build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Текстови за Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Sep-2015 at 10:48
СКОПЈЕ СЕ ОТКАЖА ОД ПРЕПОРАКИТЕ НА СВЕТСКИТЕ АРХИТЕКТИ

Георги Константиновски

Актуелна тема која се провлекува веќе неколку години е обезличувањето на архитектурата на централниот дел на Скопје. Со потфатот од страна на власта да се облечат во барок постојните објекти во овој дел на градот се прави крупна грешка. Грешката е дефинирана како бришење на еден историски период на модерната архитектура кај нас, која особено цутеше се' до почетокот на 21 век. Грешката се состои во намерата да се прифати еден стил кој особено цутеше во 17 век, особено во Франција и Германија, а со тоа да се враќаме со стотици години наназад, наместо да чекориме паралелно со светските тенденции на современата архитектура.

Узурпацијата на една рекреативна зона покрај коритото на реката Вардар со изградба на државно-административни институции, како и објекти од областа на културата е исто така грешка направена од страна на наредбодавците. Во урбанистичката наука се става посебен акцент на правилниот сооднос помеѓу содржините кои на граѓаните ќе им служат во животот којшто се одвива преку ден и оној којшто се одвива преку ноќ! Овој податок е посебно значаен за правилна расподелба на зоните за изградба со цел животот во градот да биде подеднакво привлечен за сите граѓани независно во кој дел од градот живеат!

Објектите од административен карактер, како и објектите од културата (кина, театри, оперски куќи), во ниту еден случај не смеат да се градат покрај рекреативни зони затоа што тие во ноќниот период остануваат мрачни, а често и со стравични силуети што само по себе го умртвува живеењето на градот. Тие треба да бидат распоредени во ткивото на градот и локациски предодредени со цел да им служат и да им го олеснат животот на граѓаните. Овие објекти со својата архитектура отскокнуваат од станбената архитектура која секогаш треба да делува смирено и достоинствено.

Во врска со ова големиот јапонски архитект-урбанист КензоТанге го изнесува своето стручно мислење кое истовремено со себе носи и една хумана нота: „Улиците на градот треба да бидат изградени со таква архитектура која на жителите ќе влијае стимулативно, со низа која од време на време ќе биде прекинувана токму со објекти од административен или културен предзнак кој директно ќе ги задоволува потребите на граѓаните и ќе претставува место за препознавање на еден дел од градот“. Оттука може да се заклучи дека сите објекти без исклучок изградени по целата крајбрежна зона покрај реката Вардар во последниве неколку години се погрешно локациски избрани. Каква била концентрација на објекти од истородни функции е погрешна!

Во организација на архитектите на Њујорк во 1965 година присуствував на предавањето посветено на шпанската архитектура што го одржа големиот американски архитект Ричард Нојтра. Преку многуте колор дијапозитиви направи преглед на значајни објекти од повеќе градови во Шпанија. Во излагањето го нагласи својот став според кој Шпанија во поглед на архитектурата го зазема првото место во Европа. Тие негови зборови како новина се врежаа длабоко во мојата меморија.

Во 1970 година со група уметници ја посетив Шпанија и според утврдената програма ги посетив речиси сите знаменити места познати со својата архитектура. Тогаш се присетив на зборовите на архитектот Нојтра. Суштината на големината на архитектурата се состоеше во тоа што Шпанците го почитувале претходно изграденото во сето она што го граделе низ вековите Така во еден објект можеа да се видат сите стилови на архитектурата градени низ вековите! Девизата била: гради во духот на денешното време, но почитувај го претходно изграденото! Така во сите објекти што ги посетивме се нижеа стиловите последователно, почнувајќи од мудеханскиот, па преку романскиот и готскиот се' до модерниот.

Во насока на изложеното, слободно може да се заклучи дека архитектурата во Скопје во последниве неколку години чекори во сосема спротивна насока! Погледнете го централното подрачје на градот и уверете се!

„Ако ги реализирате препораките од експертите на Обединетите нации, Скопје ќе биде еден од најубавите градови во светот!“

Така гласеше препораката од експертскиот тим во книгата „Скопје повторно се раѓа“. Во неа на 180 страници беше презентирано новото урбанистичко решение на централната зона на градот Скопје, изработено од стручни тимови на урбанисти, архитекти и други стручни профили на претставници од Полска, Грција, Обединетите нации и од нашата земја. На крајот, овие експертски тимови кои работеа во Скопје непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје во периодот од 1963-1966 година, во заклучокот ги дадоа своите препораки за идниот развој на градот. Од тие препораки, со цел да не се заборават, ќе наведам само неколку позначајни:

- овој план за централната зона на градот Скопје треба во целост да се почитува;

- се' што се гради треба да биде во духот со времето во коешто се гради;

- во крајбрежната зона на реката Вардар не смее ништо да се гради;

- Калето како дар од природата со својата доминантна природна положба треба
да се зачува и облагороди со обмислено партерно и хортикултурно решение;

- во блиската и подалечна околина на Калето не смеат да се градат високи објекти со цел да не се попречува видикот кон него;

- треба строго да се почитува усвоеното решение за регулацијата на реката Вардар со своите каскадни платоа;

- реката како природен феномен не смее да се злоупотребува за какви било содржини коишто ќе му го намалат профилот на реката;

- во крајбрежната зона на реката, која е ризична од аспект на земјотреси, можат да се градат само приземни објекти од лесен материјал со содржини наменети за шетачите по кејот…

Ако внимателно ги прочитаме овие препораки од врвните експерти кои со голем ентузијазам му ја претскажуваа блескавата иднина на нашиот главен град Скопје, со жал ќе констатираме дека не само што ништо не е почитувано, туку дека намерно се омаловажени, жестоко газени и фрлени во заборав за вечни времиња.

На крај, би сакал да го завршам ова излагање со извадок од текстот од нашата реномирана новинарка Соња Крамарска објавен во „Утрински весник“ на 12 септември:

„А(х) бре, Македонче. Кога само ќе помислиш колку знајни и незнајни пари се прелеале од твои во туѓи џебови, ти доаѓа да се запрашаш зошто ти била таква судбината да те водат такви политички елити. Една проста математика ќе каже дека во текот на нашиот живот на сите нам ни бил украден барем по еден стан, куќа и автомобил. Затоа тие имаат, а ние немаме, а не затоа што се попаметни и поспособни од нас или затоа што живееме во ’сиромашна‘ држава“.

(Авторот е архитект)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=7FC3D1CAFEDF6B46ADC9B168C52C28C5
За сè има вторпат
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Sep-2015 at 13:12
Џорџе .... Џорџе
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 31-Dec-2015 at 10:51
КИСЕЛА ВОДА ИМЕНУВАНА ПО ВОДА, ДРАЧЕВО ПО РАСТЕНИЕ, А ЧАИР ПО ЛИВАДА

Податоците се од книгата „Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) од етнолошки аспект“

Деспина Трајковска-Димова

Сигурно некогаш сте се запрашале како ги добиле своите имиња денешните скопски општини, населби и маала. Можеби сте се подзамислиле од кое време потекнуваат имињата, им се менувале ли во зависност од периодот, од демографските карактеристики. Навистина ли Кисела Вода е именувана по некоја вода, Драчево по растение, а Лисиче по многубројните лисици што живееле во тој дел од градот? За голем дел од имињата постојат неколку кажувања, верувања, приказни од хроничари.

Во овој случај, за потеклото на имињата и нивното значење се користени информации од книгата „Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) - од етнолошки аспект“ напишана од авторите Алла Качева, Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска.

Се чини, многумина знаат дека Аеродром, една од поновите општини, го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај сегашната поликлиника „Јане Сандански“. Првиот патнички авион таму слетал на 15 јуни 1928 година, бил од типот „потез 29“ од француско производство и превезувал пет патници. Аеродромот бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.

Денешната Општина Чаир, пак, името го добила од Турците и потекнува од турскиот збор cair што значи ливада. Всушност, територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и наликувала на ливада, па оттаму и името на општината.

Автокоманда е крстена според касарната на српската војска „Аутокоманда“, која се наоѓала во овој дел на Скопје. Касарната била изградена 1914 година и служела за стационирање на српската војска. Неколку години подоцна и целата новоподигната населба го добила името Автокоманда.

Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина Кисела Вода е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода. И, токму така. Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин. На местото каде што денес се наоѓа црквата „Свети Никита“ извирала кисела вода.

Општина Гази Баба, пак, своето име го добила, не поради тоа што некој газел баба, туку според името на османлискиот кадија, научник и поет од 16 век Ашик Челеби, познат кај народот како кадија Гази Баба.

Општина Ѓорче Петров пред да го добие името на големиот македонски револуционер, се викала според францускиот генерал Ханрис и бугарскиот генерал Жостов. Денешната населба Ѓорче Петров е создадена непосредно по Првата светска војна, како предградие на град Скопје. До Ѓорче се стигало само со познатото „вовче пампурче“.

Од скопските маала, односно населби, како поинтересни се издвојуваат имињата на Маџир Маало, Дебар Маало, Топаана, Буњаковец, населба Драчево...

Една од најстарите скопски населби, Маџир Маало, името го добива според богатите доселеници кои граѓаните ги викале маџири. Всушност, првото име на денешно Маџир Маало било населба Вардар, бидејќи куќите биле подигнати покрај течението на реката. Таа населба била првата која ги исполнувала критериумите за урбана населба. Но, кон крајот на 19 век со доселувањето во овој дел од Скопје на богаташи кои своето богатство го стекнале за време на турските војувања во христијанските земји, главно во Мала Азија и на Балканот, населбата го добива името Маџир Маало. Во ова маало се наоѓале најубавите куќи во тогашно Скопје, односно Маџир Маало била најелитна населба во Скопје.

Дебар Маало го добива името според градот Дебар, од каде што потекнувале првите жители кои го населиле овој дел на Скопје. Откако во 1918 година делови од Западна Македонија припаднале на Албанија, голем број македонски семејства биле принудно иселени од своите домови. Дел од нив се доселиле во Скопје и во Дебар Маало изградиле нови домови.

Топаана била местото каде што турската војска ги поправала топовите, па оттаму османлиите овој дел од Скопје го нарекле поле на топовите, или на турски Топхана. Тапаана била подигната веднаш штом османлиите го окупирале градот.

Населбата Буњаковец е една од оние која го носи името по угледна и богата фамилија од тоа време. Населбата го добила името на фамилијата Буњак, во чија сопственост биле поголем дел од парцелите на кои се граделе првите куќи. Целото земјиште во овој дел од Скопје било сопственост на неколку фамилии, меѓу кои најпознати и најбогати биле Буњаковци.

Селото и населбата Лисиче се крстени според малото место Лисичка каде што почнале да се градат првите куќи на селото Горно Лисиче. Но, во 1900 година надојдените води на Маркова Река ги поплавиле нивните куќи, па жителите се повлекле погоре во месноста каде што имало лисици и која била наречена Лисичка. Жителите малку го измениле името на новото место за живеење и ги крстиле Лисиче.

Селото и населбата Драчево името го добиле според трнливото растение драч, кое го имало во изобилство во овој дел од градот. Според усните преданија, настанувањето на Драчево е поврзано со месноста Салаково на планината Караџица.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=4BD38D350B28D44580E71EC9F091073E
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Jan-2016 at 21:58
Градот пред и по Пиколомини

Во почетокот на 17 век, Скопје веќе оддава впечаток на голем и развиен трговски град. Градот и Чаршијата речиси, секојдневно растат, така што бискупот на Бар, Марин Бици во 1604 година ќе запише дека Скопје имало двестотини илјади жители во повеќе од четириесет илјади куќи. Овие бројки секако дека се претерани, но факт е дека многу патници што поминувале и престојувале во него говорат за Скопје како за голем град, кој сега е раширен и на десниот брег од реката Вардар. Тоа го пптврдуваат и „вакуфските“ белешки каде тој, по големината и богатството се опишува како втор град во европскиот дел на Турција. Познатиот англиски патеписец доктор Едвард Браун, во 1669 година наведува дека Скопје имал прекрасен безистен со оловен покрив околу кој имало многу улици покриени со штици и многу разновидни занаетчиски дуѓани. Во тоа време, градот извезувал волна, восок, вино, платно, свила, тутун, гајтан, свилен конец, срма и разни златни и сребрени предмети и украси. Турскиот поет Дилгер Зеде, во тоа време пишува: „Долго време патував по земјата Румелија и на други страни и видов многу убави градови и, со благослов на Алаха, бев восхитен, но ниеден толку не ме зачуди и восхити како рајскиот град Скопија, низ кој тече реката Вардар.“ Меѓутоа, наскоро тоа ќе се промени. Австриските трупи ја поразуваат турската војска и генералот Пиколомини влегува во Скопје на 25 октомври 1689 година, а во дневникот ќе запише: „Скопје се протега на голема површина и само малку е помал од Прага. Обиколен е со прекрасни многубројни овоштарници во пространата и плодна, добро култивирана котлина. Градот има околу шеесет илјади жители, од кои две илјади се Евреи.“ Сепак, Пиколомини до темел ќе го разурне и опожари Скопје, поради појавата на чума. Притоа, ќе запише: „Решив иако, не е лесно, градот да го претворам во пепел. Жалам поради куќите, какви не сум видел во оваа војна. Џамиите се од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници светилки на позлатени алкарани, на кои човек би им посветил подеднакво внимание и во Рим. Жалам и поради убавите старини, градини и места за забава. Решив да го запалам градот за на непријателот да не му оставам што било, што би му користело.“ Во големиот пожар што траел два дена (26 и 27 октомври) уништено е се што било со векови создавано. Најмногу ќе настрадат богатата чаршија, во која ќе останат неколку џамии и амами и еврејскиот дел од градот, каде ќе изгорат речиси сите куѓи и двете синагоги.

staracarsija.mk

Edited by Staro Skopje - 16-Jan-2016 at 21:59
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Jan-2016 at 23:40
Нема теорија да имал 200к. Париз и Лондон имале по толку во тој период.

Зошто се спомнува чумата како изговор, кога од мемоарите се гледа дека го запалил за да му напакости на непријателот.
Има ли некои други градови, притоа опишани како преубави, сторени пепел ради чума?

Edited by fichot - 16-Jan-2016 at 23:42
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 17-Jan-2016 at 00:12
Нема. Исто како што ретко кој град доживел 6 катастрофи (3 земјотреса, пожар, две големи војни).
Еве го горниот текст со повеќе информации. Ги болдирав информациите кои ги сметам за поважни или интересни

Старата скопска чаршија во XVII век

Во почетокот на XVII век, Скопје веќе оддава впечаток на голам и развиен трговски град. Градот и Чаршијата речиси секојдневно растат, така што бискупот на Бар Марин Бици во 1604 година ќе запише дека Скопје имало 200.000 жители во повеќе од 40.000 куќи. Овие бројки, секако, се претерани, но сепак е факт дека многу патници што поминувале и престојувале во Скопје, слично како и Фран Дифрен-Кане, говорат за него како за "голем град", кој сега е раширен и на десниот брег на Вардар. Тоа, впрочем, го потврдуваат и "вакуфските" белешки во кои Скопје по големината и богатството било втор град во европскиот дел на Турција.

   Во првата половина на XVII век Скопје е и средиште на Инспекторатот за златни и сребрени рудници во скопската област, а во него постоела и монетарница.

   Горенаведеното го потврдува и познатиот англиски патописец доктор Едвард Браун, кој во 1669 година наведува дека Скопје е голем трговски град, во многу пријатен и плоден крај. Тој истакнува дека во градот, кој е "убав и добро населен", покрај другите занаети, има 700 кожари, кои изработувале многу квалитетни кожи познати под името "Скопски кордован".

   Покрај тоа, Браун наведува дека Скопје имало прекрасен безистен со оловен покрив, околу кој имало многу улици покриени со штици и многу разновидни занаетчиски дуќани. Во тоа време Скопје извезувало волна, восок, вино, платно, свила, тутун, гајтан, свилен конец, срма и разни златни и сребрени предмети и украси.

   Познатиот турски патописец Евлија Челебија, кој двапати го посетува градот во периодот меѓу 1660 и 1668 година, пишува дека Скопје имало 70 маала со "околу десет илјади и шеесет прекрасни куќи, приземни и на кат, а се градени од тврд материјал" и "покриени со црвени ќерамиди". Во градот, како што истакнува Евлија Челебија, имало 120 џамии, поголем број медреси, 70 мектеби, 110 чешми и 200 себили, повеќе амами и анови, кои "се многу пријатни", и 9 имарети (бесплатни јавни кујни). Околу градот, според неговите белешки, имало "77.000 дулуми приватно земјиште и уште толку вакуфски лозја". Опишувајќи ја Чаршијата, тој истакнува дека "таа се состои од 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари што се градени од цврст материјал и украсени со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата безаза (каде што трговци продаваат памучни ткаенини), чаршијата газаза (се изработуваат и продаваат свилени ткаенини), чадорџии (кои изработуваат чадори), папуџии (хафафи), бојаџии и такјаџии (што изработуваат капи); тоа се големи чаршии плански градени. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, синолички, рози, зимски рози (нерсин), босилек, јоргован и замвак (крин) во вази и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителот или на трговецот.

   Овде има многу образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги, кога има големи горештини, сиот скопски пазар прилега на багдадски ладилници зашто сите негови чаршии се со наткриени капаци и сводови, како во Сараево и Халеб.

   Има еден безистен кој е толку убав што јазиците и перата се немоќни да го опишат. Тој е како силна тврдина со железна порта на два влеза, а е изграден со куполи. Трговците со увозна стока што работат во тој безистен им палат темјан на своите посетители и ги попрскуваат со розино масло. Овде човечкиот мозок уште го опијанува и миризбата од мошус, рубаба, амбра, канфора и зумбул".

   Дилгер Зеде, турски поет од XVII век, за Скопје, пак, пишува: "Долго време патував по земјата Румелија и на други страни и видов многу убави градови и, со благословот на Алаха, бев восхитен, но ниеден толку не ме зачуди и восхити како рајскиот град Скопија, низ кој тече река Вардар".

   Меѓутоа, развојот на Скопје и на неговата чаршија наскоро повторно насилно ќе биде прекинат. Дотогаш, речиси, наспобедливата турска војска во втората половина на XVII век започнува да трпи сериозни порази. По неуспешниот обид да ја освои Виена во 1683 година, таа е присилена шест години подоцна да го напушти дури и Скопје. Австриските трупи, предводени од генерал Пиколомини, влегуваат во Скопје на 25 октомври 1689 година, воодушевувајќи се од неговата убавина. Генерал Пиколомини за Скопје ќе запише: "Скопје се протега на голема површина и само малку е помал од Прага. Градот е обиколен со прекрасни многубројни овоштарници во пространата и плодна, добро култивирана котлина. Градот има околу 60.000 жители, од кои 2.000 се Евреи. Но, и покрај тоа што Пиколомини градот го споредува со убавината на тогашна Прага, тој од темел го разурнува и го опжарува поради појавата на чума. Притоа, тој ќе запише: "Решив, иако не лесно, градот да го претворам во пепел. Жалам поради куќите какви не сум видел во оваа војна. Џамиите се од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници светилки на позлатени алкарани, на кои човек би им посветил подеднакво внимание и во Рим; жалам и поради убавите старини, градини и места за забава. Рашив да го запалам градот за на непријателот да не му оставам што било што би му користело".

   Во големиот пожар, што трае два дена - на 26 и 27 октомври - е уништено се што било со векови создавано. Градот веќе не постои. Покриени со пепелишта ќе останат во урнатини неговите маали, куќи, палати и јавни објекти. Притоа, најмногу ќе настрадаат богатата чаршија, во која ќе останат само неколку џамии и амами, и еврејскиот дел на градот, во кој ќе изгорат речиси сите живеалишта и двете синагоги Бен Аарон и Бен Јаков.

   По повлекувањето на австриската војска, градот преминува во рацете на востаниците на Карпош, кои уште пред доаѓањето на трупите на Пиколомини, креваат востание против турското ропство. Меѓутоа, наскоро турскиот заповедник Махмуд-паша собира силна војска против востаниците. По тешката и нерамна битка во Куманово - главното упориште на востаниците - Карпош е заробен, а утврдените востаници во Скопје, по налетот на турската војска, потпомогната од кримските Татари, се поразени, а Карпош е набиен на кол на Камениот мост и исечен на парчиња. Веднаш потоа за несреќното немуслиманско население наидуваат тешки години, исполнети со терор, страдања и грабежи, кои ќе траат и во првите децении на XVIII век.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 17-Jan-2016 at 01:31
7 катастрофи. Го заборави ск2014.

Edited by fichot - 17-Jan-2016 at 01:31
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 17-Jan-2016 at 01:43
8, тука е и транзицијата, и неа сум ја изумил.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 17-Jan-2016 at 04:08
Ама транзицијата не е ограничена на Скопје.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-Feb-2016 at 11:18
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Feb-2016 at 17:06
И тоа не ни видела пола и повеќе од Скопје, а се воодушевила. И конечно во еден текст, да не е спомнат „проектот“

Прочитајте ги и коментарите подолу, дури и да се изненадиш.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 11-Feb-2016 at 18:01
За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 11-Feb-2016 at 18:22

https://youtu.be/Cz9U0FmoePQ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Feb-2016 at 21:23


Ја разгледав книгава во книжарница. Чини 1.900 денари и со неа доаѓа и ЦД/ДВД на кое веројатно има воздушни снимки од Скопје.

Книгата е поделена на неколку поглавја:

Национални институции - тука се прикажани Собранието, новата зграда на Владата, МНТ, НУБ Св. Климент Охридски (новиот и стариот дел), Народна банка, МТВ, Градскиот архив, МОБ, Хидрометеоролошки институт, Основен суд, МАНУ;

Музеи - Археолошки, Музеј на ВМРО, Музеј на холокаустот, Музеј на Македонија, Музеј на Град Скопје, Музеј на современа уметност, Даут Пашин Амам, Чифте Амам, Сули Ан, спомен дом на Мајка Тереза;

Административни згради - зградата на Т-Мобиле (на плоштад Македонија), Нова Македонија, новото Министерство за финансии, новиот Кривичен суд, Министерство за правда (со сменета фасада), Јавно обвинителство, МНР, палата Панко Брашнаров, порта Македонија (навистина не знам зошто е сместена во оваа категорија), ЕВН (стара слика, без бетонската оплата околу неа), МЕПСО (стара слика, без „барокизацијата“), Главна пошта и Телеком, новата зграда на ВМРО, АЕК, канцеларријата на ЕУ (спроти Нова Македонија), Еуростандард банка, Емпориум, Фероинвест, Комерцијална Банка (Сан Марко), Царина на РМ, болницата Аџибадем-Систина, Халкбанка;

Комерцијални згради - Александар Палас, Сити Мол, Рамстор, Веро Центар, Капитол, зградата на скопскиот аеродром, СП Планет, ГТЦ, хотел Ибис, Соравија центар, хотел Мериот, хотел Континентал, Холидеј Ин;

Комплекси - плоштад Македонија, Камен мост, стара чаршија, етно село Нерези, колонадата, тврдина Кале, ротондата (?!), жичницата, кејот со еден од бродовите, Воин на коњ;

Старо Скопје - Ристиева палата и тие неколку стари згради покрај неа, зградата со продавница Пеко на ул. Македонија, шпанска амбасада (на плоштад Јадран), МЦМ, 4 згради на бул. Илинден со обновени фасади (меѓу кои и Пионерски дом Карпош);

Верски - Свети Пантелејмон, Св. Климент Охридски, Свети Спас, Свети Димитрија (?), Свети Јован Крстител во нас. Капиштец (?), Милениумски крст, Саат кула, Султан Мурат џамија, Мистафа Пашина џамија, Света Петка во нас. Црниче (?), Свети Андреа на Матка, Католичка црква;

Станбени згради - Пелистер, три нови аголни згради во Дебар Маало (од кои две на Stone Design), Сити Тауер, комплекс Соравија на Водно, Панорамика на Водно, комплексот во Злокуќани;

Спортски објекти - СЦ Борис Трајковски (спортската сала, базенот Младост, хокеј игралиштето, не сум сигурен за водениот парк), СЦ Јане Сандански, Куќа на фудбалот;

Образовни институции - комплексот на УКИМ, студентски дом Гоце Делчев, гимназија Никола Карев;

Катни гаражи - Македонска фаланга, Макоил, Солунски Конгрес, Судска палата, Тодор Александров и Разловечко востание.

______________________________________


Имам многу замерки. Пропуштени се многу битни згради за Скопје, а на сметка на тоа, ставени се некои од проектот Скопје 2014 кои немаат апсолутно никаква вредност. На пример, кај верските објекти се ставани црквите од Капиштец и од Црниче кои архитектонски немаат никаква вредност, а не е ставена Пресвета Богородица. Дел од поглавјата немаат никаква поента, на пример, поглавјето Комплекси - и ја ставиле ротондата, која сама по себе е само дел од плоштад Македонија, иако плоштадот има посебна страница со слики. На некои од сликите (десетина) се гледаат скелиња на зградите на кои им се менуваат фасадите. И така натаму, да не должам.

Се разбира, книгата е поддржана од Министерството за култура. Во издание е на издавачка куќа Трето Уво.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 16-Feb-2016 at 21:41

Национални институции - Можеле да ја прикажат и зградата на Министерството за Култура, еден од преживеаните примероци на предвоената архитектура во Скопје.

Старо Скопје - Не би било лошо доколку вметнеле неколку грандиозни објекти уништени во земјотресот, како Офицерски и Народна банка. Заслужни за прикажување би биле и голем број постоечки објекти, како Градска болница, Метропол, доста голем број згради и куќи во Дебар маало (па и другите маала).

Верски - Св. Димитрија (на плоштад Филип II) е една од најзначајните скопски цркви, која своевремено служела и како соборна. Не знам дали прашалникот ти е затоа што не ти текнало која црква е или дека мислиш дека не е достојна за книгава. Доколку е второто, грешиш, кажав зошто во првата реченица. Се сложувам за св. Богородица, и таа треба да е тука.

Станбени згради - (Не) ме чуди што ги нема Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Автокоманда како плански (до)изградени станбени населби по војната.

Спортски објекти - Знам дека не е довршен, но сепак ме чуди како го испуштиле Градскиот стадион?!

Историски - Уште повеќе ме чуди како е можно да го промовираат Скопје, а да не ги вклучат Скупи и Тумба Маџари?! Не е потребен подолг коментар на темава.

Природни знаменитости - Иако се работи само за згради, Водно и Матка, едни од најпопуларните атракции на градов, исто така би требало да се најдат во книгава.

За тоа колку СК14 не треба да биде тука, нема да зборам.

Edited by Staro Skopje - 16-Feb-2016 at 21:47
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 16-Feb-2016 at 22:23
Го има и Градски стадион, јас сум го пропуштил. Што да се прави, многу згради се, не можам сите да ги запамтам.

Уште нешто, иако книгата е насловена „101 зграда во Скопје“, во задниот дел има индекс на прикажаните зданија и вкупно беа околу 117 или 118 на број. Освен тоа, книгата е двојазична (англиски и македонски).

Што се однесува до црквата Свети Димитрија, прашалникот го ставив зашто како архитектура не ми е нешто претставителна (не го негирам нејзиното духовно значење како соборна црква).

Edited by Џоле - 16-Feb-2016 at 22:24
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Feb-2016 at 23:58
Не е претставителна, ама на толку ретки стари објекти не е на одмет да ја има.

Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 28-Feb-2016 at 09:25
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 28-Feb-2016 at 10:09
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 11-May-2016 at 19:33



фин чардак фин двор на крај од текстот, сопственост на еден од првите екими со сопствена клиника во градот [1][2]

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.