build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 101112
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12098
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 06-Apr-2019 at 15:40
Originally posted by my Macedonia

Меѓу плоштадот скендербег и македонската филхармонија.
Очекував нешто поспецифично, па да се надеваме дека шило ќе се грижи за останатото.
Иначе оваа парцела е веќе продадена значи ова е чисто привремено.




(фб Ардијан Муча)


Од вчера...





За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 07-Apr-2019 at 07:28
Не се потрудиле да засадат дрва на тревникот пошто знаат каква судбина го чека овој простор.Единствено што направиле е ги средиле тротоарите.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 428
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 08-Apr-2019 at 19:57
Originally posted by my Macedonia

Меѓу плоштадот скендербег и македонската филхармонија.
Очекував нешто поспецифично, па да се надеваме дека шило ќе се грижи за останатото.
Иначе оваа парцела е веќе продадена значи ова е чисто привремено.




(фб Ардијан Муча)


Оваа парцела од многу одамна е во приватна сопственост. Град Скопје и општина Центар го земаат просторот под своја надлежност за изградба на парк.

https://skopjeinfo.mk/prostorot-zad-makedonska-filharmonija-parterno-kje-se-ureduva-i-zazelenuva

Edited by Kid_A - 08-Apr-2019 at 20:21
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 428
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 08-Apr-2019 at 20:03
Originally posted by skopskodete

Катастрофа е тој дел да се задуши со згради. Град Скопје, заедно со државата, треба да се потруди да го откупи тоа земјиште за да биде перманентно парк.


Шилегов најави дека се во преговори со сопствениците на парцелата тие сами да ја уредат или да го дадат земјиштето под локална самоуправа за да градот се грижи. Не верувам дека се до толку луди тука да дозволат изградба на станбен и комерцијален објект.

https://skopjeinfo.mk/prostor-zad-filharmonijata-na-samo-stotina-metri-od-ploshtadot-makedonija-postoi-div-parking

Edited by Kid_A - 08-Apr-2019 at 20:04
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 428
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 08-Apr-2019 at 20:13
Сепак потврдено е дека на тој простор нема да има никакви згради и комерцијални објекти, туку нов парк.

Шилегов најави изградба на нов парк во Мал ринг

Додаде дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14.000 м2 што го прави поголем и од паркот Жена борец. Од овие 14.000 м2 за зеленило се предвидени околу 8.000 м2 во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Остатокот од површината ќе биде зафатен со пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и друго.

https://www.libertas.mk/shilegov-najavi-izgradba-na-nov-park-vo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 23-Apr-2019 at 12:46
Нов Градски парк ќе никне кај расчистената депонија во Карпош

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови, а на истото место ќе биде изграден парк кој ќе биде наречен Градски парк 2, најави градоначалникот на Град Сопје, Петре Шилегов.

„Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се формира со одлагање на урнатините по катастрофалниот земјотрес во Скопје уште во 1963 година. Повеќе генерации градски и општински градоначалници го игнорирале проблемот, а за жал некои од нив продолжиле да го одлагаат отпадот на оваа локација. Сега, заедно со Општина Карпош конечно најдовме решение за овој проблем и со тоа почнуваме со реализацијата на уште едно од нашите предизборни ветувања. Денеска го почнуваме чистењето на оваа депонија, после што ќе следува покривање на површината. На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри, над девет хектари, кој ќе го наречеме Градски парк 2“, рече Шилегов.

ој додаде дека новиот парк ќе биде подигнат со донации од општествено одговорни компании при што трошоците на Град Скопје и на Општина Карпош за подигнување на овој парк би биле незначителни во однос на неговата реална вредност.

Овој парк е лоциран во делот од градот кој е уреден со регулацискиот план за градската четврт „З 04“ кој беше усвоен минатата година од Советот на Град Скопје. Согласно со потребите на граѓаните, со регулацискиот план предвидените 4,03 хектари површина за парковско и заштитно зеленило во оваа четврт, се зголемени на 11,51 хектар. Просторот за домување кој е предвиден во ГУП на Град Скопје за оваа градска четврт со вкупна површина од 10,97 хектари со овој регулациски план е намален на 3,13 хектари. Во планот се предвидени 3,36 хектари за инфраструктура, како и 6,34 хектари за секундарни улици. За прв пат е додадена и можност за основно училиште и градинка.

https://vecer.mk/node/13163
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 309
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 23-Apr-2019 at 14:40
Овој простор одамна требаше да биде парк со сега веќе повеќе годишни дрвја. Еве на пример еден лав да се пренаменеше за изградба на паркот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3823
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 23-Apr-2019 at 16:21
Иако сеуште нема некаков грандиозен проект од шиле (освен ЌЕ), пак мислам дека парковите и зеленилото се секако добри проекти иако за многу мина само минипроекти. Да потцетам дека низ многу делови има повеќе паркови, а најдобриот бум е паркот зад филхармонијата и сега паркот горе. За ГТЦ, иако само еден дел, сепак е некаков чекор. Овие локации беа пред шиле планирани за згради. Со ,,резервирање,, на плацови со парк освен дека ќе биде убавина и ќе придонесе за животната средина, ќе има можност за градење низ другите делови во скопје што ќе значи дека освен тие делови што се веќе изградени, ќе може да се оди низ други делови на скопје. Скопје не е само општина центар!


Edited by my Macedonia - 23-Apr-2019 at 16:23
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 25-Jun-2019 at 13:22
НОВ ПАРК СО АДРЕНАЛИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ПРАВИ ГРАД СКОПЈЕ ПРЕД ОЛИМПИСКИ БАЗЕН

На местото на тревникот пред Олимпискиот базен во Скопје, Град Скопје денеска почна со изведба на нов парк. Со градежна механизација се отстрануваше тревата, а според проектот на целиот простор ќе биде заседена нова трева, дрвја и поставен систем за полевање капка по капка. Околу паркот ќе биде изведена адреналинска велосипедска патека.

„Овој простор досега беше неуреден. Сега ќе добие нов лик со зеленило и содржини за забава, како што е адреналинската патека. Ќе бидат поставена и урбана опрема“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

Паркот ќе го изведуваат јавните градски претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nov-park-so-adrenalinska-velosipedska-pateka-pravi-grad-skopje-pred-olimpiski-bazen/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 25-Jun-2019 at 16:25


Скопје со PUMPTRACK полигон кај олимпискиот базен


Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје почна да го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”.

Предвидениот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има различни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.

Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка.



Овој простор кој што досега беше неуреден, наскоро ќе стане ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава

https://skopje1.mk/archives/49640






Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 26-Jun-2019 at 09:01
Тоа е тоа, на сметка на зеленило, добиваме некакви содржини. Не се прави памптрек на ваква локација, има толку неуредени површини (како депонијата што гореше во Карпош) што се подобри кандидати од оваа.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1758
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 26-Jun-2019 at 20:52
Се согласувам, за таква работа треба нешто близу кеј, што до сега било неуредено па ова да е причина да го средат!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 12-Jul-2019 at 14:46
Кај Олимписки Базен



Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3823
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 12-Jul-2019 at 16:03
Парк?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4452
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 12-Jul-2019 at 16:43
Терен за екстремни спортови, мислам дека беше нешто со велосипеди. Freeride или Freestyle.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 12-Jul-2019 at 22:01
уште една зелена површина упропастена од ретардиве. Скејтпарковине се 90% од времето празни... од каде потребата за уште еден сличен?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #237 Posted: Yesterday at 12:54
Поставени контурите на новиот pumptrack полигон пред Олимписки базен




Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје почна да го гради пред три недели на површината пред Олимпискиот базен „Центар”.

На терен турбо се работи на подигнувањето на полигонот кој претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност.

Предвидениот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички.
Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има различни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.

Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка.

Овој простор кој што досега беше неуреден, наскоро ќе стане ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава.

https://www.vecer.press/поставени-контурите-на-новиот-pumptrack-полиг/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1758
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #238 Posted: Yesterday at 16:52
Ова тебаше на кеј кај карпата, нов дел од градски парк...
Ама ај
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 101112

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.