build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Надградба на станбени згради (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на станбени згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12375
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надградба на станбени згради (општо)
    Posted: 13-Jul-2013 at 18:52
Во Автокоманда, Скопје. Во тој дел од градот веќе неколку двокатни/трокатни згради пораснаа во својата катност. Оваа се наоѓа веднаш пред надвозникот Естекада.


DSC00998 by george k. 1981, on Flickr


DSC00997 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
nikomkd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikomkd Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Sep-2016 at 08:10
иако е стара темава, ме интересира мислењето на поупатените за издржливоста на овие мост-згради т.е за нивната сеизмичка стабилност?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Sep-2016 at 17:48
Двете конструкции се одвоени и при земјотрес ќе се удираат, има шанси едната да попушти
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Jan-2019 at 15:35
Негде во Автокоманда(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Apr-2019 at 14:36
Во Гази Баба(од фб)

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Apr-2019 at 20:32
Ова не е во Гази Баба туку во Карпош во близина на Драмски на ул. Бранислав Нушиќ. Додадени се нови столбови околу зградата, за да можат дополнителни два спрата да кренат. Никогаш нема да станеме држава. Еве ја пред надградбата.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Apr-2019 at 20:59

Fala za ispravkata,sum se pomesal so edna druga zgrada sto ja nadgraduvaa vo Avtokomanda,inaku ova so nadgradbite nikogas ne mi se dopagalo bidejki mnogu retko se slucuva ubavo da izleze sekogas tie sprat dva sto gi dograduvaat izgledaat kako nasadeni nad zgradata. Tipicen primer se nekolkute zgradi vo Micurin koi pred nekolku godini dobija nadgradba a so toa i dopolnitelen broj zitelia a so toa i niza problemi okolu parkiranjeto. Smetam deka podobro e da vlozat vo renoviranje na fasadi,postavuvanje novi krovovi i lifotvi otkolku vakvi dogradbi.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Apr-2019 at 21:36
И би купиле стан тука?
Безбедно ли е ова?

Инаку оваа надградба се изведува веќе 2 години!!! Многу многу сомнително...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 541
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Apr-2019 at 09:27
Слични надградби се случија во пола Мичурин и нанеколку згради на Партизанска...ова веќесе смета за нормална работа.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Apr-2019 at 16:35
Кога ненормалното ќе стане нормално...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1519
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Apr-2019 at 17:22
Баш ме интересира колку се безбедни овие. А уште повеќе ме интересира колку се безбедни оние надградбите од по само еден спрат. Треба независна истрага да види што колку како, зашто се сомневам дека некој ќе одговара ако бидне лошото еден ден.

Урбанистичките целини ги уништија, сега им дојде редот на веќе изградените згради. Изгледа будали биле комунистите што граделе по пропис, со доволно зеленило, паркинг и воспитно-образовни, културни и комерцијални објекти; што граделе згради отпорни на земјотрес. Тоа што било соодветно за трусно Скопје, сега е под ризик да се сруши за градежната комора да има пари, а Мирче од Куратица стан во Скопје.

Ако ништо друго, не е многу тешко да се острани овој вид на тумор. Со добар план и акција, можно е да се врати оваа и останатите болни згради во живот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Apr-2019 at 18:07
Како може да е безбедноста ИСТА кога на постоечка зграда па макар и со дополнителни столбови ќе додадеш 1000+тони тежина.
Голем дел од конструкциите се прават и на тепка без точна статика и од страна на сомнителни инвеститори, од прва рака.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Apr-2019 at 18:51
Градов со вакви надградби на секој чекор ќе отиде во неповрат, но нема врска тоа, битно да се полнат џебовите на одредени групи луѓе.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Apr-2019 at 20:34
Тие на Партизанска изгледаат квалитетно, барем сите такви да беа. Како успеваат да добијат дозвола за градба, нема ли во ДУП-овите обврска за паркинг места?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-May-2019 at 15:41
Во Карпош,и дрвата настрадале делумно заради надградбава можеби и во целост ќе ги исечат откако ќе завршат(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Jun-2019 at 12:44
Од фб,во Карпош



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Aug-2019 at 16:10
Доградба и надградба на ул.Христо Ботев во Автокоманда(од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Oct-2019 at 07:25
Во Автокоманда









https://www.facebook.com/glanz.bau
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Oct-2019 at 14:13










www.facebook.com/glanz.bau
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Nov-2019 at 13:26
Доградбите во расчекор со инфраструктурата



Старите и обновени станбени згради со зголемена катност и нови фасади ги разубавуваат населбите, бидејќи се однадвор реконструирани, со нов изглед и освежени со нови бои. Но се поставува прашањето дали е доволно зградите да се разубават и надградат, без притоа да се разгледаат сите урбанистички решенија за капацитетот на инсталациите, паркиралиштата… За жал, на сево ова сосема малку внимавале во некои од општинските администрации, а тоа, пак, им создава низа урбани проблеми на граѓаните што живеат во ваквите згради. Токму поради двојно зголемената катност на ваквите објектите, речиси и двојно е зголемен и бројот на станарите. Тоа, пак, никако не соодветствува со непроменетиот паркинг-простор, бидејќи станарите од еден надграден објект сега имаат двојно поголеми потреби за паркирање. Ако старите станари веќе си „резервирале“ свои места, сега нема каде да ги паркираат своите автомобили оние што се вселиле во надградените катови, бидејќи паркингот останал со непроменета површина.



Во некои од ваквите објекти често е проблем и капацитетот на електричната или водоводната мрежа, како за староседелците, така и за новодоселените станари. Речиси нема општина во градов каде што не се применува оваа практика, старите згради да се обновуваат со надградување на катноста, која некаде е тројно поголема. Во некои од зградите, доколку немале претходно, се вградуваат и лифтови. Станари што живеат во вакви надградени објекти констатираат низа проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Некои од нив поставуваат прашања како никој не го предвидел капацитетот на паркиралиштата и на инсталациите за струја или вода.

Уште посериозни се прашањата за сеизмиката на ваквите објекти, издржливоста на старите темели, кои биле предвидени само за три, а не и за шест ката или проширувања на средните катови и секакви други изведби што ги прават приватните инвеститори. Со вакви проблеми се соочуваат станарите од скопската населба Автокоманда. Станува збор за старите таканаречени егејски предземјотресни згради, чии балкони станале соби, а предниот дел на објектите со надградбата и реконструкцијата зазел и дел од парковските површини, кои и претходно не беа големи и доволни дури и кога зградите не беа надградени. Така, сега поради зголемениот габарит на зградите дури и во должина и во ширина, се чини дека уличките се стесниле, а паркиралишта за станарите како и да нема. Ваков пример се и зградите во населбата Топаанско Поле на улицата Благое Паровиќ, над која како да висат балконите на дел од обновените згради, а по улицата не можат да се разминат два автобуса на линијата со број 9.

– Не можеме, а да не се жалиме на сите урбани проблеми со кои се соочуваме постојано. Еве, веќе третпат се случува да пукаат водоводни цевки, на улицата Ташко Караџа, бидејќи не издржува капацитетот на водоводната мрежа. Бројот на станарите тројно се зголеми. Не може да биде доволен капацитетот на старите паркиралишта кај зградите пред амбулантата, кај ОУ „Стив Наумов“, па поради тоа граѓаните се паркираат по тротоарите, по улиците, па не можат да се разминат две возила. Поради ваквите проблеми дел од оние што купиле станови во надградените катови на зградите сега ги продаваат и бегаат од населбата, токму поради ваквите проблеми – вели жител од Автокоманда.

Поради тоа жителите прашуваат кој дозволува да се прават вакви надградби без да се предвидат сите други урбанистички решенија.
– Имаше само четири стана во нашата зграда, значи десетина станари, а сега можеби има дваесет стана и седумдесет станари. Мојот сопруг нема каде да го паркира автомобилот, па честопати го остава на паркинг во населбата Железара, па се случува да го најде оштетен. Зградата ни беше со приземје и кат, а сега откако надградија неколку ката забележувам кога готвам некогаш шпоретот ми е појак, некогаш послаб, па се прашувам дали е до него или до струјата – вели жителка од улицата Ташко Караџа во Автокоманда.

Но од општината Гази Баба не ни одговорија дали сите овие елементи за кои сега се жалат граѓаните претходно биле разгледани, пред да им издадат градежна дозвола на инвеститорите за надградба на објектите. Вакви згради со надградена катност има и во општината Аеродром, близу основното училиште „Блаже Конески“, па ги прашавме во локалната самоуправа кој ја проверува сеизмиката на овие згради и колку општинските урбанисти се вклучени во целокупните решенија за ваквите објекти да ги задоволат сите потреби на граѓаните, пред да им издадат одобренија за градба на приватните инвеститори.



– Општината Аеродром во сегашниот кадровски состав не издала ниту едно одобрение за надградба во населбата Мичурин. Сите дозволи се издадени пред 2005 година, односно пред формирањето на општината Аеродром. Инаку, општината Аеродром има направено детален урбанистички план за тој опфат, во кој ги прошири капацитетите за паркирање. Планот во целост одговара на стандардите и нормативите предвидени со Правилникот за планирање на просторот – велат од општината Аеродром.

Од општината Карпош, пак, информираат дека во согласност со предвидениот развој во деталниот урбанистички план, можна е евентуална надградба и доградба на објекти, при што е потребно да се почитуваат одредбите дадени за стационарниот сообраќај. Како што велат, тоа значи обезбедени паркинг-места во согласност со прописите, во општите и посебните услови во зависност од горенаведената планска документација.
– За каква било интервенција е потребно да се поднесе барање за одобрение за градба што подразбира прибавување позитивни мислења од надлежни институции (потоа од ЕВН, водовод и сличните јавни претпријатија). Во текот на истата постапка е задолжително да се добие позитивно мислење, односно потврда од ИЗИС (сеизмиката) за конструктивниот систем. Доколку сите позитивни мислења се прибавени, во согласност со законската регулатива, општината е должна да издаде одобрение за градење, доколку е предвиден развој во урбанистичко-планската документација – објаснија од Карпош.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/доградбите-во-расчекор-со-инфраструк/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.451 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.