build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Превоз на велосипеди во македонските возови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Превоз на велосипеди во македонските возови
    Posted: 10-Sep-2013 at 17:57
Имаме преубава земја со прекрасни пејсажи кои се на извонредно блиска далечина од кој било македонски град да тргнеме како почетна точка. Иако имаме неразвиена железничка инфраструктура, сепак со железнички пруга се поврзани голем број од културно - историските и природните богатства во земјава. Возови колку-толку сообраќаат за да можеме да се транспортираме, но...

...најголемиот проблем во македонските возови се превозот на велосипеди на патниците. За разлика од СЕКОЈА европска земја во која постојат вагони приспособени за транспорт на овие превозни средства на две тркала, во Македонија не постои ниту една гарнитура или вагон што се опремени за превоз на велосипеди. Проблемот на љубителите на овој спорт е огромен, покрај тоа што нивната бројка секоја година достигнува поголеми размери. Дури и доколку се најде место во претесниот простор во возовите, велосипедите претставуваат пречка за разминување на патници и предизвикуваат гужви и нервози во вагоните. Простор има единствено во „Шпанците“, но и таму нема соодветни закачалки за велосипедите.

Огромен проблем е и тоа што МЖ-Транспорт нема воспоставено тарифа за пренесување велосипеди. Истите се сметаат како и секој останат товар, па така сумата за пренесување на љубимецот на две тркала постанува сериозна финансиска потешкотија за граѓаните. Понекогаш кондуктерите не земаат пари за овој „неочекуван товар“, но понекогаш и знаат да побараат огромна сума или да го предупредат велосипедистот да се симне од возот.

Покрај можноста да се истражи локалитетот Хераклеа, Пелистер или пак да се извози тура до Преспанско езеро, на пример, со битолскиот воз, во Европа возовите се користат и за секојдневен транспорт на велосипеди. Тоа би значело, ако имате работа од Прилеп во Скопје, за мала сума на пари да го качите на воз вашиот миленик и во Скопје воопшто да не користите јавен превоз или автомобил, туку со велосипед од Железничката станица да заминете до посакуваната дестинација.

Инвестицијата во овој зафат е премала, би рекол и смешна. Во вагоните, во едно купе би требало да се извади еден ред седишта и да се монтираат закачалки, идентично како и во електромоторните гарнитури, додека во дизелмоторните гарнитури треба само да се монтираат закачалки, бидејќи тие веќе имаат простор за багаж.

Ова нека биде своевиден потсетник, но и мала акција за оспособување на македонските возови за превоз на велосипеди.
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Mar-2014 at 10:27
Во времето, мојот велосипед по барање на кондуктерот го сместив во крајниот дел на последниот вагон, испред вратите за премин од вагон-во вагон.
Цената од Скопје до Кичево во тоа време (пред 20-тина години) колку што се сеќавам беше 50-60 денари.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Sep-2018 at 19:29
На линкот има интересни фотки и фина мапа, но и други информации...
________________________

Патепис од експериментот: Со точак во воз низ Скопје

На 22.09.2018 во Скопје во организација на Град Скопје и Македонски железници, а поддржано од НаТочак и Прв до врв, за прв пат се направи експеримент на комбинирање на железнички и велосипедски сообраќај за транспорт низ градот.
Возевме со нашите точаци од Центар до Лисиче, каде се качивме на воз кој нè однесе до Ѓорче Петров (со застанување на станицата при Транспортен центар и поминување низ станицата Скопје Север) и потоа возевме со точаци назад до центарот на градот каде на Рекорд го прославивме Денот без автомобили.

Целта на овој експеримент или екскурзија беше да испитаме: во какви услови се дел од скопските железнички станици, какви се условите во возовите за пренос на точаци и дали е возможно да постои скопска железница на постоечката железничка инфраструктура.

Повеќе на https://natochak.blogspot.com/2018/09/blog-post.html
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.