build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жичарница на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 363738
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 19-Oct-2015 at 00:28
Originally posted by King

Originally posted by gjoko

Епа заради етикетирање како ``мегафон`` при препостирање на некоја вест од интернет, све послабо и послабо јас пренесувам нови информации.

Ако мислите дека е така подобро за форумов-напред само

Тоа е српската парола *Држте лопова*, најголемиот Мегафон, или подобро Мегафониште етикетира и нашпаѓа други форумаши, само затоа што со своите ставови се спротивставуваат на неговата политичка пропаганда.
кога веќе нели вака си се етикетираме сите еден со друг и коментираме за тоа кој каков е

па пред да поченеме да се расправаме кој прв почна, погледни си ги 80% од постовите на форумов кои ти се насочени директно кон други членови на форумов и фокусот на тоа кои се и што се, кој им е стилот на коментирање и дискусија и така натаму

од друга страна, сите членови кои досега ги имаш повикано, одамна се на форумов, имаат придонесувано за него, имаат направено милијарда апдејти, и имаат принесено свои идеи за урбанизирањето на градов на разни теми, имаат сервирано дискусија и аргументација
од друга страна, ти на форумов ни пренесуваш кратки исфрустрирани коментари и тоа стриктно на одредени теми и очлекуваш да имаш статус на некаков загрозен вид што треба да го респектираме (и сигурно и на овој пост ќе ми ратиш со коментар од ист карактер што е иронично)
и да ти беа коментариве пишани пред околу 6-7 години, ќе ти беа постојано бришени, не зашто некој не се согласува со тебе, туку дека не вредат ни денар... и ако ти е за утеха, еден куп такви коментари ми се избришани и на мене и на дотичните членови со кои се расправаш... слободно после за изјавава буни се за недемократија и слични глупости што ги барате стално од форумов...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 19-Oct-2015 at 07:46
Забеган иако најчесто не се согласувам со тебе, бидејки си имаш различни приоритети и вкусови, не мислам дека си опозициски микрофон, таквите четири мегафони се лесно препознатливи. И само за појаснување, јас никогаш, ама баш никогаш не му се обраќам на друг форумаш ако он претходно не ми се обратил мене, директно или индиректно.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 19-Oct-2015 at 10:59
@king od moeto iskustvo so @zabegan mozam samo da potvrdam deka iako najcesto e kriticki nastroen sepak e decko koj nema politicki motivi ili ideali, barem ne gi iznesuva ovde na forumot.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 19-Oct-2015 at 20:16
Мислам дека од Средно Водно до Капиштец наместо жичара попрактично е да се изгради успињача (funicular). А истото решение да се примени од Сончев Град до Кисела Вода.

https://en.wikipedia.org/wiki/Funicular

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 20-Oct-2015 at 01:40

мене не ми звучи лошо идејата, ако може да се најде доволно права линија што може да се изведе без многу ископи... тоа што ми звучи добро е што за разлика од жичарата, може да има и попатни станици

а за Сончев град, верувај, да сакаа жителите да се возат со јавен превоз и да се мешаа со луѓе, тогаш немаше да го срушат пола водно за да изградатпат без никакво значење специјално наменет за нив
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 20-Oct-2015 at 06:49
многу тешко, треба да поминува низ населени реони.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 17-Nov-2015 at 13:58
Uste poodamna zboruvam deka jas ne sum vooduseven so ideata zicarnicata da se prodolzuva. Sredno vodno mislam deka so ogled na toa sto ima parking e sosema dobro resenie za pocetna stanica. Osven toa tamu veke ima baraki i sredeno e. Ako sakat da go zabranat vozenejto do Sredno Vodno treba da se najde nekoja pocetna stanica za avtobusi i da gi pustat KABRIO dvokatnite da soobrakat so sredno vodno i taka da ja rasteretat trasata. Vaka nepotrbno se pika zicarata i treba da trgnuva od mesto kade sto nema parking.

НАДЛЕЖНИТЕ СЕ УШТЕ НЕ ЗНААТ КАКО ЌЕ СЕ РЕШИ ПАРКИРАЊЕТО ВО КОЗЛЕ

Нема паркинг за втората фаза на жичницата

Во моментов кај Детската болница во Козле, каде ќе биде почетната станица на жичницата, нема паркинг простор. Единствен паркинг е оној кај црквата "Свети Јован", на кој може да паркираат само 20-ина коли

Како ќе се реши паркирање во Козле за вториот дел на жичницата, ќе се знае кога ќе биде готов проектот. Во моментов кај Детската болница во Козле, каде ќе биде почетната станица на жичницата, нема паркинг простор. Од едната страна е почетокот на парк-шумата, од другата се наоѓаат куќи и дворови на жителите. Единствен паркинг е оној кај црквата "Свети Јован", на кој може да паркираат само 20-ина коли.
Надлежните од Град Скопје и од Министерството за транспорт и врски ќе треба да обезбедат поголем простор за паркирање имајќи предвид дека на Средно Водно паркинзите се преполни. Откога е пуштена во употреба жичницата, за викендите нема место на паркиралиштата, па колони возила се паркираат по патот кој води до Средно Водно.
Од Град Скопје сè уште не знаат како ќе го решат проблемот со паркирање.



"Изработка на проектот за инфраструктура за втората фаза на жичницата, согласно донесената Одлука, како и постапката за одобрување на проектот ќе ја спроведе Министерството за транспорт и врски. Инфраструктурните решенија ќе дадат одговор на сите прашања поврзани со реализацијата на овој проект во целина", велат од Град Скопје.
Од Министерството за транспорт и врски не добивме одговор како ќе се реши паркирањето за втората фаза на жичницата во Козле.
Изградбата на втората фаза од жичницата на Водно, на потегот од Средно Водно до Детската болница "Козле", треба да почне до средината на следната година. Премиерот Никола Груевски во саботата најави дека следниот месец ќе биде објавен повик за изведувач на работите, кој се очекува да биде избран во февруари следната година. Втората фаза ќе биде долга 1.600 метри, а изградбата ќе чини околу 8 милиони евра.
Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба пред 4 години. (А.А.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=DA350E5B129F74409E0D274EFB04E66E
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 17-Nov-2015 at 15:19
Добра локација која не знам зашто не се зема во предвид е околината на полициската станица Водно. И повеќе простор има, а и пократко растојание е.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 17-Nov-2015 at 15:25
Originally posted by FoSsiL

Добра локација која не знам зашто не се зема во предвид е околината на полициската станица Водно. И повеќе простор има, а и пократко растојание е.


Ke moze li lokacija na objektot?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 17-Nov-2015 at 15:54
Originally posted by FoSsiL

Добра локација која не знам зашто не се зема во предвид е околината на полициската станица Водно. И повеќе простор има, а и пократко растојание е.

 
На почетокот од пешачката патека ?
 
Не ја разголија доволно планината за да ја наполнат со бетон, па сега и таа секција треба да ја снема ?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 17-Nov-2015 at 16:02
Originally posted by Dexter26


Originally posted by FoSsiL

Добра локација која не знам зашто не се зема во предвид е околината на полициската станица Водно. И повеќе простор има, а и пократко растојание е.
 На почетокот од пешачката патека ?  Не ја разголија доволно планината за да ја наполнат со бетон, па сега и таа секција треба да ја снема ?


Епа ако сакаме многу попрактично е таму да изгради станица која може парковско да се уреди како што е на Средно Водно и да се ублажи уништувањето на природата. Подземна гаража би била добро решение со тоа што би заземала помала површина од обичен паркинг а во исто време имајќи ја во предвид конфигурацијата на теренот ќе се вклопи добро. На покривот би имало парк и евентуално самата станица. Ова е само провизионално, можеби теренот ќе бара поразличен распоред на содржините.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 17-Nov-2015 at 16:03
Originally posted by kultuzin

Originally posted by FoSsiL

Добра локација која не знам зашто не се зема во предвид е околината на полициската станица Водно. И повеќе простор има, а и пократко растојание е.


Ke moze li lokacija na objektot?


41°59'0.17"N 21°25'1.03"E
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 17-Nov-2015 at 16:10
Originally posted by FoSsiL

Originally posted by kultuzin

Originally posted by FoSsiL

Добра локација која не знам зашто не се зема во предвид е околината на полициската станица Водно. И повеќе простор има, а и пократко растојание е.


Ke moze li lokacija na objektot?


41°59'0.17"N 21°25'1.03"E


Soglasen sum deka predlozenata lokacija e podobra od ona sto dosega go Imame kako resenie.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 17-Nov-2015 at 16:16
Инаку ова би можело да биде интересна содржина која би ја надополнила понудата на Водно а притоа со мало влијание на природата. Нешто кое ќе си одговара добро со жичарата и како пакет услуга, но и во поглед на самата траса...

Јас сум фан на овој модел...



Има и по... различен модел кој нуди повеќе адреналин но во секој случај е поголема инвестиција а во исто време и има поголема влијание врз прирорада и затоа не ми се допаѓа, но сепак еве нека стои сепак да се има во предвид...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 17-Nov-2015 at 16:22
@FoSSil moze da ja dostavis ideata do gradskite vlasti. Vidi podole vo tekstot.



Скопјани преку интернет ќе даваат предлози за велопатеките и за Водно





















Скопјани кои имаат забелешки за велосипедските патеки во Скопје, нивниот недостиг низ населбите, оштетеност или нефункционалност, имаат можност да остават свое мислење, коментари и сугестии на градската власт од дома преку интернет-страница наменета за состојбата со велопатеките во метрополата, пишува Дневник.



Овие интернет-страници преку кои Град Скопје ќе комуницира со граѓаните се креирани во рамките на европскиот проект ФУПОЛ (Future police modeling). Kако што објаснуваат од Градот, ова е начин за подобрување на директната комуникација меѓу властите и граѓаните и додаваат дека на овој начин граѓаните им помагаат да станат подобри како локална власт. Со овие алатки побрзо ќе им излезат во пресрет во врска со разни барања и полесно ќе ги решаваат проблемите.

На интернет-страниците http://dev.fupol.lv:8080/skopjebicycle и http://prod.fupol.lv:8080/skopje може да се најдат мапи-симулатори на кои граѓаните со алатки може да симулираат што сакаат, поточно да предлагаат разни решенија на поставените теми.

- На овој начин ја стимулираме комуникацијата меѓу граѓаните и локалната власт. На виртуелните мапи, на кои е прикажана постојната инфраструктура, може да се менуваат патеките, да се додаваат нови, граѓаните може да играат со алатките и на тој начин да ни кажат што сметаат дека недостига - објаснија од одделението за односи со јавност.

Со симулаторот за рекреативните активности на Водно граѓаните може да го прегледуваат статусот на тековно зафатени ресурси на планината врз основа на состојбите на терен (месец, временска состојба...) според однапред утврдени податоци и конфигурација.

Што се однесува до страницата за велопатеките, ќе може да се креираат симулации на кои ќе се прикажува искористеноста на постојаните велосипедски патеки во Скопје, како и да се прикаже промена на корисниците на велосипедот како превозно и рекреативно средство преку промена на условите на терен.

На пример, промена на квалитетот на одредени велосипедски патеки, изградба на нови патеки, поставување нови локации за поставување станици за изнајмување велосипеди и сл. Исто како и кај претходниот симулатор, и тука граѓаните ќе може да прават симулации со измена на однапред дадените податоци, да поставуваат прашања и да даваат предлози до градската администрација за велосипедизмот и велоинфраструктурата во Скопје.
http://skopjeinfo.mk/skopjani-preku-internet-kje-davaat-predlozi-za-velopatekite-i-za-vodno
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 17-Nov-2015 at 16:50
Трчам...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 595
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 23-Oct-2017 at 22:22

дали и овој проект ќе го стопираат, што можеби би било бонус доколку се размислува за нова почетна станица в Центар, да би била поблиску за сите, бидејќи како транспортно решение извлечена длабоко во Капиштец не би била толку привлечна и рентабилна ко в сред Центар ... прашање е само како ова би се извело вкусно во однос на визурата како истата не би била пренатрупана ...

на ова ме наведе турни-ме-да-кинисам дигресија во однос отскоро безидејниот мост за Панорамското тркало [1] иако опциите со Кале или о.у.Кочо Рацин се најпрактични, вторава и поефтина во однос на Капиштец доколку истата би била врз некоја поголема катна гаража која би го опслужувала тука и Клинички кој ко што ми се чини уште долго ќе си биде тука, ако не целосно посекако како некоја резервна алтернатива за новиот кај Бардовци


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 595
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 01-Nov-2017 at 18:35

како е можно да тераат со трипати поефтина понуда фирмите по тендерите, ова не ми мириса на добро, или некој во ЈСП пумпал цени, или сервисерот користел петпарачки материјал ... дали може секоја фирма да направи увид во понудата за материјали, како потем на второстепена владина комисија да оспори даден јавен тендер ...

20.08.2004 - ГОДИШЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНСКА ЕДНОЈАЖНА ЖИЧАРНИЦА
СО КРУЖЕН ТОК СРЕДНО ВОДНО- МИЛЕНИУМСКИ КРСТ СКОПЈЕ

Проценета вредност - 300.000,00 ден.

Назив на носителот на набавката - Друштво за технички испитувања, сертификација и технички прегледи ТЦИ ЕуроЦерт ДОО Скопје

Вредност на склучениот договор со ДДВ - 94.400,00 ден.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-evidences/c94b37a5-e669-4508-b3c9-14f2a661902c

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11545
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 05-Dec-2017 at 10:28
Конечно, добри вести!

СУГАРЕСКИ ГО ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ НА ЈАНАКИЕСКИ ЗА ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО

4 декември 2017 Скопје

Министерството за транспорт и врски догодина ќе распише тендер за изградба на втората фаза на жичницата од детската болница Козле до Средно Водно.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска најави дека следната година ќе почнат со постапка за изградба на жичницата, што всушност е продолжување на проектот на владата на Никола Груевски, од времето кога министер за транспорт и врски беше Миле Јанакиески. Груевски пред две години најави дека втората фаза ќе биде готова до крајот на 2017 година.

„Следната година планираме да започнеме со постапка за изградба на жичарница од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања Козле. За овој проект од буџетот за 2018 година предвидовме 50 милиони денари. Со ова планираме да ја збогатиме туристичката понуда на градот“, рече денеска министерот Сугарески.

Според проектот кој веќе е направен, втората фаза на жичницата ќе биде долга 1.600 метри, ќе има 27 кабини и ќе чини околу 7 милиони евра. На пресот, Сугарески не кажа дали ќе бидат нарачани и ВИП кабини, какви што има во жичницата од Средно Водно со Милениумскиот крст.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пред две недели објави фотографии од ВИП кабините на жичницата, пишувајќи под сликата: „Не бил само мерцедесот. ВИП кабините на жичницата кои не се за општа употреба“.

ВИП кабините на жичницата беа најавени уште од тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески пред почетокот на изградбата на првиот дел од жичницата. Тогаш беше најавено дека тие ќе се користат за странски високи гости, кои ќе доаѓаат во посета на земјава.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/sugareski-go-prodolzhuva-proektot-na-janakieski-za-zhichnitsata-na-vodno/
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1869
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 05-Dec-2017 at 11:13
ke ima li i treta faza? posto i od tuka da pocne pak ke treba da se vozi so kola do tamu
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 363738

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.