build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 22-Jun-2020 at 22:53
#ПИА

Завршува изведбата на Спортско - адреналинскиот парк, кај Алпинистичката карпа. Деновиве се поставуваат реквизитите за адреналинскиот дел. Веќе се завршени игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот и детското игралиште.








twitter.com

Edited by Staro Skopje - 22-Jun-2020 at 22:54
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 24-Jun-2020 at 14:53
Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово

Аеродром наскоро ќе се збогати со уште еден нов парк. Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2.

Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.

Со изградбата на овој парк ќе се збогати зеленилото во општината, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од сите генерации.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 24-Jun-2020 at 15:10
Кулите се висококатници со скоро 20 ката, а овие нацртале зградичиња... Господе Боже!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 24-Jun-2020 at 15:36
Не грижи се нема да испадне како на рендерите ова е само ради реда ставено,исто и со паркот во Мичурин цел го бекатонизираа,сенките ќе бидат од веќе постоечките дрва...велат изградба на нов парк а всушност се работи за шминка на веќепостоечки локации
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 24-Jun-2020 at 21:44
Како што кажаа, за плочките повеќе се офајдуваш на тендер него ли ако оставиш трева да биде...

Нешто слично имам видено на улица Женевска мислам беше во Тафталиџе, каде во должина од 50 метри на улицата која е некаде 400 метри,има поставено негде околу 14 сообраќајни знаци оделени еден од друг по 1 метар...треба да се слика тоа за некој сајт за исмејување.



Edited by kiriOK - 24-Jun-2020 at 21:45
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 24-Jun-2020 at 21:59
Originally posted by stef4o

Не грижи се нема да испадне како на рендерите ова е само ради реда ставено,исто и со паркот во Мичурин цел го бекатонизираа,сенките ќе бидат од веќе постоечките дрва...велат изградба на нов парк а всушност се работи за шминка на веќепостоечки локации

Да, веќе постоечки, како во Мичурин.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7249
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 25-Jun-2020 at 01:09
не знам што е толку тешко да се одржува постоечко зеленило и јавни простори, наместо да се запушта и на секои две години да ни сервираат некаков парк/плоштад како проект на годината?

разбирам дека во период на транзицијата, цел град беше запуштен, и во ред е на пример да направиш ревитализација на простор после 15-20 години, ама на секои 2 години да се прави проект за истиот простор е стварно срамота
...или пак да се прават грандиозни проекти на места каде што само треба да се одржува зеленилото и да се замени дел од урбаната опрема
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 25-Jun-2020 at 01:41
Да, па еден таков друг пример е во Капиштец паркот меѓу кулите. Не знам колку пати се има сменето таму урбаната опрема во последниве 10 години.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7249
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 25-Jun-2020 at 21:04
Originally posted by skopskodete

Да, па еден таков друг пример е во Капиштец паркот меѓу кулите. Не знам колку пати се има сменето таму урбаната опрема во последниве 10 години.
мислам дека последен пат го опремија кога ги средија Млечен и просторот позади Веро во Тафталиџе, и така треба да остане
ако нешто се скрши или дотрае, треба да се санира или да се смени и толку
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 26-Jun-2020 at 01:09
Зошто не се насадат нови дрва помеѓу зградите во Ново Лисиче?
Мислам дека треба да се насадат дрва секаде каде што има услови за тоа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 26-Jun-2020 at 14:37
Адреналински парк Скопје

Се преземаат финалните активности за конечниот изглед на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар, во општина Карпош.

Покрај содржинските делови: игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот, детското игралиште и адреналинскиот дел, овој јавен простор добива и ново зеленило.

Околу оваа зона, веќе се засадија нови 70 дрвја, тревна површина и 30 украсни растенија. Исто така поставен е и систем за наводнување, со цел подобро одржување и функционалност на зеленилото.

Обновена е и урбаната опрема, при што се поставија нови 58 клупи за седење, а претстои поставување на корпи за отпадоци и држачи за велосипеди.

На овој начин, целосно ќе се промени сликата за овој потег, кој претставува еден од поатрактивните делови за рекреација во Скопје.

Спортско – адреналинскиот парк, кој наскоро ќе биде отворен, ќе понуди содржини и активности за сите генерации на граѓани.







https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 27-Jun-2020 at 13:36
И ова го нарекуваат парк...нула креативност па барем некои цветни аранжмани да ставеа на тревникот колку-толку да разбие монотонија.Секако дека е позитивно средувањето на локацијата но по некое дрвце и клупа не се на одмет
Локацијата е во Мичурин







https://www.facebook.com/NLP-Aerodrom-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 29-Jun-2020 at 16:36
Обнова на парк во нас.Железара





https://www.facebook.com/opstinagazibaba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 29-Jun-2020 at 16:39
По подолго време, паркот во населба Триангла е комплетно обновен.

Засадени се преку 30тина дрвца, обновен тревниот дел, направена е реконструкција а дел од урбаната опрема е комплетно заменета.

Во наредниот период ќе се постави нова табла и обрач за кошарка и комплетно ќе се зацврсти и обезбеди детското игралиште.







https://www.facebook.com/jkpgazibaba2007/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 02-Jul-2020 at 10:29
Паркот „Бојмија“ се гради во полн ек

Почнаа градежните активности на паркот „Бојмија“.

Жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат нов современ парк со детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.









http://www.aerodrom.gov.mk
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 02-Jul-2020 at 14:28

Добро, како може една обична обнова на блоковско зеленило (т.н. парк) да вреди 500.000 евра. Па нели треба малку усул со крадење? (Јавни набавки)

Edited by ehrlich - 02-Jul-2020 at 14:29
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 02-Jul-2020 at 18:05

ко што тргнале изгледа ќе ја рушат и фонтаната та затоа ќе да е напумпана цената, интересно е што старата опрема комотно може да ја донираат другде, но тоа треба да се знае каде, пр. од спротива го преслекоа Детското Забавно Катче, но старата опрема некако чудно ја беа исфрлиле понадвор можеби за да се надене некој та да си ја тужи на мала врата општина, бреј уште вака што не ваделе партиски-камен од општински-буџет, којзнае за се’ има првпат, иако она што е воочливо дека така некое Дете додека им текне на надлежните да дислоцираат старите Љуљашки може и навистина да се повреди!!! битно еден месец така си стојат, си мислев ќе ги префарбуваат и вратат, но чирба дојсоа нова опрема, а старио пак партер то софти-плочките исфрелени наоколу чиниш остаиле локалците да си ги приберат по дома за на Тераса ... Келепурлук Ноу, Без Осет 100%, но не се ни sds криви што за сето ова и советниците од дпмн им дреме, просто си го имаат нати го дајми го на сите нивоа чекајќи на својтно време за општинска ротација!

ќе беше Убо да ги ставаат на Увид пред Јавност ваквите промени, претходните тоа маркетиншки убо го спинуваа, ама повторно никој не можеше да им даде забелешка, евентуално тука на форумов што ги есапевме, ама напразно чисто колку да си исфураме притисоко, но којзнае може биле некаде извадиле Рендери Финансиска Конструкција Тендери, незнам не ми е општинскио сајт букмаркиран!

него ако ја рушат фонтана, нека внимаваат утре оние понив нивната да не им ја сардисаат, можеби осигурувајќи ја од непогода истата, а доколку ја остават фино би било в среде да закачат некоја левитирачка скулптура, чунки бидејќи до Нова Железничка Парк та изборни вовчина да вртат кругчина ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 03-Jul-2020 at 10:19
Го збогатуваме Аеродром со ново зеленило. Во паркот во Мичурин почнуваме со садење на 570 садници, со што ќе ја надминеме бројката од 5 000 дрвја.









https://www.facebook.com/marinzlatko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 06-Jul-2020 at 06:32
Петиција за проширување на опфатот на интервенција на паркот во населба 11 Октомври-бараки

Група на граѓани, жители на населбата 11 Октомври – бараки, ја иницираат оваа петиција со цел да укажат на властите дека сегментарно се третира запуштената полјанка, воедно барајќи истата целосно да биде вклучена во проектот за дефинирање на новиот парк.

Поради ситуацијата со Ковид – 19, петицијата ќе собира потписи online, како би се почитувале мерките за заштита.

Се повикуваат сите жители на населбата, општината но и сите поддржувачи на идејата за зелено Скопје да ја подржат оваа иницијатива.

Истата можете да ја потпишете на следниов линк >>> , додека текстуалното образложение го пренесуваме во продолжение:



„Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка.

Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина.

Група на граѓани, жители на населбата 11 Октомври – бараки, ја иницираат оваа петиција со цел да укажат на властите дека сегментарно се третира запуштената полјанка, воедно барајќи истата целосно да биде вклучена во проектот за дефинирање на новиот парк.

Поради ситуацијата со Ковид – 19, петицијата ќе собира потписи online, како би се почитувале мерките за заштита.

Се повикуваат сите жители на населбата, општината но и сите поддржувачи на идејата за зелено Скопје да ја подржат оваа иницијатива.

Истата можете да ја потпишете на следниов линк >>> , додека текстуалното образложение го пренесуваме во продолжение:



„Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка.

Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина.

Затоа почнатите активности на само еден дел од полјанката ( 40%) како граѓани на оваа населба сметаме дека треба да се прошират на целата територија, опфаќајќи реконструкција и на спортските игралишта кои се во одмината состојба.

Фотографии од првата фаза на зазеленување во еден дел од полјанката



Воедно сметаме дека оваа интервенција треба да ги опфати и следните точки:

-Санација на улиците и пристапите кон паркот од страната на населбата, кои се уништени од механизацијата која учествува во реализацијата;

-Урбанистички да се дооформи просторот како целина, наместо парцијално;

-Да се предвиди урбана опрема, особено канти за одложување на измет на миленици, бидејќи жителите на пошироката околина ги рекреираат своите кучиња во овој дел од населбата, додека детските игралишта остануваат небезбедни за игра по здравјето на децата;

– Да се предвиди план за оддржување на паркот од страна на екипа на Паркови и зеленило, како истиот би останал во употреблива состојба.

Новата населба во делот на „Пелагонија“



...



...



https://marh.mk/peticija-za-proshiruvanje-na-parkot-vo-naselba-11-oktomvri-baraki
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 157
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 06-Jul-2020 at 15:19
Originally posted by stef4o


...
Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек )
...


На која површина се мисли овде?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.