build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Министерство за финансии (Југобанка)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 31-Aug-2014 at 18:03
Originally posted by kultuzin

Originally posted by zabegan


а колку и да се изнесуваат засновани аргументи


Мислиш на оние заснованите аргументи на Грчев дека ја извртуваме реалноста и крадеме историја или има нешто ново???
не бе човек, мислев на другите 99% од мојот пост кај што на поминување го спомнав и Грчев и тоа во негативен контескт и на постовите на други луѓе овде што знаат што зборат и се трудат за жал да се расправаат со луѓе кои им зборат за тоа како било во други политички времиња, дека во антиката имало столбови (жити све не знаевме), дека фасадава им е убава на око и за тоа како градов преминал од една пустелија, во друга пустелија, ама демек поубава на око

не страна од тоа, се даваат аргументи за економската исплатливост, за квалитетот на изведба, за занемарувањето на процедури и квалитети и конечно, за самата фасада, за која секој проклет, барем малку образован архитект ќе ти каже дека е погрешна од сам почеток, не поради „стилот“ во кој е изведена, туку поради тоа што тој стил е насилно натоварен на објект кој не трпи таков стил и за кој имало друг концепт, па поради тоа и самата инфраструктура и функционалност на објектот претпрела огромни и несмасно изведени импровизации...

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 31-Aug-2014 at 18:09
А што можеш да аргументираш во однос на Скопје 2014... Проектот не може ни да се аргументира од што е огромна бесмислица...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 31-Aug-2014 at 18:46
Негледам никаква потреба за критика на овој проект освен евентално стилот на доградба(класика).Стварно да се критикува колку да се критикува недржи.

Нешто најНЕдомаќинско што можи да се најди во РМ е да се плаќа по 600 000 евра ќирија за државна институција на некој си тип со залижана коса и со бесна кола купена со парите од ќиријата.

А за осветлението дали е трошок или би препорачал да се прегледаат сликите на ОВОЈ форум на темата: Инспиративни урбани пејсажи од светот

Edited by gjoko - 31-Aug-2014 at 18:48
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 31-Aug-2014 at 18:58
Па тоа и јас викам... проектов е толку совршена глупост што секоја критика би била излишна...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 31-Aug-2014 at 19:19
Originally posted by gjoko

Негледам никаква потреба за критика на овој проект освен евентално стилот на доградба(класика).Стварно да се критикува колку да се критикува недржи.

Нешто најНЕдомаќинско што можи да се најди во РМ е да се плаќа по 600 000 евра ќирија за државна институција на некој си тип со залижана коса и со бесна кола купена со парите од ќиријата.

А за осветлението дали е трошок или би препорачал да се прегледаат сликите на ОВОЈ форум на темата: Инспиративни урбани пејсажи од светот
не ми е јасно како правите разлика меѓу 600 000 евра на кирија и 600 000 евра дадени за стиропор... како едното е подобро од другото? или за вас доволно добар е фактот дека за некои 50 години ќе се исплати кражбава, која нема никаква улога во развојот на економијата и квалитетот на живот во земјава
ќе имаше простор за зборење за исплатливост без кирии, доколку објективе беа барем малку економично осмислени и се градеа во фази, онака како што се гради една лента на булевар кај нас
примерот за внатрешносто осветлување е ставен во дискусија чисто иронично, а фасадното осветлување е искоментирано во контекст на тоа дека не е потребно за еден ваков објект кој нема нити некакво културно-историско значење, нити му е потребна промоција и учество во промоцијата на градов

инаку, на што точно мислеше од темата со урбани пејсажи? таму има се, од замоци, до Дубаи... прецизирај (а дури и да прецизираш, одамна е објаснувано дека не треба примери да земаме од фотографии и разгледници, туку од принципи)


Edited by zabegan - 01-Sep-2014 at 01:04
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 31-Aug-2014 at 21:18
Па тренд е секаде во светот на фасадите да се става илуминација.Е сега тоа кај нас да се кажи дека ќе троши струја..............


Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 01-Sep-2014 at 00:01
iluminacijata e mnogu biten del od objektot. novite led svetla se poskapi megutoa trosokot za struja e daleku pomal
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 01-Sep-2014 at 01:14
значи да се разбереме, немам ништо против илуминација на објекти... но, имам против тоа да се осветлуваат објекти кои немаат никакво културно-историско или промотивно значење за градов, без некаква приоретизација на објекти кои навистина треба да ги истакнеме како дела и историја... меѓудругото, треба да се внимава како е изведено самото осветлување
и не е дискусијата за тоа дали се троши струја, туку дека доколку некој навистина размислувал за економичност, ќе го осмислел проектов со сосема поинаква основа, и со поинакви инвестиции на средства, па затоа го ставаме и внатрешното и фасадното осветлување во контекст на тоа, уфрлено како ироничен коментар... еве баталете го проклетото осветлување ако сакате, сеедно...

а да, и ако веќе навистина збориме за трошење на струја, нели е навистина глупаво што некој под изговор за штедење струја, во зима во најголеми снегови и мразови, го исклучуваше уличното осветлување, додека истовремено објективе блештеа како да зависат од тоа?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 01-Sep-2014 at 10:05
Originally posted by kultuzin

Originally posted by zabegan


а колку и да се изнесуваат засновани аргументи


Мислиш на оние заснованите аргументи на Грчев дека ја извртуваме реалноста и крадеме историја или има нешто ново???



А наметнувањето на (ѓомити) неокласични фасади на модерни објекти како би го опишал поинаку ако не како извртување на реалноста и бришење на минатото?

-----

Околу муабетот од пред 2-3 страни, Југо45 и од злато да го направиш па ќе остане Југо45, нема да биде Бентли. Може внатре покомотно ќе се осеќаш, ама перформансите нема да се подобрат.   
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 01-Sep-2014 at 12:05
lele ajde administratorite neka pustat srce, 10 objekti cekaat za glasanje
Back to Top
maks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote maks Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 01-Sep-2014 at 12:37
Би сакал само да се осврнам на фактот дека сум дипл.инж.арх. а темата за просторот волумените и нивната интеракција во контекст на нас луѓето ми е примарен интерес. Сум пишувал на оваа тема повеќе пати иако не наидов на посериозен интерес од специјализирани списанија како на пр.,,Огледало,, на МСУ на град Скопје и тн. Жал ми е што не можам да ви го појаснам сево ова на ,,народен јазик,, разбирлив за лаиците, бидејќи во тој случај би оставил премногу простор за ,,дежурните плукачи модернисти,, кои гледам за среќа добиваат соодветен третман на овој форум, што и ми е драго.
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 01-Sep-2014 at 14:24
Originally posted by maks

За да се зборува на тема ,,индоктринација,, во образовниот процес на било која образовна институција, вклучувајќи го и Арх. Факултет, би требале во старт да се согласиме дека комунистичкиот систем со сите предности имал и огромни недостатоци. Тие во најголем дел се рефлектираат во образовниот процес во кој со години, креативноста се стимулираше преку полтронство односно ,,допадливост,, на менторот кон создаденото дело, а тој во случајов беше ,,београдки џак,,или човек кој доследно ги следи зададените правци на партијата: Модернизам во апстрактен облик- како рефлексија на комунистичката интелегенција, а како пандан на капиталистичкиот модел(на буржоаска интелегенција) во тоа време. Тоа во нашата република резултираше со апстрактни бруталистички модели, комплетно одделени од реалноста и околниот простор(Поштата, Студентскиот дом Гоце Делчев и сл). Максимата да се создаде жижна точка(hot spot) од која потоа ќе се развива новиот град,(пр.просторниот план на Кензо Танге на кој сите толку штедро се повикуваат) доживeа комплетен дебакл. Сето ова не беше ниту чепнато како феномен на урбаниот простор на Факултетот за Архитектура. Како блед обид за некакво ,,помирување,, со нашите европски тенденции, единствено можеше да се искуси на предметот урбанизам на кој патем професорот (меѓу фелата ) важи за ,,амерички џак,,. Сето ова, кое постоеше како тенденција за регресирање(градење згради со класицистички елементи, надвратници рамки околу прозорците, надвишувања во форма на сима, мансардни поткровја налик оние во Париз, баџи..)  не беше адресирано од страна на оваа образовна институција со децении.


Та нели целиот свет во тоа време така твореше? Или насекаде биле индоктринирани? Класистичките традиции беа напуштени (или надоградени со нови идеи), а и онаа изреката „Формата ја следи функцијата“ сигурно не е од Сојуз на комунисти излезена.
Ај студентскиот и мене не ми се вклопува.. ама објектот ми е ептен кул (значи објектот, не состојбата во која се наоѓа после декади неодржување). Ама еве ГТЦ, одлично се вклопува и комуницира.. ама останал недовршен, исто како и проектот на Танге.

Тој муабетот со реалност, невклопливост и не знам што мислам дека не држи вода. Некако тоа као некоја романтичарска визија како европските градови пошто леле колку се стари и вековни сите мора да бидат та саде барокни или неокласични итн.
Времето тече, трендовите и технологијата си носат нови белези.
Шетам чатпат на стритвју, па еве и во Париз/Лондон/Барса/... има неокласични и модерни, една до друга зградички. И ултрамодерни во стари квартови итн.

Непрофесионално, иако не целосно лаички, моето гледиште е дека класичните облици на архитектура се концентрираат премногу на надворешната пластика, а строгите правила на формите и пропорциите не даваат многу простор за „уметничко докажување“ така да се рече. Кај модерната од друга страна, не верувам дека има воопшто некои правила, па така архитектите се ослободени од секакви стеги и можат да проектираат како им душа посака. Ова за мене е плус, затоа што сепак архитектурата е и уметност.

______________

Патем, би те охрабрил да продолжиш со пишувањата, можеби најдобро во нова тема, за тоа е форумот, а присуство на професионалци е повеќе од добредојдено. А кој не може да разбере... тука е чичко Гугл.
_______________________

п.с. де кажи кои се спомнатите професори... ако може тука да се плука врз Жановци, Вангеловци, Чауши и не знам кои други, зошто да се држат тие од „другата“ страна во тајност. Башка дипл. си, нема да те бутнат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 01-Sep-2014 at 16:14
Состојбата со студенскиот вска нема со неодржување,туку проблемот е структурален.Да се живее до ѕидови од чист бетон,последиците ќе чуствуваат цел живот.

Back to Top
maks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote maks Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 02-Sep-2014 at 11:56
Намерно  елаборирав поопширно за да не се закачат било какви коментари, но ете и тоа е реалноста од која не се бега. Да расчистиме нешто, ниту јас се обидувам да имплицирам нешто ниту да те убедам тебе или било кого.
Просторните дискурси во градот ги следам од средно школо, ставот за менување на ликот на градот, во согласност со светогледот на луѓето е мојот став веќе 20 години(ваквите идеи концепти и размислувања ќе ги најдеш во секоја посериозна книга за теорија на просторот). За тоа сум пишувал, стојам цврсто и убеден сум дека е вистинскиот правец.
Затоа те молам, дај ми еден пример дека планот на Кензо Танге е успешен. Не како објект, ами како дел од поширока урбанистичка целина. Дај ми еден пример во кој ,,тој успешен дел од приказната за ,,новото модерно лице на Скопје,, е испочитувана од неговите жители.(тоа веројатно оти не им се допаѓала уште од почеток). Кажи ми зошто надлежните власти, дозволија повеќе од 3 децении плоштадот и поширокиот центар на градот да зјае како зелена пољана(во која дел од овие форумџии гледаат и некаква неопејана убавина). Истото се однесува и на поширокиот дел од центарот. Зошто во срцето на еден административен центар е ,,дозволено,,(со оглед дека зборуваме за комунистичкиот централизиран систем) да се градат безлични објекти со уште по безлични фасади, како скоро сите згради кои гравитираат околу плоштадот. Таква ,индиферентност, не сум забележал во другите главни градови на поранешната држава. Конечно, ајде да споредиме како изгледал и како е вклопен- третиран во просторот ,,бетонскиот брутализам,, во Македонија, а како во другите екс Ју републики. Погледни неколку одлични примери на пр. во ,барокната, Ријека и сл. Ајде да разговараме за тоа како се развивала модерната архитектура во Западна Европа и САД а како во тогашна Македонија? Дај ми еден пример на успешен модернистички објект по 1992 година,еден!?(јас можеби би го издвоил училиштето НОВА во Скопје,арх Коробар, Грчев).Затоа кога ќе зборуваме за тоа што е ,кул, а што не тие, те молам консултирај малку литература. Ништо не е црно ниту бело, исто како во модата така и во архитектурата, важи правилото дека, ,,сите елементи се во игра секогаш!,,. Останува единствено креативната моќ на архитектот вешто и естетски да ги вплоти во една уметничка симбиоза, која на крај нам како надбљудувачи ќе ни предизвика чувство на восхит или гадење.
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 02-Sep-2014 at 12:17
Originally posted by maks

Дај ми еден пример на успешен модернистички објект по 1992 година,еден!?


Оваа прашање вчера му го поставив на еден човек кој себеси се нарекува архитек. Дискусијата почна со тоа што еден мој познаник се пофали дека се вратил во Македонија и дека му се допаѓат у ужива во промените кои се случуват во центарот на грдаот.
На тоа архитектот почна да му паламуди дека он немал врска, дека ова не чинело она не чинело. Како најголемо зло на светот да е, да кажеш дека ти се допаѓа Скопје.
На тоа му го поставив прашањето од погоре. Каде бевте толку јаки архитеткти години и години градот „молеше„ нешто да се направи во центарот? Поубаво поле за градење и креативност и тоа во центарот на градот мислам никаде во светот нема. Идеално за искажување, креативност,нудење идеи. Се што добивме во тој период на овие многу „јаки„ архитекти е лумиксот кој е невидена дива градба и чир. Го добивме и поплочувањето и отстранувањето на коцката. И да не заборавам секоја година добивавме новодизајнирано цвеќе на „кругче„. Е сега истите тие архитекти кои со години и години ништо не изградиле се јавуват како глувци од дупка за да филозофират ова не чинело она не чинело.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2122
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 02-Sep-2014 at 14:07
Aman te bre luge, najgolem argument vi e kako bilo porano. Sustinata e druga i ne znam zosto ne sakate da ja razberete. Toa sto porano bilo "dupka" ne opravduva menuvanje na fasadite kako ke ti tekne. Stavanje "milion" spomenici na mal prostor i uporno forsiranje na stilovi koi vo normalniot svet se smetaat za minato. Bidejki tuka generalno stanuva zbor za menuvanje na Skopje na podobro, aj ve molam kako eksperti navedete mi eden plostad so tolku iznabutani spomenici, fontani, i sto li uste ne. Pa ete jas ne sum arhitekt, no ne mi e tesko da zaklucam, deka nekoj epten ja utnal rabotata. Pa ovie kako sto trgnale ke treba i podzemen ili nadzemen premin da napravat za da go pomineme prostadot. Treba li da gi spomnuvam galiite vo Vardar, portata koja na javnosta i' se prezentira kako skulptura ili konceptot na objektite odnadvor "barok", vnatre laminat, gipskarton i noskotavanici. Ili ajde dajte mi strucno objasnuvanje zosto fasadata na vladata se menuva vo barokna li, neznam kakva li ke bide? Seto toa koga ke go soberam na kupce, dobivam vpecatok deka nekoj si igra majtap so javnosta.

Edited by Denko - 02-Sep-2014 at 21:49
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 02-Sep-2014 at 17:38
maks, извини ако нешто сум грешка, не ви ја следам целата дискусија, ама колку што разбрав, зборите за архитектонската школа кај нас и за тоа што досега има создадено...
ниеден архитект нити пак архитектонска школа не ти се виновни за тоа што се градело и се случувало во градов, виновни се политиката, бизнисот, и општиот игнорантен менталитет и недостаток на свест на народот кој тука живее и функционира... истите овие работи го креираа и Ск2014, капа на долгата некултура во градов...
сигурен сум дека и Танге, кои сите толку обожаваат произволно да го вметнуваат во дискусија, денес се превртува во гроб поради тоа...

Скопје после Јосиф Михајловиќ, нема реализирано ама баш ниеден сериозен урбанистички план, и секогаш кога имало светлина на крајот од тунелот, некој го блокирал... и што има сега да се филозофира за постземјотресните планови, за транзицискиот хаос, па и за Ск2014, како демек планови? се знае дека градов секогаш ќе го добива истиот третман, само во различно паковање

секогаш кога дискутирам на оваа тема се осеќам како да зборам со некои религиозни фанатици, кои се расправаат дали библијата е најбоље нешто што му се случило на светот, или атеизмот е нешто најпаметно и супериорно... ама ни едните ни другите не разбираат што е тоа религија и како функционира
пред да се обидете да филозфирате на тие теми, потрудете се барем да ја капирате архитектурата и да не бидете дел од игнорантната стока што за жал е мнозинство... барем мал дел од народов што живее тука да се обидеше да го направи тоа, немаше денес да постојат луѓе кои си земаат ексклузивно право објекти како Лумикс да ги нарекуваат со најпогрдни зборови, а да си немаат појма зошто зборат така, и тоа каков објект е лумикс, во каков простор

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 02-Sep-2014 at 17:50
А зошто мора по 1992ра? Тие од претходно не се важат? Како и да е, еве некои на кои ми текнува сега: Новата меѓуградска автобуска. Порта Буњаковец. Онаа зградата на ЕУ или ЕК спроти НМ. Неколку згради западно од плоштадот...
Но, урбанизмот не го прават само зградите па тука би ги додал и бул. К.Ј.Питу и дел од бул. Ј.Сандански (не ме фаќајте за збор можеби се направени година2 порано). Водњанска. Мостовите кај Хром и кај Железничка. Клучката кај Континентал.

Во секој случај можностите и условите денес се каде-каде подобри за разлика од пред 20 години, иако и тогаш можело повеќе и подобро. Ама тогаш мислам дека им било побитно државата да опстои и да не влезе во воен конфликт отколку да се градат палати и цркви.

Јас го наведов ГТЦ како успешен пример, произлезен од проектот на Танге.
А тоа што ми е кул, ми е кул баш заради прочитаната до сега литература (а тоа опфаќа историја на уметности од праисторија до постмодерна) а и колку можам гледам да сум во тек со развојот моментално. Дотолку повеќе таа убавина на модерната сега со овие тортиве е многу повидлива.

Еве ја спомна Риека. Дај објасни што е тоа тука толку подобро направено од Ск. Како кај нив модерниве градби се вклопуваат во околината, а кај нас не?



Edited by fichot - 20-Sep-2014 at 04:41
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 03-Sep-2014 at 13:17
Originally posted by maks

Намерно  елаборирав поопширно за да не се закачат било какви коментари, но ете и тоа е реалноста од која не се бега. Да расчистиме нешто, ниту јас се обидувам да имплицирам нешто ниту да те убедам тебе или било кого.Просторните дискурси во градот ги следам од средно школо, ставот за менување на ликот на градот, во согласност со светогледот на луѓето е мојот став веќе 20 години(ваквите идеи концепти и размислувања ќе ги најдеш во секоја посериозна книга за теорија на просторот). За тоа сум пишувал, стојам цврсто и убеден сум дека е вистинскиот правец. Затоа те молам, дај ми еден пример дека планот на Кензо Танге е успешен. Не како објект, ами како дел од поширока урбанистичка целина. Дај ми еден пример во кој ,,тој успешен дел од приказната за ,,новото модерно лице на Скопје,, е испочитувана од неговите жители.(тоа веројатно оти не им се допаѓала уште од почеток). Кажи ми зошто надлежните власти, дозволија повеќе од 3 децении плоштадот и поширокиот центар на градот да зјае како зелена пољана(во која дел од овие форумџии гледаат и некаква неопејана убавина). Истото се однесува и на поширокиот дел од центарот. Зошто во срцето на еден административен центар е ,,дозволено,,(со оглед дека зборуваме за комунистичкиот централизиран систем) да се градат безлични објекти со уште по безлични фасади, како скоро сите згради кои гравитираат околу плоштадот. Таква ,индиферентност, не сум забележал во другите главни градови на поранешната држава. Конечно, ајде да споредиме како изгледал и како е вклопен- третиран во просторот ,,бетонскиот брутализам,, во Македонија, а како во другите екс Ју републики. Погледни неколку одлични примери на пр. во ,барокната, Ријека и сл. Ајде да разговараме за тоа како се развивала модерната архитектура во Западна Европа и САД а како во тогашна Македонија? Дај ми еден пример на успешен модернистички објект по 1992 година,еден!?(јас можеби би го издвоил училиштето НОВА во Скопје,арх Коробар, Грчев).Затоа кога ќе зборуваме за тоа што е ,кул, а што не тие, те молам консултирај малку литература. Ништо не е црно ниту бело, исто како во модата така и во архитектурата, важи правилото дека, ,,сите елементи се во игра секогаш!,,. Останува единствено креативната моќ на архитектот вешто и естетски да ги вплоти во една уметничка симбиоза, која на крај нам како надбљудувачи ќе ни предизвика чувство на восхит или гадење.


лелллееее се појави асален чоек на форумов! само те молам maks продужи немој да се откажеш како шо имало примери луѓе да изгубат живци од атмосферава и да се изгубат......
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 03-Sep-2014 at 14:54
Originally posted by maks

Намерно  елаборирав поопширно за да не се закачат било какви коментари, но ете и тоа е реалноста од која не се бега. Да расчистиме нешто, ниту јас се обидувам да имплицирам нешто ниту да те убедам тебе или било кого.Просторните дискурси во градот ги следам од средно школо, ставот за менување на ликот на градот, во согласност со светогледот на луѓето е мојот став веќе 20 години(ваквите идеи концепти и размислувања ќе ги најдеш во секоја посериозна книга за теорија на просторот). За тоа сум пишувал, стојам цврсто и убеден сум дека е вистинскиот правец. Затоа те молам, дај ми еден пример дека планот на Кензо Танге е успешен. Не како објект, ами како дел од поширока урбанистичка целина. Дај ми еден пример во кој ,,тој успешен дел од приказната за ,,новото модерно лице на Скопје,, е испочитувана од неговите жители.(тоа веројатно оти не им се допаѓала уште од почеток). Кажи ми зошто надлежните власти, дозволија повеќе од 3 децении плоштадот и поширокиот центар на градот да зјае како зелена пољана(во која дел од овие форумџии гледаат и некаква неопејана убавина). Истото се однесува и на поширокиот дел од центарот. Зошто во срцето на еден административен центар е ,,дозволено,,(со оглед дека зборуваме за комунистичкиот централизиран систем) да се градат безлични објекти со уште по безлични фасади, како скоро сите згради кои гравитираат околу плоштадот. Таква ,индиферентност, не сум забележал во другите главни градови на поранешната држава. Конечно, ајде да споредиме како изгледал и како е вклопен- третиран во просторот ,,бетонскиот брутализам,, во Македонија, а како во другите екс Ју републики. Погледни неколку одлични примери на пр. во ,барокната, Ријека и сл. Ајде да разговараме за тоа како се развивала модерната архитектура во Западна Европа и САД а како во тогашна Македонија? Дај ми еден пример на успешен модернистички објект по 1992 година,еден!?(јас можеби би го издвоил училиштето НОВА во Скопје,арх Коробар, Грчев).Затоа кога ќе зборуваме за тоа што е ,кул, а што не тие, те молам консултирај малку литература. Ништо не е црно ниту бело, исто како во модата така и во архитектурата, важи правилото дека, ,,сите елементи се во игра секогаш!,,. Останува единствено креативната моќ на архитектот вешто и естетски да ги вплоти во една уметничка симбиоза, која на крај нам како надбљудувачи ќе ни предизвика чувство на восхит или гадење.

Секоја чест на муабетов.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.