build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Милениумски Крст

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 25-Jul-2011 at 20:40
Кукуш и Кутлеш се две различни села/град.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 25-Jul-2011 at 20:53
Хахахах ... Техничка грешка , замислен бев ...Благодарам за исправката...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12101
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 23-Aug-2011 at 22:01

Фондацијата нуди договор, „Воденица“ бара веце


 

Како ќе заврши оваа мистерија сé уште е нејасно. Не се знае дали од фондацијата ќе донесат вода и ќе изградат санитарни јазли за да и го дадат ресторанот на „Воденица“ или, пак, ќе бараат друга фирма што ќе сака сама да си ги заврши сите комунални работи

 
 
%20 

Крстот не е подготвен за кафеана

РЕСТОРАН НА МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

Фондацијата „Милениумски крст“ најавува дека денеска ќе потпише договор за концесија на ресторанот што треба да се прави на крстот на Водно. Ресторанот треба да и се даде под концесија на „Воденица“, но од таму велат дека немаат никаква информација за потпишување договор. Од ресторанот велат дека имало преговори за земање на просторот под концесија, но воопшто немаат намера да го направат тоа сé додека на Водно не се изградат санитарни јазли.

- Не сме информирани за никаков договор, таму нема ниту вода ниту, пак, санитарни јазли, а и струјата е нестабилна. Како можеме да си дозволиме да правиме ресторан во такви услови.Таму засега има само продавница, но таа не е наша - објаснија од „Воденица“. 

Додаваат дека постои можност ресторанот и продавницата да се земат под концесија откако ќе се создадат услови за тоа. 

Благоја Дојчиновски од фондацијата “Милениумски крст&рдљуо; вели дека договорот за издавање под концесија на ресторанот се потпишува денеска, за надомест од 1.500 евра месечно. Според Дојчиновски, „Воденица“ е сопственик и на кафулето што пред неколку месеци е отворено на врвот на Водно, а веќе имало и работници најмени од таа фирма што работеле на изградба на ресторанот. Но, според него, имало прекини во работата затоа што им бил украден алатот за работа. 

- Ќе го потпишеме договорот со „Воденица“, па тие ќе го земат ресторанот на стопанисување - кратко кажа Дојчиновски. 

Мистеријата за сопственикот на кафулето на Водно, како и за концесијата на планираниот ресторан, трае од пред неколку месеци, од фондацијата тврдат дека „Воденица“ ќе биде концесионер, а од таму негираат. Каков ќе биде исходот е нејасно. Не се знае дали од фондацијата ќе донесат вода и ќе изградат санитарни јазли за да и го дадат ресторанот на „Воденица“ или, пак, ќе бараат друга фирма што ќе сака сама да си ги заврши сите комунални работи. 

Дуќанчето на „Милениумски крст“ работи нешто повеќе од еден месец, цените во него засега се симболични, а се планира такви да останат и понатаму. Замислата за ресторанот, пак, е тој да понуди подобри услуги за посетителите, но за повисоки цени. Според новиот проект, за изгледот на новиот ресторан се вели дека на горното ниво тој ќе биде направен како летна тераса со видиковец.

Четири куќарки за изнајмување кај Милениумскиот крст

Деновиве почнаа да се градат уште четири нови куќарки на врвот на Водно. Од јавното сообраќајно претпријатие велат дека куќарките ќе бидат исти како и оние на Средно Водно и дека ќе се изнајмуваат. Сé уште не се знае кога ќе бидат готови, но, според претпријатието, куќарките ќе придонесат за подобри услови за посетителите на Водно. Портпаролката Билјана Јанкуловска вели дека претпријатието ќе ги добие куќарките дури откако ќе се изградат и градот ќе им ги додели на седница на советот. 

 
  
Автор: Александра Денковска  Фотографија: Filip Popovsk
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82311920263&id=14&prilog=0&setIzdanie=22363
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 24-Aug-2011 at 01:17
Јас незнам зошто градат бараки и други попратни глупости кога се нема еден план.

Тој цел простор требаше да се подсреди со еден единствен план каде нештата ќе се вклопуваат и нема да пречат на гледката. Сега ќе градат, таму-ваму безвеза и ќе имаме салата горе на водно.

Еден проект со една естетска насока. После кој сака нека си земе дел и нека си го гради.

(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 608
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 25-Aug-2011 at 18:04
ОД ПРЕД НЕКОЈ ДЕН НА СЕДНИЦА НА ВЛАДА Е УСВОЕНО ДЕКА КРСТОТ ОД МПЦ ПРЕОГА ВО РАЦЕ НА ВЛАДАТА КОЛКУ Е ТОЧНО НЕЗНАМ ИЛИ СЕ САМО ШПЕКУЛАЦИИ
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 25-Aug-2011 at 22:20
Посоодветно би било да прејде во надлежност на Град Скопје, бидејќи се работи за landmark, а не некој споменик на културата.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 15-Sep-2011 at 22:37
Ќе се осветлува партерот кај Милениумскиот крст

Градските власти вчера распишаа конкурс за осветлување на партерот кај Милениумскиот крст. Овој дел кај крстот е единствен што не е уреден на врвот на Водно. Пред некој месец се отвори продавница каде што се продаваат сокови и сендвичи, има поставено клупи и канти за отпадоци, а исто така се градат и нови куќарки, каде што граѓаните ќе може да одмораат.

Сите заинтересирани фирми понудите треба да ги достават до 28 октомври во просториите на градот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=915111039413&id=14&setIzdanie=22381
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 05-Jan-2012 at 20:39
17.11.2011
Во моментов околу Крстот се вршат ископувања за бунар за вода, врз ос­но­ва на решението изготвено од ЈП "Водовод и канализација", кои ќе тра­ат неколку месеци.

"ЈП 'Водовод и канализација' во јули оваа 2011 година изготви тех­нич­ко решение за ископување на бунарска дупка за вода, која треба да ги задоволи потребите на угостителскиот објект кој е во состав на Ми­ле­ни­ум­ски­от крст. Решението се базира врз користење на вода која ја користи Пла­ни­нар­ски­от дом, преку постојниот резервоар. Во моментот Гра­деж­ни­от институт на Македонија работи на ископување на бунарската дупка", велат од ЈП "Водовод и канализација".

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=B3AD8846AFA15E48AFA73B8847DD2884&arc=1
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 26-Apr-2012 at 18:56
23ka.wordpress.com
Back to Top
Pallatino View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pallatino Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 30-Jul-2012 at 19:58
http://www.mkd.mk/47127/kolumni/mileniumski-krst-10-godini-sjaj-i-beda-boris-stavrov/
http://www.mkd.mk/47850/kolumni/mileniumski-krst-vodno-sjaj-i-beda-boris-stavrov/

Малку политизирана колумна ама мислам дека е добра ретро спектива на проблемите со крстот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 30-Jul-2012 at 21:21
координатите ги проверив,горе долу се тие,со тоа што во текстот има згрешено ,напишал 45 степени,а во збирот 41 што е точно.интересно совпаѓање
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 06-Dec-2012 at 03:37
Back to Top
MartiniMKD View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote MartiniMKD Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 19-Jan-2013 at 17:36
Милениумски Крст



































Превземено од МАКЕДОНЦИ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 19-Mar-2013 at 00:06

Конечно се мрднаа работите со крстот. Навистина е жалосно толку импозантен објект од релативно понова дата на изградба да изгледа толку запуштено како да е граден пред 50 години. Редно беше да се збогати просторот и да заживее крстот онака како што тоа го и залужува оваа место. Ме радува што во проектот е предвидена заштита од корозија а и е предвидена замена на светилките со штедливи ламби. Се надевам дека конечно ќе се реши тоа осветлување кое беше под сите страни и беше жално да се гледа такво „излакатено„. 


Ме интересира една работа околу изборот на фирма која ќе го работи осветлувањето, би сакал да препорачам фирма која би можела да ја изврши таа работа многу професионално. Дали некој знае со кого би можел да стапам во контакт???


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 14-Aug-2013 at 08:57
ЈСП „Скопје“ ќе стопанисува со Милениумскиот крст
14.08.2013 - 09:00:41



Милениумскиот крст на врвот на Водно се очекува на следната седница на Советот на Скопје и официјално да биде предаден на стопанисување на Јавното сообраќајно претпријатие откако минатата недела Владата донесе одлука овој објект да го пренесе под надлежност на Градот. Според досегашните најави од градските власти, со овој имот е планирано да стопанисува ЈСП „Скопје“ во пакет со жичницата и двете инвестиции заедно значително да придонесат за развој на туризмот во градот, а на претпријатието да му донесат плус пари во касата.

Одлуката за пренос на објектот е од големо значење затоа што Милениумскиот крст конечно ќе добие сопственик што ќе се грижи за него, односно ќе ги плаќа сметките и ќе вложи и во доградба на инфраструктурата - довод на вода, канализација, ново осветление.



ЈСП со години продуцира загуби во финансиското работење и користи субвенции од градската каса за да биде ликвиден и финансиски стабилен, па од претпријатието очекуваат да добијат мала инјекција и за овој ангажман.

- Најверојатно ќе добиеме парична помош. Дел од трошоците ќе покриваме од субвенции, а преостанатите од профитот што ќе го добиваме од закуп на угостителските објекти на крстот - објаснија од претпријатието.,пишува Дневник.

Во ЈСП веќе имаат замисла што се потребно да се изведе за работите што останаа нереализирани по изградбата на крстот, а кои беа клучни тој да не заживее. Изработен е проект со кој се предвидуваат партерно уредување на околината, изградба на санитарни јазли, мрежа за вода за потребите на угостителските објекти, но и за осветление од двете страни на крстот. Предвидени се и програми за антикорозивна заштита.

- Постојните светилки ќе се заменат со нови, штедливи, кои очекуваме да ги намалат сметките за струја за 30 отсто - објасни неодамна директорот Мишо Николов.

Всушност, сметките за осветление се и најголема болка изминативе години. Месечната сума е околу илјада евра, но со години никој не плаќаше. Во прво време за крстот се грижеше Фондацијата „Милениумски крст“, која, освен тогашната влада во 2002 година, учествуваше во негово подигнување. По извесен период фондација се откажа со објаснување дека немаат средства. Одговорноста за објектот потоа си ја префрлаа МПЦ, Владата и Градот, а како резултатот на тоа често се случуваше Милениумскиот крст со денови да биде неосветлен. Со исклучок на неколку периоди во кои имаше застој, крстот цело време свети. Тоа е добра волја на ЕВН, велат оттаму, ако се земе предвид дека сите се оградуваат од него кога во прашање се фактурите за струја.

Милениумскиот крст е изграден во 2002 година во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум. Висок е 66 метри, а е дело на архитектите Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1110666890/jsp-skopje-ke-stopanisuva-so-mileniumskiot-krst

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 20-Aug-2013 at 19:21
Градот Скопје трага по вода на Водно

Градските власти почнаа да бараат вода на Водно која е неопходна за функционирањето на предвидениот Ски Центар на врвот на планината. Задачата му била доделена на Градежниот институт Македонија, кој ќе треба да изработи физибилити студија која треба да утврди колку подземна вода има, каков е квалитетот но и што треба да се направи за водата да може да се употреби.

-Град Скопје не се откажува и понатаму прави сериозни напори за реализација на проектот ски патеки на Водно... Распишувањето на тендерот за пронаоѓање на води е проект кој на индиректен начин обезбедува водоснабдителнаа инфраструктура за Врвот на Водно, а со тоа и за предвидените спортско рекреативни содржини, велат од службата за односи со јавност на скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, пренесува Алфа.

Градските власти бараат подземни води на Водно, откако претходната студија за исплатливоста и одржливоста на Ски- патеките на Водно покажаа потреба од вештачки снег за кој пак се потребни поголеми количини вода.
http://www.press24.mk/gradot-skopje-traga-po-voda-na-vodno
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 29-Sep-2013 at 19:16
Konecno dobri vesti.

Догодина ќе одиме на ручек на крстот на Водно

Од идната година, граѓаните во зимските месеци ќе имаат каде да се засолнат на врвот на Водно, а во летните, каде да одморат под сенка. Според очекувањата на ЈСП, институцијата која ќе стопанисува со овој простор е дека долго најавуваниот ресторан на Милениумскиот крст ќе почне да функционира од догодина, со што би се заокружил целиот проект, заедно со жичницата, објави Алфа.

20120324-mileniumski-krst4

Од идната година, граѓаните во зимските месеци ќе имаат каде да се засолнат на врвот на Водно, а во летните, каде да одморат под сенка. Според очекувањата на ЈСП, институцијата која ќе стопанисува со овој простор е дека долго најавуваниот ресторан на Милениумскиот крст ќе почне да функционира од догодина, со што би се заокружил целиот проект, заедно со жичницата.

Според проектот, прво треба да се направи антикорозивна заштита на крстот, потоа ќе се извршат браварски работи, па партерно уредување и осветлување, за да на крај се прејде на оспособување на ресторанот. За да го завршиме овој проект потребни ни се 2 милиони евра. Сега преговараме со град Скопје и со министерството за транспорт и врски и се обидуваме да обезбедиме средства. Веднаш штом ќе дојдеме до средства, веднаш ќе пристаспиме кој објавување на тендер, вели Мишо Николов, Директор на ЈСП Скопје.

Николов вели дека имаат решение и за водоснабдувањето. Според испитувањата кои ги направиле, тоа би се решило со вадење на вода од бунар или со градење на базен од каде би се влечела водата.

Граѓаните пак, кои денеска го искористија последниот сончев и типол ден за прошетка на Водно, среќни се што Милениумскиот крст ќе добие уште една содржина. Со намалувањето на денот, се намалува и работата на жичницата. Во октомври, жичницата ќе работи до 18:45 секој ден освен понеделник.

Извор: Алфа ТВ



Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 29-Sep-2013 at 19:46
Овие вести се стари неколку години. Врати се наназад во нишкава да видиш колку. Тоа што сопственоста на крстот преминува во еден од најголемите загубари во државата не може да се смета за добра вест. Дали навистина ќе се реализира проектот ќе знаеме наскоро, градот би морал да го пресмета ова кога ќе се усвојува буџетот за 2014.

„Се обидуваме да обезбедиме средства“ стана добра вест во Македонија? Добра вест е „ги обезбедивме потребните средства, стартуваме со реализација, конечниот рок е ХХ.ХХ.ХХХХ“.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 01-Oct-2013 at 07:44
Нов лифт на Крстот, оти стариот бил за зграда

Постојниот лифт ќе се извади, и на негово место ќе се монтира но­ви­от, кој ќе може да работи на отворено и ќе биде отпорен на надворешни вли­ја­ни­ја

Крс­тот на Водно ќе добие нов лифт, оти стариот одговарал само за во згра­ди. Тој ќе се извади, и на негово место ќе се монтира новиот, кој ќе мо­же да работи на отворено и ќе биде отпорен на надворешни влијанија. За­ме­на­та на крстовите ќе се прави в година, како дел од проектот на јав­но­то сообраќајно претпријатие "Скопје" за обнова на Милениумскиот.
Од ЈСП велат дека во моментот се работи на правната процедура за пре­зе­ма­ње на крстот во своја надлежност, по што ќе почне да се работи на не­го­во уредување.

"Во тек е целата постапка за создавање услови конечно да се уреди Крс­тот на Водно и просторот околу него. Се надеваме дека до крајот на го­ди­на­та ќе ги обезбедиме сите потребни дозволи и од почетокот на на­ред­на­та ќе почнеме да го реализираме овој проект", изјави Мишо Николов, ди­рек­тор на ЈСП.

Пок­рај нов лифт, Николов најави дека Крстот ќе се премачка и со спе­ци­ја­лен заштитен слој за да се заштити од 'рѓосување, а ќе се обноват и све­тил­ки­те, кои секој втор ден не светат.
Пла­нот е и да се направи приклучок за вода, да се постават тоалети и да се уреди просторот со зеленило.

"Во моментов сакаме да создадеме услови за разни дејности во објектот на Крстот. Потоа ќе видиме дали ние ќе управуваме со него или, пак, тој прос­тор ќе биде изнајмуван", рече Николов.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=6F56C1EAD40575438F74C6E9F6421011
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 21-Oct-2013 at 21:15
Денес дупчеа на Водно, очигледно за барање вода за несудената ски патека.
 

 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.