Паркови (општо) |
Post Reply | Page <1 1617181920 26> |
Author | ||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #341 Posted: 25-Jun-2020 at 01:09 | |
не знам што е толку тешко да се одржува постоечко зеленило и јавни простори, наместо да се запушта и на секои две години да ни сервираат некаков парк/плоштад како проект на годината?
разбирам дека во период на транзицијата, цел град беше запуштен, и во ред е на пример да направиш ревитализација на простор после 15-20 години, ама на секои 2 години да се прави проект за истиот простор е стварно срамота ...или пак да се прават грандиозни проекти на места каде што само треба да се одржува зеленилото и да се замени дел од урбаната опрема |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #342 Posted: 25-Jun-2020 at 01:41 | |
Да, па еден таков друг пример е во Капиштец паркот меѓу кулите. Не знам колку пати се има сменето таму урбаната опрема во последниве 10 години.
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #343 Posted: 25-Jun-2020 at 21:04 | |
ако нешто се скрши или дотрае, треба да се санира или да се смени и толку |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 567 |
Quote Reply #344 Posted: 26-Jun-2020 at 01:09 | |
Зошто не се насадат нови дрва помеѓу зградите во Ново Лисиче?
Мислам дека треба да се насадат дрва секаде каде што има услови за тоа. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #345 Posted: 26-Jun-2020 at 14:37 | |
Адреналински парк Скопје
Се преземаат финалните активности за конечниот изглед на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар, во општина Карпош. Покрај содржинските делови: игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот, детското игралиште и адреналинскиот дел, овој јавен простор добива и ново зеленило. Околу оваа зона, веќе се засадија нови 70 дрвја, тревна површина и 30 украсни растенија. Исто така поставен е и систем за наводнување, со цел подобро одржување и функционалност на зеленилото. Обновена е и урбаната опрема, при што се поставија нови 58 клупи за седење, а претстои поставување на корпи за отпадоци и држачи за велосипеди. На овој начин, целосно ќе се промени сликата за овој потег, кој претставува еден од поатрактивните делови за рекреација во Скопје. Спортско – адреналинскиот парк, кој наскоро ќе биде отворен, ќе понуди содржини и активности за сите генерации на граѓани. https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #346 Posted: 27-Jun-2020 at 13:36 | |
И ова го нарекуваат парк...нула креативност па барем некои цветни аранжмани да ставеа на тревникот колку-толку да разбие монотонија.Секако дека е позитивно средувањето на локацијата но по некое дрвце и клупа не се на одмет
Локацијата е во Мичурин https://www.facebook.com/NLP-Aerodrom- |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #347 Posted: 29-Jun-2020 at 16:36 | |
Обнова на парк во нас.Железара
https://www.facebook.com/opstinagazibaba/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #348 Posted: 29-Jun-2020 at 16:39 | |
По подолго време, паркот во населба Триангла е комплетно обновен.
Засадени се преку 30тина дрвца, обновен тревниот дел, направена е реконструкција а дел од урбаната опрема е комплетно заменета. Во наредниот период ќе се постави нова табла и обрач за кошарка и комплетно ќе се зацврсти и обезбеди детското игралиште. https://www.facebook.com/jkpgazibaba2007/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #349 Posted: 02-Jul-2020 at 10:29 | |
Паркот „Бојмија“ се гради во полн ек
Почнаа градежните активности на паркот „Бојмија“. Жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат нов современ парк со детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана. http://www.aerodrom.gov.mk |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #350 Posted: 02-Jul-2020 at 14:28 | |
Добро, како може една обична обнова на блоковско зеленило (т.н. парк) да вреди 500.000 евра. Па нели треба малку усул со крадење? (Јавни набавки) Edited by ehrlich - 02-Jul-2020 at 14:29 |
||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #351 Posted: 02-Jul-2020 at 18:05 | |
ко што тргнале изгледа ќе ја рушат и фонтаната та затоа ќе да е напумпана цената, интересно е што старата опрема комотно може да ја донираат другде, но тоа треба да се знае каде, пр. од спротива го преслекоа Детското Забавно Катче, но старата опрема некако чудно ја беа исфрлиле понадвор можеби за да се надене некој та да си ја тужи на мала врата општина, бреј уште вака што не ваделе партиски-камен од општински-буџет, којзнае за се’ има првпат, иако она што е воочливо дека така некое Дете додека им текне на надлежните да дислоцираат старите Љуљашки може и навистина да се повреди!!! битно еден месец така си стојат, си мислев ќе ги префарбуваат и вратат, но чирба дојсоа нова опрема, а старио пак партер то софти-плочките исфрелени наоколу чиниш остаиле локалците да си ги приберат по дома за на Тераса ... Келепурлук Ноу, Без Осет 100%, но не се ни sds криви што за сето ова и советниците од дпмн им дреме, просто си го имаат нати го дајми го на сите нивоа чекајќи на својтно време за општинска ротација! ќе беше Убо да ги ставаат на Увид пред Јавност ваквите промени, претходните тоа маркетиншки убо го спинуваа, ама повторно никој не можеше да им даде забелешка, евентуално тука на форумов што ги есапевме, ама напразно чисто колку да си исфураме притисоко, но којзнае може биле некаде извадиле Рендери Финансиска Конструкција Тендери, незнам не ми е општинскио сајт букмаркиран! него ако ја рушат фонтана, нека внимаваат утре оние понив нивната да не им ја сардисаат, можеби осигурувајќи ја од непогода истата, а доколку ја остават фино би било в среде да закачат некоја левитирачка скулптура, чунки бидејќи до Нова Железничка Парк та изборни вовчина да вртат кругчина ... |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #352 Posted: 03-Jul-2020 at 10:19 | |
Го збогатуваме Аеродром со ново зеленило. Во паркот во Мичурин почнуваме со садење на 570 садници, со што ќе ја надминеме бројката од 5 000 дрвја.
https://www.facebook.com/marinzlatko/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #353 Posted: 06-Jul-2020 at 06:32 | |
Петиција за проширување на опфатот на интервенција на паркот во населба 11 Октомври-бараки
Група на граѓани, жители на населбата 11 Октомври – бараки, ја иницираат оваа петиција со цел да укажат на властите дека сегментарно се третира запуштената полјанка, воедно барајќи истата целосно да биде вклучена во проектот за дефинирање на новиот парк. Поради ситуацијата со Ковид – 19, петицијата ќе собира потписи online, како би се почитувале мерките за заштита. Се повикуваат сите жители на населбата, општината но и сите поддржувачи на идејата за зелено Скопје да ја подржат оваа иницијатива. Истата можете да ја потпишете на следниов линк >>> , додека текстуалното образложение го пренесуваме во продолжение: — „Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка. Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина. Група на граѓани, жители на населбата 11 Октомври – бараки, ја иницираат оваа петиција со цел да укажат на властите дека сегментарно се третира запуштената полјанка, воедно барајќи истата целосно да биде вклучена во проектот за дефинирање на новиот парк. Поради ситуацијата со Ковид – 19, петицијата ќе собира потписи online, како би се почитувале мерките за заштита. Се повикуваат сите жители на населбата, општината но и сите поддржувачи на идејата за зелено Скопје да ја подржат оваа иницијатива. Истата можете да ја потпишете на следниов линк >>> , додека текстуалното образложение го пренесуваме во продолжение: — „Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка. Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина. Затоа почнатите активности на само еден дел од полјанката ( 40%) како граѓани на оваа населба сметаме дека треба да се прошират на целата територија, опфаќајќи реконструкција и на спортските игралишта кои се во одмината состојба. Фотографии од првата фаза на зазеленување во еден дел од полјанката Воедно сметаме дека оваа интервенција треба да ги опфати и следните точки: -Санација на улиците и пристапите кон паркот од страната на населбата, кои се уништени од механизацијата која учествува во реализацијата; -Урбанистички да се дооформи просторот како целина, наместо парцијално; -Да се предвиди урбана опрема, особено канти за одложување на измет на миленици, бидејќи жителите на пошироката околина ги рекреираат своите кучиња во овој дел од населбата, додека детските игралишта остануваат небезбедни за игра по здравјето на децата; – Да се предвиди план за оддржување на паркот од страна на екипа на Паркови и зеленило, како истиот би останал во употреблива состојба. Новата населба во делот на „Пелагонија“ ... ... https://marh.mk/peticija-za-proshiruvanje-na-parkot-vo-naselba-11-oktomvri-baraki |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 533 |
Quote Reply #354 Posted: 06-Jul-2020 at 15:19 | |
На која површина се мисли овде?
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19665 |
Quote Reply #355 Posted: 06-Jul-2020 at 15:27 | |
Можеби делот околу бараките каде моментално се гради станбениот објект Изабела(пишуваа дека се гради врз детско игралиште или парк незнам точно како беше) во околина само тоа е активно градилиште и она на Трим И Љум(ама нема логика за тоа да пишуваат)
|
||
David
Senior Member Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
Quote Reply #356 Posted: 06-Jul-2020 at 16:00 | |
На Трум Љум и Елена Лука 10 катните нео-комунистички ѕидови друже...никакви висококатници. |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #357 Posted: 06-Jul-2020 at 17:13 | |
На Изабела се мисли. Тука е планирана инвазија на уште еден бетонски демон.
извор Edited by Staro Skopje - 06-Jul-2020 at 17:15 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2018 |
Quote Reply #358 Posted: 06-Jul-2020 at 18:09 | |
Нема друг начин да се осигура иднинанта на зеленилото во Скопје освен да се префрли топката на поле на имотно-правни односи. Ако претпоставиме дека има 2000 куќи секоја со свој соптвеник куќа во оваа населба. И на имотниот лист на секој куќа има еднаков дел соственост во парков 1/2000, за вакви работи ќе мора согласност од половина сопственици за да се екпропреира и прораде државново земјиште. Кога неможеме јавна површина да ја оддржиме друг начин нема. Гомнари во институциите мислат дека измислиле топла вода и дека нив први им текнало да го зграбат паркчето и дека се попаметни од сите, па уште се доволно безобразни и храбри да почнат постапка за вакво нешто. Друго решение јас неможам да видам. Ова треба да важи принцип за многу комунални јавни површини, дали со локално значење како оваа или со пошироко значење. Во институциите комунални веќе немам доверба, барем да е приватна делена сопственост па да биде сигурност дека паркот ќе остане парк.
Овој пример е криминал невиден, од една страна вцртале паркинг кој очигледно морале заради зградата, од друга страна е зградата, па малку беше па и од трета страна уште една зграда никако да се уклопи во просторот. Планираат општинската зградичка која е месна заедница сега да ја продадат. Па џабе ли е тој празен расадник на 100 метра од тука?! Нели целиот опфат е за инивидуално домување, како тогаш згради протнати во опфатот?! Зашто едноставно не ја избришат зградата, а на сите куќи да дозволат уште еден прат? Што мора да е тука? Ова е криминал од редот на Кинески Ѕид покрја стадион! Кисела Вода ги живее времињата кои Центар ги живееше со Аларова. Edited by user8642 - 06-Jul-2020 at 18:12 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #359 Posted: 06-Jul-2020 at 20:03 | |
Така ќе ги снема парковите уште побрзо Борбата за зеленилото кај најголемиот дел од народот кај нас засега се карактеризира со формална декларативност, површност, и пред се лицемерие. Нели ги слушна реакциите на жителите на Дебар-маало по повод ревизијата на ДУП-от? Друг добар пример се којзнае колку полураспаднати колективни станбени згради (сигурно троцифрена бројка) кои со креативен „урбанизам“ добија проширување на маркичката и веднаш станарите се договорија тие згради со чаури и крпеници да пораснат во сите три димензии до максимално дозволените нови габарити, а практично без исклучок тоа се правеше и се прави на сметка на околното зеленило и дрвја. И ти мислиш дека некој парк ќе преживее ако околните жители можат да лапнат 200-300-500 евра за сметка на тој така „заштитен“ парк. Не 50%+1, туку 90% согласност ќе видиш до другиот ден сабајле. Edited by Cloverstack - 06-Jul-2020 at 20:21 |
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2018 |
Quote Reply #360 Posted: 06-Jul-2020 at 20:21 | |
Вероватно го преценувам капацитетот на иднивидуалецот во Македонија па сеуште верувам дека може да се најде формално правен начин да се зачува зеленилото. Може и така е како што викаш, 90% ќе го продадат својот дел и би си го уништиле трајно квалитетот на живеење за еден телевизор или фрижидер. Ама барем тогаш нема да може да зборат.
Кога ќе видиш од друга страна и приватизацијата на општествените компании, кои не беа ни приватни ни државни, доживеаја некоја судбина како парковиве. И сечии и ничии, и кој стигне ќе ги зграби во прв момент. Незнам, можда и не заслужуваме како заедница да управуваме определен простор во форма на држава кога неможе еден парк да се зачува пред налетот на мафијата, што ќе се дофати да се разграба како мршојадци. Можда не сме дораснати како заедница да цениме држава и независност. Или па едноставно не си ја цениме сопствената природна околина на неколку стотина метри од нас макар и која држава било тоа? Незнам, а ме разочаруива ситуацијата! Или па друг пример сличен, пред само неколку месеца штрајкуваа жителите во МаџирМаало кои викаа дека не сакаат да ИМ се вцртуваат булевари, како да на нив ИМ се вцртуваат, си го присвоија, него сакале станови за децата. Тука и друго прашање се отвара во однос на планирањерето дека градот планира и ги држи луѓето во лимбо ситуација, ниту да можат ефективно да го стопанисуваат својот имот, ниту па градот им го откупува со години. Ама во Кисела Вода примеров е типичен пример за криминал, на рампа траса на улица продадоа за зграда, овде општински објект сакаат да продадат. Мене стварно ме оптеретува прашањево како да изнајдеме законски решенија кои ќе бидат применливи во Македонија со сите свои специфики соодветни на политичката ситуација, а закони кои ќе го подигнат квалитетот на живеење и да го спречат ова создавање вакви чиреви. Очигледно сегашниве решенија не го спречуваат урбаното дивјаштво и не го подигаат квалитетот на живеење. Можда некакви експропријациони фондови кои ќе создаваат бришан простор површини како претходница на инвеститорите. Нешто мора да се направи, ама очигледно овој сегашен "општествен" статус ги става зелените површини во позиција на плен. Па и објектите што ги спомена, што за 50 години пак ќе правиме уште една школка?! |
||
Post Reply | Page <1 1617181920 26> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |