build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

СРЦ Пониква

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #1 Topic: СРЦ Пониква
    Posted: 10-Nov-2013 at 19:43
ристигна дел од донираната опрема од “МЕПСО“ за ски центарот Пониква

oprema%20ponikva24.10.2013  Со товарни возила и друга механизација донесена е дел од опремата за ски-патеката за сноуборд на Пониква. Со тоа спортско-рекреативниот центар на Осогово се опремува за претстојната зимска сезона на посетителите да им овозможи дополнително уживање.

Опремата вредна околу 1 милион евра што ја донираше АД “Мепсо“ веќе се истовари во кругот на одморалиштето на МВР, од каде по соодветните подготвки ќе започне да се инсталира на теренот покрај ски патеката број 3.

Од Локалната самоуправа на Кочани присуствуваа на примопредавањето на опремата и најавија успешен старт на скијачката сезона.

- Се примаат ратракот, топовите за вештачки снег, опремата за сноуборд патеката и една моторна санка. Изведувач на работите, односно испорачател на опремата е “Енергосистеми“. Со овој дел се подготвуваме за сезоната и можеме да очекуваме кога ќе се спуштат температурите и кога ќе нема снег со овие топови да добиеме вештачки снег и да ја почнеме сезоната и порано од она што го овозможува природата, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски рече дека се очекува  уште еден дел од опремата што се најавуваше со што целосно ќе биде заокружен проектот и за ноќно скијање. Во меѓувреме се работи на придружните објекти и инфраструктура што ќе го комплетираат ски-центарот на Пониква.

- Работиме  на изработка на техничка документација  за двете мали езерца на Арамиска чешма што ќе бидат основа за квалитетно водоснабдување, иако и сега има вода на сите објекти. Преку Источно-планскиот регион помина проектот за изработка на студија за фекална канализација, односно отпадните води да се решат, така што имаме повеќе проекти што континуирано ќе течат понатаму, додаде Димитровски.

Пред Владата веќе се наметнал и  проект за современо патно поврзување на сите општини што гравитираат  кон Пониква и Осоговијата, за што оттаму се добиени позитивни  сигнали, рече Димитровски.

Т. Ајтовски

Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Nov-2013 at 19:44

Вештачки снег наврна на Пониква, се подготвува теренот за зимската сезона


Ponikva%201%20web

Пониква годинава треба да биде пример за зимски туристички центар. Со донација на А.Д. МЕПСО, денеска беа успешно тестирани топовите за вештачки снег во ски центарот. МЕПСО заедно со компанијата „Енерго систем“, изведувач на проектот за изградба на сноуборд парк  во ски центарот „Пониква“, утрврдија дека топовите за подготовка на вештачки снег за скијачките патеки функционираат без проблеми.


Според  МЕПСО, оваа компанија донирала околу 1 милион евра за изградба на системот за создавање вештачки снег на двете скијачки патеки. Инаку проектот вклучува изградба на вештачка акумулација за вода од која ќе се прави вештачки снег, електроенергетска и водоводна инфраструктура за пренос на водата до патеките и за подготовка на вештачки снег. За таа намена набавени се 5 топови за создавање вештачки снег, поставено е осветлување на двете скијачки патеки и набавени се реквизити за поставување сноуборд парк на една од скијачките патеки на „Пониква“.

Исто така набавени се и возило за подготовка на скијачки патеки (популарно наречено „Ратрак“) и снежна моторна санка.

Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Nov-2013 at 19:48
Изградба на главната сообракајница во Пониква, инвеститор е Општина Пробиштип, ке се поставуваат ивичнаци, и од едната страна по целата должина ке има тротоар со бекатон.





Ova e ezeroto izgradeno za de se sobira voda i od nea so topovite da se pravi vestacki sneg, invesitor Mepso


Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1445
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Nov-2013 at 20:02
Bravo Bravo Bravo !!!! Samo vakvi raboti da se slucuvaat !!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Nov-2013 at 10:10
Denovie e asfalitrana i celata ulica, pa ke se prodolzi so trotarite, se postaveni i slivnici i cevki za odvodnuvanje na atmnosverskata voda.






Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Nov-2013 at 10:32

" se postaveni i slivnici i cevki za odvodnuvanje na atmnosverskata voda."


Овој дел од текстот ми се допаѓа. Потекнувам од село кое е општина и има над 2000 жители а нема ниту канализација ниту пак систем за одводување на атмосферските води. Така што дури и после помали дождови дворовите се полнат со води и улиците пливаат. Згора на тоа и тие канали што ги имаше нема кој да ги одржува. 

Во секој случај мислам дека во иднина секој пат , улица, сокак не смее да се асвалтира пред притоа да се реши одводнувањето. 

Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 11-Nov-2013 at 12:18
Postaveni se 8 ili 9 slivnici na dolzina od okolu 400 m.
Eve i nekoja slikicka od noviot ratrak i od okolinata







Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Nov-2013 at 17:16
ОНТИРАНИ И ТЕСТИРАНИ ТОПОВИТЕ ЗА ВЕШТАЧКИ СНЕГ

2013-11-15

Деновиве на ски-патеката на ски-лифтот 3, беа монтирани и тестирани топовите за вештачки снег.

Топовите се дел од опремата која во висина на 1.000.000 Евра ја донираше „Мепсо“ на Општина Кочани и истата се очекува дека годинава ќе биде искористена до максимум, со што на љубителите на скијањето ќе им се овозможи подолга скијачка сезона.

За потсетување е дека освен топовите за снег, компанијата „Мепсо“ на Општина Кочани и донираше ратрак, моторна санка и друга опрема потребна за сноуборд патеката.

фото и видео: Горан Стојанов - Осоговски Конак

С. Ивановски 

http://www.youtube.com/watch?v=UWmw_nXD4Pw


Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Dec-2013 at 11:54

ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА ТОПОВИТЕ ЗА ВЕШТАЧКИ СНЕГ

2013-12-21

Во присуство на новинари од Штип и Кочани, денес на „Пониква“ градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип и официјално ги промовираа топовите за вештачки снег.

Претходните денови топовите со снег ја покрија патеката од „ски-лифт 1“ и денес неколку љубители на скијањето имаа промотивно возење. Иако како што нагласија за прв пат возат по ваква патека, нивното задоволство беше големо.

Инаку прекрасното и сончево време кое ја грееше „Пониква“ беше предизвик за голем број посетители кои со убави прошетки си го разубавија денот.

С. Ивановски


http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=9450

Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Dec-2013 at 11:55
Applause
Pusteno i osvetluvanjeto na 1 vata pateka

БЛЕСНА ПАТЕКАТА НА „СКИ ЛИФТ 1“

2013-12-14















Вечерва (Сабота) блесна патеката на „Ски лифт 1“. За прв пат ново поставените рефлектори беа испробани и патеката изгледаше навистина прекрасно.

Се донесоа и топовите за вештачки снег па се очекува вечерва да бидат и овде испробани и да ја покријат целата патека со снег.

Природниот снег на Пониква се задржа кратко време, но затоа овде е механизацијата подарок од „Мепсо“ која треба да создаде услови љубителите на скијањето и дење и ноќе да можат непречено да скијат по патеките на ски лифтовите 1 и 3.

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Dec-2014 at 23:10
На Пониква се монтираат топовите за снег

Стазите на Пониква се спремаат за дополнително заснежување. Временските услови ќе бидат соодветни за таа цел, патеките во моментов имаат малку снег кој ќе се дополни преку топовите за снег. Конкретно се работи на Стаза бр.1 која викендов би требало да биде во функција за рекреативно скијање и забава.






skimacedonia.mk
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Jan-2015 at 14:51
Пониква побеле, снежните топови засега само резерва



Новата опрема за вештачки снег е подготвена и тестирана, но засега од неа нема потреба, зашто на Пониква пред новогодишните празници падна доволно снег, па на ден пред Новата година имаше снежна покривка од четириесетина сантиметри. Хотелиерите и угостителите се оптимисти дека со последните инвестиции во туристичкиот комплекс Пониква на Осоговските Планини ќе продолжи трендот на се поголема посетеност од гости и туристи на овој засега единствен скијачки центар во источна Македонија, кој е на надморска височина од 1.580 метри.

повеќе на:http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7DB5C9B935A817449DF4BFC2FE61AE50
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-May-2015 at 13:44
Јавна презентација на урбанистичкиот план за Пониква



Во Кочани денеска се одржа јавна презентација на Урбанистичкиот план за Пониква, планска документација 2014-2024 година.

За јавната расправа по Урбанистичкиот план надвор од населено место за Спортско рекреативниот центар Пониква, планска документација 2014-2024 година, нацрт план, меѓу граѓаните на Кочани постои голем интерес со оглед на фактот што голем број граѓани во повеќе делови на Пониква имаат изградено викенд куќи и други објекти кои ќе треба да се вметнат како дел од урбанистичкиот план на Пониква.

- Урбанистичкиот план на Пониква проширен ќе се протега на површина од 50 хектари, од кои дел се наменети за зеленило, а дел за викендички и хотели. На денешната јавна расправа која се одржа во салата на Советот на општина Кочани, најголем дел од забелешките на граѓаните се однесуваа на електричната и водоводната мрежа, како и на урбанизација на веќе купените парцели со патна и друга инфраструктуира, – изјави Марија Салтирова Јованова, советник за урбанизам и просторно планирање во општина Кочани.

http://www.porta3.mk/javna-prezentacija-na-urbanistichkiot-plan-za-ponikva/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Nov-2017 at 00:12

http://skimacedonia.mk/ski-centers/ponikva/

во табот Техничка подготвеност наведено е и Сноуборд парк, претпоставувам и со кратка рампа, но само ако направат озбилен парк со Суперхалфпајп може да сметаат на поголем ќар, но и за народ рајат, бар некако дефокусирајќи го од Маврово Шапка и Кожуф ...
Back to Top
Albertos View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 08-Oct-2017
Location: Skopje Aerodrom
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote Albertos Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-Feb-2018 at 03:23
Дали сезонава може да се скија на Пониква? Бил ли некој? Работат ли топовите
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.