build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Милениумски Крст

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Apr-2008 at 23:41
А каде планираат ресторан никогаш не ми беше јасно ?!?! 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Apr-2008 at 23:47
Мислам дека ресторанот е измеѓу двете платформи. Ама не ми е логично тука да биде. Ја како што знам најдоле треба да има црква. Не иде кафиќ врз црква!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 02-Apr-2008 at 23:56
Прв пат слушам за црква. Ама сето тоа ми звучи некако неиспланирано... колите не смеат нагоре а ние ќе градиме ресторан! а жичара нема да има уште 10 години минимум


Edited by ProMKD - 02-Apr-2008 at 23:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Apr-2008 at 00:08
Ако го има некој проектот нега го пушти да ги расчистиме дилемите!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 30-Apr-2008 at 21:45

ФОНДАЦИЈАТА НИТУ ПЛАЌА, НИТУ СЕ ОТКАЖУВА ОД УПРАВУВАЊЕТО СО МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски по повод проблемите со одржувањето на Милениумскиот Крст, неодамна иницираше подготвеност со Одлука на Советот да го преземе одржувањето и управувањето со локалитетот на Водно. За таа цел беше одржана и средба со претседателот на Фондацијата Милениумски Крст, Благоја Дојчиновски и со претставник од МПЦ. На средбата Фондацијата не покажа подготвеност да го отстапи управувањето со Милениумскиот Крст, а со тоа целосно ја презема одговорноста за понатамошното одржување на локалитетот.

Град Скопје направи напор конечно да се регулира состојбата со одржувањето на просторот, но бидејќи не беше прифатена понудата од страна на фондацијата, не ја презема одговорноста за понатамошното одржување на Милениумскиот крст.

Фондацијата е известена од страна на ЕВН, а дописот е испратен и до Министерот за финансии и до градоначалникот, дека по извршената уплата на акумулираниот долг, дека истиот повторно се зголемува и со оглед дека повторно никој не презема одговорност за подмирување на долгот, компанијата ќе биде принудена доколку не се анулира до 30 април оваа година да изврши прекин на испораката на електрична енергија.


преземено од http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1780&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 18-May-2008 at 14:54
Панорамски лифт низ средината на Милениумскиот крст
Скопје
Поглед на цело Скопје, од Сарај до Драчево и од Водно до Радишани. Единственото место од каде што може да се види тоа се краците на Милениумскиот крст на врвот на Водно. Ова искуство ќе им биде овозможено на скопјани и на посетителите од другите градови за две-три недели, кога се очекува да проработи панорамскиот лифт, кој ќе поминува низ средината на крстот.

Цената на влезницата допрва Ќе се утврди

Десетина работници од фирмата “Емо” од Охрид секојдневно работат на крстот и монтираат дел по дел од конструкцијата на лифтот. Тие објаснуваат дека тој ќе може да пренесува до осум лица, а ќе биде застаклен од три страни. На тој начин, како што ќе се движат нагоре, на патниците постепено ќе им се открива главниот град, населба по населба, се до краците, од каде што ќе можат да ги забележат и најоддалечените делови на Скопје. Одењето по краците, пак, е посебно искуство кое работниците го споредуваат со лебдење низ воздухот, затоа што подот е направен од челична мрежа низ која се гледа подножјето на крстот.
Градежниците веќе го поставиле моторот што ќе ја влече кабината. Целата механизација е наместена на височина од педесетина метри над основата. Околу просторот за движење на лифтот има скалила оградени со мрежа, а направени се и четири врати за излез во итни случаи. Работниците деновиве ја склопуваат кабината и ги монтираат нејзините елементи.
- Работиме забрзано и се трудиме што поскоро да овозможиме лифтот да проработи, но зависиме и од временските услови. Се наоѓаме на врвот на Водно, а овде и ветрот може да биде проблем. Работата не е едноставна, но не е ниту многу сложена. Многу потешко беше кога го монтиравме крстот, дел по дел - раскажуваат работниците.
Благој Дојчиновски, претседателот на фондацијата „Милениумски крст“, најавува дека откако лифтот ќе се направи и ќе се тестира, веднаш ќе биде пуштен во употреба за посетителите.
- Тие што ќе сакаат да се качат до краците ќе треба да купат билет, но цените се уште не сме ги утврдиле. Кога ќе се завршат работите ќе ја определиме сумата што ќе треба да ја плаќаат граѓаните. Тогаш ќе ангажираме и луѓе што ќе ја вршат наплатата - додава Дојчиновски.

По лифтот Ќе се прави и жичница

Дојчиновски додава дека поставувањето на лифтот не била единствената активност на крстот, туку се правеле и други градежни зафати, пред се ѕидарски работи на подножјето. Тој вели дека засилено работеле и на подготовките за почеток на изградбата на долгонајавуваната жичница до врвот на Водно.
- Определена е трасата, но треба да се направат геолошки испитувања на почвата каде што би требало да се постават столбовите. За сите активности треба да добиеме дозвола од Министерството за транспорт, а и општината Центар треба да ја вметне жичницата во деталните планови. Се надеваме дека овие процедури ќе завршат наскоро, па ќе почнеме со изградбата. Планираме и ресторанот да му го издадеме на тој што ќе ја направи жичницата - објаснува Дојчиновски.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1012&ArticleID=54533

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-May-2008 at 16:41
Фала богу! Smile

Одамна го чекам моментот кога ќе може човек да се качи таму и да го види цело Скопје Cheers


Ако има заинтересирани можеме да се организираме групно да отидеме веднаш по отварањето и да сефтосаме неколку од тие нови панорами што ќе ни се на располагање Smile


Edited by Cloverstack - 18-May-2008 at 16:41
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-May-2008 at 16:42


Thumbs%20Up
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 18-May-2008 at 16:45
Мислите ќе биде готово пред јуни? Или 10 јуни?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 18-May-2008 at 16:47
Originally posted by La Linea

Мислите ќе биде готово пред јуни? Или 10 јуни?


Да не ти се брза тебе
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 18-May-2008 at 16:55
Проклета је Америка, и злато што сјааа Unhappy
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 28-May-2008 at 00:50



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 28-May-2008 at 00:51
Горе се работи!!!


Шпекулација: Ресторанот ќе го отвора некој си бивш фудбалер на вардар. Значи муабет од чуварот горе.
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-May-2008 at 11:00
do kade e so izgradbata na liftot.se nadevam deka za letoska ke bide podgotven za upotreba i so cenata na vleznicite redovno ke se odrzuva krstot.konecno posle tolku godini da ozivee i mileniumskiot i zapusteniot krst na vodno.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 29-May-2008 at 17:27
Дали ќе се гради пат дп крстот? 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 29-May-2008 at 17:32
патот е оддамна готов.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 31-May-2008 at 02:01
najverojatno shyes misli na pat za koli...toj pat sto go ima sto go spomnuva lslcrew e za velosipedi i edvaj edna kola moze da se iskaci, i toa pred 8 sabajle, i posle 8 navecer samo!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 31-May-2008 at 08:24

Јас како чест посетител на Водно, сум изричито против било каков поголем и пофрекфентен пат за врв на Водно. Дур мислам дека треба да се редуцира сообраќајот и над Олимписко Село. Немате претстава каква гужва и бука се прави од сите тие возила коипреку викенд возат по тој пат. Тоа веќе престанува да биде Парк шума и место за рекреација и е пофреквентно и позагадено од Партизанска. Нека се направи жичара, нека направат некои еко автобуси или комбиња кои ште би се обраќале секои 15 минути горе доле и целосниот друг сообраќај треба да се прекине.

Не еднаш сум бил во ситуација возејќи точак на Водно покрај мене да пролета фризирано југо или некоја друга кола за трки, возејќи на сите можни ленти крајно небезбедно со по 100 и кусур на делови. Прашање на време е кога некој таков несовесен тркач ќе разнесе некој веслоипедиста или рекреативец на Водно.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 31-May-2008 at 14:01


Потпис
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-Jun-2008 at 08:12
мислев дали има асфалтиран пат/патека. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.