build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жичарница на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 24-Mar-2010 at 01:01
За жичарницата на Водно ќе се исечат 12.000 квадрати шума
 
 
Кај црквата во Капиштец ќе мора да се направи и паркинг за туристички автобуси и возила
 
Сања Наумовска

За изградбата на првата делница од жичарницата на Водно, долга 2.000 метри и широка 6 метри, ќе се исечат околу 12.000 квадратни метри шума. Колку вкупно квадрати зеленило ќе биде уништено за да се изгради целата траса на жичарницата, ќе се знае дури откако точно ќе се дефинира втората делница, која ќе се протега од Средно Водно до црквата „Свети Јован“ во Капиштец.

Сечата веќе започна на Средно Водно во близина на одморалиштето на Црвен крст, а ќе продолжи во правец на Милениумскиот крст. Деновиве Министерството за транспорт и врски ќе ја презентира и Студијата за влијание на изградбата на жичарницата врз животната средина, која треба да одговори на прашањата на скопјани, дали, всушност, овој проект ќе ја наруши рамнотежата во белите дробови на градот. Во очекување на најновото продолжение на акцијата за пошумување, во Парк-шумата се сечат повеќедецениски дрвја, а досега ниту една институција не излезе со конечна бројка колку шума ќе биде исечена.

Стручњаците инволвирани во проектот велат дека оваа квадратура предвидена за сечење не е значителна, имајќи ја предвид големината на Парк-шумата „Водно“. Трасата на жичарницата нема да минува по целата своја површина над шума, така што некаде нема ни да има потреба од сеча, што уште на старт го намалува опфатот наменет за сечење, коментираат шумарски инженери.

Во Градот, пак, објаснуваат дека колку дрвја ќе се исечат за жичарницата ќе се знае кога ќе заврши проектот. Засега е познато дека голем дел од дрвјата што ќе бидат отстранети биле непродуктивни диво сраснати помали или поголеми грмушести растенија.

„Во секој случај, при реализацијата на трасирањето ќе се води сметка што помалку стебла да бидат исечени, а со тоа да не се намали еколошката рамнотежа во Парк-шумата“, велат во Градот.

Жичарницата ќе се гради во две фази до 2011 година и ќе чини 6,7 милиони евра. Во втората фаза ќе се прави делницата од Средно Водно до црквата „Свети Јован“ во Капиштец. Граѓаните ќе можат со возење да стартуваат или кај црквата или на Средно Водно, каде што, исто така, ќе има пункт за купување билети. Кај црквата, Министерството или евентуално фирмата која ќе стопанисува со жичарницата ќе мора да изгради и паркинг, кој според Деталниот план, превиден е некаде меѓу верскиот објект и ресторанот „Два елена“.

За проектот да има вистински туристички и еколошки ефект и да биде привлечен за граѓаните, ќе треба да се мотивираат посетителите да ги остават возилата и да одат на Водно со жичарница. Во околината на црквата засега нема соодветен паркинг-простор наменет за туристички автобуси и возила.
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 24-Mar-2010 at 03:16
Originally posted by SkyBoy

Кај црквата, Министерството или евентуално фирмата која ќе стопанисува со жичарницата ќе мора да изгради и паркинг, кој според Деталниот план, превиден е некаде меѓу верскиот објект и ресторанот „Два елена“.

Каде точно е ресторан Два Елена?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 24-Mar-2010 at 05:05
Јас колку што знам тука беше во близина само ресторанот Лаф Муабет. Дали е тој ребрендиран продаден или се работи за друг?
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 24-Mar-2010 at 10:21

Немаат врска Лаф Муабет со Два Елена. Два елена е десно од црквата во правец накај Козле, едно 200метри.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 24-Mar-2010 at 23:09
Градењето на жичарницата се политизира


Изградбата на жичарницата на Водно до Милениумскиот крст нема да предизвика негативни еколошки последици врз заштитениот појас на парк-шумата. Оваа инвестиција има долгорочни позитивни влијанија врз животната средина и е услов за максимално искористување на предностите кои ги нуди локацијата. Краткорочни негативни последици се очекуваат во фазата на изградбата, но тие се минимални и можат да се контролираат. Ова се само дел од заклучоците од специјално изработената Студија за влијанието на проектот Жичарница Скопје Милениумски крст која, по нарачка на Министерството за транспорт, ја изработија експерти од фирмата Технолаб. На завчерашната презентација на студијата, претставниците на еколошките друштва ја повторија нивната сериозна забелешка поради тоа што сечата на дрвјата почнала без претходна детална анализа за влијанието врз биодиверзитетот во Парк шумата и побараа од надлежните, по реализацијата на проектот да обрнат поголемо внимание на третманот на отпадот што ќе го прават посетителите, што пак, го има во делот на препораките од студијата.

И покрај позитивните експертизи, политичките партии се обидуваат и на овој проект да му залепат партиска етикета. Вчера, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски ја обвини Владата дека "продолжува со недомислени проекти и покажа дека и е поважен чаламот и уметничкиот впечаток" бидејќи гради жичарница на само неколку метри до детската болница Козле.                                                                                                                                                                                                                                   http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3441AC566B9B4346AA43A083183D837F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 25-Mar-2010 at 03:51

Водно конечно ќе ја добие жичарницата

Изградбата ќе се реализира во две фази. Во првата ќе биде поставена линија долга 2 километри од Средно Водно до Милениумскиот крст за што ќе се потрошат 6,7 милиони евра.

Линијата пак, која ќе го поврзува Средно Водно со градот, кај црквата Св. Јован во Капиштец, ќе се гради веднаш по завршувањето на првата.

 
Како изведувач е избрана австриската Допелмаер, која важи за една од најдобрите компании во поставувањето на ваков тип на инсталации.
Жичарницата ќе треба да го ограничи движењето на возила во заштитената зона на Водно.
 
За експертите жичарницата ќе биде туристичка атракција, и најбрз начин да се стигне до крстот, а притоа да не се загади екосистемот.



http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vodno-konechno-ke-ja-dobie-zicharnicata
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 25-Mar-2010 at 04:46
Ги превртев сите ДУП-ови од Општина Карпош што се качени на нивната страна, неможам да најдам под кој опфат треба да е почетокот на жичарницава.  Може ли некој да го прецизира точно почетниот пункт каде точно кај болницата ќе биде тоа и ако може да видиме како тоа изгледа посочете кој опфат треба да е ова? Токму тука е границата со општина Центар, па да не случајно пунктот е на самиот раб нво рамки на Општина Центар?


Edited by lslcrew - 25-Mar-2010 at 05:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 26-Mar-2010 at 05:39
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 06-Apr-2010 at 00:10

Жицницата му се заканува на Водно

Освен што дозволија сеча на дрва од парк-шумата „Водно“ без да биде подготвена Студијата за влијанието врз животната средина, експертите не одговорија како ќе се заштити животната средина

Дури откако почна да се подготвува теренот за изградба на жичницата од средно Водно до Милениумскиот крст, односно откако веќе еден месец се сечат дрвата од парк-шумата, надлежните се сетија дека треба да се изработи Студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Еколозите останаа без одговор од надлежните претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на прашањето што ќе стане откако ќе заживее жичницата и кога парк-шумата „Водно“ ќе биде исполнета со посетители. Дали се предвидува и на кој начин ќе се обезбеди вода до горе; како ќе се изнесува отпадот и дали редовно ќе се прави тоа, како ќе бидат решени санитарните јазли, колку шума ќе се исече при изградбата на жичницата.

Експертите, ангажирани од Министерството, се оградија околу бројката на посетители. Таа, според нив, не може да се предвиди, бидејќи е различна во празници, за викенди и во работни денови. За отпадот се повикаа на Студијата, според која се предвидува редовно собирање на сметот за време на градбата на жичницата, но и потоа, за што е обврзан изведувачот. Не кажаа како ќе се собира сметот што низ целата парк-шума ќе го остават посетителите.

За сечата на дрвата одговори Никола Николов, професор на Шумарскиот факултет.

- За потребите на жичницата ќе треба да се исечат околу 5 хектари шума, но тоа нема негативно да влијае врз животната средина, зашто нема да се сечат сите дрва до корен. Ќе се сечат само високостеблестите, а нискостеблестите ќе се поткаструваат. Тоа ќе значи дека ќе се исечат само 0,1 до 0,2 проценти од вкупната дрвна маса, што е незначително - објасни Николов.

Магдалена Трајковска-Трпевска, експерт за оцена на влијанието врз животната средина од фирмата „Технолаб“, која Министерството за транспорт и врски ја избра на тендер за изработка на студија, укажа на позитивните ефекти од изградбата на жичницата, минимизирајќи ги негативните.

- Негативните влијанија ќе бидат посебно изразени во близина на градбата и ќе бидат локални и привремени. Тоа ќе бидат пред се' бучавата и правот, и тоа на почетната станица. Таму е планирана изградба на катни, подземни и надземни гаражи. Негативно влијание ќе има и врз флората и фауната поради деградација на нивната вегетација, нагласи Трпчевска. Според неа, изградбата на жичницата ќе има негативно влијание единствено врз птиците, поради нивниот евентуален судир со кабините.

Според Трајковска, жичницата на Водно ќе го поттикне социо-економскиот развој на општините Карпош, Центар, но и на Градот, ќе го подигне стандардот преку развој на туризмот и повеќе вработувања, ќе заживее локацијата, а ќе се зголеми и мотивацијата за рекреација на населението.

Позитивно влијание врз животната средина и човековото здравје ќе има со намалувањето на емисиите на издувните гасови, бидејќи со жичницата се очекува намалена фреквенција на возила во парк-шумата. Материјална придобивка од реализацијата на овој проект е што трасата на жичницата не минува низ урбанизирани места и зафаќа многу малку површина под шума. На трасата не се пронајдени археолошки локалитети, што значи дека нема никакво влијание врз културно-историското наследство. Почетната станица е избрана да биде на лесно пристапно место, кај црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец.

- Искористен е дел од патеката кој е многу малку пошумен, а речиси 90 проценти од земјиштето се во државна сопственост - нагласи Трпевска.

Анела Петрова


Изградба во две фази

Трасата на жичницата од средно Водно до врвот е кружна и ќе има три секции, кои ќе претставуваат техничко-технолошки целини што може да функционираат и како посебни објекти. Вкупната должина на целата траса е околу 3.000 метри.

Иако претходните најави од Министерството за транспорт и врски беа дека камен-темелникот ќе биде поставен кон крајот на март, сега се обезбедува градежно-техничката документација за реализација на проектот, по чие комплетирање ќе може да почне изградбата.

Жичницата ќе се гради во две фази. Првата фаза од проектот за изградба на жичницата е од средно Водно до Милениумскиот крст, на врвот на планината. Во втората фаза, која ќе следува по комплетирање на првата, жичницата ќе се изгради од црквата „Свети Јован“ во Капиштец до средно Водно. Жичницата ќе ја гради австриската фирма „Допелмаер“, која го доби тендерот за 6,7 милиони евра.

Станува збор за кабинска еднојажна жичница, која се предвидува да има 62 гондоли од затворен тип, а секоја од гондолите треба да има капацитет да превезе осум патници. Таа ќе има капацитет да превезе 1.200 патници на час.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 28-Apr-2010 at 10:36
КОМПЛЕТИРАН ПРОЕКТОТ
Жичницата ќе почне да се гради во мај Место пред два месеца, како што беше најавено, жичницата на Водно ќе почне да се гради на почетокот на мај. Ова го потврдија во Министерството за транспорт и за врски, од каде што велат дека ги имаат сите потребни документи за да го почнат проектот. - На почетокот на мај е предвидено да почнат градежните активности за изградба на жичницата. Министерството за животна средина и за просторно планирање ја одобри Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и е обезбедено соодветното одобрение за градење. Во првата фаза од изградбата е предвидено да се изврши подготовка на теренот по заштитниот појас и пристапните патишта за жичницата - велат од Министерството. Во Студијата за влијанието врз животната средина не беа наведени прецизни информации колку дрвја на Водно ќе се исечат при изградбата. Жичницата ќе ја гради австриската компанија „Допелмаер“, а ќе чини околу шест милиони евра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2007&ArticleID=139579
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 28-Apr-2010 at 17:58
На толку дива сеча или други форми на свесно уништување, се запнаа за неколку дрва што наменски се сечат.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 02-May-2010 at 11:52

Груевски ќе го означи почетокот на изградбата на жичарницата на Водно

published - 02/05/2010 09:24:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Почнува изградбата на жичарницата до Милениумскиот крст на Водно. Стартот на изградбта на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе го означи денеска премиерот Никола Груевски придружуван од  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Вкупната должина на жичарницата е три километри. Ќе се гради кабинска еднојажна жичарница, со затворен тип на гондоли, со капацитет на секоја годнола по осум патници. Вкупниот капацитет на превезени патници е 1.200 во еден час. Инвестицијата е над 6 милиони евра, што ги обезбедува Владата.

Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст во должина до 2.000 метри е првата фаза од градбата, а во втората фаза ќе се гради потегот од црквата „Св. Јован“ во Капиштец до Средно Водно. Изградбата на делот што денеска почнува да се гради планирано е да заврши за 15 месеци.

Проектот за изградба на жицарницата на Водно како и целосната изведба ќе го врши  австриската компанија „Допелмаер", која беше избрана за  најповолен понудувач на јавната набавка спроведена од Министерството за транспорт и врски.

МИА

http://alsat.mk/vesti/zemja/556053.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 02-May-2010 at 15:11








www.mia.com.mk


Edited by lslcrew - 02-May-2010 at 15:13
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 02-May-2010 at 21:27
Може некој на мапа да ми ја прикажи патеката на жичарницава, оти ни знам кај е Средно Водно па ни Црквата Свети Јован во КапиштецQuestion Crazy
Back to Top
zokidac View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2009
Location: MKD
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote zokidac Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 02-May-2010 at 21:41
Originally posted by S.P.Q.R.

Може некој на мапа да ми ја прикажи патеката на жичарницава, оти ни знам кај е Средно Водно па ни Црквата Свети Јован во КапиштецQuestion Crazy



google maps ili google earth ke ti zavrshi rabota, samo ispastiraj Свети Јован во Капиштец
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 02-May-2010 at 22:04
Previous

Bow фала Zokidac
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 03-May-2010 at 00:42
SPQR неколку поста погоре (http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=295&PID=61762#61762) ја има комплетната студија за проектот, можеш детално да се запознаеш.

Инаку мене ме збуни друга работа. Погоре на транспарентот зад говорницата може да приметите дека пишува "во 3 секции, 1: Средно Водно - Милениумски Крст", а цело време се зборуваше за две секции. Има некои измени за кои не сме запознаени. Дали се работи за реорганизација на делниците и номенклатурата па наместо две да се воведат три на истат должина, втора варијанта да се именуваат три при изградбата, а потоа две во функционирање, или па да е продолжен проектот, а да не сме запознаени што ми е најмалку веројатно и после официјални студии и документи што ги имаме.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 03-May-2010 at 00:59
Previous
 
 Почна изградбата на жичарницата на Водно

На Средно Водно вчера започна изградбата на првата секција од жичарницата, која ќе овозможи пристап до Милениумскиот крст. Официјалниот почеток на владиниот проект вреден 6,7 милиони евра го означија премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Жичарницата ќе овозможи пренос на 1.200 патници во еден час и транспорт до Водно за 10 минути.

Реализацијата на проектот ќе се одвива во две фази и три секции, со вкупна должина од 3.450 метри, од кој првата секција Средно Водно - Милениумски крст треба да биде готова кон крајот на годината. Се очекува првите кабини на жичарницата да ги примат првите патници околу новогодишните празници. (Дс.Т.)

 
 
хмм Утрински баш не заврши работа, еве Вечер што има:
 
..."Проектот ќе се одвива во неколку фази од кој првата Средно Водно - Милениумски крст треба да биде готова кон крајот на годината. Во втората фаза, која ќе следува по комлетирање на првата, се предвидува продолжување на жичарницата од детската болница Козле до Средно Водно, а крајната фаза ќе биде поврзување на локацијата која се наоѓа во близина на црквата Св. Јован" во Капиштец до Козле."..
 


Edited by SkyBoy - 03-May-2010 at 01:08
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 03-May-2010 at 09:44
Очигледно сум ги пропуштил, не сум ги прочитал... Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 08-May-2010 at 14:54
Неколку дена стари фотографии

1. Kамен темелникот е удред во продолжение на паркингот на Средно Водно по ова патче

2. Гледано од камен темелникот кон паркингот на средно

3. Поглед кон крстот и идната траса

4. Зумирано

5. Багерот на Штрабаг (Strabag) спремен за акција

6.



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.