build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нерези
    Posted: 17-Sep-2013 at 18:26
Мислам дека ке биде интересно и Нерези да има своја нишка. Бидејки како населено место е доста убаво и тој дел од градот со делот позади Хром по течението на вардар...
Дали е и кој дел од Нерези е урбанизиран и дали се средува тој дел би било интересно да ја обработиме темава...


Edited by Portal - 17-Sep-2013 at 18:29
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Sep-2013 at 03:00
Два-три пати имам минато по некои од помалите улички, мислам дека тоа е едно село среде град.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Sep-2013 at 12:39
Со оглед на тоа што се повеќе новопечени богаташи градат палати таму, очекувам во блиска иднина да заличи на нешто многу подобро . . .


Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Sep-2013 at 13:38
Палатите се претежно горе т.е. Горно Нерези, ова на мапава е Долно.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Sep-2013 at 16:19
Така ли се почнува нишкаBig%20smile? Tреба ли јас од Куманово да ве учам за Нерези. Па да почнеме со ред.

Како што гледам, овде станува збор за Долно Нерези, па за него и ќе пишувам.

Селото Долно Нерези лежи северозападно од Скопје, помеѓу реката Вардар на север и запад и планината Водно на југ. Водата за пиење се добива од пумпи и бунари кои ги има во секој селски двор со длабочина од 7 метри.

Деловите на селскиот атар носат имиња: Плуговина, Вардар, Бучало, Веле Глава, Рамништа, Лока или Локва, Орман, Јурија...

Долно Нерези е од разбиен тип и е поделено на три маала: Арнаутска, Македонска и Српска. Маалата меѓусебно се оддалечени од 800 до 1000 метри. Во селото вкупно има 73 куќи (1952 година).

Настанување на селото:

Помеѓу селата Долно Нерези и Влае, брегот на Вардар е висок околу 8 метри. Десниот брег на Вардар до втората половина на XIX век, лежел значително подалеку, кон  југоисток.  Тогаш постепено брегот се померал кон северозапад и поминал растојание поголемо од 1 километар. Така се создало погодно земјиште за обработување. Ова земјиште го зафатиле жители од селото Нерези на планината Водно.

Спомнатите жители до 1900-та година доаѓале само привремено за обработување на нивите, додека постојаното живеалиште им било во Горно Нерези.
По 1900-та година, во Долно Нерези започнале да градат куќи жители од Горно Нерези. Најпрвин, во Долно Нерези населени се 3 арбанашки фамилии:Шемо, Ибраим и Салија. Тии фамилии припаѓале на родовите Аџијалар и Мушкалар од Горно Нерези.

Состав и потекло на населението:

Долно Нерези по состав е, цитирам:"претежно шиптарско село (63 куќи)". Македонски куќи има 9, а српски 1 (околу 1950-та година).

Цитирам:" Mуслимански шитарски родови" се: Мемедовци, Мушкалар, Каципул, Јонга, Дојалар или Дојовет. Сите овие дошле од Горно Нерези. Овие родови до крајот на XVIII и почетокот на XIX век живееле во некое село во Горна Река (сливот на Радика). Подалечното потело им е, цитирам:"од северна Арбанија". Фазлиовци дошле од село Чифлик во сливот на Маркова Река.

Македонски родови се: Џамбовци (дошле од Горно Нерези) и Галичани (дошле од Галичник).

Српски род е Богосављевиќ (дошле од некое шумадиско село по Првата Светска Војна).

Инаку, според пописот од 2002 година Долно Нерези има 12418 жители, од кои Македонци се 10288, Албанци- 1351, Срби-378.




Edited by phenomenon - 21-Sep-2013 at 16:22
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Sep-2013 at 16:27
Originally posted by fichot

Два-три пати имам минато по некои од помалите улички, мислам дека тоа е едно село среде град.


Долно Нерези не може да биде село среде град, зашто од јужната и западната страна има ниви, т.е.  се наоѓа на периферија.

Сепак во Скопје некогаш постоело село кое сега се наоѓа среде град. Тоа е Керамидница која во 1900-та година, според Васил К'нчов имала 160 жители, цитирам:"сите Бугари христијани".


Edited by phenomenon - 21-Sep-2013 at 16:28
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Apr-2015 at 15:17
Izgleda neznaes deka vo to vreme Turcite go prvele cenzusot prema verska privrzanost na naselenieto a ne nivnata etnicka pripadnost. Makedonskata crkva ne bila priznaeta vo to vreme.
Sepak blagodaram za informacijata.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Apr-2015 at 18:13
Originally posted by phenomenon



Originally posted by fichot

Два-три пати имам минато по некои од помалите улички, мислам дека тоа е едно село среде град.
Долно Нерези не може да биде село среде град, зашто од јужната и западната страна има ниви, т.е.  се наоѓа на периферија. Сепак во Скопје некогаш постоело село кое сега се наоѓа среде град. Тоа е Керамидница која во 1900-та година, според Васил К'нчов имала 160 жители, цитирам:"сите Бугари христијани".



БРЗА контра-реплика.

Нерези сега е опкружено со град наоколу, т.е. со средени делови, Карпош4, Влае, Тафталиџе итн.. на тоа мислев.

А Керамидница во 1900-тата секако не била село во град, можеби приградска населба која граничела со градот преку Крњево, ама имало ли градски населби по нејзе од другите страни? Ја мислам не.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Apr-2015 at 18:31


Во право си. Toa може да се забележи од мапата на Скопје од 1900. година.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.