build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Министерство за финансии (Југобанка)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Министерство за финансии (Југобанка)
    Posted: 22-Mar-2008 at 03:02
Конечно!! Не знам дали фасадата е обмислена уште од 1991, но ако не е, се надевам ќе испадне нешто како Соравија.


Финишира тендерот за доизградба на зградата на Југобанка

Владата откако ќе ги утврди придобивките од зградата, ќе одлучи дали ќе ја продава или ќе биде нејзин сопственик

При крај е подготовката на тендерот за доизградба на зградата на поранешна Југобанка, лоцирана во центарот на Скопје, спроти „Лотарија на Македонија“ и деновиве се очекува да биде објавен. Иако имаше иницијативи за доизградба на објектот, состојбата со години е непроменета. Од Министерството за финансии, кое е сопственик на објектот, велат дека прво треба да се изработи студија и да се избере консултант кој ќе изврши анализа на оправданоста од склучување приватно-јавен договор за доизградба на објектот. „Ако има правна оправданост, ќе се продолжи со постапката за избор на приватен изведувач“, рече Мартин Мартиновски, портпарол во Министерството за финансии.

Владата откако ќе ги утврди придобивките, ќе одлучи како ќе стопанисува со објектот, дали ќе го продава или ќе биде негов сопственик. Најверојатно дел од зградата ќе се отстапи на фирмата која ќе ја доизгради, а дел ќе остане под државна капа.

Висококатницата почна да ја гради во 1991 година некогашната Југобанка. Денеска нејзин сопственик е државата. Од Владата имаат намера да ја доизградат и да ја стават во функција, со што би се ставило крај на трагичните настани кои се случија во неа, а и дел од зградата ќе може да се искористи за работен простор на неколку владини институции кои сега се сместени под кирија. И во 2001 година беше најавена доизградба на овој објект, за што државата издвои пет милиони евра, но поради воениот конфликт парите беа пренаменети за други цели. (В.Д.)



Utrinski



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jun-2008 at 17:43
Ke ja snema edinstvenata slobodna zona za teski narkotici vo Skopje:(
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jun-2008 at 17:47
ne e veke slobodna....zavorena e dole i nema sansi da vlezes vnatre...(ne go zboram ova od iskustvo) LOL
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jun-2008 at 18:02
ja ti vikam deka moze, a u slucaj na nuzda e piece of cake-normalno, ne zboram od iskustvo

Edited by evolutionary - 29-Jun-2008 at 18:02
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jul-2008 at 08:21


Thumbs%20Up

Бездомници пак ја окупираа „зградата-убиец“

Приземјето е претворено во депонија, а неподнослива миризба се чувствува оддалеку


Сопственикот на зградата, Министерството за финансии, не најавува нејзино скоро ставање во функција

Недоизградениот објект на Југобанка, спроти „Тинекс“ во центар, повторно е претворен во засолниште на бездомници. Пред две години Владата го соѕида објектот за во него да не влегува никој, но сегашната ситуација вели дека тоа немало ефект. На неколку места на зградата има дупки од кои повторно може слободно да се влезе. Приземјето е претворено во депонија, а неподносливата миризба се чувствува оддалеку. Внатре, освен импровизирани кревети, преполно е со градежен шут, картони и други отпадоци.

НЕСИГУРНА ОКОЛИНА

Соседите од околните згради веќе неколку години бараат од властите да го решат овој проблем еднаш засекогаш. Се жалат дека не се живее во близина на оваа зграда. Бездомниците внатре вршат нужда, викаат, се караат.Не можеме да излеземе на терасите од смрдеа - се жали жителка од улицата Даме Груев. Еден друг жител раскажува дека му е страв да се враќа навечер со возилото, бидејќи се плаши некој да не го нападне. Живеам веднаш до зградата и не е баш пријатно. Денес е такво време да не знаеш кој од каде ќе ти скокне за пари - се жали тој.Од Министерството за финансии, во чија сопственост е зградата, рекоа дека не знаат што се случува таму во моментов. Велат дека ќе направат увид на самото место и доколку е потребно, ќе интервенираат. реба да се излезе на самото место за да се види за што се работи, па доколку има направено штета, таа ќе се санира - изјави портпаролот Мартин Мартиновски.

НИКОЈ НИШТО НЕ ПРЕЗЕМА

Во однос на тоа кога зградата конечно по 15 години ќе биде ставена во функција, тој ја повтори истата изјава што од Министерството ја дадоа пред многу години. Се бара начин проблемот да се реши преку јавно-приватно партнерство, а во објектот би се сместиле службите на Министерството, а дел би се користел за деловни или за други цели. Пред неколку месеци, врз основа на Законот за концесијата, почнавме постапка за избор на консултант што треба да изработи студија за економска оправданост, врз основа на која ќе се распише јавен повик за да се избере најповолен изведувач со чија помош ќе се стави во функција оваа засега напуштена зграда - рече портпаролот на Министерството за финансии. Во зградата на улица Даме Груев требаше да биде сместен поранешниот банкарски гигант Југобанка. Градежните работи се изјаловија во 1991 година, со распадот на Југославија. Висококатницата освен што со години е познато место по девијантните појави, ја носи и етикетата „зграда-убиец“. Во неа трагично животот го загуби еден скопјанец, паѓајќи во една непокриена дупка. Имаше и една немила случка кога Противпожарната бригада и полицијата едвај симнаа еден предозиран зависник од вториот кат, бидејќи се наоѓал во коматозна состојба. Властите, веднаш потоа ја оградија зградата, но за кратко. Жицата беше скината и повторно објектот стана омилено место на скитници и зависници.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1B39901400947D4A8662284B16A3EEB9



Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Nov-2008 at 14:30
Не знам дали се објави на форимов, но неодамна се појави илјадита по ред најава дека проколнатата, недовршена зграда на Југобанка во центарот на Скопје конечно ќе се доврши. Вакви најави имаше безброј пати, ниедна до сега не се реализираше...не знам дали може да и се верува и на оваа...

Зградата на Југобанка ќе се доврши! 

Напишано од Милан Аџиевски   
04.11.2008.
dsc_0187.jpg

Во самио центар на Скопје цели 18 години стои голема зграда во карабинска изграденост која до пред две години беше дом на бездомниците и легло на зависниците од алкохол и дрога. Зеде и два живота, при паѓање на двајца алкохоличари во необезбедените подруми.


Од спротива е убавата зграда на Фершпед, а зад неа е улицата "Македонија". Тоа е зградата на некогашна Југобанка, изградена до ниво на карабина во далечната 1988 г. По распадот на претходната држава, сиот имот од бившите ју-републики во Македонија стана недвижен имот во нејзина сопственост.
Зошто требаше да минат речиси две децении во празно, за на крајот, некој да се сети дека Министерството за финансии на месечно ниво троши над 40.000 евра за кирии и закупнини за своите служби, и дека е поумно да се вложат повеќе пари и таа зграда да се оспособи за нормално функционирање за владините потреби.
"Според Законот за концесии и Законот за јавно-привартно партнерство, Владата донесе одлука во буџетот за идната 2009 г. да се издвојат доволно средства за да се пристапи кон конечно завршување на изградбата на овој објект - изјави за форум.цом.мк Мартин Мартиноски, портпарол на Министерството за финансии. - Ангажираниот консултант достави заклучок дека најисплатливо е зградата да се доизгради до конечна фаза, а за тоа наскоро ќе биде распишан тендер за избор на изведбен проект, а потоа и изведувач".
Во тој објект ќе бидат сместени разни служби кои сега се раштркани низ целиот град: во зградата на Интекс, Tехнометал-Вардар, ЕВН, бараките во Капиштец и на други места, а за кои се плаќаат, како што спомнавме, 40.000 евра на месечно ниво за закупнини и кирии.
Последно ажурирање ( 14.11.2008. )

http://www.forum.com.mk/index.php?Itemid=33&id=7291&option=com_content&task=view



Edited by anDarko - 24-Nov-2008 at 14:31
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Nov-2008 at 14:34

Дај Боже да се заврши! Вака изгледа многу грозно!

П.С. Да не знае некој зошто и од кога стојат оние 2 реда со по неколку прозорци?? Баш тогаш одлучиле да ја прекинат?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Nov-2008 at 15:50
ваљда тие биле само колку за тест Big%20smile
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Nov-2008 at 18:33

Тогаш добро што не ја продолжиле пошто сега зградата ќе беше грда :(
Судејќи според ова.

Edited by maestro13 - 28-Nov-2008 at 18:35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 11-Mar-2009 at 17:37
ПО СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ, ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ОБЈЕКТОТ КАЈ „ЛОТАРИЈА“
Конечно, доградба на напуштената карабина

Државата со сопствени пари ќе ја доградува недовршената зграда на поранешна „Југобанка“, лоцирана спроти „Лотарија на Македонија“, која веќе 17 години го нагрдува центарот на градот. Во буџетот за годинава се предвидени финансиски средства за таа намена, а градежните работи ќе почнат откако ќе се заврши проектот и ќе се избере изведувач. Ова го потврдија од Министерството за финансии, кое ќе се всели во овој простор откако ќе се доизгради објектот. - Зградата ќе се гради со сопствени средства, кои се предвидени во буџетот за годинава. Целосното завршување на објектот дополнително ќе се финансира. Во фаза е изведбен проект во кој ќе се доработи изградбата, а потоа ќе се распише тендер за избор на градежна компанија. Очекуваме летово да почнат работите - објасни Мартин Мартиновски, портпарол на Министерството. Во висококатницата, сопственост на државата, ќе се вселат сите канцеларии на Министерството, заедно со останатите нивни органи. - Идејата е овде да се префрли Министерството за финансии кое е сместено на различни локации, а со тоа да се реши проблемот со трошокот за кирии кои сега ги плаќаме. Ќе се вселат и Управата за имотно-правни односи, Бирото за јавни набавки и новиот сектор за склучување договори и финансирање преку кој се управуваат ИПА-фондовите - додава Мартиновски. Во моментот Министерството има закупени простории на повеќе локации, меѓу кои во „Технометал - Вардар“, „Палома бјанка“, „Интекс“, „ЕВН“ и во бараки во Капиштец. Иако пред две години се најавуваше дека зградата ќе се прави со приватно-јавно партнерство, надлежните сега велат дека од консултантската куќа која направила анализа им било предложено самофинансирање како поисплатливо решение. Министерството очекува објектот да биде готов и ставен во функција до средината на идната година. Со години заборавената карабина претставува собиралиште на бездомници и на наркомани. Жителите од околните згради постојано имаат проблем со дивите „станари“ на зградата и реагираат дека местото покрај тоа што е небезбедно, претставува и извор на зарази.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1645&ArticleID=109397




Edited by lslcrew - 11-Mar-2009 at 17:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jul-2009 at 00:04

Државата се' уште нема конкретно решение за зградата-убиец

Зградата е собиралиште на бездомници, наркомани и кучиња, иако пред повеќе од една година се заѕида приземјето

За зградата на поранешна Југобанка се' уште нема конкретно решение. И по десетина година, таа зјае недоизградена во центарот на градот и е секојдневно собиралиште на бездомници, наркомани, кучиња-скитници... Пред повеќе од една година се изѕида приземјето, но, сепак, се покажа дека ниту тоа не е решение за надминување на проблемите што ги создаваат бездомниците и наркоманите, кои со години го користат објектот како преноќевалиште и собиралиште. Иако пред половина година државата, односно Министерството за финансии, во чија сопственост е зградата, најавуваше нејзина доизградба според принципот на приватно-јавно партнерство, конкретни чекори досега не се преземени. Не е распишан ниту тендер за избор на партнер за доизградба на објектот, кој неколкупати досега го најавуваа надлежните, но директно и поранешниот министер Трајко Славески. Требаше да се распише меѓународен конкурс за избор на инвеститор, но не беше одлучено дали инвеститорот во целост ќе располага со зградата или, пак, Владата ќе користи простории со попуст на пазарната цена. Втората опција што беше во игра беше модел на физичка поделба на објектот меѓу инвеститорот и Владата.

„Тендерот за проектирање и изведување е во подготовка и очекуваме да биде објавен до крајот на август“, накусо информираа од Министерството за финансии без да одговорат кој ќе биде финансиерот и дали и на кој начин државата ќе има учество во доизградбата и дали и понатаму ќе стопанисува со објектот. Надлежните неколкупати досега потенцираа оти се заинтересирани за доизградба на објектот, бидејќи доколку останат барем и делумни негови сопственици, ќе можат да го решат проблемот со недостиг од простор и за ресорното Министерство и за други владини институции.

Инаку, зградата требаше да се доизгради во 2001 година, кога и од државниот буџет беа одвоени тогашни 12 милиони германски марки кои, сепак, се пренаменија поради воениот конфликт.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=97E8B1C34A573548AC551E953836B486
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Aug-2009 at 16:35
a kolku sme otrpnati na vecnata karabina od jugobanka ?




Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Oct-2009 at 07:54
 
Зградата-убиец е таксана за Министерството за финансии
 
Во врска со прашањето зошто Владата ќе гради нова зграда за потребите на МНР, наместо да се доизгради зградата на поранешна „Југобанка“, која две децении стои недовршена сред центар, портпаролот на Владата Мартин Мартиновски изјави дека таа се планира за потребите на Министерството за финансии.

- Таа не се реконструира со години поради недостиг на пари. Но, во секој случај, кога ќе се доизгради ќе служи за потребите на Министерството за финансии и за неговите служби - изјави портпаролот Мартиновски.

Се работи за зградата до објектот на „Лотарија на Македонија“, во строгиот центар. Таа остана недовршена поради распадот на Југославија, и пропаѓањето на „Југобанка“. Потоа, нејзин сопственик стана Министерството за финансии. Во 2001 година имаше обид за нејзина доизградба, за што беа издвоени пет милиони евра, но се' се изјалови поради конфликтот. Зградата е наречена „зграда-убиец“, бидејќи во неа животот го загубија двајца граѓани.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Oct-2009 at 08:05
 
Таа не се реконструира со години поради недостиг на пари
 
 
Абе Мартиновски ако нема пари тогаш како се гради архивот, музеј на вмро, стар театар, ново мнр, мајка тереза, еден куп "скулптури" итн.... Crazy до кога со овие финти!? Roll%20eyes
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Oct-2009 at 21:30
Се прашувам со кој кредибилитет властите ќе ги спроведуваат роковите за градба предвидени со новите законски решенија, кога самите не се придржуваат кон принципите што ги наметнуваат.

Јас немам ништо против тие нови законски одредби, баш напротив, силно ги подржувам. Немам никакви дилеми дека рокови мора да има и дека теба строго да се спроведуваат. Доста веќе со вечни карабини и објекти што се градат со темпо со кое се градела келнската катедрала.

Но какво е ова невидено лицемерие на власта? Дали ова значи дека тие треба да бидат третирани поинаку, или значи дека законот се носи чисто церемонијално и дека немаат намера да го спроведуваат?
Не ни знам дали со законот ретроактивно се опфатени постарите карабини како оваа, но дефинитивно власта не смее да продолжи да се заебава со објектов, макар чисто ради принцип, затоа што вака испраќаат многу лоша порака.

Плус тоа, како што кажа Вардар, пари имаат за се и сешто, само за тоа што навистина треба да е приоритет никогаш немаат...
20 години карабина во центар... Епа што е многу, многу е!


Edited by Cloverstack - 02-Oct-2009 at 21:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Dec-2009 at 12:25

Нова надеж за дводецениската карабина во строгиот центар

Воена криза го спречи доградувањето на објектот во 2001 година, финансиска криза во изминативе две години, па ако нема криза, идната година ќе продолжат градежните работи, според најавите од Министерството за финансии

Повеќе од две децении недоградената зграда на „Југобанка“ во центарот на градот, до објектот на „Лотарија на Македонија“, стои како симбол на неуспешната транзиција. Уште од осамостојувањето на земјава ниту една власт не може да најде решение за оваа десеткатна грдосија, и покрај тоа што се наоѓа на атрактивна локација во градот, која не смее да изгледа толку запуштено. Откако се распаднал стариот банкарски гигант, објектот станал сопственост на Министерството за финансии, чии службеници се сместени на повеќе места низ градот, во изнајмени канцеларии за кои се плаќаат скапи кирии. Но од оваа институција сега стигнуваат најави дека можеби има иднина за запуштената зграда, бидејќи во буџетот за наредната година биле предвидени пари за нејзиното доградување.

ДРОГА, БЕЗДОМНИЦИ, СМРТНИ СЛУЧАИ


Градежните работи почнале во 1987 година, кога поранешната „Југобанка“ била моќна финансиска институција. Ја почнал поранешниот директор Цветковски и се градела само додека тој бил на функцијата. Идејата била да се направи административно-деловен објект во кој ќе се сместат банкарските служби. Но набргу директорот Цветковски заминал во пензија, а потоа почнале и политичките промени, со кои дошло до распаѓање на поранешната Југославија, и сите градежни работи запреле. Единственото нешто што се случило меѓу директорската промена во банката и осамостојувањето на Македонија е тоа што новиот директор Љубен Давко на својот син му исплатил 200 илјади долари аванс за неговата фирма да го уреди ентериерот во новата банка.

„Југобанка“ потоа се распаднала и Министерството за финансии го презело објектот. Државата најпрво се соочила со проблеми со денационализација и со приватни имоти врз кои била направена градбата, па долго време спроведувала процедура и трошела пари да го откупи и последниот квадратен метар недржавно земјиште таму. Бидејќи немало пари, градежните работи не продолжиле.

Лош глас почна да ја бие зградата уште во првите години по осамостојувањето. Недоградената карабина прво стана популарна меѓу наркозависниците, кои се собираа таму. Многу често ја окупираа и бездомници, за да се затоплат меѓу празните ѕидини. За жал, објектот беше причина и за неколку смртни случаи, кога луѓе што поради љубопитност се качувале на погорните катови или што поминувале низ приземјето за да си го скратат патот паѓале во големите дупки оставени за лифтови и за скалила. Како што одминуваше времето, сите сé повеќе ја одбегнуваа оваа градба, освен бездомниците, кои постојано се населуваа. Во 2007 година беа извршени единствените градежни работи во последниве две децении, кога се изѕида приземјето, пред сé за да се спречи луѓе да влегуваат во неа.


МИНИСТЕРСТВОТО ОДАМНА КРОИ ПЛАНОВИ ДА СЕ ВСЕЛИ


Голем број владини служби работат во изнајмени простории или во бараки со несоодветни услови, додека оваа карабина стои недоградена. Државата досега правела обиди да ги продолжи градежните работи, а таква најава има и сега. Минатата година Мартин Мартиновски, тогашниот портпарол на Министерството за финансии, најавуваше дека има план за обнова на зградата, но бидејќи тоа би чинело многу пари, се испитувала можноста доградувањето да се изврши со јавноприватно партнерство, во согласност со Законот за концесии. Тогаш тој рече дека се избирал консултант што ќе ги испитал овие можности и ако условите се поволни, ќе се направи објект во кој ќе може да се смести целото министерство, но и приватни фирми, а ќе има и простор за гаражи.

Ивана Билбиловска, сегашната портпаролка на Министерството, рече дека минатата и оваа година Владата морала да одложи многу проекти поради финансиската криза, меѓу кои бил и тој за обнова на зградата на „Југобанка“.

- Затоа во буџетот за наредната година има предвидено пари, а сега работиме на подготовка на тендерот со кој треба да се реализира тој проект - вели Билбиловска.

Објектот требало да се обнови уште во 2001 година. Тогашната влада за проектот предвидела 12 милиони германски марки. За жал, поради воениот конфликт, тие пари, како и многу други за разни проекти, морале да се пренаменат за одбрана на земјата.




Лична карта

објект: „Југобанка“
инвеститор: „Југобанка“
почеток на градба: 1987 година
прекин на градба: во раните 1990-ти
изграденост: карабина
проблем: нема пари


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121491040543&id=14&prilog=0&setIzdanie=21861
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Dec-2009 at 13:12
Вршам тури и разноразни прошетки во објектот на Југобанка.
Ќе се осеќате ко да сте биле на Водно или парк

Цена по договор.
Контакт на прајват месиџ.

Мала шала - али од искуство си кажувам. Не ми е јасно како можеа градскиве власти толку време да го остаат овој објект незаштитен, зборам за периодов пред едно 10-14 години.

Јас лично сум се шетал, внатре, буквално местото е за снимање на хорор филм и сл... дејствија. Скалите незаштитени. Дупките за лифтови исто така... ужас... кога ќе ми текне само ))))

Back to Top
Keeray View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Sep-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Keeray Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Jan-2010 at 01:05

„Зградата-убиец“, конечно, ќе се доизгради

Во објектот ќе се всели администрацијата
на Министерството за финансии

По неколкугодишни најави, државата, конечно, ќе преземе мерки да ја доизгради некогашната зграда на „Југобанка“ во центарот на градот, позната во јавноста како зграда „убиец“. Министерството за финансии, во чија сопственост е објектот, распиша јавен повик за негова доизградба, реконструкција и адаптација. Се бара заинтересиран субјект да изработи проектна документација за оспособување на објектот, односно да ги изведе градежните, занаетчиските и инсталатерските работи, како и да го уреди објектот внатрешно и надворешно. Всушност, како што стои во објавата, објектот на Министерството ќе треба да му се предаде во фаза „клуч на рака“.

Од Министерството вчера информираа дека објектот ќе се искористи за сместување на неговата администрацијата, која сега е кираџија во неколку околни објекти. „Во зградата ќе се смести цело Министерство за финансии со дел од органите на составот, на тој начин ќе се заштедат пари кои досега беа плаќани за кирии. Иако имаше идеја за јавно-приватно партнерство, студијата за оправданост покажа дека тоа е финансиски неоправдано“, објаснија вчера од Финансии без да посочат колку средства државата ќе издвои за доизградба на објектот.

Во секој случај, барем е сигурно дека таа по речиси 20 години ќе биде изградена. Препознатливиот објект - дувло за наркомани и скитници и грда слика во центарот на Скопје - ќе стане минато.

Инаку, висококатницата почна да ја гради „Југобанка“ во 1991 година. Во 2001 година, пак, беше најавена доизградба на објектот, за што државата издвои пет милиони евра, но поради воениот конфликт парите беа пренаменети за други цели. (Дс.Т.)


Izvor: utrinski vesnik


Edited by pbanks - 23-Jan-2010 at 01:08
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Mar-2010 at 23:20

ЌЕ ГО ДОГРАДИ ВЛАДАТА И ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ СТАНАРИТЕ


Југобанка нема да падне!


Зградата убиец, односно поранешна "Југобанка", во строгиот центар на Скопје, спроти Лотарија на Македонија повторно е опасна по живот. Поради невремето кое настана викендов од покривот паѓаа греди, огради, камења, и летаа на сите страни, а имало и огромни штици кои биле исковани со шајки, кои скоро 20 години висат од запуштениот објект. Станарите видно потресени од настанатиот чин и од настанатата штета побараа помош од Министерството за финансии. Тие напоменаа дека според градежниците кои направиле проценка штетата се проценува некаде околу 4 илјади евра.
- Од ветерот, на 27 февруари околу 10 часот и 30 минути падна покривот врз нашиот, но дел падна и на улицата и позади во дворот. Во тој миг, за среќа, немаше мунувачи па никој не е повреден. Веднаш преземавме мерки за санирање на кровот. Санацијата е речиси комплетно завршена, истакна Раде Димовски, еден од станарите.

Министерот Зоран Ставревски, вчера беше на лице место за да ги види настанатите штети и да разговара со станарите.
-Денешната посета е да се видам со станарите на зградата каде што настанало оштетувањето од паѓањето на дел од кровната конструкција и да видиме што можеме да санираме, како и долгорочно да го решиме проблемот. На краток рок она што можам да им го ветам на станарите на зградата е дека Владата ќе ги обесштети за отштетата што е настаната на покривот на зградата и првиот и вториот пат, ќе најдеме начин да обезбедиме обесштетување за она што е направено како финансиска штета и ќе го исплатиме она што тие го платиле - изјави министерот Ставревски.
Тој додаде дека ќе преземат мерки да го санираат кровот, за да не се повтори истата работа повторно и дека Министерството за финансии конечно ќе ја обнови оваа зграда, односно ќе ја доизгради.
- Тендерот е веќе објавен за изградба на зградата и проектирање. На почетокот на април ќе биде завршен тендерот, а четири-пет месеци ќе трае проктирањето, некаде септември-октомври најверојатно ќе биде завршено, додаде Ставревски.                                                                                                                                        http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C5A7DDEF281A1D4BBF0B5520DF11B561 

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Mar-2010 at 00:29
Nisto cudno da vmetnat barok i tuka,malku potesko ke mu odi vaka na karabina,no ne se somnevajte koga se saka se se mozi

Stubot odnapred placi za anticki elementi


Edited by ovaj_stariov - 02-Mar-2010 at 00:31
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.