build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 06-Mar-2016 at 23:22
Со ова повеќе ќе загуби паркот, отколку што ќе добие, но добро ај
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 21-Apr-2016 at 17:52
Originally posted by Џоле

Фамозниот „втор по големина“ парк во Скопје (нас. Лисиче)


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 25-May-2016 at 08:07
ГРАДОТ ЌЕ ГО ОБНОВУВА ЖЕНА-ПАРК, ПАЛМИ НЕМА ДА СЕ САДАТ

Градските власти се подготвуваат комплетно да го реконструираат паркот „Жена борец“. За подновувањето ќе платат околу 330.000 евра. Градот веќе потпиша договор за таа цел да го ангажира „Урбан инвест“ од Кавадарци. Во договорот стои дека ќе се врши одржување, односно реконструкција на партерното уредување и осветлување на паркот. А ќе се поднови и зеленилото. Палми, веројатно нема да се садат, велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски. Засега, не е во план да се постават ни нови споменици, ниту, пак, фонтани. Појаснуваат дека ќе се постави комплетно ново осветлување и урбана опрема. Надлежните не беа во можност да прецизираат дали новите клупи и канти, како и канделабрите ќе бидат стилски, налик на оние што во изминативе две години се поставија на плоштадот и околината.

„Ќе биде реконструирано комплетното осветлување, при што ќе бидат извадени сите постојни канделабри. На нивно место ќе се постават нови метално-декоративни со три светилки, а ќе бидат поставени и рефлектори за осветлување на дрвјата во паркот. Практично, ќе се добие амбиентално светло. За новото осветлување ќе се обезбеди и нова инсталација“, појаснуваат од Град Скопје.

Покрај осветлувањето ќе се реконструираат и патеките кои се дотраени, како и скалилата, а ќе се изврши и интервенција на зеленилото. На крајот ќе биде поставена и новата урбана опрема.

Инаку, како што велат од Градот, ова е прва голема реконструкција на паркот откако е изграден. Во изминативе години паркот го подновуваа и одржуваа наизменично и Општина Центар и Град Скопје. Пред неколку години, на товар на Општината се санираа плочките и се засади ново зеленило. Градот, пак, ги подновуваше тротоарите. Генерално, се реконструираше по потреба и делумно.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=04BD1E163E57F342A61814D25BFB6F78
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 06-Jun-2016 at 14:58
Eve nesto od Prilep.

Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 05-Aug-2016 at 08:47
Поставени вчера тараби во Жена Парк, дали тргнале во офанзива по ГТЦ или по дрвата не се знае уште.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 05-Aug-2016 at 10:49
Што и да е, од искуство научивме дека не е на арно.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 05-Aug-2016 at 13:11
Од град Скопје тврдат дека не се интервенира врз фасадата на ГТЦ

По реакциите на дел од граѓаните, вчера вечер беше направена инспекциска контрола на градежните активности во паркот „Жена борец“.

Утрово од страна на град Скопје е доставена официјална информација и потврда за работата која од синоќа е започната во паркот.



Официјално, станува збор за партерно уредување на паркот под надлежност на град Скопје. Од градот тврдат дека не се работи за никаква интервенција на фасадата на ГТЦ.

Општината и натаму ќе ги следи градежните активности во паркот и благовремено ќе реагира доколку се започне со било какви сомнителни градежни активности.

http://www.porta3.mk/od-grad-skopje-tvrdat-deka-ne-se-intervenira-vrz-fasadata-na-gtc/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 08-Aug-2016 at 11:13
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 08-Aug-2016 at 11:39


Ова треба да го продолжат/спојат со паркчето кај авионот. Јас дури би работел и на дислокација на објектот на ЕВН. ФФМ се вклопува.

Следно, треба да се уреди убаво кејот на тој потег.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 08-Aug-2016 at 12:05
Овде иначе со точак никако...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 08-Aug-2016 at 15:16
Овој предел е интересен.

Тука сум поминувал со години (повеќе од 11) поред Вардар. Овде има една огромна дупка, не знам дали е човечки направена или природна. Нели имаше УСЈЕ пред мостот, може со тоа била некако поврзана на времето. Но, порано имаше еден период како мини вештачко езеро тука. Пред доста години. Не знам точно како се собрала водата и колкав период беше присутна, може и од Вардар некако се протнала, ама сега е пресушено. Но, порано имаше и едно мало пристаниште во дупката од дрво направено и една куќарка. Не сум сигурен дали уште се таму. За пристаништето скоро сум сигурен дека не е таму ама куќарки мислам дека може уште да има. Пред 6-7 месеци мислам поминав тука пак, има некои дрвени огради на различни места и нешто се одгледуваше. Имаше некои растенија, гранки врзани и некои патчиња по кои луѓе се движат. Не знам што точно се одгледува таму и кој го одгледува (не е дрога ) ама во секој случај интересно.



Edited by ToniB - 08-Aug-2016 at 15:16
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 08-Aug-2016 at 16:12
Се заинтересирав. Па отворив Google Earth да видам низ години што се случува во овој дел. И како што може да се види од сликите овој дел се поплавува на неколку години. Или го поплавува некој. Тоа што спомнав дека се огледува нешто сега, е ситно колку што можев да видам. Иако тие некои млитави дрвени капии ги држат врзани



Edited by ToniB - 08-Aug-2016 at 16:14
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 09-Aug-2016 at 03:27
Ми паѓа во очи како цел парк нема дрва. Исто, нај новите згради нема дрва, а кај постарите врие дрва.

Не ми е јасен овој фетиш на ливади без ниедно дрво.
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 09-Aug-2016 at 09:27
И мене ми смета многу, нешто најавуваат ќе саделе.
"Есенва се очекува во паркот да се насадат и околу 600 дрвца."
Него не ли може со таа новата машина за пресадување да се донесат од негде веќе оформени дрва, зашто сигурно тие 600 што евентуално ќе ги садат тек за 10 години ќе заличат на дрва.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 27-Sep-2016 at 18:39
Нова зелена оаза во општина Центар

Жителите на улицата „Питу Гули“ на Водно, ќе добијат реконструирано зеленило. На површина од 600 метри квадратни, општина Центар врши озеленување со зимзелени и листопадни декоративни растенија.

На овој простор ќе се садат зимзелена магнолија Grandiflora и шест листопадни чадорести дрвја Albizia julibrissin, кои во текот на сончевите летни денови ќе ја покажат сета раскош со цветови налик на паун.



Околу двеста зимзелени грмушки ќе ползат по површината и ќе ја стабилизираат косината. Околу двесте декоративни зимзелени и листопадни грмушки, со различна структура и колорит, ќе внесат динамика и живост на локацијата во секој дел од годината, а со развој и ширење на садниците ќе се направи компактен и згуснат пејзаж.



На целата локација ќе биде поставен автоматски систем за полевање. Околу овој зелен појас, општина Центар ги реконструира и тротоарите.



http://www.porta3.mk/nova-zelena-oaza-vo-opshtina-centar/
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 28-Sep-2016 at 08:47
За "зелената оаза" ќе преќутам, ама 600 метри квадратни? Ај да немаше слики може и ќе поверуваме Бојан, и на Порта3 почна да пишуваш?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 28-Sep-2016 at 09:43
Како беше она, владата многу се рекламирала и правела пропаганда. А ова што е 5 дрва и малку зеленило "ОАЗА". Исто беше и со онаа ќошето пред зграда што го средија во дебар маало го нарекоа Парк за релаксација на локалните жители. Не би било толку страшно да не се работи за истите структури и матрица кои токму вакви работи критикувале во минатото. А тоа што е дискутабилно дека се 600 метри квадратни тоа плус.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 29-Sep-2016 at 00:13
Originally posted by kultuzin

Како беше она, владата многу се рекламирала и правела пропаганда. А ова што е 5 дрва и малку зеленило "ОАЗА". Исто беше и со онаа ќошето пред зграда што го средија во дебар маало го нарекоа Парк за релаксација на локалните жители. Не би било толку страшно да не се работи за истите структури и матрица кои токму вакви работи критикувале во минатото. А тоа што е дискутабилно дека се 600 метри квадратни тоа плус.
сигурно ти е многу убаво што имаш на што да се потпираш кога за глупостите што ги прави владејачката гарнитура буквално нема никаков друг изговор и оправдување...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 02-Oct-2016 at 16:19
Во Жена парк ги извадиле плочките и ставаат сив бекатон (13.9)
20160913_132729 by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 02-Oct-2016 at 20:28


А ги заменија пред 2-3 години. Потоа новите брзо се искршија поради дебилниот пајтон што возеше по нив и поради колите што се паркираа на секој протест/контрапротест и во суштина џабе беше обновата.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.