at 00:35
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Mar-2008 at 23:13
Ova veke se najavuva po kojznae pat ali aj da go staime tuka, novo za mene barem e cenata 8 milioni, a u tekstov najveke mi se dopaga ona so.... shefot e na pat koga ke se vrati odma ke.........Roll%20eyes
 
ФОНДАЦИЈАТА МИЛЕНИУМСКИ КРСТ ВО ПРЕГОВОРИ СО ДОМАШНА ФИРМА
Жичарница од "Рамстор" до Крстот на Водно
Кабините ќе бидат затворени и во нив ќе може да се возат по осум луѓе

Почетната станица на жичарницата до Милениумскиот крст на Водно, која веќе неколку години ја најавува Фондацијата "Милениумски крст", ќе биде кај "Рамстор", односно на просторот меѓу трговскиот центар и катната гаража која е во изградба. Од Фондацијата велат дека се во преговори со домашна фирма која е заинтересирана да ја изгради жичарницата и да стопанисува со неа.
"Австриската фирма 'Лаитнер' го изработи проектот за жичарницата. Со него се предвидува нејзината траса да биде од трговскиот центар 'Рамстор' до Крстот, а на Средно Водно да има попатна станица. Кабините ќе бидат затворени и во една кабина ќе можат да се возат осум луѓе. За целосната изградба на жичарницата, според проектот на 'Лаитнер', ќе бидат потребни 8 милиони евра", вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата "Милениумски крст".
Од Фондацијата објаснуваат дека до крајот на месецов ќе се знае дали ќе биде постигнат договор со фирмата која сака да ја гради и да стопанисува со жичницата. Во моментов сопственикот на фирмата бил на службен пат во странство и веднаш штом се врати, Фондацијата ќе ги почне разговорите за склучување договор.
Покрај изградбата на жичарницата, фирмата концесионер ќе изгради и ресторан кај Милениумскиот крст со кој, исто така, ќе стопанисува на одредено време. (А.А.)

vest
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Mar-2008 at 23:17
Што бара почетната станица меѓу НЛБ и Рамстор? Зарем таму не треба да поминува рампа од Јужениот булевар?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Mar-2008 at 00:06
НЕ. Рампата е кај што сега е улицата, онаа што е помеѓу НЛБ и..... Не од кај рамстор од другата страна на нлб.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Apr-2008 at 23:03

ЗА ПОГОЛЕМА АТРАКТИВНОСТ НА МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ


Жичарница од Рамстор до врвот на Водно


Фондацијата "Милениумски крст" и Општина Центар бараат коинвеститор за изградба на жичарата, а до крајот на април ќе почне поставувањето на лифтот, застаклување на ресторанскиот дел и заштита на плочите


Фондацијата "Милениумски крст" до крајот на месецот ќе продолжи со градежните работи на Милениумскиот крст, а заедно со Општината Центар се бара и коинвеститор кој би ја градел жичарницата на потегот од трговскиот центар Рамстор до врвот на Водно. Деновиве Фондацијата очекува да ги добие и средствата кои од страна на Владата беа префрлени во Македонска банка која во меѓувреме беше ликвидирана.

- На просторот меѓу ТЦ Рамстор и старата железничка станица во Деталниот урбанистички план постои маркица за оваа намена. Сметаме дека Милениумскиот крст ќе биде многу поатрактивен за туристите и попосетен доколку жичарницата тргнува од центарот на градот отколку од Средно Водно како што беше планирано. Иако за пократката верзија имавме заинтересирани фирми меѓу кои е и австриската Лајтнер специјализирана за изградба на жичарници, сметаме дека можноста жичарницата да тргнува од Рамстор ќе биде поинтересна и за самите инвеститори, вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата Милениумски крст.

Од Општина Центар потврдуваат дека би учествувале во изградбата на жичарницата со средства до 20 проценти, но и додаваат дека иако има заинтересирани фирми, конкретни понуди сеуште не стасале. Оттаму велат дека проектот за жичарницата која би се градела во две фази и тоа од Рамстор до Средно Водно и од Средно Водно до врвот ја претставиле и на саемот во Минхен минатата година, како и на Форумот на иселениците.

Со 4,417 милиони денари, средства што Фондацијата со судско решение треба да ги врати од Македонска банка, пак, до крајот на април треба да отпочне заштита на плочите, монтирање на лифтот и застаклување на просторот кој е предвиден за ресторан.

Отпочнувањето на градежните работи, сепак, ќе зависи од временските услови, бидејќи според Дојчиновски, прво на крстот треба да се монтира новиот громобран со оглед дека стариот бил прегорен. Од Фондацијата очекуваат и донација за партерно уредување околу Крстот. Иако до Градот беше доставено барање извадената коцка од улицата Македонија да се искористи за таа намена, градските власти планираат таа повторно да се врати на истото место, со цел да се сочува автентичноста на овој дел од централното градско подрачје.
http://vecer.com.mk/?ItemID=4087CCDDA164A34EA36487319BBF9D73
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.