build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 31-Jan-2020 at 18:45
два моста, љубљанска и никола парапунов.

Конечно да се среди тој простор...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 260
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 31-Jan-2020 at 19:11
Супер што ќе се среди, само да не се среди како што се среди паркот во Аеродром (никако).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3508
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 10-Feb-2020 at 13:07
Ќе се гради нов парк во Кисела Вода покрај пругата Скопје – Велес



Нов парк ќе се гради во Кисела Вода покрај пругата Скопје – Велес.

– Уште една од неуредените јавни површини ги претвораме во паркови. На ова место, кое е напуштено и неискористено, Град Скопје заедно со Општина Кисела Вода ќе изгради нова зелена површина во целосна функција и отвореност за граѓаните – информираат од Град Скопје.

Најавата наиде на различни реакции кај жителите на Кисела Вода.

На прикажаниот простор е предвиден булевар „Македонија“, според ДУП Реон Ј, Четврт Ј12. Што ако градите парк, кога некој следен градоначалник ќе треба да гради булевар на тој простор? Од друга страна секоја година во годишниот буџет ја планирате улицата „Есенинова“, која исто така е дел од овој простор и треба да ја поврзува општина Кисела Вода со општините Центар и Аеродром. Имате 3 километри неповрзан простор помеѓу две големи општини. Не го замајувајте народот со привремени решенија – напиша на „Фејсбук“, Стамен Поп-Арсов.

https://www.vecer.press/ќе-се-гради-нов-парк-во-кисела-вода-покр/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 10-Feb-2020 at 15:37
И сега Шилегов дефинитивно ја уби идејата за јужен?
Што значи дека на цел тој дел ќе почне да се градат згради.
Или уште има шанси да остане во ГУП!??
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 10-Feb-2020 at 18:42
Не верувам дека ќе го избришат јужниот булевар од ГУП, барем не на овој потег до булевар „Србија“. Овој проект ако се реализира ќе биде имитација на парковите покрај „Теодосиј Гологанов“, како привремено решение за исполнување на просторот резервиран за булевар кој никој нема смелост да го изгради. Технички, парк-дивоградба, уште едно мачкање очи на јавноста.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 260
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 10-Feb-2020 at 21:00
Се фалат дека ќе ја пробивале Есенинова (има одговор на коментарот на граѓаниот од Град Скопје) ццц, а до сега не само тоа туку требаше да биде завршено и другото поврзување меѓу Аеродром и Кисела Вода (со булеварот покрај Раде Кончар).


Edited by skopskodete - 10-Feb-2020 at 21:01
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3508
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #267 Posted: Yesterday at 15:48
Депонијата во Мичурин се претвора во парк










Градоначалниците на Град Скопје и на општините Аеродром и Центар, Петре Шилегов, Златко Марин и Саша Богдановиќ, денеска направија увид во расчистувањето на депонијата во Мичурин и нејзино претворање во парк.
„Се наоѓаме на локација што повеќе од 20 години беше дива депонија и место што претходно никој не го средил. Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри, и преку ЈП „Улици и патишта“ во изминатиов период ја исчистивме и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет“, изјави градоначалникот Шилегов.
Тој додаде дека на овој јавен простор треба да никне парк и детско игралиште, каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време.
Градоначалникот Марин најави дека покрај овој парк, пролетва во Општина Аеродром ќе се изградат уште четири нови парка, и тоа два во Стар Аеродром со вкупна површина од 7 500 квадратни метри, еден покрај булеварот „Трета македонска бригада“ со површина од 2 500 квадратни метри, еден во Мичурин со површина од 3 500, а ќе се обнови зелената површина и пешачките патеки во паркот на ул. „Бојмија“..
„Со изградбата на новите паркови Општина Аеродром ќе им подари на граѓаните нови зелени катчиња за рекреација и ќе ги облагороди запуштените простори“, изјави градоначалникот Марин.
И градоначалникот Богдановиќ ја поздрави иницијативата да се преуреди ова запуштено место во Мичурин, кое беше огромна дива депонија повеќе од 20 години и која сега „конечно ќе се претвори во убаво катче на место што со години претставувало лоша слика за нашите општини и за градот Скопје“.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/

Edited by stef4o - Yesterday at 15:49
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.