build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жичарница на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 27-Nov-2013 at 13:14
Иако навистина сомнителна е потребата од жичара на Водно, сепак првата фаза сега се реализирала! Значи ако нешто се започне (особено ваков транспортен проект), подобро е да го завршиш, отколку да го оставиш половичен. Не ми воопшто сватливо како не си во состојба да го разбереш самиот ова! Како да изградиш пат од Скопје до Куманово, но тој да завршува во ништото, наместо да завршува во Скопје на пример.
И ти се молам малку барем внеси култура во своето пишување, оти вака изгледа на хистеричен изпад напишан на неразбирлив јазик!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 27-Nov-2013 at 13:34
Originally posted by Andrej_LJ

Иако навистина сомнителна е потребата од жичара на Водно, сепак првата фаза сега се реализирала! Значи ако нешто се започне (особено ваков транспортен проект), подобро е да го завршиш, отколку да го оставиш половичен. Не ми воопшто сватливо како не си во состојба да го разбереш самиот ова! Како да изградиш пат од Скопје до Куманово, но тој да завршува во ништото, наместо да завршува во Скопје на пример.И ти се молам малку барем внеси култура во своето пишување, оти вака изгледа на хистеричен изпад напишан на неразбирлив јазик!

Те молам олабави ме !!! И ако не ме разбираш не ме читај, бидејки досега само ти имаш замерки на сите мои постови, ПОздрав.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 27-Nov-2013 at 13:37
Редовно во отсуство на аргументи се употребуваат вакви фрази како олабави ме, не замарај или не се пали! Значи тоа е трагично и покажува завидна некултура, но и немоќ на изразување. Јас не сакам да не те читам затоа што нпр. во врска со воздухопловството имаш интересни и корисни постови и информации. Ти давам забелешка со цел да се поправиш кон подобро и читањто на сите да ни стане поудобно. Пак и начинот на изразување и пишување е огледало на културата на еден народ, а барем на овој форум се трудиме да покажеме дека не сме просекот на државата, туку дека отскокнуваме од него!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 27-Nov-2013 at 13:40
@OM

Замерки имаат многу повеќе луѓе но сепак не сме реагирале бидејќи на крајот на денот си сепак конструктивен член.

Често непотребно дигаш хистерии и се занимаваш со тоа што други напишале наместо едноставно да го кажеш своето мислење на темата без квалификации кон другите.


Edited by pbanks - 27-Nov-2013 at 13:41
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 27-Nov-2013 at 13:58
Моето мисленје е секогаш тоа што реално го мислам и го пишувам, секогаш може повеќе - меѓутоа кога веќе на некој проект се претходело со премногу негативности од јавноста за да веднаш по реализацијата само со суперлативи во позитивност се коментира (никогаш за ништо не им даваме време и можност на надлежните да докажат и покажат колку вреди и е исплатлив еден проект) - не ми е јасна дискусијата дека треба сега да плукаме и по секоја цена да бараме дореализација на некогаш ветеното - мегутоа ни од далеку не сум за да не се изреализира до крај како што е ветено, затоа дајте и вие бидете малку објективни (како што кажав секогаш се може повеќе, мегутоа во моментот колку е толку - според можностите толку е и реализацијата)

* А андреј правиш компарации кои која не е соодветна-според мене..... (пат Скопје - Куманово со Делница од жичница до која впроцем во секој дел од жичницата имаш инраструктурен пристам и за моторно возило и човек) а за недостаток на аргументи можеби си смешал, врати се во нишката за авиостатистика и авиолинии и направи една ревизија на моите и твоите дискусии.... И незнам зошто мислите и ме перцепирате дека сум нервозен и хистеричен во 99% од дискусиите и коментарите сум нај cool, како што кажавме во интерест на добрата и плодна дискусија во било кој наслов на форумот, поздрав и до двајцата секое добро - никогаш не сум мислел ништо лошо!!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 27-Nov-2013 at 14:05


Не велам дека мислиш лошо, само велам дека директните дискредитации непотребно дигаат тензија.

Ти го почитувам ставот кој еве убаво го елаборираш во првиот параграф на твојот пост, и мислам дека тоа е вистинскиот начин да се кажат работите Thumbs%20Up


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 28-Nov-2013 at 01:14
Originally posted by Obedineta Makedonija

Ејјј која беда сме ние МАКЕДОНЦИТЕ, пред да почне да се гради жичницата Средно водно - Милениумски Крс, плачевме кукавме плукавме дека не треба да се гради глупост било, дека само пари ќе се трошеле, се уништувала шумата, кој ќе ја користел, пари се переле и ред други коментари и изјави, ЗА ДА ДОЈДЕ РЕД ДЕНЕС ДА КУКАМЕ И ПЛУКА ЗОШТО НЕ СЕ ГРАДИ ДРУГИОТ ПРЕДВИДЕН КРАК?????? Е АЈ СЕГА РАЗБЕРЕТЕ ШТО САКАМЕ?????? ОФ МОРИ МАЈКООО - ГОСПОД НЕКА НИ Е ПОМОШ СО ТИЕ ЛУДИ ГЛАВИ !!!!


Хммм... Воопшто не е точно дека се плукало по жичарава пред да почне да се гради. Баш напротив, впечатокот ми е дека владееше прилично широк консензус дека ова е добар проект, што е и архивирано на форумов во оваа нишка, како и во нишката за Милениумскиот крст каде првично се водеше дискусија за жичарава. Исклучоци можеби имало, исто како и дилеми, размислувања, дебати за одредени аспекти, ама значајно незадоволство немало, а камо ли масовно плукање. Од друга страна овој „аргумент“ дека Македонците многу плукале и дека од ништо не биле задоволни, веќе станува досаден. На Македонците некој редовно им нуди л*јно велејќи им дека е чоколадо и дека е многу вкусно... и очекува да голтаме и да викаме „ммммм прекрасно, сакам уште“ ?!? Јас баш мислам дека плукањето и незадоволството на Македонците е многу умерено и недоволно во однос на планините од причини кои ги имаат за да плукаат и за да бидат екстремно незадоволни. Цел океан плунка не е доволен за да се исплука само она што е во домен на темите на форумов!

Но да се вратам на жичарата. Ваква каква што е сега не смее да остане и мора да се догради. Есенва ми се погоди два пати да одам на Водно преку викенд (се погодија и убави денови со прекрасно време) и бројот на автомобили беше просто неверојатен. Паркинзите на средно Водно беа преполни, а автомобили имаше паркирано покрај и на самиот пат, речиси долу до видиковец. Имаше огромен застој на сообраќајот, автомобили стоеја на место многу долго и загадуваа, а за пешаците и особено за велосипедистите беше уништен ден. Патот беше буквално закрчен. Мислам дека е неспорно дека и самата жичара привлекува многу повеќе посетители на Водно, што од повеќето аспекти е добро. Меѓутоа сите тие сега треба некако да стигнат до средно Водно, и резултатот е таквата катастрофална ситуација која ја опишав. Затоа довршувањето мора да биде приоритетно, особено имајќи во предвид на какви се неверојатни глупости се трошат јавните пари во оваа држава.

За жал веќе не е се така едноставно и голем проблем има околу почетната станица каде што треба да почнува жичарата, ама на тоа господата требаше да мислат пред да ја засерат работата. Првично планираната почетна станица во близина старата железничка станица беше зачудувачки префрлена кај црквата Св.Јован во Капиштец. Сега откако го продадоа цело земјиште во близина на старата железничка станица и Рамстор, нема ни можност да се исправи ваквата грешка. Новата локација во однос на оригиналната пати од следниве проблеми:
1. Недоволен простор за изградба на адекватен паркинг капацитет.
2. Далеку послаба поврзаност со јавен превоз, а и далеку послаби сообраќајни врски воопшто.
3. Изградбата на гаража со каков-таков капацитет кај црквата сепак ќе биде многу понеисплатлива инвестиција затоа што таа гаража ќе се полни само периодично кога ќе има наплив на посетители на жичарата (а тогаш ќе биде сосема недоволна). Од друга страна кај старата железничка станица има и плус се планирани дополнителни паркинг капацитети кои имаат многу поширока намена и кај кои со жичарава одлично ќе се испеглаше искористеноста, со оглед дека навалицата на жичарата настанува преку викенд, период кога гаражите се попразни, за разлика од преку работната недела.
4. Од аспект на толку извиканите туристи, далеку порационално ќе беше почетната станица да биде во централното градско подрачје, а не зафрлена во ќоше до кое тешко можат да дојдат.

Значи поради неодговорно планирање жичарава е веќе осакатена. Но сепак стојам на став дека мора да се догради, затоа што дури и со сите фалинки на локацијата кај црквата Св.Јован во Капиштец, сепак тоа е далеку подобра почетна станица од сегашнава на средно Водно.

Е сега зошто господата имаат толку перверзни приоритети, за тоа немам одговор, за тоа богами имам само плунка. И патем вреди да се спомне следново (колку да се побие нивното убедување дека сите имаат кратко памтење): пред некои претходни избори се истопорија дури и со најава дека ќе ја продолжувале жичарава до Матка! Како таквото ветување се трансформираше во „немање пари“ ниту да се доврши веќе почнатиот проект, односно да се продолжи жичарава до предвидената почетна станица долу во градот, за тоа повторно немам одговор, тоа треба некој да ги праша и да ги држи одговорни господата.



Edited by Cloverstack - 28-Nov-2013 at 01:19
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 28-Nov-2013 at 18:44
Originally posted by Andrej_LJ

Иако навистина сомнителна е потребата од жичара на Водно...


А зошто мислиш така? Баш ме интересира.
Phantasie ist wichtiger als Wissen, denn Wissen ist begrenzt.

Albert Einstein
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1990
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 28-Nov-2013 at 20:21
Може да завршува тука и да направат најобичен паркинг од неколку илјади метри квадратни. На друго место не гледам каде би завршила и каде би имало место за изградба на паркинзи.
Сега чудна локација е ама не гледам друга, па после автобусите кои одат до средно водно ќе одат до ова место.

Edited by alexsend - 28-Nov-2013 at 20:22
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13357
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 06-Jan-2014 at 10:26
Не ми се верува! Најисплатливиот проект досега, а тие немале пари! А имаат пари за панорамско тркало на Вардар и еден куп други неисплатливи глупости! Ебате приоритетите! (да ми простите на изразот)

Ништо од планот жичарницата да се продолжи до Козле

Министерството за транспорт и врски нема пари за доизградба на втората секција

И в година нема комплетно да се реализира проектот за жичарницата на Водно, кој предвидуваше таа да се продолжи до Козле. Оптимистичките најави дека жичарницата ќе вози од подножјето на планината нема да се остварат во 2014 година, а прашање е дали тоа ќе стане стварност и во 2015 година. И покрај фактот за нејзината искористеност и масовна посетеност, надлежните засега немаат намера да ги реализираат првичните најави. Главен проблем се финансиите. Од Министерството за транспорт и врски немаат пари за таа намена. ЈСП, пак, само стопанисува со објектот.

„Во буџетот за 2014 година не се предвидени средства за изградба на други секции на жичарницата на Водно. Дополнително од Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за финансии ќе биде разгледана можноста да се предвидат финансиски средства за оваа намена во буџетот за 2015 година“, информираат накусо од Транспорт.

Од ЈСП потврдуваат дека објектот е посетен речиси повеќе од очекуваното, а веруваат дека жичарницата ќе стане уште попосетена доколку се изгради и другата планирана секција од Козле до Средно Водно. Всушност, таа беше предвидена со потпишувањето на договорот со австрискиот изведувач „Допелмаер“.

Инаку, бројот на патниците што сакаат да се возат на жичарницата е голем. За време на викенди се чека во ред и по 15 минути. Рекордот на продадени билети во еден ден изнесува 3.000, а просечно во работен ден се продаваат од 300-500 карти. За пензионерите и децата под шест години возењето е бесплатно.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=DC7B3E27D48A7B47B120795E92C9409D
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 06-Jan-2014 at 13:14
Вероватно проблемот е во експропријацијата а не во парите за самата жичара
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 06-Apr-2014 at 12:33
98. ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ЖИЧНИЦА ОД ЦРКВАТА
„СВЕТИ ЈОВАН“ ДО СРЕДНО ВОДНО
Со реализацијата на овој дел од жичницата, граѓаните ќе добијат можност да стигнуваат до врвот на Водно од
Скопје со жичница. Со ова комплетно ќе се заокружи овој проект, со што ќе му се даде посебен дух и обележје
на Водно, а посетителите ќе можат да уживаат во чистиот воздух и зеленилото на пределите на планината.
Буџет: проценета вредност 12 милиони евра
Р О К : 2 0 1 7 – 2 0 1 8 Г О Д И Н А
Извор: http://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/documents/VMRO%20programa%202014-2018%20v2a.pdf

Јас негледам потреба од овој проект и мислам дека ова нема рапидно да ја зголеми посетеноста на Водно. Подобро е да ги пуштат панорамските автобуси поредовно да сообраќаат од неколку локации кон Водно. Може и од Портата Македонија.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 06-Apr-2014 at 13:02
Оваа идеа е добра за мрзите и за намалување на загадувањето на Водно
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 06-Apr-2014 at 13:38

faktichki ova izleze ko nus-efekt od prioriteti tokmu navremen kampanjski spin, kolku da se potseti narod na veteno a i da se drzhi vo ischekuvanje potaka, no i da e prv prioritet zhicharava se dodeka teoloshki e pochetna stanica ova kje bide sklet reshenie i za urbanizmot i za teolozite, i ko protok i ko galama republika.mk/?p=231173

podobra alternativa e ouKocho Racina da go pomestat pogore kon policijata, a tuka da krenat katna garazha, no najverojatno se plashat od soobrakjaen kalabalak iako istiot mozhe lesno da se reshi so zatvoranje na prvata dolna rasrsnica ili eventualno podvoznik za vasil gjorgov, no sigurno faktor bi bila i za galamata vednash do klinichki, a konechno i kabaet za novata shkolska sala i skoreshnite renoviranja na shkoloto iako i ova lesno se kompenzira ako se zeme predvid prihodite koi bi gi keshirala edna osum spratna katna garazha ovde a koja bi ja koristele podednakvo i pacienti i posetiteli na Vodno nastrana shto infrastrukturno e najbezbelno reshenie za kakov i da e napliv na posetiteli, plus i toa okolu galamata mozhe lesno akustichno da se regulira kaj vakva katna garazha
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
vedran1982 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Jan-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote vedran1982 Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 06-Apr-2014 at 18:25
Жичарницата нема никаква поента ако не се доизгради долниот дел. Секој кој бил за викенди на Водно ја видел неподносливата гужва која се создава од претеран број возила кои ја уништуваат природата. Целта на жичарницата е да луѓето воопшто не ги возат автомобилите на Водно.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1095
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 27-Aug-2014 at 21:05
Датум: 27.08.2014, 17:52
РАСПИШАН ОГЛАС ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЖИЧНИЦАТА



Министерството за транспорт и врски распиша оглас за изработка на проект за продолжување на жичницата која го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст.

Според првичната замисла треба да ја продолжи својата траса до црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец. Според огласот, проценетата вредонст за изработка на проектот изнесува околу 4.000 евра.

Првиот дел од Жичницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба во 2011 година. Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст е прва фаза, кој предвидува уште два дела: почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, а втората станица ќе биде кај Детската болница.

Жичницата во моментов има 28 кабини со капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица. Со неа стопанисува Јавното сообраќајно претпријатие.

Дневник
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 27-Aug-2014 at 21:42
добар потег,пошто на средно водно се прави огромна гужва од автомобили(во цената вероватно фалат уште три нули)
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 27-Aug-2014 at 23:12
Originally posted by gjoko

добар потег,пошто на средно водно се прави огромна гужва од автомобили(во цената вероватно фалат уште три нули)


изработка на проектот изнесува околу 4.000 евра.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 27-Aug-2014 at 23:21
аууу,значи сеуште се во фаза на проект.ќе касни и тоа бааѓи
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 27-Aug-2014 at 23:24
Црквата Свети Јован Крстител во Капиштец е добра локација за почеток на жичарницата, многу подобра во споредба со СРЦ Борис Трајковски кој се спомнуваше како планирана локација за почеток на жичарницата.
 
Но автобускиот превоз до црквата ќе биде хаос доколку се врши низ Васил Ѓоргов, а не верувам дека ќе биде подобро доколку автобускиот превоз се врши низ Елисие Поповски Марко, Боро Петрушевски и Загребска.


Edited by Dexter26 - 31-Aug-2014 at 02:31
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.