build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 29-Mar-2021 at 13:11
Урбаниот парк во Стар Аеродром е на површина од 3 200 м2, ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.







https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 29-Mar-2021 at 17:27
Хортикултурно и партерно уредување на парк Бојмија - Општина Аеродром(od fb)













Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 07-Apr-2021 at 14:16
Граѓаните ги потсетуваат Шилегов и Богоев: Паркот во Карпош 4 ќе, ќе, ќе биде… ли?



Фотографии на кои се гледа ледина со отпадоци и високи треви на локацијата меѓу старата депонија и булеварот „Илинден“ кај адреналинскиот парк во Карпош 4 е мотив кој деновиве го споделуваат жителите од оваа скопска населба. Впечатливите фотки со неуреден простор се споделуваат во Фејсбук – групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“, чии членови не кријат дека се револтирани од тоа што тука до сега не е направен парк.

Изградбата на нов градски парк, кој што ќе беше продолжение на Градскиот парк, инаку, беше едно од клучните ветувања како на скопскиот Петре Шилегов така и на општинскиот градоначалник на Карпош Стефан Богоев. Надежите дека паркот ќе биде направен се пројавија лани кога во февруари беше распишан конкурс за избор на идејното решение за изгледот на паркот. По тоа, како што најавија градоначалниците Шилегов и Богоев, требаше да се пристапи кон конкретна градба на паркот на 60.000 квадратни метри и кој ќе се надоврзеше и на Спортско – адреналинскиот дел кај Алпинистичката карпа. Во паркот покрај зеленило и дрвја, се планираше и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација. Сето тоа требаше да биде готово за неколку месеци…

Но, еве, помина и цела година од паркот ни трага. Граѓаните во своите коментари не го кријат незадоволството што тој не е направен.

– Барем дрвца да засадеа за почеток, па нека средуваат после. Срамота…. Ќе, ќе, ќе биде… Се планира, полека… Мајстори се на хартија да стават нешто и за прес конференци, за жал на терен никаде ги нема… Почекајте малку, не може се наеднаш, сега „Партизан“ да го завршат па ќе почнат со паркот… напишаа во своите коментари жителите на Карпош.

Од Градот и од општината нема најави кога конкретно би почнала градбата на паркот.

Општина Карпош, инаку, деновиве се пофали дека ја обележува хоризонтална и вертикална сигнализација на новопробиената улица „Новопроектирана“ 3 во Тафталиџе 1. Се бележат пешачките премини, а се поставуваат и сообраќајни знаци, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот…

https://skopskoeho.mk/graganite-gi-potsetuvaat-shilegov-i-bogoev-parkot-vo-karposh-4-ke-ke-ke-bide-li/
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 07-Apr-2021 at 14:46
Od partiski izvori vo sds lk Karpos doznav deka parkot e vremeno otkazan. Imeno Gradonacalnicte na Skopje i Karpos bile somnicavi deka se del od nekoe si skopsko krilo na partijata (neznam ni dali postoi voopstotakvo nesto) i ovoj park bil sabotiran. Imeno kamioni odlagale gradezen shut posle sekoja pogolema akcija za rasictuvanje i ramnenje na terenot a MVR se pravele naudreni za slucajot po sto opstinskite vlasti krenale race.

Edited by MKDSTRUGA - 07-Apr-2021 at 14:46
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 09-Apr-2021 at 03:39
Originally posted by MKDSTRUGA

Od partiski izvori vo sds lk Karpos doznav deka parkot e vremeno otkazan. Imeno Gradonacalnicte na Skopje i Karpos bile somnicavi deka se del od nekoe si skopsko krilo na partijata (neznam ni dali postoi voopstotakvo nesto) i ovoj park bil sabotiran. Imeno kamioni odlagale gradezen shut posle sekoja pogolema akcija za rasictuvanje i ramnenje na terenot a MVR se pravele naudreni za slucajot po sto opstinskite vlasti krenale race.
па тоа не би се случувало ако активно се работи на проектот... глупости
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 09-Apr-2021 at 10:47
Originally posted by zabegan

Originally posted by MKDSTRUGA

Od partiski izvori vo sds lk Karpos doznav deka parkot e vremeno otkazan. Imeno Gradonacalnicte na Skopje i Karpos bile somnicavi deka se del od nekoe si skopsko krilo na partijata (neznam ni dali postoi voopstotakvo nesto) i ovoj park bil sabotiran. Imeno kamioni odlagale gradezen shut posle sekoja pogolema akcija za rasictuvanje i ramnenje na terenot a MVR se pravele naudreni za slucajot po sto opstinskite vlasti krenale race.
па тоа не би се случувало ако активно се работи на проектот... глупости


Kolku so znam jas na proektot voopsto ne se raboti. Jas mislev deka se ceka pred izbori za da go pustat no na teren slikata ne pokazuva nikakva sansa deka ke bide gotov parokt (nema ni da go pocnat) do slednive izbori. Dali se gluposti ili ne neznam, a izvorot od kade doznav e dosta blizok so Bogac i kompanija.

Ne gledam zasto vakov proekt, mozebi najgolem i najznacaen za opstina Karposh bi bil prekinat pa osven da veruvam so doza na rezerva vo ovie informacii zasega nemam drugo objasnuvanje. Iskreno i ne me interesira politickiot del, toj Park mozese i seuste moze da bide najubavoto nesto so mu se slucilo na Skopje posle parkovite pokraj vardar vo Aerodrom. Se drugo dosega bilo betonizacija, i kastrenje na golemi drva za dase posadat mali kako parkovite sporti Vero Taftalidze.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 09-Apr-2021 at 15:48
Адреналинскиот парк чека да стивне пандемијата

Доколку состојбата со коронавирусот биде стабилна и може да им се гарантира безбедност на посетителите, новиот адреналински парк во Карпош ќе биде пуштен во употреба во мај. Од локалната власт информираат дека во крајна фаза е постапката за технички прием и предавање на паркот од Светска банка на Општина Карпош, со оглед на фактот што за овој проект се користат средства – грант од Европската Унија, а постапката ја спроведуваше Светска банка.

– Содржинскиот дел и изведбените активности на Спортско-адреналинскиот парк се целосно завршени. Инфраструктурно се завршени игралиштата за фудбал и одбојка на песок, детското игралиште, адреналинскиот дел, мини скверот, скејт-паркот, како и пристапните патеки низ паркот. Исто така, засадени се и нови дрвја, тревна површина и поставен е систем за наводнување – велат од Карпош

Отворањето на новата рекреативна зона градоначалникот Стефан Богоев ја најави за минатото лето, кога беше веќе завршен содржинскиот дел на паркот.

– Десетина луѓе веќе се обучени за инструктори, во рамките на адреналинскиот дел. Ќе бидат ангажирани и лица од Спортско-качувачката федерација на Македонија. Во рамките на паркот се засадија и 70 висококвалитетни дрвја, 30 украсни растенија, а поставен е и систем за наводнување – информираше уште летото Богоев.

Оттогаш до денес состојбата не е променета и паркот иако изграден, сѐ уште не е пуштен во употреба. Општина Карпош за изградбата на овој парк доби грант од 38.100.000 денари од Европската унија, а Општината партиципираше со околу пет милиони денари.

Во подготовка е уште еден голем проект, реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош.

– Во завршна фаза е основниот проект, кој го подготвува Агенцијата за млади и спорт, по што ќе започнат активностите за реконструкција на салата „Партизан“.Минатата недела, во теренска обиколка на салата беа стручни лица – статичари, кои извршија дополнителен увид за потребите за подготовка на проектот – велат од Карпош.

Колку за потсетување, уште во мај 2020 година, експертски тим предводен од Страшо Поповски, дипломиран градежен инженер и компанијата „АДИНГ“ АД Скопје, според тогашните информации од Општината, извршиле процена на статичката стабилност и употребливост на салата „Партизан“. Притоа, тие утврдиле дека објектот е направен од армирано бетонска конструкција, која е во генерално добра состојба, по што се констатирало дека нема значајни оштетувања на бетонот, што значи дека со санација на објектот и неговите инсталации „Партизан“ може повторно да се врати во функција.

https://www.slobodenpecat.mk/adrenalinskiot-park-cheka-da-stivne-pandemijata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 09-Apr-2021 at 16:18
АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК КОЈ ОПШТИНА КАРПОШ ГО НАПРАВИ СО ПАРИ ОД ЕУ ОДИ КАЈ ПРИВАТНА ФИРМА КОЈА ЌЕ НАПЛАЌА ВЛЕЗ

Адреналинскиот парк на кејот на реката Вардар во скопската населба Карпош 4 направен со пари од Европската унија, ќе оди под закуп кај приватна фирма. Фирмата која ќе победи на јавниот повик на Општина Карпош ќе стопанисува со паркот вреден 700.000 евра и ќе наплаќа влез за посетителите.

На денешната седница на Советот на Општина Карпош беше донесе одлука за давање под закуп на овој рекреативен простор, со образложение дека на тој начин ќе биле покриени трошоците за одржување на паркот од околу 60.000 евра годишно.

„Локалната самоуправа се одлучи на овој чекор, од аспект на покривање на трошоците за одржување на адреналинскиот дел од паркот, како што се годишна цена на амортизација, материјали за одржување и опрема, меѓународна инспекција, осигурување на карти, лични приходи за вработените и слично. Во овој случај, правните лица кои се заинтересирани да го закупат на овој дел, треба да бидат регистрирани за соодветната дејност, што подразбира дека тие се одговорни за примена на безбедносните протоколи, кои ќе ги спроведат стручни лица кои ја поседуваат лиценцата EN 15567-2“, велат од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев, додавајќи дека останатиот дел од паркот во чии рамки влегуваат двете игралишта на песок, скејт паркот, скверот и детското игралиште ќе бидат бесплатни за користење.

Средствата за изградба на паркот се обезбедени преку грант од Европската унија во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. Грантот е околу 620.000 евра, а од буџетот на Општината за реализација на проектот се одвоени околу 80.000 евра.

Која ќе биде цената за влез, од Општината велат дека ќе се одреди кога ќе биде одбрана фирмата која ќе стопанисува со паркот.

На нашето прашање дали адреналинскиот парк смее да се дава под концесија на приватна фирма со оглед на тоа дека е правен со грант од ЕУ, ни одговорија дека таква пречка нема туку напротив тоа се предвидувало со договорот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/adrenalinskiot-park-koj-opshtina-karposh-go-napravi-so-pari-od-eu-odi-kaj-privatna-firma-koja-ke-naplaka-vlez/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 09-Apr-2021 at 23:20
Судбина ќе има бетер од она со памп-траковите стази, никој нема да го користи...се утепаа од кај нас луѓе во потрага на адреналин.
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 13-Apr-2021 at 10:34
Нов оделен дел за миленици во паркот во Ѓорче:

(на листовите пишува: Ова не е нужник за вашето милениче, така да претпоставуван никој не собирал после кучето)


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 30-May-2021 at 16:48
Карпош сè уште го чека ветениот парк од 60.000 м2



Повеќе од една година помина како беше најавен парк во Карпош 4. Просторот е израмнет и се подготвени околу 60.000 квадратни метри. Градоначалникот, Богоев, вели – сè е во рацете на Град Скопје кој треба да избере фирма за изведување на работите.

Таму започнавме активности со меѓу општинска соработка со градот Скопје. Градот Скопје и општината го најавија паркот, започна таму расчистувањето и беше објавен конкурс од страна на Град Скопје за најдобар проект којшто ќе треба да биде усвоен понатаму од Комисијата и беше во тој период усвоен“, рече Стефан Богоев, градоначалник на Карпош.

Скопскиот градоначалник Шилегов вели проектот доцнел поради истрага. Имено, МВР во април поднело кривична пријава за загрозување на животната средина откако местото било затрупано со градежен шут и смет од Инфективната болница.

„Па може до крајот на јуни веќе и официјално да започнеме само треба да ги до расчистиме формалностите со Министерство за внатрешни работи со оглед на поднесената кривична пријава“, рече Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се стопира градбата на паркот, кој инаку треба да се наоѓа меѓу Илинденска и кејот на Вардар. Според партијата, со него може да се загрозат бунарите со вода за пиење кои се користат за потребите на градот.

https://alsat.mk/mk/karposh-se-ushte-go-cheka-veteniot-park-od-60-000-m2/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 22-Jun-2021 at 15:42
Паркот „9 Мај“ полека го добива својот лик!









https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 10-Jul-2021 at 10:49
Паркот во Мичурин,здравје ќе озелени по првите посилни дождови.Незнам зошто е толку тешко да се пуштат прскалките кои чинам пролетва ги монтираа.(од твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 13-Jul-2021 at 11:51
сега па поплава направиле...(твитер)

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 766
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 13-Jul-2021 at 23:13
Тоа е таа македонска страст, или се сака до бескрај, или се мрази до бескрај, балансирана средина не постои

Ова турни ме да кинисам со социјалните мрежи веќе сите граници ги надмина. Уште малку ќе треба на твитер редовни постови да се пишуваат за струја да се произведува, оти нели ако некој не побара на твитер или фб нема што тие да се замараат и самоиницијативно да превземат што и да е.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 17-Aug-2021 at 23:03
Со избориве има некои интересни информации за паркот во Карпош 4. Знам дека е предизборна пропаганда и насловот на написот е тенденциозен, ама можеби е вистинската причина зошто се одлага уредувањето на овој парк. Посебно ако навистина треба да се откупат плацови.

https://www.makedonijadenes.mk/zgradi-namesto-park-vo-karposh-4/?fbclid=IwAR19YtwKBx_n4gVwC4hjTyv_TPS_b7hwWBqO8Q6Tw_Zp_tmTMljB9XhSPLQ#

Згради наместо парк во Карпош 4?
Долго најавуваниот парк во Карпош 4 кој беше дел од изборната програма на актуелниот градоначалник Стефан Богоев може да биде „заграден“ со згради, обвинуваат од локалниот огранок на Левица во Карпош.

Оттаму обелоденуваат дека дел од парцелите кои се наоѓаат на местото на предвидениот парк веќе се во сопственост на повеќе градежни компании.

Во продолжение следи целосната реакција на Левица Карпош:

„Паркот во Карпош 4 беше главното ветување на Стефан Богоев и СДСМ за време на кампањата во 2017 година. Иако во изборната програма крајниот рок за изградба беше 2020 година, активностите за паркот се’ уште не се започнати. СДСМ и Стефан Богоев првично ги демантираа гласините дека во близина на паркот ќе се градат згради, реалноста е сосема поинаква. Значаен дел од земјиштето на кое првично се планираше и ветуваше паркот сега е во сопственост на повеќе градежни компании.

Од имотните листови добиени од Катастарот на Република Македонија се гледа дека сопственици на парцели се: Настел, градежната компанија Ривер Плус, СМС Шопс, Гранит, но и бројни физички лица (В. Алиу, М. Алили, К. Алили, Х. Османи, С. Фета, Б. Амед, М. Бектеши…).
Оттука се поставуваат повеќе прашања:
1. Колку згради СДСМ им вети на овие градежни компании?
2. Дали барањата на овие градежни компании се пречката за отпочнување со изградба на паркот?
3. На кој начин овие компании и физички лица станале сопственици на овие атрактивни парцели?

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 03-Sep-2021 at 07:11
Скопјани и скопјанки добиваат уште едно место за спорт и рекреација, отворен е новиот спортско-адреналински парк лоциран покрај кејот на Вардар во Карпош.







https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 03-Sep-2021 at 07:18
СКОПЈЕ ДОБИ АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК Ќе се закажува термини преку телефон или мејл

На кејот на реката Вардар во Општина Карпош попладнево беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град.

Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема.

Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.

Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.

За реализација на овој потпроект беше одобрен буџет од 907 .000 евра, од кои преку проектот се обезбедени 85 отсто од средствата или 770.000 евра, додека Општина Карпош партиципира со околу 140.000 евра.

За Адреналинскиот парк задолжен е „Адвенчр сајд“. Нивните претставници се дел од Спортско – качувачката федерација. Имаат поминато и посебна обука со цел правилно функционирање и поголема безбедност за сите посетители на Адреналинскиот парк. За другите делови од паркот, како одбојкарското и фудбалското игралиште ќе бидат задолжени од општинското оделение за спорт.

Сите заинтересирани граѓани ќе можат да закажуваат термини преку мејл и телефон што дополнително ќе бидат објавени.

https://plusinfo.mk/skop-e-dobi-adrenalinski-park-e-se-zakazhuva-termini-preku-telefon-ili-me-l
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 18-Oct-2021 at 17:12
Парк Нинберг - Аеродром - Скопје



https://www.facebook.com/aerofoto.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 04-Nov-2021 at 17:55
За осум години Урбаниот парк двојно намален





Жители на Центар реагираат дека пропаѓа Урбаниот парк, што се наоѓа во центарот на градот, и го бараат зеленилото назад. Тие ги споредуваат сателитските снимки од 2013 и сега од 2021 година, според кои како што велат Урбаниот парк пред осум години бил со површина од околу 9.050 квадратни метри, додека сега е сведен на само 5.100 квадрати.

– За осум години, речиси двојно е намалена површината на паркот. Тој е запуштен, претворен во паркинг. Не е доволно еднократно да се избркаат возилата паркирани во паркот, утре пак ќе дојдат. Треба столпчиња, треба обновување на урбаната опрема, навечер светло да се пушти, да озелени делот кој е оштетен – предлагаат центарци.

Од Општина Центар, која е надлежна за одржување на овој парк, велат дека се планира комплетна реконструкција на паркот.

– Што се однесува до паркирањето, заедно со Град Скопје, ЈП ПОЦ постојано се интервенира на тој потег – изјави градоначалникот на Општина Центар во заминување, Саша Богдановиќ, кој додаде дека се надева дека тој проект ќе биде продолжен и од новиот градоначалник Горан Герасимовски, бидејќи тоа е за доброто на граѓаните.

https://www.vecer.press/за-осум-години-урбаниот-парк-двојно-на/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.202 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.