build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на станбени згради (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1930
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 10-Nov-2019 at 15:11
Нема по лоша работа од надградбиве на старите згради... Како само им текна дека може уште 1-2 ката...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Nov-2019 at 12:41
Во Автокоманда







https://www.facebook.com/glanz.bau
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Jan-2020 at 13:51
Еве еден извадок од статија на Порта 3 во врска со дивоградби каде се потенцираат надградбите и доградбите кои го преплавија Мичурин,населба Пролет и добар дел од Карпош и Автокоманда...

--------------------------------------------------------------
Ако сакате нешто да градите, градете слободно и потоа поднесете барање за легализација

Македонија е земја со сиромашни граѓани, како материјално, така и со дух. Се вели „сиромав човек жив ѓавол“, па така оваа „ѓаволштината“ доведе до многу „снаоѓања“ за место за живот под сонцето. Чекајќи со децении системско решение државата да се справи со економијата, а со тоа да се подобри и стандардот на населението и да се воведе правна држава што функционира, жителите почнаа да се снаоѓаат. Прво срамежливо, формирајќи населби на периферијата на градовите во супстандардни услови, без потребна инфраструктура. Мора да се признае дека животот во овие населби не е лесен, одвреме-навреме ќе се најдеа во фокусот на јавното сожалување, но брзо исчезнуваа од хоризнотот, препуштени сами на себе со својот јад. Суштината на нивната неволја и катастрофа може да се сведе на два грди збора „дива градба“.









Потоа сè помасовно, не само од нужност поради сиромаштија, туку и од лакомост да се земе било што џабе, кога веќе се може, и сè побезобразно со голема миграција кон главниот град, освојувајќи територии во околината, како Европејците кога ја освојувале Америка. Кој најбрзо трча најдалеку стигнува и до кај ќе забоде знаме до таму е негово, по пат правејќи геноцид на староседелците. Е сега за среќа кај нас геноцид врз населението нема, но сè повеќе приближувајќи му се на градот има геноцид врз објектите, но и врз градските навики и градскиот начин на живот. Не случајно се вели „Ако си во Рим, живеј на римски начин…“, но тоа нам не ни се случи. Се случи токму спротивното, почнаа да се градат и објекти во градот на локации и простори кои се „освоиле“. Зградите почнаа да се доградуваат и надградуваат, рака на срце за голем дел предвидено и со урбанистички планови. Но, и кујните станаа соби, а балконите кујни, терасите на кафе-баровите „колиби“, над рамните кровови се изградија куќи, а косите кровови стана стан, најчесто на оној на последниот кат, мезанините деловен простор,гаражите фотокопирници, сутерените адвокатски канцеларии, пасажите пекари…

Сè ова во најразлични форми и материјали, видливи со голо око како тоа ние „малку си доградивме“. И сè ова на очиглед на надлежните го направија луѓе кои во немоќта на решавање на станбено прашање склепале кров над глава или малку си го прошириле станот или „успешни бизнисмени“ на кои просторот не им е ништо друго освен плен. Разновидноста и масовноста на дивата градба укажува на тоа дека и едните и другите и кои било трети, кои прибегнуваат кон овие просторни апсурди, тоа не би можеле да го прават ако системот тоа не им го овозможува, а и поттикнува. Погледот на нашите градови на секој чекор ја дава вистинската слика на реалноста на системот, институциите и на град по мерка на поедини жители.

И така еден дожлив ден во февруари 2011 година, државата решава да се справи со дивите градби и носи Закон за постапување со бесправно изградени објекти, популарно наречен – Закон за легализација на дивоградби. Наместо државата да санкционира крадење за што и кривично се одговара, со овој закон ги оштетува сите граѓани кои на легален начин со плаќање на сите пропишани давачки, изградиле куќа или купиле стан, а ги привилегира сите оние што нелегално изградиле, со што одземале и простор и средства од државата и граѓаните.

За колку опасен процес станува збор и со колкави застрашувачки димензии, доволно зборува фактот што во земјата има пријавено за легализација преку 430.000 објекти, а досега се легализирани 245.544. Законот прв пат се донесе во февруари 2011 година и тогашниот претседателот на Градежната комора при ССК, ни помалку ни повеќе, Сеад Кочан тогаш изјави и остана жив: „Оваа мерка значително ќе им претставува олеснителна околност на нашите граѓани преку една легална избрзана постапка да имаат можност да ги легализираат своите станови и на тој начин полесно да тргуваат на пазарот на недвижнини, да ги ставаат под хипотеки,односно да добијат еднаква шанса со останатите субјекти.“ Законот донесен тогаш, се го пролонгираше рокот два пати, се однесуваше за објекти изградени до 30 март 2011 и легализацијата на објектите од домување чинеше едно евро по квадратен метар. Според тој закон бесправниот објект треба да може да се вклопи во урбанистичко-планската документација во согласност со стандардите, а ресорниот министер ги пропишува стандардите за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планската документација. Единствен документ како дел од проектна документација кој треба да се приложи е геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба, увид на местото врши тричлена комисија од општина или администрација, чиј еден член е градежен инженер, а доколку постојат потенцијално нестабилни зони, советот на општината е должен да донесе одлука со која ќе ги утврди границите на овие зони. Многу ме интересира советите во општините како ги утврдувале зоните.

И осум години подоцна, државата и понатаму не успева да се избори со дивата градба. На владина седница деновиве е ставен нов предлог-закон за легализација, кој досега јавноста го немаше на увид. Единствено што се знае е дека, верувале или не, законот ќе важи за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, што значи дека дивоградбата цветала и изминативе години и повторно се аминува.

Најавено е дека легализацијата нема да биде за едно евро по квадрат, туку ќе мораат да се платат сите регуларни комуналии, плус одреден процент за пенали, најверојатно околу 50 отсто или половина од вредноста на комуналиите. Но не е секогаш и сè само во парите, затоа ова не значи ставање на сите граѓани во рамноправна положба. Не станува збор само за тоа кој колку платил, поскапувањето на цената не го решава проблемот. Парите се трошат и се прават нови, затоа се и измислени, станува збор за украдениот простор кој е неповратен ресурс, а узурпираниот простор на наестручен начин е нерешлив проблем, освен ако не се урне. Секој квадрат кој е реализиран со крадењење претставува голема мака од урбанистички аспект, а урбанизмот претставува голема мака во нашиот секојдневен живот. Секој квадрат кој се легализира и станува полноправен чинител на градот, подразбира цела инфраструктура која за него не е планирана, а која мора да го опслужува. Тоа се однесува на различни просторни предизвици, како што се измислени паркинг-места, па сè до прашањата за капацитетот на училиштата, градинките, здравствените установи, јавните и зелените површини, комуналната и инфраструктурна опременост за додадените површини.

Со носење на овој закон нанесена му е голема штета на просторот, а дивата градба зема замав. Од стручен аспект, не постои легализација, постои само урбанизација. Министерството за транспорт се обрати за мислење и до Комората на овластени архитекти и инженери КОАИ, Одделението на архитекти одржа состанок на оваа тема и ги достави следните заклучоци:

- Законот да се повлече како таков и да се преработи како дел во Законот за градба

- Овој закон би направил додатни проблеми во урбанистичкото планирање

- Со легализацијата на уште бесправни згради, тотално се занемарува еколошкиот аспект во поглед на загаденоста на воздухот,

- Законот уште повеќе поттикнува градба на бесправни градби, со неконтролирани габарити, висини

- Законот создава нееднаквост на граѓаните, бидејќи во нивното соседство може да се изгради каков било објект, без да постои обврска да бидат известени, ниту дава можност за реакција, а со тоа може и нивниот имот да биде девалвиран од повеќе аспекти.

Во развиените земји поимот дива градба не постои, а не верувам дека новиот закон ќе донесе нешто ново, бидејќи проблемот е секогаш ист, законите кои ги имаме не ги спроведуваме. Да работеа службите според закон немаше да имаме дивоградби, барем не во толкав број.

https://www.porta3.mk/ako-sakate-neshto-da-gradite-gradete-slobodno-i-potoa-podnesete-baranje-za-legalizacija/?fbclid=IwAR2PXejpjmUwAWP_sp6eWgzsu0tUAWGkBFCMA7GEE6h4oL1reqljiF5TJqE
Back to Top
Skopje1981 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Nov-2019
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote Skopje1981 Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Jan-2020 at 11:19
Ова е срам за градот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 20-Jan-2020 at 14:00
Во Автокоманда,подобро би било да ги срушат двокатните згради и да почнат на ново отколку да се добиваат вакви грозотии







Edited by stef4o - 20-Jan-2020 at 18:07
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Jan-2020 at 17:27
Негативната работа кај овие доградби низ Скопје, е тоа што секој од станарите си бира кај ќе стави тераса, дали ќе е внатрешна или ќе има само големи прозорци, колку ќе се големи итн. Со ова се создава една хаотична слика, со што се нарушува изледот на објектот.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 20-Jan-2020 at 18:08
Ужасно изгледаат а гледам останале уште неколку такви зградички кои ќе ја доживеат истата судбина.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Jan-2020 at 15:33
Еве уште неколку денешни фотки од надградбиве во Автокоманда







...



...

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-Jan-2020 at 15:39
Денес кај една од надградбиве се бетонираше плоча...





Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1930
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 27-Jan-2020 at 15:58
Каква земја сме ејј...ај што е на око и урбанистички грдо ама ќе биде интересно на следен јак земјотрес 5-6... не само за оваа, општо за склопкиве, дури и на 12ката зграда 13ти прават во Капиштец...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 27-Jan-2020 at 19:24
Inaku zgradičkive koi se nadgraduvaat a voedno i nagrduvaat ne se iseleni,gledam lugje si živeat vo niv bez ogled na gradežnite raboti koi se odvivaat...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Mar-2020 at 14:19
Неколку денешни фотки од надградбиве низ Автокоманда...







...



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Mar-2020 at 15:23
Во Мичурин-Аеродром,оваа зграда се реновираше и надградуваше доста долг период но никако да завршат активностите,веројатно поткровјето веќе има нови станари но некако многу фушерски беше изведено,сеуште нема поставено олуци па кога врне вода прелива од многу страни,на западниот дел веќе со години стои скеле на потегот кај скалишниот простор требаше да ги менуваат стаклата ама изгледа пропадна таа работа исто така заглавија и со доградбата од јужната страна каде ставија само две плочи и застанаа...



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Mar-2020 at 16:00
Автокоманда...











https://www.facebook.com/MetaleksTETOVE/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 404
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 14-Mar-2020 at 17:28
Originally posted by stef4o

Во Мичурин-Аеродром,оваа зграда се реновираше и надградуваше доста долг период но никако да завршат активностите,веројатно поткровјето веќе има нови станари но некако многу фушерски беше изведено,сеуште нема поставено олуци па кога врне вода прелива од многу страни,на западниот дел веќе со години стои скеле на потегот кај скалишниот простор требаше да ги менуваат стаклата ама изгледа пропадна таа работа исто така заглавија и со доградбата од јужната страна каде ставија само две плочи и застанаа...




Додека се среди таа зграда веќе нова се издигна до неа... Која иронија.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 25-Mar-2020 at 13:51
Не ми е јасно кој купува станови во овие надградби,поред толку нови згради(за кои не велам дека блескаат со квалитет) ама сепак барем се асеизмички градени а кај овие има многу прашалници во поглед со стабилноста,стручноста на фирмите кои изведуваат вакви работи веројатно се обидуваат со пониски цени да придобијат купувачи...







https://www.facebook.com/fas.trend.79
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1930
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 25-Mar-2020 at 15:12
Најголем дел од глупостите што ни се случуваат во државава се поради ниската свест и ментален и материјален стандард на голем дел од масата.
Пазарот го нуди она што масата го бара, а масата е очигледно без стандарди!
Затоа треба власта да ги насочи луѓето каде да се движат. Но не го прави тоа и гледа да им угоди на сите велејќи ДА за скоро се. Па секој прави што му текне...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Mar-2020 at 16:07
Во нормална држава старите згради би се урнале, а на нивно место би се изградиле нови и поквалитетни. Но во нормална... во сиромашна и ненормална држава како нашава, ова е можеби единствениот очаен начин да се добие квадрат плус, да се зајакне статиката и да се добие обновена фасада по 50-60-70 години.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Mar-2020 at 16:42
Да,знам дека поентата е да се добие квадрат плус и обновена фасада но прашање е колку е тоа квалитетно изведено,дали статиката е навистина добра.Има многу примери за крајно фуш изведба и станарите добиваат гратис нервоза,стрес и страв при секое поголемо невреме или земјотрес(од 5-6 степени)...
Многу полесно би било наместо доградбиве да се срушат сите такви мини зградички и на нивно место да се изградат такви со сличен габарит или па само да се обноват покривот и фасадата без било каква доградба.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1930
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Mar-2020 at 21:47
Нема ни зошто да се рушат па градат поголеми, едноставно нека законски ги насочи власта да градат во Северниот дел на скопје, Расадник или во Керамидница... Каде е логично да се шири градот, а не профитерски само по секоја цена во Карпош, Центар и Аеродром.

А за статика...луѓе кои се разбираат велат дека при појак земјотрес двата елементи би се нишале во спротивни насоки при што би имале катастрофа... А кога тогаш ќе не здрмаат и нас некои 5-6 степени...

Edited by alexsend - 25-Mar-2020 at 21:48
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.