build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Милениумски Крст

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 02-Jun-2008 at 08:34
Previous
Лани го асфалтираа и последниот дел од Детското одмаралиште до врв, во должина од некои 3,5 км. Е сега тој дел не е незнам си каков, доста е тесен и премногу стрм на некои места, но како што претходно напоменав и не му е целта да служи за масовно транспортирање на луѓе до горе. Мора да се најде алтернатива, во спротивно и последните бели дробови на Скопје ќе отидат во неповрат.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Jun-2008 at 09:10
Можда би требало до некаде да е со кола, и последниот дел да е забранет за коли, ама да е доволно широк за да може да се употребува за возила како амбуланти или пожарни итн. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 02-Jun-2008 at 15:32


Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 02-Jun-2008 at 20:24
Убава фотка ЛЦЛ, само денес нешто не свети ?!?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 03-Jun-2008 at 19:25
Cheers

За една седмица ќе профункционира лифтот на Милениумскиот крст



За користење на лифтот ќе се наплаќаат влезници

Лифтот на Милениумскиот крст ќе биде предаден во употреба за една седмица, а скопјани ќе можат да го користат и да се искачуваат до платформата на краците. Во Фондацијата „Милениумски крст“ размислуваат за искачувањето со лифт на посетителите да им наплатуваат влезници, по цена што дополнително ќе ја договорат, а парите наменски да ги користат за доизградба на придружните елементи на крстот. До платформата со површина од четири квадратни метри ќе можат одеднаш да се искачуваат по осум посетители. Лифтот ќе биде комплетен, велат од Фондацијата благодарение на грчката фирма „Доплер“, која преку ЕМО од Охрид бесплатно ги испратила тег-плочите за кабината, таканаречените водилки коишто беа украдени на Водно заедно со друг градежен материјал. Тоа и го одолжи реализирањето на завршните работи на кабината.

Во моментов се одвиваат градежни работи околу поставување на уште една бетонска кошулка на приземјето на објектот и се подготвува теренот за поставување на подните плочи набавени од ИГМ - Вратница.

„Откако ќе завршат подготвителните работи на кошулката, целиот простор од приземјето ќе се застакли. Таму ќе биде отворен ресторанот што планираме да го дадеме под концесија. Привршуваат и техничките работи на лифтот кој ќе профункционира за една седмица, а тоа уште повеќе ќе ги привлече посетителите. За нив, засега, не планираме организиран превоз со автобуси, за да ја зачуваме еколошки чистата околина. Ќе ја чекаме изградбата на жичарницата, бидејќи сега има доволно посетители кои пешачат до крстот“, вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“. (Сн.К.)



Статијата е прочитана 321 пати.


Utrinski vesnik
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 03-Jun-2008 at 21:47
dali primetuvate deka vecerva samo kracite svetat???
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-Jun-2008 at 04:20
Горе има некаков проблем со некаков си спој! И намерно се гаси да не избие kurzschlutz (герм. краток спој). Инаку се работи.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 03-Jul-2008 at 04:26
Од Утрински весник

Лифтот на Милениумскиот крст во функција

Лифтот на Милениумскиот крст на Водно веќе е во функција. Со него до платформата на краците на Крстот, завчера пробно се искачија претставници на Фондацијата „Милениумски крст“ и изведувачите. Неговото официјално и свечено предавање во употреба се најавува за две седмици, кога ќе можат да го користат и граѓаните. Едновремено до платформата ќе можат да се искачуваат по осуммина посетители. До официјалното пуштање на лифтот планирано е да се поплочи бетонската платформа од која тргнува лифтот. Од Фондацијата размислуваат за искачувањето со лифт на посетителите да им наплатуваат влезници по цена што ќе се договори, а парите наменски да се користат за доизградба на придружните елементи на крстот. (Сн.К.)

Дајте слики плзSmile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 03-Jul-2008 at 04:28
Бев завчера вечер на крстот горе и многу е јако навечер. Баш ги приметив сајлите.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Jul-2008 at 06:13
Лсл ти многу често идеш на крстот или така ми се чини?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Jul-2008 at 06:22
Originally posted by La Linea

Лсл ти многу често идеш на крстот или така ми се чини?


Претходните ги немам сликано ја. А сега бев со друштво горе, ама не носев јас апарат, други носеа, па ако ги добијам сликите ке ставам една со Скопје навечер.


btw како во usa?!


Edited by lslcrew - 03-Jul-2008 at 06:23
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 03-Jul-2008 at 10:22
Конечно е готово!!! (барем лифтот Big%20smile  ) Него ја другше го замислував ова со лифтот и платформата.....
 
До платформата со површина од четири квадратни метри ќе можат одеднаш да се искачуваат по осум посетители.
 
Ја мислев ќе може по краците да се шета а не само на простор 2 на 2 и само 8 луѓе Roll%20eyes 
Незнам зошто али вакви "мали" пропусти многу ме нервираат....решениево со платформата ми е ептен аматерско.... Dunno нема везе, можеби нема да биде толку лошо....


Edited by vardar - 03-Jul-2008 at 10:23
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 03-Jul-2008 at 20:32
Ima li nekoj informacii kolku tocno pari se frleni za krstov?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Jul-2008 at 05:42
Shifty 
Нема сами да шетаме по краците него лифтот ќе не носел Nuts  Добро сепак е  подобро него што мислев али факт е дека само 8 луѓе можат да идат горе во исто време, а тоа значи долги редици (барем кога ќе се отвори)  BTW што е ова со хотел горе????првпат слушам Question
 

ХРИСТИЈАНСКИОТ СИМБОЛ СО НОВА СОДРЖИНА

Милениумскиот крст доби лифт што ќе вози и по краците

Лифтот официјално ќе биде пуштен во употреба за десетина дена


Возењето ќе се наплаќа, но цената на билетот допрва ќе
биде одредена

Милениумскиот крст на Водно доби лифт. За десетина дена тој и официјално ќе биде пуштен во употреба. Лифтот се карактеризира со тоа што освен вертикално ќе се движи и хоризонтално по краците. Возењето ќе се наплаќа, а средствата ќе бидат наменети за одржување на овој објект. Цената на билетот допрва ќе биде одредена. Станува збор за долгонајавуваниот панорамски лифт, кој требаше да биде монтиран уште пред неколку години, но остана нереализиран поради немање голем број проблеми со неговата набавка.Лифтот, објаснуваат од Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст, е монтиран на средина на објектот, а со него посетителите ќе може да пристигнат до платформата на краците на крстот.

НЕМА ОПАСНОСТ ОД ГРОМОВИ

- Останува да се постават плочките на платформата на подножјето од каде што ќе тргнува лифтот, па и официјално лифтот да биде пуштен во употреба и за посетителите. Тој ќе биде предизвик за похрабрите што ќе сакаат да одат до краците - изјави Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата. Висината на лифтот од подножјето до платформата изнесува 43 метри. Дојчиновски вели дека во него ќе може да се возат по осум лица. Дециден е дека возењето во лифтот е безбедно. Извршен е технички прием на лифтот, а за да го испробаат во него веќе се возеа членовите на Фондацијата изјавиДојчиновски.За оголемабезбедност, Фондацијата купила и нов громобран заради решавање на проблемот со громовите што често предизвикуваат прекин во напојувањето со електрична енергија и хаварии врз објектот. Лифтот чини 45.000 евра, а купен од грчката фирма „Доплер“. Монтажата ја извршила фирмата „Емо“.

КРСТОТ ПОД КОНЦЕСИЈА

Осветлувањето, вели Дојчиновски, кое со години беше проблем, веќе не е, бидејќи Фондацијата редовно ги плаќа сметките кон ЕВН-ЕСМ. Останува во иднина да се уреди околината на Милениумскиот крст, да се изгради хотел во негова близина, црква, како и жичницата што треба да поаѓа од трговскиот центар „Рамстор“ и да води до самиот крст.Засега, постојат заинтересирани инвеститори за жичницата, од кои двајца македонски, но и двајца од странство, меѓу кои и австриската фирма „Лајтнер“.Ние треба во иднина да решиме дали објектот ќе го издаваме под концесија. Би сакале да најдеме концесионер, кој ќе го изгради сето тоа и потоа ќе стопанисува со објектот, за да може конечно објектот да го добие вистинскиот лик-сметаат од Фондацијата.Според Дојчиновски на тоа се решиле бидејќи Градот се откажал од тоа да ја преземе обврската за одржување на крстот. Од Градот, пак, тврдат дека тоа не е точно.Не е вистина дека Градот одбил натаму да се грижи за Милениумскиот крст. Напротив, се согласивме понатаму да ја преземеме обврската за одржување на крстот, да се доизгради и уреди околниот простор, но тоа не го дозволија претставниците од Фондацијата . Доколку дозволеа, преземањето на крстот би се ставило на дневен ред на Седницата на советот на Град Скопје - изјавија од градското одделение за односи со јавноста.

Анела Перова
Фото:Слободан Ѓуриќ

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-Jul-2008 at 08:33
Originally posted by vardar

Shifty 
Нема сами да шетаме по краците него лифтот ќе не носел Nuts  Добро сепак е  подобро него што мислев али факт е дека само 8 луѓе можат да идат горе во исто време, а тоа значи долги редици (барем кога ќе се отвори)  BTW што е ова со хотел горе????првпат слушам Question
 


Тоа со хоризонталното движење на лифтот уште неможам да го сконтам. Капацитетот е стварно поразувачки. А идејата со хотел........... хммм Nuts

Спектакуларниот видик на Скопје и на Водно од Милениумскиот крст наскоро ќе биде достапен за сите заинтересирани туристи. Фоторепортерот на „Дневник“ меѓу првите се возеше со новиот лифт и имаше можност да ја овековечи убавата глетка.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=474812147EE5044CB2C721F9CE5C9646
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 08-Jul-2008 at 09:29
Па на сликава изгледа како да може да се излезе од лифтот по краците  Dunno 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 08-Jul-2008 at 09:30
Originally posted by vardar

Па на сликава изгледа како да може да се излезе од лифтот по краците  Dunno 


а јас мислев дека трипам Nuts не ти личе дека човекот ползи по кракот?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Jul-2008 at 09:33
Абе се искача горе. зашто ондак има скали крстот?!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 08-Jul-2008 at 09:54
Прво викаа....
 
До платформата со површина од четири квадратни метри ќе можат одеднаш да се искачуваат по осум посетители.
 
па.....
Лифтот се карактеризира со тоа што освен вертикално ќе се движи и хоризонтално по краците.
 
 
Originally posted by pbanks

а јас мислев дека трипам Nuts не ти личе дека човекот ползи по кракот?
 
Кај го виде тоа Shifty 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 08-Jul-2008 at 09:57


Crazy абе овде е уште рано од сабајле. ама упорно ми личи дека некој ползи низ кракот во сликата од Дневник што ја постирав
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.