build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ТИРЗ Струмица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 652
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 10-Apr-2017 at 11:37
Фабриката „Адиент“ во Струмица стартува со произвотство во јуни

Фабриката за производство на навлаки за автомобилски седишта на американската компанија Адиент (поранешен Џонсон Контролс) во ТИРЗ во Струмица треба да биде готова до јуни годинава.

За две недели во новиот капацитет, што почна да се гради пред околу 10 месеци, треба да бидат монтирани машините и опремата, информира денеска директорот на дирекцијата Виктор Мизо.

https://www.youtube.com/watch?v=ORsj6ggVJJA

Извор
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 652
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 15-Jun-2017 at 15:53
„Адиент“ ја отвори својата нова фарбика во ТИРЗ Струмица



„Адиент“, глобалниот лидер во областа на производство на автомобилски седишта, денес официјално го најави отворањето на својата нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта, сместена во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица.

Новата фабрика се простира на површина од 12.500 м2 и е опремена со врвна технологија за производство на навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за потребите на клиентите на европскиот пазар. Заедно со иницијалната инвестиција од повеќе од 20 милиони американски долари за изградба на оваа „гринфилд“ инвестиција, „Адиент“ ќе вработи повеќе од 1.300 лица, дополнително потврдувајќи ја својата силна заложба за инвестирање во македонската економија.

-Mи претставува особено задоволство што пред една година ја најавивме изградбата на нашата нова фабрика, а денес гордо стоиме пред неа ‒ една од најголемите и најмодерни фабрики за производство на автомобилски компоненти во регионот. Оваа инвестиција е уште еден јасен доказ за нашите намери да инвестираме во македонската економија и претставува уште еден важен чекор кон проширувањето на нашата производна мрежа во Европа, што, пак, дополнително ќе придонесе кон обезбедување на нашите клиенти, односно автомобилските компании, со диференцирани производи базирани на квалитет, технологија и перформанси, изјави г. Владимир Теплик, Потпретседател на операции на „Адиент“.

На официјалната церемонија за отворањето беа присутни високи владини претставници, амбасадори, претставници од институциите, како и многубројни партнери и соработници на „Адиент“. На настанот, покрај г. Теплик, се обрати и г. Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, г. Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Македонија, како и г. Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, нагласувајќи ја важноста на ваквите инвестиции за македонската економија, како и за позиционирањето на Македонија на глобалната производна карта.

„Адиент“ е глобален лидер во производството на автомобилски седишта. Со 75.000 вработени и 230 производни фабрики/фабрики за склопување во 33 земји насекаде во светот, произведуваме и испорачуваме автомобилски седишта за сите класи на возила и сите големи ОЕМ производители. Од комплетни системи за седење, до поединечни компоненти, нашата експертиза се протега во рамките на секој чекор од процесот на производство на автомобилски седишта. Нашите интегрирани вештини што ги поседуваме внатрешно ни овозможуваат да го опфатиме целиот процес, почнувајќи од истражување и дизајн, па сè до инженеринг и производство, а сето тоа стигнува во повеќе од 25 милиони возила годишно.

Согледувајќи ги потребите за флексибилност на растот во и надвор од автомобилската индустрија, од 7 јули 2016 година, „Адиент“ се оддели од „Џонсон Контролс“ како одделен бренд со свои средства, системи, фабрики и вработени. Од 31 октомври 2016 година, „Адиент“ котира на Њујоршката берза како посебна организација.

Извор

Edited by Navigator - 15-Jun-2017 at 15:54
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10589
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Jun-2017 at 12:36










фото: mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.